Глава 84 Занимавање со емоции

Сподели го ова:

Ние не можеме да ги читаме побудите. Запомнете дека не можат да се читаат срцата. Вие не ги знаете мотивите кои ги поттикнале акциите кои вам ви изгледаат погрешни. Постојат многу кои не примиле исправно воспитување, нивните карактери се изопачени, тие се непријатни и несмасни и изгледаат круто во секој поглед. Но Христовата благодат може да ги преобрази. Никогаш не ги отфрлајте, не ги обесхрабрувајте или во очај да зборувате: „Ме разочаравте и нема да се обидам да ви помогнам.” Неколку непромислено изговорени зборови под провокација на вистина токму она што мислиме дека заслужуваат може да го прекине влијанието кое треба да ги поврзе нивните срца со нашите.

Доследен живот, трпеливост, дух кој не се лути на провокација, секогаш е најубедлив аргумент и најсвечен позив. Ако имате прилики и можности кои не паѓаат под делот на другите, разгледајте го ова и секогаш бидете мудар, внимателен и љубезен учител.

За печатотда остави силен и јасен впечаток, вие не притискате силно, набрзина, на присилен начин; вие внимателно го поставувате на печатен восок и мирно, постојано го притискате додека не се оформи и зацврсти. На овој начин работете со човечките души. Континуитетот на христијанското влијание е тајна на неговата моќ, а ова зависи од постојаноста на вашето прикажување на Христовиот карактер. Помагајте им на оние кои грешат, зборувајќи им за своите искуства, Покажете им како кога сте направиле смртна грешка трпението, љубезноста, и помошта од страна на вашите пријатели ви донеле храброст и надеж.

Натпревар со сила која го заробува телото, душата и умот. Напнатост каква никогаш не можела да се види го зафаќа светот. Во забавите, стекнувањето пари, борбата за власт, самата борба за опстанок, постои голема сила која го притиска телото, душата и умот. Во оваа луда збрка, Бог зборува. Тој не повикува да се повлечеме и да општиме со него. „Бидете тивки и познајте дека јас сум Бог“ (Псалм 46:10).

Исцелување на духовни проблеми. Овој свет е пространета болница за ужасни болести, меѓутоа Христос дошол да ги излечи болните, да објави ослободување на сатанските робови. Во Него имало здравје и сила. Тој им го давал Својотживот на болните, на оние во неволја. на оние кои биле опседнати со демони. Не вратил ни еден кој дошол да ја прими Неговата исцелителна сила. Тој знаел дека оние кои го молеле за помош сами на себе си предизвикале болест, но сепакне одбил да ги исцели. А кога чудотворната моќ влегла во тие сироти души тие биле осведочени за гревот, и многумина биле излекувани од своите духовни како и од телесните болести, Евангелието се уште ја поседува истата сила, и зошто денес не сме сведоци на исти резултати?

Луѓето, ангелски раце. Човечките орудија претставуваат раце на небесните орудија, бидејќи небесните ангели се служат со човечките раце во своето дело на помош. Како помошна рака, човечките орудија треба да ги остварат во пракса знаењето и ресурсите на небесните суштества. Соединувајќи се со силите кои се семоќни, ние го користиме нивното високо образование и искуство, Така како што стануваме соучесници во божествената природа и ја одвојуваме себичноста од својотживот, ќе ни се подарат посебни способности да си помагаме еден на друг. Така небото ја спроведува спасоносната сила.

Човечкиот и Божјиот дел во времето на судирот. Господ секогаш му дава задача на човечкиот посредник. Тука е човечката и божествената соработка. Постои човечка работа во послушност на дадената Божја светлина. Ако Савле речеше: Господе воопшто не сум склон да ги следам твоите посебни упатства и да работам на моето спасение, тогаш Господ и да дозволи светлината десет пати појако да засвети над него, сето тоа би било бескорисно.

Човечка задача е да соработува со Божјото. Најтешкиот, најсуровиот судир доаѓа со намерата и часот на големата одлука на човечкото да ја накпони својата волја и пат на Божјата волја и Божјиот пат, потпирајќи се на благодетните влијанија кои го пратиле низ неговиот живот. Човекот мора да изврши дело на накпонување „Затоа што Бог е оној кој во вас (нас) прави да сакаме и да вршиме“ (Филипјаните 2:13). Карактеротја одредува природата на одлука и акција. Таа работа не е во склад со чувствата или наклонетоста туку со познавање на волјата на нашиот Татко кој е на небото. Следете и покорувајте се на водството на Светиот Дух.

Зборувајте за Божјата моќ. Кога некој ве прашува како се чувствувате, не обидувајте се да мислите за нешто тажно да кажете за да здобиете сожалување. Не зборувајте за својот недостатокна вера, за својата жалост и страдање. Искушувачот ужива да слуша такви зборови. Кога зборувате за мрачни предмети, вие го прославувате него. Ние не смееме да пребиваме на големата моќ на сатаната да не совлада. Често му се предаваме во негови раце, зборувајќи за неговата моќ.

Наместо тоа.да зборуваме за големата Божја моќ да ги поврзе сите наши интереси со Неговите. Зборувајте за неспоредливата сила на Исус и за Неговата слава. Целото небо е заинтересирано за нашето спасение. Илјада илјади, и десет илјади пати десет илјади Божји ангели имаат полномошно да им служат на оние кои ќе го наследат спасението. Тие не чуваат од злото и ги потиснуваат силите на темнината кои настојуваат да не уништат. Зар немаме причина да бидеме благодарни секој момент, благодарни дури и кога постојат очевидни потешкотии на нашата патека?

Не зборувајте за негативни чувства. Ако не чувствувате леснина и радост во срцето, не зборувајте за своите чувства. Не фрлајте сенка на животот на другите луѓе. Ладна, заоблачена религија никогаш не ги привлекува душите кон Христа. Таа ги одвлекува од Него во мрежата која сатаната ја раширил за чекорите на заталканите. Наместо да размислувате за своето обесхрабрување, мислете на моќта која можете да положите право во Христово име. Дозволете и на фантазијата да го улови невидливото. Нека вашите мисли бидат насочени кон доказите за големата Христова љубов кон вас. Верата може да поднесе неволја, да одбие искушение, да се издигне над разочарувањето. Исус живее како наш Застапник. Се е наше што осигурува Неговото посредништво.

Весели и ведри зборови. Ако работите ги посматраме од светла точка, ќе најдеме доволно што би не направило прави бодри и среќни. Ако делиме насмевки тие ќе ни бидат вратени; ако зборуваме пријатни и бодри зборови, таквите зборови и на нас самите ќе ни бидат возвратени.

Кога христијаните изгледаат потиштени и депресивни како да мислат дека се осамени, тие даваат погрешен впечаток за религијата. Во некои случаи внесена е замислата дека радоста е недоследна со достоинството на христијанскиот карактер; но сето тоа е заблуда. Целото небо е радосно.

Радоста ја осветлува патеката. Должност на сите е негување на радоста наместо размислување за тага и неволји. Многумина не само што самите себе се прават мизерни на овој начин, туку и го жртвуваат здравјето и среќата на морбидната фантазија. Постојат работи во нивната средина кои се непожелни, и нивните лица постојано носат тмурен поглед кој појасно од зборовите го изразува незадоволството.

Овие депресивни емоции причинуваат голема штета за нивното здравје, затоа што попречувајќи го процесот на варење, тие се мешаат со исхраната. Додека тагата и загриженоста не можатда излечатни најмало зло, можат да нанесат голема штета; меѓутоа радоста и надежта, додека го осветлуваат патот на другите „се живот за оние кои ќе гм најдат, и здравје за целото нивно тело.

Времето за јадење и емоциите. Научете што треба да јадете, кој вид на храна најдобро го храни вашето тело, и тогаш следете го налогот на разумот и совеста. За време на јадењето отфрлете ја грижата и тешките мисли. Не брзајте, јадете полека и со радост, со срце исполнето со благодарност кон Бога за сите Негови благослови. И не вклучувајте се во мозочна работа веднаш по јадење. Вежбајте умерено и дајте му на желудникот малку време да отпочне со својата работа.

Негувањето на заблуда ја спречува ментапната експанзија. Умот кој еднаш ќе биде обземен со заблуда никогаш не може слободно да се шири спрема вистината, дури ни по истражувањето. Старата теорија полага право на признавање. Разбирање на работите кои се вистинити, издигнати и посветувачки, ќе биде конфузно. Празноверните идеи ќе влегуваат во умот да се мешаат со вистината, а тие идеи секогаш ќе бидат понижувачки по своето влијание.

Христијанското знаење носи свој сопствен печат на неспоредлива супериорност во се што се однесува до подготовката за идниот, бесмртен живот. Тоа ги издвојува читателите на Библијата и верниците, кои ги примиле драгоцените блага на вистината, од скептиците и верниците во паганската филозофија.

Држете се за геслото: „Пишано е.“ Исфрлете гм од умот опасните, наметливи теории кои ако се прифатат, го држат умот во ропство како човекот не би можел да стане ново создание во Христа. Умот треба постојано да се ограничува и да се чува. Треба да му се дава за храна само она што ќе го поткрепи верското искуство.

Божјата сила е единствена надеж за реформа. Независно од Божјата сила, не може да се постигне никаква вистинска реформа. Човечките бариери против природните и стекнатите околности се само како насип од песок против порој. Се додека Христовиотживот не стане оживувачка сила во нашите животи не можеме да го одбиеме искушението кое нас не опколува и од внатре и од надвор.

Моќта на небесните посредници мора да се комбинира со човечката моќ. Ова е единствениот начин за нас да бидеме успешни.

Не се занимавајте со сопствените емоции. Не е мудро да гледаме на себе и да ги проучуваме своите емоции. Ако правиме вака, непријателот ќе презентира потешкотии и искушенија кои ќе ја ослабат верата и ќе ја уништат храброста. Грижпиво да се проучат нашите емоции и да им дадеме место на нашите чувства, значи да негуваме сомнеж и да се заплеткаме во потешкотии. Ние треба да го одвратиме погледот од себе кон Исус.

Негативната емоција променета од Божјиот Дух. Кога Божјиот дух ќе го запоседне срцето, Тој го преобразува животот. Грешните мисли се ставаат настрана, лошите дела се отфрлаат; љубовта, понизноста и мирот заземаат место на гневот, зависта и раздвојувањето. Радоста зазема место на тагата, а лицето ја одблеснува небесната радост. Никој не ја гледа раката која го подига бремето или светлината која се спушта од небесните дворови. Благословот доаѓа кога преку вера душата се потчинува на Бога. Тогаш таа сила која ниедно човечко око не може да ја види, создава ново битие според Божјиот облик.

Потребна е голема мудрост. Потребна е голема мудрост во постапувањето со болеста која е причинета преку умот. Жалосното, болно срце, обесхрабрениот ум, бараат благ третман… На овој вид на инвалидност може да се помогне преку нежно сочувство. Лекарот прво треба да ја стекне нивната доверба и тогаш да ги упати кај Големиот Исцелител. Ако нивната вера може да се насочи кон Вистинскиот Лекар и тие стекнат доверба дека Тој го презел нивниот случај, тоа ќе донесе олеснување на умот и често ќе му даде здравје на телото.

Христовата нежност во постапување со умовите. Христос го изедначува Својот интерес со интересите на човештвото. Делото кое носи Божјо полномошно е она кое го манифестира Исусовиотдух, кој ја открива Неговата љубов, Неговата грижа, Неговата нежност во постапувањето со човечките умови. Какво откривение би дошло за човекот кога завесата би се поместила и вие би можеле да ги видите резултатите на својата работа во постапувањето со заблудените на кои им е потребен најпромислен третман за да не скршнат од патот. „Затоа исправете ги премалените раце и ослабените колена, и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку да се исцели” (Евреите 12:12, 13)

Струја на животодавна енергија. Силата на љубовта била во секое Христово исцелување, и само преку учество во таа љубов, низ вера, ние можеме да бидеме орудие во Неговото дело. Ако занемариме да се поврземе во божествена врска со Христа, таа струја на животодавната енергија не може да притекува во обилни порои од нас кон другите луѓе.

Единствен извор на траен мир. Траен мир, вистински спокој на духот, има само еден извор. За тоа Христос зборувал кога рекол: „Дојдете кај Мене сите кои сте уморни и натоварени, и јас ќе ви дадам спокој“ (Матеј 11:28) „Мир ви оставам, Својот мир ви го давам; не како што светот дава“ (Јован 14:27). Овој мир не е нешто што Тој го дава независно од Себе. Тој е во Христа, и можеме да го примиме, само кога ќе го примаме Него.

Неговото искуство може да биде наше. Во Христос повикот на човештвото достигнало до Татковото бесконечно сожалување. Како човек Тој упатувал молитви до Божјиот престол, се додека Неговата човечка природа не се исполнила со небесна струја која треба да го спои човечкото со божественото. Низ постојана заедница Тој примал живот од Бога за да може да пружи живот на светот. Неговото искуство треба да биде наше.

Сподели го ова:

Слични објави