Глава 5 Фанатичен ум

Сподели го ова:

Фанатиците и фанатизмот ќе притискаат. -Живееме во време кога буквално секаков вид на фанатизам ќе притиска за свое место помеѓу верните и неверните. Сатаната ќе дојде и лицемерно ќе зборува лаги. Ќе биде предочено сето она што тој може да го измисли за да ги измами мажите и жените.

Како сатаната го прави тоа. Преку своето искуство откриваме дека доколку сатаната не може да ги држи врзани душите во студена индиферентност, тој тогаш ќе се обиде да ги турне во огнот на фанатизмот. Кога Божјиот Дух слегува меѓу Својот народ, непријателот исто така ја користи секоја можност да работи на најразлични умови и ги наведува да ги мешаат своите спефицични црти на карактерот со Божјото дело. Така, секогаш постои опасност да му се допушти на сопствениот дух да се меша со делото и да се праватнеразумни чекори. Мнозина се впуштаат во свое дело, кое сами си го замислиле и кое не е поттикнато од Бога.

Резултатот од негувањето на штетни склоности. Постојат некои кои не сакаат да слушаат. Долго одлучувале да го следат својот сопствен пат и својата мудрост, долго ги негувале своите наследени и стекнати штетни склоности на карактерот, така што станале слепи и не се во состојба да погледнат подалеку. Нивните начела се изопачени, се подигаат лажни стандарди, се поставувааттестови кои не носат небесен потпис… Некои од овие порано се фалеле во Господа како народ што врши праведност и не ги заборава уредбите на својот Бог.

Губење на здрав ментален однос. Оние коишто се фаќаат во сатанските стапици се уште не стигнале до здрав ментален поглед на животот. Тие се збунети, самоважни и самодоволни. 0, со какважалост гледа Господ на нивните вообразени суетни зборови. Тие се надуени со гордост. Непријателот го следи сето тоа и самиот е изненаден колку лесно успеал да ги зароби.

Лажна понизност. Многу пати меѓу оние, кои се декларираат како христијани се забележува повремена, лажна понизност. Некои, решени да се победат самите себе, се поставуваат себеси што е можно пониско; но се обидуваат да го сторат тоа користејќи ги само своите сопствени сили, а следниот бран на величење или ласкање ги носи надвор од видокругот. Тие не сакаат потполно да му се потчинат на Господа и Тој не може да работи преку нив.

Немојте да си припишувате било каква слава на себе. Не работете со поделен ум, обидувајќи се да му служите истовремено и на Бога и на себе. Држете се себеси настрана од својот видокруг. Вашите зборови нека ги доведуваат уморните и натоварените при Исуса, сочувствителниот Спасител. Работете онака, како да го гледате Него, кој ви е секогаш при рака, подготвен да ви даде сила за служба. Вашата единствена сигурност е во потполната зависност од Христа.

Преголем излив на восхитувачки чувства. Некои не се задоволни од состаноците додека не доживеат впечатливи и среќни моменти. Тие работат на тоа да поттикнат чувства на возбуда. Но влијанието на таквите состаноци не е корисно. Кога ќе исчезне среќата на восхитувачките чувства, тие тонатуште подлабоко отколку што биле пред состанокот, затоа што нивната среќа не доаѓа од вистинскиот извор. Најкорисни собири за духовен напредок се оние кои ги карактеризира свеченост и длабока потреба на срцето; кога секој бара да се запознае себе и сериозно, во длабока понизност, сака да учи од Христа.

Необични појави. Со ваквиот фанатизам, каков што имавме во последно време во Калифорнија, со посебно необични појави и тврдење за поседување на сила за изгонување на демони, сатаната настојува ако е можно да ги измами и избраните. Таквите личности, тврдејќи дека имаат посебна порака за нашиот народ, меѓусебно ќе се обвинуваат дека се опседнати од зол дух. Потоа по молитвата ќе објават дека демонот е истеран. Резултатот на нивното дело сведочи за тоа од каков карактер е истото. Наредено ми е да кажам дека Господ не беше во таквите необични манифестации тукудека таквите појави ќе ги заведатдушите се до нивно потполно уништување, доколку не бидат предупредени, а библиската вистина ќе биде изопачена.

Природно воинствени. Некои луѓе се природно воинствени. Ним не им е грижа дали се усогласени со своите браќа или не. Сакаат да навлегуваат во судири, сакаат да се борат за свои одредени идеи; но би требало да се отргнат од ова, затоа што тоа не ги развива христијанските доблести. Работете со сета своја сила да одговорите на Христовата молитва за единство меѓу Неговите ученици, како што Тој е едно со Својот Татко. Ниедна душа не е сигурна доколку секојдневно не учи од Христа, од Неговата кротост и понизност.

Во својата работа немојте да постапувате диктаторски, не бидете строги и непријателски настроени. Проповедајте ја Христовата љубов и тоа ќе ги растопи и скроти срцата. Настојувајте да бидете со една мисла и еднаков суд со своите браќа и зборувајте исто. Разговорите за поделба што му се презентираат на вашиотум, затоа што немаат сите исти идеи, не се Божје дело туку непријателско. Изнесувајте ја едноставната вис-

тина, она за коешто можете да се согласите. Зборувајте за единство, немојте да бидете тесногради и суетни; дозволете вашиотум да се шири.

Следење на сопствени стандарди. Мнозина, мнозина и веруваат на својата сопствена праведност. Тие поставуваат стандарди за себе и не и се покоруваат на Христовата волја ниту му дозволуваат да ги облече во облеката на Неговата праведност. Тие го формираат карактерот според сопствената волја и желби. Сатаната е многу задоволен со таквата нивна вера. Тие погрешно го претставуваат совршенството на карактерот праведноста која е всушност Христова. Самите измамени ги мамат и другите. Нив Бог не ги прифаќа. Тие се скпони да водат и други души на погрешни патеки. Тие на крајот ќе ја примат својата плата заедно со големиот измамник, сатаната.

Реакција на фанатикот. Пред неколку години, човекот по име Н. од Ред Блаф, Калифорнија, дојде кај мене да ми предаде порака… Мислеше дека Бог ги заобиколил сите водечки работници и токму нему му предал порака. Се обидов да му укажам дека е во заблуда… Кога му ги изнесовме нашите ставови и му изложивме дека не е во право, на него дојде голема сила и тој испушти некаков гласен крик… Имавме многу големи проблеми со него; неговиот ум стана нестабилен и беше сместен во душевна болница.

Како да се соочиме со фанатик. Бог ги повикува своите слуги да го проучуваат Неговиот ум и волја. Кога ќе ви дојдат луѓе со чудни теории, не влегувајте во судир со нив, туку потврдете им го она што веќе го знаете. „Пишано е,“ треба да биде вашето оружје. Постојат луѓе, кои ќе настојуваат да исплетат конци со своите лажни теории. Фала му на Бога што има и такви кои се поучуваат од Него и кои знаат што е вистина.

Внимавајте на своите искази и гледишта. Ова е време кога мораме да бидеме многу будни и внимателно да го чуваме карактерот на делото коешто се извршува. Некои ќе настојуваат да внесат лажни теории и ќе настапуваат со лажни пораки. Сатаната ќе ги поттикне човечките умови за да создаде фанатизам во нашите редови. Видовме вакво нешто во 1908 година. Господ сака Неговиот народ внимателно да оди напред, внимавајќи при тоа на своите изрази и гледишта. Сатаната ќе користи лични специфичности и глас за да предизвика возбуда и ќе работи на човечките умови за да измами.

Избегнување на човечки замислени мерила. Постојано ќе се појавуваат нови и чудни нешта за да го одведат Божјиот народ во некаков вид на лажно возбудување, верски заживувања и необични појави; но нашиот народ не треба да им се потчини на таквите човечки измислени мерила било какви и да се, зашто тие имаат за цел да создадат судири на сите линии.

Внимавајте на таканаречената „новата,“ „прекрасна” така наречена напредна светлина. Душата ми е оптоварена, зашто знам што е пред нас. Ќе навлегуваат секакви можни измами за да влијаат на оние, кои немаат секојдневна, жива врска со Бога. Сатанските ангели се мудри на зло, тие ќе креираат такви нешта што некои тоа ќе го прогласат за напредна светлина и за нешто ново и прекрасно; иако во одредена мератаа порака може да биде вистина, таа ќе биде помешана со човечки замисли и ќе учи наука на човечки заповеди. Доколку било кога постоело време кога треба да стражариме и да се молиме со сета сериозност, тоа време е сега.

Многу навидум добри нешта треба внимателно да се разгледаат и тоа со многу молитва; затоа што тоа се измамливи изуми на непријателот, со цел да ги одведе душите на патеката, којашто толку многу е блиску до вистинскиот пат, така што ќе им биде тешко да го разликуваат од лажниот. Но окото на верата може да забележи дека се одвојува од вистинската патека, иако одвај забележително. Најнапред таа патека може да изгледа сосема во ред, но по извесно време сосема забележително е дека во голема мера се одвојува од патеката којашто води кон светоста и небото. Браќа мои, ве предупредувам да ги израмнувате патеките за своите нозе, за она што е хромо да не се отклони.

Фанатизмот тешко се гаси. Фанатизмот, еднаш задвижен и незадушен, тешко може да се изгаси, исто како и пожар што зафаќа зграда. Оние, кои навлегле и го поддржуваат овој фанатизам (светост на телото), многу подобро е да биле ангажирани со световна работа, затоа што со својот недоследен курс на делување го обесчестуваат Бога и го изложуваат на опасности Неговиот народ. Многу такви движења ќе се појават во времето кога Господовото дело треба да стои воздигнато, чисто, неизвалкано со празноверие и бајки. Ние треба да стражариме, да одржуваме тесна врска со Христа, за да не бидеме измамени од сатанските замисли.

Префинети теории што го исполнуваатумот. Сатаната настојува на многу начини да ги заокупира со префинети теории токму оние што треба да ја проповедаат пораката, и таквите теории навидум ги прави да изгледаат толку важни, како да го исполнуваат сиот ум; и додека мислат дека зачекориле во прекрасни искуства, тие идолизираат неколку идеи, а нивното влијание станува штетно и има многу мала корист за Божјето дело.

Секој проповедник нека направи силни напори да заклучи каков е Христовиот ум. Има такви кои бираат места од Божјата Реч, а исто така и од Сведоштвата, издвојувајќи параграфи или реченици, кои можатда ги искористат во прилагодување на своите замисли, се задржуваат на нив и ги доградуваат своите ставови, но во тоа немаат Божјо водство. Сето ова му е угодно на непријателот. Ние не треба непотребно да заземаме курс, кој ќе создава разлики или причини неслога. Не треба да создаваме впечатокдека доколку не се следатнашите замисли и идеи, дека тоа е заради недостаток на разбирање на проповедниците.

Во Христовите поуки има многу предмети на чијашто основа може да зборувате, а прашањата што ниту вие ниту вашите слушатели не можете да ги разберете или објасните, подобро е да ги оставите. Дајте му место на Господа ИсусаХриста да поучува; дозволете му под влијание на Својот Дух да ја отвори вратата на разбирање на прекрасниот план на спасение.

Свртете се од негативната страна (совет на еден проповедник). – Кога би можел да го видиш резултатот на постојаната преокупација со негативната страна, како што со години постапуваш во помала или поголема мера, би имал поголемо разбирање за зборовите на Спасителот запишани во осумнаесетото поглавје на евангелието по Матеј. Учениците дошле кај Исуса поставувајќи му прашање: „Кој е најголем во небесното царство? А Тој викна едно дете кај Себе, го постави сред нив и рече: Вистина ви велам, ако не се преобратите и станете како деца, нема да влезете во небесното царство. И затоа, секој што ќе се понизи себеси како ова дете, ќе биде поголем во небесното царство. И секој кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима. А кој ќе наведе на грев едно од овие мали кои веруваат во Мене, за него поарно е да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина. Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно е соблазните да дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого ќе дојдат соблазните!” (Матеј 18:1-7)

Брате мој, отфрли ги сите зли мисли. Понизи го срцето пред Бога. Тогаш откако ќе ти се отворат очите, нема повеќе да стоиш на негативната страна. „Ако твојата рака или твојата нога те наведува на грев, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот осакатен и куц, отколку имајќи две раце или две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган“ (Матеј 18:8). Отстрани ги штетните особини, колку и да е тоа болно за човечката природа. „И ако те наведува на грев твоето око“ ако е толку остро да забележува за да критикува и да се спротивставува „извади го и фрли го; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол“ (Стих 9).

Верата го победува негативизмот. Ќе имаме успех доколку тргнеме напред со вера, решени разумно да го вршиме Божјото дело. Не смееме да си дозволиме да не попречуваат луѓе, кои сакаат да стојат на негативната страна, покажувајќи многу малку вера. Божјото мисионерско дело ќе го изнесуваат луѓе со голема вера и тоа со сигурност ќе расте во сила и продуктивност.

Опасност од индивидуална независност. Во црквата секогаш имало поединци кои се стремеле кон лична независност. Се чини дека тие не сфаќаат дека независниот дух лесно може да ги наведе луѓето премногу да се потпираат врз себе и врз сопствениот суд, наместо да ги почитуваат советите и високо да го ценат судот на своите браќа, особено оние, кои Бог ги поставил да го водат Неговиот народ. Бог на Својата црква и дал посебен авторитет и сила, кои никој нема право да ги потценува ниту да ги презира, зашто оној што постапува така, го презира Божјиот глас.

Мир што се открива во негување на кротост. Душата наоѓа одмор само во негување на кротост и понизност во срцето. Христовиот мир никогаш не пребива онаму каде што владее себичноста. Душата не може да расте во благодатта кога е насочена кон себе и негува гордост. Исус ја презел на себе позицијата, којашто човекот мора да ја заземе, за да може да го прими и одржи Христовиот мир во срцето. Оние, кои му се понудиле на Христа да бидат Негови ученици, мораат секојдневно да се одрекуваат од себе, мораат да го земат крстот и да ги следат Христовите стапки. Тие мораат да одат таму каде ги води Неговиот пример.

Доблеста на христијанската учтивост. Павле, иако во начело цврст како карпа, сепак секогаш внимавал на својата учтивост. Тој бил ревен за виталните точки и не бил безобзирен во поглед на милноста и должната учтивост во општествениотживот. Божјиот човек не го проголтал општествениот човек.

Некои луѓе зборуваат на непријатен и неучтив начин, кој ги навредува чувствата на другите, а потоа се оправдуваат велејќи: „Тоа е мој стил; секогаш го кажувам она што го мислам“, и така оваа своја зла црта од карактерот ја величаат како да е доблест. Нивното неучтиво однесување треба одлучно да биде укорено.

Творецот повикува да се соочиме со секаков вид на фанатизам.

Во 1844 година моравме да се соочиме со фанатизам од сите страни, но секогаш ми доаѓаше мислата: голем бран на возбуда е штетен за делото. Следете ги Христовите стапки. Добив порака дека мораме да се соочиме со секаков вид на фанатизам. Бев упатена да му покажам на народот дека со бранот на возбуда беше извршено необично дело. Постојат такви, кои ја користат секоја можност да внесат празноверие. На тој начин се затвораат вратите за објавување на здрава наука.

Опасноста што се приближува. Како што се ближи крајот, непријателот ќе работи со сета своја сила да внесе фанатизам меѓу нас. Тој е среќен да ги види адвентистите на седмиот ден како одат во такви крајности како би биле обележани од светот како фанатици. Наредено ми е на оваа опасност да ги предупредам проповедниците и лаиците. Наша задача е да ги учиме мажите и жените да градат на вистинскиот темел, да постават своите стапала на она јасното „Така вели Господ.”

Умот под контрола на еден вид на фанатизам. Јасно говорев во врска со опасната наука, која учи, една личност да дозволи умот да и биде контролиран од друга личност. Ова е ѓаволска наука.

Негување на непристрасен, оптимистички поглед. Нема причина својот поглед да го задржуваме на грешките, да се ожалостуваме и жалиме и да губиме драгоцено време и можности во оплакување на маните на другите… Зар не би му било поугодно на Бога да заземеме непристрасно гледиште и да видиме колку души му служат на Бога и им се противат на искушенијата, прославувајќи го и оддавајќи му чест со своите таленти на средства и интелект? Зар не би било подобро да ја набљудуваме прекрасната Божја сила во преобразувањето на сиротите, деградирани грешници, кои некогаш биле полни со морална валканост, а кои сега толку се преобразиле што имаат карактер сличен на Христовиот?

Сподели го ова:

Слични објави