Глава 2 Христијанинот и психологијата

Сподели го ова:

Бог ги одредил законите на умот. Оној, Кој го создал умот и му ги одредил законите, се погрижил и за неговото развивање во согласност со нив.

Вистинските начела на психологијата во Светото Писмо. Вистинските начела на психологијата се наоѓаат во Светото Писмо. Човекот малку знае за својата вистинска вредност. Тој постапува во склад со својот непрепороден карактер, затоа што не гледа на Исуса како на Зачетник и Свршител на својата вера. Меѓутоа, оној кој доаѓа кај Христа, верувајќи во Него и го зема Него за свој Пример, го сфаќа значењето на зборовите: „Ним Тој им даде власт да станат синови Божји.“…

Оние, кои поминале низ искуството на вистинско обраќање ќе ја сфатат со оштрина својата одговорност пред Бога своето спасение да го градат со страв и трепет, како и одговорноста потполно да се очистат од губата на гревот. Таквото искуство ги наведува луѓето да се понизат и со целосна доверба да се потпираат на Бога.

Умот посветен на Бога се развива скпадно. Бог ги зема луѓето такви какви што се и доколку сакаат да Му се предадат т воспитува за Својата служба. Божјиот Дух, примен во душата, ги оживува сите способности. Под водството на Светиот Дух, умот што безрезервно му е посветен на Бога се развива скпадно и е засилен да ги разбере и исполни Божјите барања. Слабиот и неодлучен карактер се менува во цврст и постојан. Постојаното посветување воспоставува толку близок однос помеѓу Исуса и Неговите ученици што христијанинот во својот карактер станува сличен на својот Учител. Тој има појасни и пошироки погледи. Неговата проникпивост е поостра, неговиот суд поурамнотежен. На тој начин е зајакнат со животодавната сила на Сонцето на праведноста и е оспособен да донесува богат род на Божја слава.

Наука за чистиот христијански живот. Науката за чист, здрав, доследен христијански живот се стекнува со проучување на Божјото Слово. Тоа е најголемото образование што едно земно суштество може да го стекне. Тоа се поуки, кои учениците во нашите училишта треба да ги научат, за да можат од таму да излезат со чисти мисли и бистри умови и срца, подготвени за искачување по скалата на напредок и за практикување на христијански доблести. Токму ова е причината зошто сакаме нашите санаториуми да ги поврземе со нашите училишта. Со овие институции треба да се управува во едноставноста на евангелието дадено во Стариот и Новиот завет.

Опкружени со атмосфера на мир. На сите кои се поучуваат од Бога им е потребен тивок час за заедница со нивните сопствени срца, со природата и со Бога… Секој од нас мора лично да го слушне Божјиот глас како му зборува на срцето. Кога сите други гласови ќе замолкнат, а ние чекаме пред Него во тишина, молкот на душата дава поголема јасност на Божјиот глас. Тој ни заповеда: „Бидете тивки и разберете дека Јас сум Бог.“… Оној кој е освежен на ваков начин ќе биде опкружен со атмосфера на светлина и мир дури и среде забрзаната толпа и напорите на животните интензивни активности. Тој ќе прими нов дар на телесна и ментална сила.

Христовата религија делотворен лек. Сатаната е причинител на болестите, а Големиот Лекар се бори против неговите дела и сили. Болестите на умот преовладуваат насекаде… Неверниците се користат во најголем дел со овие несреќни случаи (каде што има семејни трауми, каење заради грев, страв од вечен пекол, и други нешта што предизвикуваат неурамнотеженост на умот) припишувајќи и го ова лудило на религијата; но тоа е тешка клевета за којашто тие ќе мораат да одговараат. Многу далеку од тоа да биде причинител на лудило, Христовата вера е еден од најделотворните лекови против истото; бидејќи таа е моќен смирувач на нервите.

Влегување во царството на мирот. Кога искушенијата ќе навалат на нас, кога грижите, неизвесноста и темнината изгледа како ја опкружат вашата душа гледајте на местото каде што последен пат сте виделе светлина. Бидете спокојни во Христовата љубов и под Неговата заштитничка грижа… Стапувајќи во тесна заедница со Спасителот, ние влегуваме во царството на мирот.

Отстранети сите претерани грижи. Небесниот Татко нежно бдее над сите над луѓето кои заминуваат на својата секојдневна тешка работа и над оние што се молат; над оние кои навечер одат на починка и над оние кои наутро стануваат; над богатиот кој се гости во својата палата и над сиромавиот кој ги собира своите деца околу скромната трпеза. Нема пролеана солза којашто Бог не ја видел. Нема насмевка која Тој не ја забележал.

Кога би можеле целосно да веруваме во тоа, би се ослободиле од сите непотребни грижи. Нашиотживот не би бил толку полн со разочарувања каков што е сега; бидејќи сите свои грижи и мали и големи, би ги предале во рацете на Бога, кого не го збунува нивното мноштво ниту пак го оптоварува нивната тежина. Тогаш ние би уживале душевен мир што мнозина веќе долго не го почувствувале.

Воспитување на душата преку дисциплина. Христијани, дали Христос се открива во нас? Мораме да работиме на изградба на здрави тела и силни умови, кои нема лесно да ослабнат, умови што ќе гледааат подалеку од себеси кон причината и последицата на секоја направена постапка. Тогаш сме на правиот пат да ги поднесеме тешкотиите како добри војници. Ни требаатумови, кои можатда ги забележаттешкотиите и да се справуваат со нив со мудроста што доаѓа од Бога, кои ќе можат да се борат со тешки проблеми и да ги победат. Најтешкото нешто е да се распнеме себеси, да ги поднесеме тешкотиите на духовните искуства, да ја воспитуваме душата преку строга дисциплина. Тоа од почеток можеби нема да ни причини големо задоволство, но подоцна како последица на тоа ќе добиеме мир и среќа.

Христос има моќ да закрепи и обнови. И додека Христос му го отвора небото на човекот, животот што тој ни го дава го отвора срцето на човекот за небото. Гревот не само што не одвојува од Бога, туку во душата на човекот ги уништува и желбата и моќта да го запознае Него. Христова цел е да го оневозможи сето тоа влијание на злото. Тој има моќ да ги оживее и обнови способностите на душата парализирани од гревот, да ги оживее и обнови потемнетиот ум и изопачената волја. Тој ни ги отвора богатствата на вселената и благодарение на Него, добиваме способност да ги препознаеме и ползуваме.

Под Божја или под сатанска контрола. Сатаната има контрола над секој ум, кој не се наоѓа одлучно под контрола на Божјиот Дух.

Секој грев што се негува го слабее карактерот. Никој нека не се лаже дека гревовите кои се негуваат подолго време можат лесно да се отфрлат. Не е така! Секој грев што се негува го слабее карактерот и полека преминува во навика, оставајќи зад себе како последица телесна, ментална и морална расипаност. Вие можете да се покаете поради злото што сте го сториле, можете своите стапки да ги насочите кон вистинскиот пат, но вашиот вообличен ум и вашата блискост со злото ќе ви отежнат да ја согледате разликата меѓу доброто и злото. Низ веќе зацврстените лоши навики сатаната постојано одново ќе ве напаѓа.

Психолошките квалификации на учителот. Навиките и начелата на учителоттреба да се сметаат дури и од поголема важност од неговите просветни квалификации. Доколку е искрен христијанин, ќе чувствува потреба за подеднаков интерес за физичкото, менталното, моралното и духовното образование на своите ученици.

За да врши правилно влијание, тој треба да има совршена контрола над себе и срце полно со љубов кон учениците, кое ќе се гледа во Неговите погледи, зборови и дела. Тој треба да има цврстина на карактерот, и така ќе може да ги оформи умовите на своите ученици како и да ги упати во науката. Раното воспитување на младите воглавно го оформува нивниотживотен карактер. Оние, кои работат со младите, треба да бидат многу грижливи во поттикнувањето на квалитетите на умот, за тие да знаат подобро како да ги насочуваат неговите сили за да бидат од најголема можна корист.

Човекот да стане ново создание. Луѓето треба да станат поданици на Христовото царство. Преку божествената сила што им се дава, мора да и се вратат на својата верност. Преку законите и природните ресурси Бог воспоставува небесна комуникација со човековиотдуховен живот, која во своето делување е загадочна како дејството на ветрот (Јован 3:7, 8). Христос објавил: „Моето царство не е од овој свет” (Јован 18:36). И додека го отпечатува своето влијание врз земските власти, не може да прими ни најслаб отисок од нив без расипување на божественото обличје.

Толку духовен е карактерот на Божјето дело врз човечкото срце кое го прима така што секого го прави ново создание, без притоа да се унижи или ослабне било која способност што Бог му ја дал на човекот. Тоа ја чисти секоја особина погодна за врска со божествената природа. Она што е родено од Духот е дух, а кога човекот ќе се роди одозгора, небесен мир ја напојува душата.

Доброто го исклучува лошото. Родители, вие сте единствените што одлучувате дали умовите на вашите деца ќе бидат исполнети со облагородувачки мисли или со порочни чувства. Вие не можете нивните активни умови да ги задржите неангажирани, ниту пак можете да го отстраните злото. Само со влевање на исправни начела можете да ги исклучите погрешните мисли. Доколку родителите не го посеат семето на вистината во срцата на своите деца, непријателот ќе посее какол. Добрите и јасни упатства се единствена превентива против лошите друштва, кои т расипуваат добрите манири. Вистината ќе ја штити душата од бескрајните искушенија што мора да се пресретнат.

Мој е само еден ден. Ден по ден сите ние мораме да се воспитуваме, дисциплинираме и образуваме за да бидеме корисни во овој живот. Само еден ден едновремено размислувајте за ова. Само еден ден е мој. Ќе дадам се од себе во тој еден ден. Ќе ја употребам својата способност за зборување за да бидам на благослов на некој друг, како помошник, утешител, пример што Господ, мојот Спасител ќе го одобри. Ќе практикувам да бидам трпелив, љубезен, воздржан, за да можат во мене уште денес да се развијат христијански доблести.

Секое утро посветете се себеси душата, телото и духот на Бога. Воспоставете навики на посветување и доверба се повеќе и повеќе во својот Спасител. Можете со целосна доверба да верувате дека Господ Исус ве сака и сака да пораснете до висината на Неговиот карактер. Тој сака да растете во Неговата љубов, да напредувате и јакнете во сета полнота на божествената љубов. Тогаш ќе стекнете знаење со најголема вредност за овој свет и за вечноста.

Како може да се развие добро избапансиран ум. Работата е благослов. Невозможно е да уживаме во добро здравје без работа. Сите способности треба да се користат за да бидат правилно развиени, за да можат мажите и жените да имаат добро избалансирани умови.

Знаењето и науката мораат да се оживотворат со Светиот Дух. Човечките таленти се искористуваат до крајни граници само кога ќе се доведат под целосна контрола на Божјиот Дух. Правилата и начелата на религијата се првите чекори во стекнувањето знаење и лежат на самиот темел на вистинското образование. Знаењето и науката мораат да се оживотворат со Божјиот Дух за да можат да послужат за најблагородните цели.

Само христијанинот може правилно да го користи знаењето. За науката целосно да се вреднува, мора да се набљудува од гледиште на религијата. Во таков случај сите би го славеле Богот на науката. Срцето што е облагородено од Божјата благодат, најдобро може да ја сфати вистинската вредност на образованието. Божјите особини, кои се гледаат во Неговите создадени дела можат да бидат ценети само кога поседуваме знаење за Создателот.

Учителите мораат да бидат запознати не само со теоријата на вистината туку мораат да поседуваат и експериментално знаење за патот на светоста за да можат да ги водат младите на изворите на вистината, кај Божјото Јагне што ги зема гревовите на светот. Знаењето е сила која води на добро кога ќе се соедини со вистинска побожност. Душата којашто се испразнила од своето јас, ќе биде облагородена. Христовото пребивање во срцето преку вера ќе не направи мудри во Божјите очи.

Целото битие отворено за исцелителското посредување на небото. Христос е изворот на животот. Она што на мнозина им треба е да имаат појасно познавање за Него; треба трпеливо и љубезно, но сепак сериозно да бидат поучени на кој начин целото битие може да биде достапно за исцелителните небесни сили. Кога сончевите зраци на Божјата љубов ќе ги осветлат темните одаи на душата, неспокојниот умор и незадоволството ќе исчезнат, а радоста и задоволството ќе му дадат виталност на умот и здравје и енергија на телото.

Благодатите не се развиваат во еден миг. Драгоцените благодати на Светиот Дух не се развиваат за еден миг. Храброста, духовната сила, кротоста, верата, непоматената верба во Божјата спасителна моќсе стекнуваат преку повеќегодишно искуство. Божјите деца треба да ја запечатат својата судбина со живот исполнет со свети стремежи и непоколеблива приврзаност.

Сподели го ова:

Слични објави