Глава 24 Љубов во домот

Сподели го ова:

Извор на вистинска човечка љубов. Нашата меѓусебна поврзаност потекнува од нашиот општ однос кон Бога. Ние сме едно семејство, ние меѓусебно се сакаме како што Тој не сакал нас. Кога ќе се спореди со оваа вистинската, посветена, дисциплинирана приврзаност, плитката учтивост на светот, неважниот израз на претераното пријателство, е како плева спрема пченица.

Да се сака како што Христос сакал значи да се покаже несебичност на секое место и во секое време, користејќи љубезни зборови и пријатни погледи… Искрената љубов е драгоцен атрибут со небесно потекло, чиј убав мирис се зголемува сразмерно како што им се дава на другите.

Љубовта поврзувасрцесосрце. Нека меѓу вас владеатвзаемнаљубов и природна воздржаност. Тогаш бракот наместо да биде крај на љубовта, ќе биде нејзиниот вистински почеток. Топлината на вистинското пријателство, љубовта која поврзува срце со срце е предвкус на небесната радост.

Љубовта може да биде чиста но и плитка. Љубовта може да биде јасна како кристал и прекрасна во својата чистота, па сепак да биде плитка затоа што не е испробана и искушана. Нека Христос ви биде прв, последен и најдобар во се. Постојано гледајте на Него, и вашата љубов кон Него секојдневно ќе биде се подлабока и посилна додека му се подредува на пробата на искушението. И додека вашата љубов кон Христа расте, меѓусебната љубов станува подлабока и посилна. „Ание сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух“ (2. Коринтјаните 3:18).

Љубовта не може да опстојува ако не се покажува. Ако ги потиснуваме чувствата за друштвеност и широкоградост, тие венеат и срцето станува пусто и студено… Љубовта не може долго да опсгојува ако не се покажува. Не дозволувајге срцето на оној кој е поврзан со вас да гладува за љубезност и сочувство.

Мора нежно да се внимава на драгоцената бил ка на љубовта. Мора нежно да се внимава на драгоцената билка на љубовта, и таа ќе биде силна и јадра и ќе даде богат род, давајќи му израз на целиот карактер.

Не треба да се гушат поттиците на љубовта. Поттикнете израз на љубов кон Бога и еден кон друг. Причината што во светот има толку мажи и жени со тврдо срце се состои во тоа што вистинската љубов се сметала за слабост, што се обесхрабрувала и потиснувала. Подобрата природа на овие луѓе била задушувана во детството, и се додека светлината на божествената љубов не ја растопи нивната студена себичност, нивната среќа засекогаш ќе биде уништена. Ако сакаме нашите деца да го имаат нежниот Исусов дух и наклонетоста што ја покажуваат ангелите кон нас, мораме да поттикнуваме побуди на благодарност и љубов што ги носи детството.

Љубовта не е страст. Љубовта е билка од небесно потекло. Таа не е неразумна, ниту слепа. Таа е чиста и света. Но страста на телесното срце е нешто сосема друго. Додека чистата љубов го вклучува Бога во сите свои планови и е во совршен склад со Божјиот Дух, страста е тврдоглава, брза, неразумна, безобзирна на секаква воздржаност, и од предметот на својот избор прави идол.

Во целокупното владеење на оној кој ја поседува вистинската љубов се покажува Божјата благодат. Скромност, едноставност, искреност, моралност и вера ќе го одликува секој чекор кон брачниот сојуз.

Вистинската љубов подготовка за успешен брак. Вистинската љубов е возвишено и свето начело; по својата природа таа потполно се разликува од онаа љубов која е разбудена само со некој поттик или со нагон и која бргу исчезнува штом ќе наиде на посериозно искушение. Со верноста во извршувањето на должностите доверени во родителскиот дом, младите се подготвуваат за водење на сопствено домаќинство. Затоа овозможете им додека се се уште со вас да покажуваат самооткажување и да укажуваат љубезност, услужливост и христијанска љубов. Таквата љубов нема да биде непостојана; и секој што пораснал и што е воспитан во таков дом, кога еднаш и сам ќе стане глава на својот сопствен дом, ќе знае да го усреќи лицето што ќе го избере за свој брачен другар. Во тој случај бракот нема да претставува крај на љубовта, туку во него вистинската љубов допрва ќе почне.

Љубовта и самодисциплината го држат семејството во заедница.

Родителите во својот карактер и во домашниот живот нека ја покажуваат љубовта и добротата на небесниот Татко. Домот нека биде осветлен со сонце на ведрина и среќа. Тоа за вашите деца ќе има многу поголема вредност отколку имотот и парите. Во нивното срце секогаш нека живее љубов кон домот, така што подоцна сеќавањето на деновите на детството и на родниот дом, како засолниште на мир и среќа, во нивните мисли доаѓа веднаш зад мечтата за небесната среќа и блаженство. Сите членови на семејството немаат ист карактер и скпоности, и затоа често ќе биде потребно да се покажуваат повеќе трпение и попустливост; сепак, со љубовта и со примерот на самодисциплина можат сите да бидат поврзани во најтесна заедница.

Карактеристики на вистинската љубов (совет до еден самоуверен маж). Вистинската, чиста љубов е драгоцена. Таа е небесна во своето влијание. Таа е длабока и трајна. Таа не е гневна во своите манифестации. Таа не е себична страсг. Таа донесува род. Таа води кон постојани напори да ја усреќите сопругата. Ако ја имате оваа љубов, ќе ви биде природно да ги правите тие напори. Нема да изгледа дека тоа го правите како на сила. Кога ќе излегувате на прошетка или на состанок, ќе ви биде толку природно како и дишењето да го одберете друштвото на својата сопруга и ќе настојувате да ја усреќите во своето друштво. Вие гледате на нејзините духовни достигнувања како на инфериорни во однос на своите, но видов дека Бог е задоволен повеќе од нејзиниот дух отколку од оној кој вие самите го поседувате.

Вие не сте и достоен на вашата сопруга. Таа е премногу добра за вас. Таа е слаба, чувствителна билка; нејзе и е потребно внимание. Таа искрено сака да ја твори Божјата волја. Но таа има горделив дух и е срамежлива, се плаши од прекор. За неа подреденоста на набљудување и примедби е еднакво на смрт. Вашатажена нека биде сакана, почитувана, пазена, во исполнувањето на брачниот завет, и така таа ќе излезе од таа воздржана, несигурна позиција која е природна за неа.

Душата копнее за повисока љубов. Вашата сопруга мора да направи сериозни напори да излезе од својата осаменост, гордата резервираност и да одржува едноставност во сите свои постапки, И кога повозвишениот ред на способности ќе нарасне во вас и ќе зајакне со вежба, тогаш подобро ќе ги разберете потребите на својата жена; ќе сфатите дека душата копнее за љубов од повисок, почист ред од оној кој постои во понискиот ред на животински страсти. Тие страсти се зацврстиле во вас преку поттикнување и нивно манифестмрање, Ако сега во Божји страв го сочувате своето тело под чиста, возвишена љубов и настојувате да ја дочекувате својата сопруга со таква љубов, потребите на нејзината природа ќе бидат задоволени. Доближете ја до срцето; ценете ја многу.

Љубовта се изразува во зборови и во дела. Лтреба да негува љубов кон својата жена, љубов која ќе најде свој израз и во зборови и во дела. Тој треба да култивира нежна љубов. Неговата сопруга има чувствителна, верна природа и и е потребна нежна наклонетост. Таа ќе го памети секој негов нежен, благодарен и охрабрителен збор и ќе го рефлектира во вид на благослов кон својот сопруг. Неговата нечувствителна природа мора да се доведе во близок контакт со Христа, за да можат крутоста и студената резервираност да се задушат и омекнат со Божјата љубов.

Не е слабост или жртвување на машкоста и достоинството да се покаже нежност и сожалување кон својата жена во зборови и дела; и тоа да не се завршува во семејниот круг, туку да се прошири и на оние што се надвор од семејството, Лмора да заврши една задача за

себе која никој наместо него не може да ја заврши. Тој може да порасне посилен во Господа носејќи бремиња во Неговото дело. Неговата љубов и приврзаност мораат да се насочат на Христа и на небесното, и тој треба да го оформи карактерот за вечен живот.

Малите дела ја откриваат вистинската љубов. Љубовта не може да постои без откривање на самата себе во видливи дела како што и огнот не може да се одржи без гориво. Вие брате Ц, чувствувавте дека е под вашето достоинство да покажете нежност преку љубезни постапки и да чекате можност да покажете накпонетост кон вашата сопруга со нежни зборови и љубезна почит. Вие сте со променливи чувства и многу сте подложни на надворешни влијанија… Оставете ги своите работни неприлики и тешкотии кога го напуштате работното место. Настојувајте да доаѓате во својот дом со весел израз на лицето, со чувство, нежност и љубов. Тоа ќе биде подобро од трошењето пари за лекови и лекари за својата жена. Тоа ќе биде здравје за телото и сила за душата.

Трпеливоста, благодарноста и љубовта нека зрачат во срцето и покрај тоа што денот е можеби толку тмурен.

Моќта на родителскиот пример. Најдобар начин да се воспитаат децата да ги почитуваат своите родители е да им се даде можност да гледаат како таткото покажува љубезно внимание кон мајката а мајката пак покажува почитување и респекг кон таткото. Љубовта која може да се забележи кај родителите е она што ги наведува децата да и се покоруваат на петтата заповед и да внимаваат на налогот: ,Деца, бидете им послушни на своите родители во Господ, зашто така е исправно.”

Исусовата љубов се огледуваа во родителите. Кога мајката ќе ја стекне довербата на своите деца и ќе ги научи да ја сакаат и да и се покоруваат, сотоа им ја дала првата поука вохристијанскиотживот. Тие мораат да го сакаат, да му веруваат и да му се покоруваат на својот Спасител како што ги сакаат, им веруваат и ги слушаат своите родители. Љубовта којашто родителите со верната грижа и правилното воспитување ја покажуваат кон своето дете само бледо ја одразува Исусовата љубов кон Неговиот верен народ.

Мајчинската љубов е илустрација за Христовата љубов. Кога мајката ги учи децата да ја слушаат затоа што ја сакаат, таа им ги дава и првите поуки од христијанскиот живот. Мајчинската љубов за детето ја претставува Христовата љубов, а малечките што имаат доверба во мајката и ја слушаат, учатда имаатдоверба и да му бидат послушни на Спасителот.

Влијанието на христијанскиот дом никогаш не се заборава. Домот кој е разубавен со љубов, со сочувство и нежност е место кое ангелите сакаат да го посетуваат и каде што Бог се прославува. Влијанието на внимателно чуваниотхристијански дом во годините на раното детство и младоста е најсигурна заштита против световната расипаност. Во атмосферата на таквиот дом децата ќе научат да ги сакаат своите родители и својот небесен Татко.

Семејниот однос треба да биде посветувачки во своето влијание. Христијанските домови, засновани и водени во скпад со Божјите планови, се чудесна помош во обликувањето на христијанскиот карактер… Родителите и децата треба да се соединат и да понудат служба од љубов на Оној Кој единствено може да ја одржи човечката љубов чиста и благородна.

Сподели го ова:

Слични објави