Глава 85 Советување

Сподели го ова:

Потреба за советници. О, колкава е потребата за генерали, мудри и обѕирно, урамнотежени луѓе, кои ќе бидатсигурни советници, кои имаат увид во човечката природа, кои знаат како да упатуваат и советуваат во Божји страв.

Уво кое може да слуша со сочувство. Постои потреба за пастири кои под раководство на Главниот Пастир, ќе трагаат по изгубените и заблудените. Тоа подразбира поднесување на физички неугодности и жртвување на удобноста. Тоа значи нежна грижа за заблудените, божествено сожалување и трпеливост. Тоа значи да се има уво кое може со сочувство да слуша трогателни описи на грешки, деградација, очај и беда.

Важност на работата на пасторот советник. Како што лекарот постапува со физичката болест, така и пастирот и служи на душата болна од грев. Неговата работа е многу поважна од задачата на лекарот колку што вечниот живот е поважен од моменталната егзистенција. Пасторот се сретнува со бесконечно различни темпераменти и негова должност е да се запознае со членовите на семејствата кои го слушаат неговото учење за да се одреди кои средства најдобро ќе влијаат на нив во вистинска насока.

Прифатете ги луѓето таму каде што се. Да се прифатат луѓето таму каде што се, каква и да е нивната положба, каква и да е нивната состојба, да им се помогне на секој можен начин тоа е евангелската служба. Можеби е неопходно проповедниците да ги посетуваатдомовите на болните и да речат: „Подготвен сум да ти помогнам и ќе направам се што можам. Не сум лекар, но јас сум проповедник и сакам да им служам на болните и оние кои се во неволја.” Оние кои се телесно болни речиси секогаш боледуваат во душата, а кога ќе се разболи душата се разболува и телото.

Предвидување на жалости. На Господовите работници им е потребна бпаготворната Исусова љубов во нивните срца. Секој проповедник нека живее како човек помеѓу луѓето. Со добро осмислени методи нека оди од куќа до куќа, носејќи го секогаш со себе кандилото на небесната мирисна атмосфера на љубов. Предвидете ги жалостите, тешкотиите, пробпемите на другите. Учествувајте во радоста и грижата на големите и малите, богатите и сиромашните.

Потреба за совет. Неискусните мораат да се раководат според мудрите совети кога се во неволја или нападнати од искушение; мораат да научат дека достигнувањата во духовните работи ќе ги чинат постојан, добро насочен напор. Ние мораме често да им повторуваме на новојдените во верата: „Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека побара од Бога, Кој дава секому великодушно и без прекорување, и ќе му се даде“ (Јаков 1:5). Овие зборови мораат да се презентираат во духот на Учителот кој ги има дадено, затоа што се подрагоцени од злато, сребро и од скапоцени камења.

Учете ги младите ученици да ги ставаат своите раце во Христовите, зборувајќи: „Води ме, управувај со мене.“ Какваутеха, надежи благослов ќе примат збунетите души кои се во потреба ако понизно го бараат Бога. Услов е да дојдат со вера, во ништо да не се сомневаат и да бараат водство во денот на неволјите. Ова ветување му се дава на секој искрен барател: „Ќе добиеш милостиви одговори.” „Ќе примиш.“

Често мора да се даде упатство дека она што Бог го кажал никогаш нема да изостане. Подобро е да се верува во Господ отколку да се потпираме на кнезовите. Ние мораме да ја учиме секоја душа во молитва да ги искаже своите потреби на престолот на милоста. Сила и благодат сигурно ќе дојдат до оној кој работи така, затоа што Господ ветил. Сепак, многумина се слаби затоа што не веруваат дека Бог ќе направи токму онака како што рекол.

Бог ги одредил правилата. Таткото е глава на семејството; и како Аврам, тој треба Божјиот закон да го направи правило во својот дом. Бог за Аврам рекол: „Знам дека ќе им заповеда на синовите свои и на домот свој“ (Битие 18:19). Тогаш нема да дојде до грешно занемарување да се контролира злото, нема да има слабо, неразумно, попустливо привилегирање, како и предавање на осведочувањето за должностите на барањата на погрешна приврзаност. Аврам не само што дал правилни упатства, туку и го одржувал авторитетот на праведните закони.

Бог ги дал правилата за да се придржуваме кон нив. Децата не треба да ги пуштиме да заталкаат од сигурната патека обележана во Божјата Реч на патиштата кои водат во опасност, кои се отворени на сите страни. Љубезно но одлучно, низ постојан напор со молитва, нивните погрешни желби треба да се сузбијат, нивните склоности да се ограничат.

Слушајте совети од оние кои имаат искуство (зборови до еден неразумен сопруг и татко). Си талкал низ светот, но вечната вистина ќе се покаже како твое сидро. Треба да внимаваш на својата вера. Не се поттикнувај од своите нагони и не негувај нејасни теории. Искуствената вера во Христа и покорноста кон Божјиот закон се од најголемо значење за тебе. Биди подготвен да примиш совет од оние кои имаат искуство. Не се колебај во делото за победување. Биди искрен кон себе, кон своите деца и кон Бога. На твојот несреќен (кој е во болка) син му е потребна нежна грижа. Како татко треба да запомниш дека нервите кои можат да се возбудат од задоволство, исто така можат да бидат возбудени и од длабоко страдање. Господ го изедначува Својот интерес со интересот на човештвото кое страда.

Кога советот можел да ја спаси независната младина од неуспешен брак. Кога ќе биде предоцна, тие откриваат дека направиле грешка и ја довеле во опасност својата среќа во овој живот и спасението на своите души. Тие не признаваатдека некој знаел нешто затоа прашање повеќе од нив, додека ако примиле совет, би можеле да си поштедат себеси години на грижи и тага. Совет одбиваат само оние кои се одлучни да одат по сопствениот пат. Таквите личности носат страст преку секоја бариера која можат да ја постават разумот и судот.

Некои квалификацикии за советник. Од голема важност е оној кој се бира да се грижи за духовните интереси на пациентите и помошниците да биде човек со здраво расудување и непоколебливо начело, човек кој ќе има морално влијание, кој знае како да постапува со човечкиот ум. Тоа треба да биде личност со мудрост и култура, приврзаност како и интелигенција. Тој можеби од почеток нема да биде успешен во секој поглед; но со сериозно размислување и вежбање на своите способности, треба да се квалификува за оваа важна работа. Потребна е најголема мудрост и благост за да се служи на оваа положба прифатливо но сепак со непоколеблива чесност; затоа што мора да се дочекаат предрасуди, фанатизам и заблуда од секаков вид.

Приватното советување може да биде стапица (совет до еден проповедник). Мината ноќ ми беше свртено вниманието на твојот случај, и разговарав со тебе како што мајка зборува со својот син. Реков: „Брате, не мисли дека ти е должност да разговараш со млади

дами за извесни предмети, дури и ако е присутна твојата жена. Ти им поттикнуваш идеја дека е исправно да им се соопштуваат на проповедниците семејните тајни и тешкотиите кои треба да бидат изнесени пред Бога, Кој го разбира срцето, Кој никогаш не греши и Кој праведно суди. Одби да слушаш било какво пренесување на приватни работи, кои се однесуваат на семејствата и на поединците. Ако луѓето се охрабрат да доаѓат само кај еден човек за своите проблеми, ќе мислат дека е во ред да ја одржуваат оваа пракса и тоа ќе стане стапица, не само за душата која пренесува информации, туку и за оној на кој се доверуваат работите.”

Ограничување на проповедничкиот совет за жените. Си привлекувал жени, и тие биле подготвени да ги искажат сите свои приватни проблеми и семејни разочарувања. Не треба да ги слушаш, само кажи им дека и ти самиот си грешен смртник, дека Бог им е помошник. Исус ги познава тајните на секое срце и само Тој може да ги благослови и утеши.

Кажи им дека можеш да донесеш погрешен суд и да бидеш наведен кон охрабрување на злото наместо да го укориш. Упати ги кон Божјото јагне „Кое ги зема гревовите на светот.“ Ако навлечеш окпоп, кој може да биде тежок, и внесеш лична работа таму каде што е најпотребно за оние кои ја затвораат вратата на небесната светлина поради својата себичност и алчност, можеби нема да создадеш толку многу пријатели, но ќе спасуваш души.

Повторени предупредувања. Нека жените не бидат привлечени кон тебе. Застани во правичноста на својата душа и кажи им дека не си нивен исповедник. Исус е единствениот кој смее да ги дознае тајните на срцата. Ти си само човечко суштество, и судејќи само од човечка гледна точка, можеш да донесеш погрешни закпучоци, да дадеш погрешен совет.

Не можам да видам никаква светлина, брате мој, во твоето одржување на состаноци само за млади дами. Искусни жени нека ги воспитуваат и учат младите жени на пристојно однесување и влијание. Не дозволувај им да ја искажуваат својата приватна историја на било којжив човек. Тоа не е Божја намера и не охрабрувај било што од тој вид.

Фактори за успешно советување. Кога ќе наиде криза во животот на некоја душа, и вие ќе се обидете да дадете совет или примедба, вашите зборови ќе ја имаат тежината на влијанието на добро кое за вас го стекнале вашиот сопствен пример и дух. Вие морате да бидете добри пред да бидете во состојба да правите добро. Вие не можете да вршите влијание кое ќе ги промени другите доколку вашите сопствени срца не се понижени, префинети и разнежнети преку Христовата благодат. Кога оваа промена ќе се оствари во вас, ќе ви биде природно да живеете на благослов на другите исто како што ружата дава мирисни цветови или пак како лозата што е полна со пурпурни гроздови.

Обука и искуство кои го подготвиле Мојсеј како разумен советник. Човекот со задоволство би се ослободил од тој долг период на макотрпна работа и неизвесност, сметајќи го за губење на време. Но Бесконечната Мудрост го повикала оној кој требало да стане водач на својот народ, поминувајќи четериесет години во скромна пастирска работа. Така се развиле навиките за грижа, несебичност и нежна грижа за стадото кои го подготвиле да стане нежен Израелски пастир кој долго трпи. Никаква предност која може да ја даде човечката обука или култура не можела да го замени ова искуство.

Некои луѓе не се соодветни да се занимаваат со умовите (совет до еден проповедник). Ти имаш некои карактерни црти кои те прават несоодветен за мудра работа со човечките умови. Ти не работиш на начин кој ќе даде најдобри резултати.

Работата со умот е најчувствителна работа во која луѓето некогаш биле вклучени, Не е секој соодветен за поправање на заблудените. Немаат сите мудрост да постапуваат праведно, љубејќи ја во исто време милоста. Тие не се склони да ја увидат неопходноста од мешањето на љубовта и нежното сочувство со верен укор. Некои се секогаш непотребно строги и не чувствуваат потреба за апостоловиот налог: „И така разликувајќи едни милувајте. А други со страв избавувајте ги и од оган вадете ги“ (Јуда 22, 23).

Човечкиот разум не е семоќен. Јасното сфаќање за она што е Бог и што Тој бара од нас, ќе ни даде скромен поглед за себе. Оној кој правилно ја проучува Светата Реч ќе научи дека човечкиот интелект не е семоќен, дека без помош која никој освен Бог не може да ја пружи, човечката сила и мудрост се само слабост и незнаење.

Манифестирање на Христовата благодат. Бог би сакал секој поединец помалку да гледа на ограниченото, помалку да зависи од луѓето. Ние имаме советници кои докажуваат дека непоседуваатзнаење за Христовата благодат и дека не ја разбираат вистината каква што е во Христа.

Оние кои соработуваат со Бога имаат скромно мислење за себе. Тие не се фалбаџии, самозадоволни и самовозвишени. Тие долго трпат, љубезни се, полни со милост и добри родови. Човечката амбиција се потиснува во втор план. Христовата праведност оди пред нив, а Господовата слава е нивна заштита одзади.

Прашања за советниците. Кога се обидовме да ја изложиме здравствената реформа на нашите браќа и сестри и им зборувавме за важноста на консумирање храна и пијалоци и општо за се што се прави на Божја слава, многумина кажаа за своите постапки: „Никого не треба да го засега дали јадам ова или она. За се што правиме сами ќе си ги сносиме последиците.”

Драги пријатели, во голема заблуда сте. Нема само вие да страдате заради погрешен правец. Во голема мера, општеството во кое живеете ги сноси последиците на вашите грешки, како и вие самите. Ако вие патите поради својата неумереност во јадењето или пиењето, ние кои сме околу вас или се дружиме со вас ќе трпиме од вашите слабости. Ние треба да страдаме заради вашиот погрешен правец.

Ако тоа влијае на намалување на вашите умни или телесни способности, ние тоа го чуствуваме додека сме со вас во друштво и тоа не ослабнува. Ако сте намуртени наместо да сте со ведар дух, вие фрлате сенка на сите околу вас. Ако сме тажни, потиштени или сме во неволја, вие можете, кога би биле со добро здравје, да имате бистар мозокда ни покажете излез зборувајќи зборови на утеха. Но, ако вашиот мозок е замрачен поради вашиот погрешен правец на живеење, па не можете да ни дадете прав совет, нели се соочуваме и ние со загуба? Не зафаќа ли и нас вашето влијание?

Ние можеме да имаме значаен степен на доверба во своето расудување, па сепак ни се потребни советници; затоа „сигурноста е во многуте советници.” Ние сакаме нашиот правец да изгледа доследен за оние кои ги сакаме, и сакаме да бараме нивен совет и да се способни да ни го дадат со бистар ум. Каква е користа од вашето расудување ако вашата интелектуална сила до крајност е исцрпена, ако мозокот ја изгубил својата виталност затоа што желудникот примал храна која не му одговара, или пак поголема количина на здрава храна? Зар нам ќе ни биде грижа за судот на таквите личности? Тие гледаат преку голема количина на несварена храна. Затоа вашиот правец на живеење влијае на нас. Невозможно е да следите некој погрешен правец не предизвикувајќи страдање на другите.

Внимателен пристап. Оние кои… се невнимателни и брзи во пристапувањето кон луѓето би покажале исти недостатоци во однесувањето, ист недостаток на такт и умешност во работата со умовите, и не треба да стапуваат во служба.

Како да се кажат „јасни“ работи. Оспособена сум да кажам некои многу јасни работи на оние кои се збунети. Не се осмелував да правам поинаку, отколку да им ја кажам вистината, затоа што ми беше дадена порака за нив.

Учете се од Христовиот начин на постапување со умовите. Учете да постапувате со умот исто како што правел Христос. Понекогаш мораат да се кажат остри работи, но Светиот Божји Дух нека престојува во вашето срце пред да кажете многу јасна вистина; потоа вистината нека сече. Вие не смеете да сечете.

Болните имаат емоционални потреби. Често сочувството и тактичноста ќе се покажат од поголема корист за болните, отколку најумесниот третман пружен на студен, незинтересиран начин. Кога лекарот и приоѓа на болничката постела на рамнодушен начин, гледајќи го болниот со омаловажување, со зборови и дела оставајќи впечаток дека тој случај не бара големо внимание, и тогаш го остава пациентот на неговото размислување, тој многу му наштетил. Сомнежот и обесхрабрувањето предизвикани од неговата рамнодушностчесто ќе го неутрализираат позитивното дејство на лековите кои ги препишал.

Не прекор, туку љубезна рака. Ако забележите некого чии зборови или ставови покажуваат дека се одвоил од Бога, не осудувајте го. Не е ваша работа да му судите, туку да му пријдете и да му помогнете. Параболата за изгубената овца треба да послужи како мото во секоја постапка.

Божествениот Пастир остава деведесет и девет и оди во пустината во потрага по онаа која се изгубила.

Помеѓу карпите постојат опасни вдлабнатини и гребени и Пастирот знае дека ако овцата се наоѓа во едно од тие места тогаш пријателската рака мора да ја извлече. Кога ќе ја пронајде изгубената, Тој не ја опсипува со прекори. Тој е радосен што ја нашол жива. Кога го слуша нејзиното далечно блеење, тој ја дочекува секоја потешкотија за да ја спаси својата овца која се изгубила. Со цврста, но од друга страна нежна рака тој ја вади од местото на кое се наоѓа, нежно ја подига на рамо и ја носи назад во трлото. Чистиот, безгрешен Откупител го носи грешиот, нечист човек.

Мудро советување. Сочувството е добро кога мудро се покажува, но тоа мора разумно да се дели, со сознание дека одредената личност заслужува сочувство. Што да се каже за примањето на совети? Мудри изреки 25:9-12: „Суди се со противникот, но туѓи тајни не откривај, за да не те прекори оној што ќе го чуе тоа… Љубезните зборови се како златни јаболки во сребрени садови. Златото е нараквица и накит од најдобро злато, мудар советник на оној кој слуша.“

Кога се сретнуваме за да си помогнеме едни на други на патот кон небото, кога се разговара за божественото и небесното, тогаш вреди да се зборува; но кога разговорот е насочен на себе и на земни и неважни работи, молчењето е злато. Послушното уво ќе прими укор со понизност, трпение и поучност. Единствено тогаш нашите разговори со другите се на благослов и ја исполнуваат улогата која Бог им ја наменил. Кога двете страни на божествениот налог ќе се исполнат, мудриот советодавец ја исполнува својата должност, а послушното уво слуша и добива благослов.

Бидете мирни и љубезни, без разлика што се случува. Секогаш ќе има работи кои вознемируваат, збунуваат и го искушувааттрпението… Тие мораат да се подготват за ова, да не се возбудуваат и да не ја губат присебноста. Мораат да бидат мирни и љубезни што и да се случува… Секогаш треба да имаат во предвид дека се работи со мажи и жени со болни умови, кои често ги согледуваат работите во изопачена светлина, а сепак се уверени дека совршено ги разбираат работите.

Не очекувајте премногу. Проповедниците мораат да бидат внимателни не очекувајќи премногу од личностите кои се уште го опипуваат својот пат во темнината на заблудата… Тие треба да бидат трпеливи и мудри во работата со умовите, имајки ги во предвид разновидните околности кои развиле такви карактерни црти кај луѓето.

Атомосфера на мирот. Прва задача била, браќа мои, да го осигурате Божјиот благослов во сопствените срца. Потоа внесете го овој благослов во своите домови, отстранете го својот критицизам, победете го

своето претерано барање и дозволете да преовладува духот на радост и љубезност. Атмосферата во домот ќе се пренесе од вас на работното место и небесниот мир ќе ги опкружува вашите души. Секаде каде што владее Исусовата љубов, тука има сочувствителна нежност и грижа за другите. Најдрагоцената работа која моите браќа можат да ја преземат е негување на христолик карактер.

Водење на изворот на жива вода. Оној кој бара да ја задоволи својата жед на изворите на овој свет ќе пие, но повторно ќе ожедни. Луѓето се секаде незадоволни. Тие копнеат по нешто што би ја задоволило потребата на душата. Само Еден може да ја задоволи оваа потреба. Потреба на светот, „Копнежот на сите народи“ е Христос. Божјата благодат кој единствено Тој може да ја даде е како жива вода која прочистува, освежува и ја окрепува душата.

Разбирање на световната точка на гледање. Просветленото разбирање не принидува да признаеме дека небесното е посупериорно од земното, па сепак изопаченото срце го наведува да дава предност на световните работи. Размислувањето на големите луѓе, теориите на лажни науки се мешаат со вистината на Светите Списи.

Најголем советник. Меѓу вас стои Најмоќниот Советник на сите векови, повикувајќи ве да му ја подарите својата доверба. Ќе се свртиме ли од Него кон неизвесните човечки суштества, кои во потполност зависат од Бога како и ние самите? Дали паднавме далеку под своите предности? Нема ли да бидеме виновни поради толку мали очекувања така што не го бараме од Бога она што Тој копнее да ни го даде?

Сподели го ова:

Слични објави