Глава 40 Влијание на телото врз умот
Близок однос помеѓу умот и телото. Постои близок однос помеѓу умот и телото, и за да постигнеме висок стандард на морално и интелектуално достигнување, мора да се обрне внимание на законите кои го контролираат нашето физичкото битие.
Менталниот напор под влијание на физичката крепост. Ние треба да настојуваме да ја сочуваме целата крепост на сите свои сили за да можеме да го извршиме делото кое е пред нас. Сето она што ја намалува физичката способност го слабее и менталниот напор. Затоа секоја навика која му штети на здравјето на телото треба одлучно да се избегнува.
Големиот апостол рекол: „Туку го совладувам своето тело и го потчинувам, та јас кој им проповедав на другите, да не бидам самиот отфрлен.” Ние не можеме да ја сочуваме посветеноста на Бога, а сепакда го нарушиме здравјето преку своеволно попуштање на лошите навики. Самоодрекувањето е еден од условите, не само за влегување во служба на Христа туку и за опстанокот во неа. СамиотХристос т објавил, на непогрешлив јазик, условите да се биде Негов ученик: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се откаже од себеси, нека го земе својот крст, и нека оди по Мене.“
Сепак, колку многу од оние кои се нарекуваат христијани се без волја да манифестираат самоодрекување, дури и поради Хрста. Колку често е посилна љубовта кон некоја погубна попустливост од желбата за здрав ум и здраво тело. Драгоцените часови на проба (милост) и од Бога дадените средства се потрошени, за да му се угоди на окото или да се задоволи апетитот. Обичајот држи илјадници во ропство на земното и телесното. Многумина се робови по своја волја; тие не посакуваат подобар дел во животот.
Моќ за правење разлика помеѓу правилното и грешното. Се она што ја намалува физичката сила, го слабее умот и го прави помалку способен да прави разлика помеѓу правилното и грешното.
Лошите навики донесуваат изобличени замисли. Брате _ , премногу си зафатен сам со себе. Ти многу работи ги гледаш во изопачена светлина. Се сомневаш во луѓето, имаш голема недоверба и љубомора, и нагодуваш зло. Ти мислиш дека секој еден е решен да те упропасти. Многу од овие искушенија потекнуваат од тебе. Исконструира многу работи како однапред смислени да ти наштетат, додека тоа е далеку од реалната вистина. Ти си правиш самиот на себе најголема штета со сопствениот погрешен правец.
Самиотза себе си најголем непријател. Твоителоши навики создаваат нарамномерна циркулација на крвта и ја насочуваат крвта кон мозокот, и тогаш се гледаш во изопачена светлина. Ти си брз и избувлив, и немаш негувано самоконтрола. Твојата волја и твојот патти изгледаат исправни. Но доколку не ги согледаш овие дефекти во твојот карактер и не ја испереш својата облека и ја обелиш во крвта на Јагнето, сигурно нема да го достигнеш вечниот живот. Ти ја сакаш теоријата на вистината, но не дозволуваш таа да ти го посвети животот. Во своето секојдневно однесување ти не ги спроведуваш начелата на вистината којаја исповедаш.
Физичките навики влијаат на мозокот. Мозокот е тврдина на битието. Лошите физички навики влијаат на мозокот и спречуваат постигнување на она што го посакуваат учениците добра ментална дисциплина. Доколку младите не се упатат на тоа како да се грижат за своето тело и ум, нема да бидат успешни ученици. Учењето не е примарна причина за падот на менталната моќ. Главната причина е неправилна исхрана, нередовни оброци, недостаток на физички вежби и безгрижно невнимание кон другите аспекти на законите на здравјето. Кога правиме се што можеме да го сочуваме здравјето, тогаш можеме да побараме со вера од Бога да ги благослови нашите напори.
Петар и односот меѓу телото и умот. Апостол Петар го разбрал односот помеѓу телото и умот и го подигнал својот глас да ги предупреди браќата: „Возљубени, ве молам, како туѓинци и придојденици, да се воздржувате од телесните похотти, кои војуваат против душата.” Многумина гледаат на овој текст само како предупредување против разузданоста; но тој има пошироко значење. Тој забранува секакво штетно задоволување на апетитот или страстите, Секоја изопачена желба за јадење станува желба која војува против душата. Апетитот ни е доден за добро, а не за да стане служител на смртта, станувајќи изопачен, дегенерирајќи се така во „похот која војува против душата.”
Злоупотребата на физичките сили доведува до неурамнотеженост на нервниот систем. Злоупотребата на нашите физички сили го скратува времето во кое нашите животи можат да се користат за слава на Бога. Тоа не онеспособува да ја извршиме задачата која Бог ни ја дал. Дозволувајќи си себеси да формираме лоши навики, останувајќи до доцни часови, задоволувајќи го апетитот по цена на здравјето, ние поставуваме темел за слабост, Занемарувајќи ги физичките вежби, преоптоварувајќи го телото или умот, ние придонесуваме за неурамнотеженост на нервниот систем.
Оние кои така т скратуваат своите животи и се онеспособуваат за служба со запоставување на природните закони виновни се за кражба кон Бога. Исто така тие ги крадат и своите ближни. Шансата да бидат благослов на другите, одредената задача за која Бог ги пратил на овој свет, преку нивниот сопствен начин на постапување е скратена. Тие се онеспособени да го направат дури и она што можеле да го направат за пократок временски период. Господ не смета за виновни кога на тој начин со своите лоши навики го лишуваме светот од добро.
Безделничењето ја слабее силата на мозокот. Причина зошто младите имаат толку мала сила на мозокот и мускулите е тоа што премалку се зафатени со корисна работа. „Еве ги беззаконијата на твојата сестра Содом: горделивост, изобилство на леб и премногу безделништво имаше кај неа и ќерките нејзини, а не помагаа на сиромашните и бедните. Се возгордеаја и правеа гнасотии пред Мене, затоа т сотрев како што виде“ (Езекиел 16:49, 50)
Физичката работа го релаксира умот. На целиот систем му треба освежителното влијание на вежбите на свеж воздух. Неколку часови на физичка работа секој ден ќе тежнее кон обновување на крепоста на телото, ќе го одмори и релексира умот.
Капењето го освежува телото и умот. Било човек да е болен или здрав, дишењето е послободно и полесно ако човекот се бања. Со тоа мускулите стануваат пофлексибилни, умот и телото подеднакво освежени, разумот побистар и секоја способност пожива.
Одморот наспроти стимулансите. Лошите физички навики му штетат на мозокот, и целиот систем станува растроен. Може да се стори напор во смисла на поттикнување на уморните нерви со земање на стимуланси, но тоа нема да го реши проблемот.
Доколку не се направи одлучна промена, доколку не дојце до разумно спознавање на потребата за давање одмор на мозокот наместо стимуланси, човекот ќе ја изгуби самоконтролата и ќе го обечести Божјото дело.
Мирен одмор на умот. Ние би требало повеќе време да посветиме на понизна, сериозна молитва кон Бога за мудрост своите деца да ги воспитаме во грижата и науката Господова. Здравјето на умот зависи од здравјето на телото. Како христијански родители, должни сме да ги обучиме своите деца во согласност со законите на животот.
Во Христа тие ќе стекнат сила и надеж, и нема да ги мачи незгаслива желба за нешто што го одвратува умот и го задоволува срцето. Тие го нашле Скапоцениот Бисер и умот спокојно им почива. Нивните задоволства се од чист, воздигнат, небесен карактер. Тие немаат болни мисли, немаат грижа на совеста. Таквите задоволства не го слабеаттелото или го исцрпуваат умот, туку им даваат здравје и сила…
Жителите на небото се совршени, бидејќи Божјата волја е нивна радост и најголемо уживање.