Глава 65 Мрзливост
Обврска за развој на интелектот до неговиот максимум. Бог бара обука на менталните способности. Тој има намера Неговите слуги да поседуваат повеќе интелегенција и појасно запазување од световните луѓе, а Тој е незадоволен со оние кои се премногу безгрижни или индолентни да бидат корисни, добро информирани работници. Господ ни заповедува да го љубиме со сето свое срце, со својата душа, со сета сила и со сиот ум. Ова не обрзува на развој на интелектот до неговиот полн капацитет, како би можеле со сиот свој ум да го сакаме и познаваме нашиот Создател.
Човекот наоѓа среќа во работата. Адам имал теми за размислување во Божјите дела во Еденската градина, која претставувала небо во минијатура. Бог не го создал човекот само за да размислува за Неговите славни дела; поради тоа, му дал раце да работи како и ум и срце за да размислува. Доколку човековата среќа се состоела во неработење, Создателот не би му дал одредена задача на Адам. Човекот требало да најде среќа во работењето како и во размислувањето.
Мрзливоста е најголемо проклетство. Библијата не ја одобрува мрзливоста. Тоа е најголемо проклетство кое донесува несреќа во нашиот свет.
Верно извршени секојдневни задачи. Некои мислат дека богатството и неработењето се вистински благослови; меѓутоа оние кои се секогаш зафатени и кои бодро ги извршуваат своите секојдневни задачи се најсреќни и уживаат најдобро здравје. Здравиот замор кој произлегува од умерената работа им осигурува благодети на освежувачкиот сон. Пресудата дека човекот мора да работи за својот секојдневен леб и ветувањето за идната среќа и слава двете доаѓаат од истиот престол и двете се благослов.
Среќа во исполнување на одредените должности. Вистинската среќа се наоѓа само во доброто и правењето на добро. Најчиста и најголема радост доаѓа на оние кои верно гм исполнуваат своите одредени должности.
Незафатеноста може да одведе до потиштеност. Чувството на потиштеностчестопати е последица на претераната незафатеност. Мрзливоста дава време за размислување на замислена жалост. Мнозина кои немаат вистински искушенија или потешкотии во сегашноста ги позајмуваат од иднината. Кога овие личности би се обиделе да го олеснат бремето на другите, би заборавиле на сопствените. Енергичната работа која би ги повикала во акција менталната и физичката моќ би се покажала како непроценлив благослов за умот и телото.
Развој на карактерот. Запаметете на каква и положба да служите вие откривате побуди, развивате карактер. Било што да правите, правете го тоа прецизно и вредно; надвладејте ја особината за барање на полесна задача.
Умот мора да се воспита да не гледа на себе. Умот мора да се воспита да не гледа на себе, туку да се занимава со теми кои возвишуваат и облагородуваат. Нека драгоцените часови од животот не се трошат во мечтеење за некое големо дело кое ќе се изврши во иднина, додека малите сегашни должности се занемаруваат.
Неактивноста е штетна по здравјето. Инвалидите не смеат да си допуштат себе си да потонат во состојба на неактивност која е многу штетна по здравјето. Моќта на волјата мора да се потврди; аверзијата кон активните вежби и стравот од целокупната одговорности мора да се победат. Тие никогаш нама да го повратат здравјето доколку не се ослободат од оваа апатично, заспана состојба на умот и се придвижат на акција.
Премногу мрзливост за користење на способностите. Оние кои се премногу мрзливи за да ја разберат својата одговорност и да ги користат своите способности ќе пропуштат да ги примат Божјите благослови, а талентите кои им се дадени ќе бидат одземени од нив и предадени на активните, ревни работници кои ќе ги умножат преку постојана употреба.
Осмислената работа е битна за успех. Некои млади луѓе мислат дека кога би можеле да го поминатживотот неправејќи ништо корисно би биле неизмерно среќни. Тие негуваат омраза кон корисната работа. Тие им завидуваат на синовите на задоволствата кои своите животи т посветуваат на забава и разонода… Несреќа и тага е резултат од таквото размислување и однесување. Неработењето многу млади луѓе т турнало во пропаст.
Осмислената работа е битен услов за успех на секоја млада личност. Бог не би можел да фрли поголемо проклетство на мажите и жените од осудата на неактивност. Мрзливоста ја уништува душата и телото. Срцето, моралниот карактер и физичката енергија слабеат. Разумот страда, а срцето е отворено за искушенијата како широк булевар за да пропадне во секој порок. Мрзливиот човек го искушува ѓаволот за да го искушува него.
Пустош на индолентните навики (совет на родителите). Вие сте биле слепи во однос на силата која непријателот ја имал над вашите деца. Работата во домот, дури до замор, не би им наштетила ниту еден петнаесетти дел од тоа колку што направиле индолентните навики. Тие би одбетале многу опасности кога во пораниот период би биле насочени да го поминат своето време во корисна работа. Не би стекнале така неспокојна диспозиција, таква желба за промена и да одат во општеството. Би одбегнале толку многубројни искушенија на суетност и на учество во бескорисни забави, површно читање, празни раговори и бесмислици. Времето би им поминувало повеќе на нивно задоволство и без толку многу големо искушение да барат друштво од спротивниот пол и да се оправдуваат себеси на злиот пат. Суетноста и болната љубов, бескорисноста и извесниот грев, биле последица на оваа индолентност.
Да се напрегне секој мускул. На човекот му е доделена улога во оваа голема борба за вечен живот; тој мора да одговори на работата на Светиот Дух. Пробивот низ силата на темнината бара борба, а Духот работи во него на извршување на оваа задача. Но човекот не е пасивно суштество, да се спаси во неакгивност од својата страна. Тој се повикува да го напрегне секој мускул и да користи секоја способност во борбата за бесмртност; но сепак Бог е тој кој обезбедува делотворност.
Ниту едно човечко суштество не може да е во неактивност од своја страна. Господ ни заповедал: „Влезете низ тесната врата, оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што води кон живот, и малцина го наоѓаат” (Матеј 7:13, 14).