Глава 66 Емоционални потреби

Сподели го ова:

Причини за постоење. Божјиот закон е закон на љубовта. Тој ве опкружил со убавина за да научите дека не сте на земјата поставени едноставно да работите за себе, да копате и градите, да се мачите и работите, туку да го осветлите животот и да го направите радосен и убав со Христовата љубов како цвеќињата, да ги израдувате другите животи низ службата на љубовта.

Љубовта ја задоволува внатрешната потреба. Љубовта мора да биде начело на акција. Љубовта е основно начело на Божјото владеење на небото и на земјата, и таа мора да биде темел на карактерот на христијанинот. Единствено само тоа може да го направи и одржи постојан. Единствено само тоа може да го оспособи да ги поднесе пробите и искушенијата.

Негувајте ја љубовта. Љубовта кон Бога и меѓусебната љубов мора да се негува, зошто е драгоцена како златото. Потребно е сега на најдобар начин да го претставиме карактерот на чистата и неизвалкана религија, која е, и по својата природа и по своите барања, спротивна на себичноста. Љубовта како онаа која Христос ја претставил е неспоредлива; таа по вредноста е над златото и среброто или драгоцените камења. Мораме да се молиме и да ја бараме љубовта која Христос ја поседувал. Христијанинот кој ја поседува носи карактер кој е над сите човечки слабости.

Љубовта на сите им е потребна. Причината зошто постојат толку закоравени мажи и жени на овој наш свет е тоа што вистинската приврзаност се смета за слабост, па се обесхрабрува и потиснува. Подобриот дел од природата на личноста од оваа група се изопачил и закржлавил во детството, и доколку зраците на Божествената светлост не ги стопат нивното студенило и закоравена себичност, нивната среќа засекогаш ќе биде закопана. За да имаме нежни срца, како што имал Исус додека бил на земјата, и посветена сочувствителност, каква што ангелите имаат кон грешните смртници, ние мора да ги негуваме симпатиите од детството, кои сами по себе се едноставни.

Срцето изворот на животот. Ниту братот ниту сестрата К немаат искуство во жртвување за вистината, во богатење со добри дела, собирање на своето богатство на небото. Нивното сочувство, грижа и трпеливост не дошле до израз кон зависните, мили деца. Тие воделе сметка само за својата себична удобност. Нивните срца не биле извор од кој те-

челе живи потоци на нежност и приврзаност. Во благословувањето на другите со љубезни зборови и дела на милост и добрина тие самите би придобиле благослов. Тие биле премногу ограничени во својата сфера на корисност.

Љубовта кон себе го разорува мирот. Љубовта кон своето јас е тоа што го разорува нашиот мир. Се додека е живо нашето јас, секогаш сме спремни да го браниме од понижување и навреди; но кога сме мртви и нашиотживот е сокриен со Христа во Бога, занемарувањето и омаловажувањето нема да го примаме до срце. Ќе бидеме глуви за прекорот и слепи за потсмев и навреда. „Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува. Љубовта никогаш не престанува, а друго, ако се пророштва ќе престанат, ако се јазици ќе замолкнат, ако се знаења ќе исчезнат.” (1. Коринтјаните 13:4-8).

Сигурноста се наоѓа во правилното мислење. Потребно ни е постојано чувство на облагородувачката сила на чистите мисли. Единствена сигурност за секоја душа се наоѓа во исправното размислување. Какви што му се на човекот „мислите во душата негова, таков е и тој“ (Изреки 23:7). Моќта на самоограничувањето јакнее преку употребување. Тоа што од почетокот изгледа тешко, со постојани повторувања станува лесно, се додека исправните мисли и постапки не станат вообичаени. Ако сакаме можеме од се што е лошо и евтино да се издигнеме на еден повисок стандард; можеме да бидеме почитувани од луѓето и сакани од Бога.

Недостатокот на приврзаност расипува. Господ ги изложил пред Израилот последиците од одржувањето на заедница со лошите духови во гадостите на Хананејците: тие биле без природна приврзаност, идолопоклоници, прељубодејци, убијци и одвратни заради расипаните мисли и гадни навики.

Плодот на злобата е смрт. Духот на омраза и одмазда потекнува од сатаната, и го навел да го предаде на смрт Божјиот Син. Оној кој негува зло или нељубезност го негува истиот дух, и неговиот плод ќе биде на смрт. Во одмаздољубивите мисли прикриено лежи зло дело, како растение во семе. „Секој, што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиецнемаживотвечен, што ќе пребива во него” (1. Јованово 3:15).

Потреба за друштво. Многумина можеле да се запазат од грешните влијанија доколку биле опкружени со добро друштво и слушале како им се зборуваат зборови на љубезност и љубов.

Природно е да се бара друштво. Природно е да се бара друштво. Секој ќе најде другари или ќе ги создаде. И толку во сразмер со силата на пријателството ќе биде количината на влијанието кои пријателите ќе го вршат еден на друг на добро или зло. Сите ќе имаат друштво на кое ќе влијаат или ќе бидат под нивно влијание.

Мистериозна е врската која ги спојува човечките срца така што чувствата, вкусот и начелата на двете личности тесно се соединуваат. Едниот го прифаќа духот и го копира патот и постапките на другиот. И како што восокот го задржува обликот на печатот, така умот ги задржува впечатоците произведени преку општење и дружење. Тоа влијание може да биде несвесно, но сепак не помалку моќно.

Човекот создаден за друштво. Господ го направил човекот за друштво, и Тој има намера да се исполниме со љубезната Христова природа и низ дружење да се поврземе во тесен однос како Божји деца, работејќи за сегашноста и за вечноста.

Гордоста го разорува пријателството. Тие (Христовите непријатели) увиделе дека величеството, чистотата и убавината на вистината, со своето длабоко и благо влијание, постојано освојува многу умови… Тој го срушил ѕидот на раздвојувањето кој толку им ласкал на нивната гордост и екскпузивност; и тие се плашеле дека, доколку му се допушти, Тој можел сосема да го одвлече народот од нив. Поради тоа го следеле Него со одлучно непријателство, надевајќи се дека ќе изнајдат некоја прилика да Го доведат во немилост кај мноштвото и на тој начин да овозможат кај Синедрионот Негова осуда и смрт.

Друштвото и карактерот. Исправно е речено: „Покажи ми го своето друштво и јас ќе ти го покажам твојот карактер”. Младите не се свесни какво чуствително влијание вршат на карактерот и угледот со својот избор на друштво. Човекот го бара друштвото на оние чиј вкус, навики и обичаи се сродни со неговите.

Оној кој повеќе го сака друштвото на неуките и порочните личности отколку на мудрите и добрите покажува дека неговиот карактер е таков. Неговите вкусови и навики од почеток може да бидат потполно различни од навиките на оние чие друштво го бара, но како што се меша со овој тип на луѓе неговите мисли и чувства се менуваат; тој ги жртвува правите начела и незабележително, но сепак неизбежно, се спушта до нивото на своите другари. Како што реката поприма од својствата на почвата низ која тече, така начелата и навиките на младите незабележително стануваат обоени со карактерот на друштвото со кое се мешаат.

Однос кој секој е обврзан да го негува. Бог заедно не поврзува како членови на едно семејство, и секој е обврзан да го негува овој однос. Постојат служби кои на другите им ги должиме и кои не може да се

игнорираат, а сепак да се држат Божјите заповеди. Да се живее, мисли и делува само за себе значи да се стане бескорисен како Божји слуга. Звучните титули и големите таленти не се неопходни за да биде добар граѓанин или примерен христијанин.

Врска на единство. Најнежна земна врска е онаа која постои помеѓу мајката и детето. Детето повеќе ги прима впечатоците од животот и примерот на мајката отколку од тој на таткото; зашто т поврзува посилна и понежна заедница. Мајките имаат голема одговорност. Доколку би можела да им ја предочам задачата која тие можат да ја вршат во обликување на умовите на своите деца, би била среќна.

Христос најголемиот пријател. Голема важност се предава на нашите друштва. Ние можеме да формираме многу друштва кои ќе бидат благоугодни и од корист, но никое не е подрагоцено од тоа како она кога ограничениот човек е доведен во врска со бесконечниот Бог. Кога така ќе се соединат, Христовите зборови пребиваат во нас… Резултатот ќе биде очистено срце, претпазлив живот и беспрекорен каракгер. Но само преку запознавање и дружење со Христа ние можеме да станеме налик на Него, Беспрекорниот Пример.

Утеха за умот и мирот за душата. Лекарот кој ќе се покаже вреден да се постави за водечки лекар во санаториумот ќе изврши големо дело. Но неговата работа на религиозно подрачје треба секогаш да биде од таква природа што Божествениот противотров за излекување на од грев оптоварените души да се претстави пред пациентите. Сите лекари треба да разберат дека една таква работа мора да се работи со нежност и мудрост. Во нашите установи каде ментапните пациенти се доведуваат за третман, утешните зборови на вистина кои се говорат на унесреќените честопати ќе бидат средство за смирување на умот и враќање на мир во душата.

Дар од Бога. Секој добар поттик или стремеж е Божји дар; верата прима од Бога живот, Кој единствено може да предизвика раст и делотворност.

Внатрешно задоволство за исправноста. Несебичноста, начелото на Божјото царство, е принцип кој сатаната го мрази; тој го одрекува и самото неговото посгоење. Од почетокот на големата борба тој се трудел да докаже дека Божјите начела на акција се себични, и тој постапува на ист начин со сите кои му служат на Бога. Меѓутоа, Христово дело, и на сите оние кои што го носат Неговото име е да ги побијат тврдењата на сатаната.

Исус дошол во човечки облик за преку Својот живот да даде пример на несебичност, И сите кои го прифаќаат ова начело мора да бидат Негови потпомагачи демонстрирајќи го во практичниотживот. Да се избере правото затоа што е право; да се стои за вистината по цена на сградање

и жртва „тоа е наследство на слугите Господови, и нивната праведност е од Мене, вели Господ” (Исаија 54:17).

За довербата и соработката, светот му должи на Божјиот закон. –

За сето она што довербата и соработката ја прави да биде можна, светот му должи на Божјиот закон, како што е даден во Неговата Реч, и чии трагови се уште се запишани во редови скоро нејасни и речиси избришани, во срцата на луѓето.

Живиот успех наспроти парите. Кога ќе се доведеме себеси во исправен однос со Бога, ќе имаме успех каде и да одиме; успехот е тоа што ни е потребно, не парите туку живиот успех, а Господ ќе ни го даде тоа затоа што знае се за нашето самоодрекување. Тој знае за секоја жртва што ја правиме. Можеби мислиш дека твоето самоодрекување не прави никаква разлика, дека треба да имаш повеќе обѕири итн. Но кај Господа тоа прави да има голема разлика.

Повеќе пати ми е покажано дека кај поединци кои почнуваатда тежнеат за се поголема и поголема плата, нешто доаѓа во нивното искуство што ги поставува таму каде што нема да стојат на погодно тло. Но кога земаат плата која во себе го носи факгот дека се самопожртвувани, Господ го гледа нивното одрекување и им дава успех и победа. Ова секогаш одново ми е покажувано. Господ Кој гледа тајно ќе им плати јавно за секоја жртва за која се покажало дека Неговите слуги биле волни да ја поднесат.

Сигурноста не е во богатството. Мнозина мислат да пронајцат сигурност во земните богатства. Но Христос настојува да ја отстрани прашината од нивните очи која го замрачува видикот и така ги оспособи да гледаат на далеку поважна и вечна слава. Тие се заблудени фантоми за реалноста и ја изгубиле од вид славата на вечниот свет. Христос ги повикува да го прошират својот поглед над сегашноста и да додадат вечност во својата визија.

Во потпирањето на Бога е вистинската сигурност. Сатаната е многу свесен дека и најслабата душа која пребива во Христа е повеќе отколку рамна со војската на темнината, и дека кога, отворено би се открил, би бил дочекан и одбиен. Поради тоа настојува да ги извлече војниците на крстот од нивното силно утврдување, додека тој е во заседа со своите сили, подготвен да ги уништи сите кои ќе се осмелатда стапнат на неговиот терен. Само во понизно потпирање на Бога и послушност на сите Негови заповеди, можеме да бидеме сигурни.

Бог нуди сигурност. Бог сака да го одбереме небесното наместо земното. Тој отвора пред нас можност за небесно вложување. Тој би сакал да ги охрабри нашите највозвишени цели, да му даде сигурност на нашето најодбрано богатство. Тој објавува: „Ќе направам луѓето да бидат

поскапи од чисто злато, поскапи од Офирското злато“ (Исаија 13:12). Кога богатството кое молецот го прождерува и р’ѓата расипува ќе се однесе, Христовите следбеници можат да се радуваат во своето небесно богатство, богатство кое е непропадливо.

Посветувачкото влијание на вистината. Единствена сигурност за секоја душа е во исправното мислење. Ние мораме да го искористиме секое средство кое ни го дал Бог на располагање за управување и култивирање на своите мисли. Ние мораме да ги доведеме своите умови во скпад со Неговиотум. Неговата вистина ќе не посвети, телото душата и духот, и ќе бидеме оспособени да се издигнеме над искушенијата, Зборовите кои т зборуваме ќе бидат мудри зборови.

Применетата вистина го унапредува здравјето. Кога луѓето кои се оддавале на лоши навики и погрешни постапки се предадат на силата на божествената вистина, примената натаа вистина во срцетоја оживува моралната моќ, која изгледала парализирана. Примателот поседува посилно, појасно разбирање од она кое го имал пред припојувањето на својата душа со Вечната Карпа. Дури и неговото физичко здравје се унапредува со разбирање на својата сигурност во Христа. Посебен Божји благослов почива на примателот во здравје и сила.

Олеснување од вината. Одземениот во Христа нашол исцелување и за душата и за телото. Му било потребно најпрвин здравје за душата за да може да го цени здравјето на телото. Најпрво пред да ја излекува физичката болест, Христос морал да донесе олеснување на умот и да ја очисти душата од гревот. Оваа поука не смее да се изгуби од вид. Денеска има илјадници кои патат од физичка болест, кои, како одземениот, копнеатза пораката: „Ти се опростуваат твоите гревови“. Бремето на гревот, со своите неспокојни и незадоволени желби, е темел на нивната болест. Тие не можат да најдат олеснување се додека не дојдат кај Исцелителот на душите. Мирот кој само Тој може да го даде би ја обновил свежината на умот и телесното здравје.

Сила за еден ден. Ангелите, кои ќе направат за вас тоа што вие не можете да го направите сами, чекаат на ваша соработка. Тие очекуваат да одговорите на Христовите привлекувања. Приближете се кон Бога и едни кон други. Со желба, тивка молитва, отпор кон сатанските орудија, ставете ја својата волја на страна на Божјата волја. Додека иматежелба да се спротивставите на ѓаволот, и искрено се молите: „Избави не од искушенија”, ќе имате сила за својот ден.

Задачата на небесните ангели е да им пријдат блиску на оние кои се во искушение и на оние кои страдаат. Тие долго и неуморно работат на спасување на душите за кои Христос умрел.

 

Сподели го ова:

Слични објави