Глава 51 Страв

Сподели го ова:

Милиони збунети од стравот. Милиони човечки суштества се врзани од лажните религии, во окови на ропски страв, рамнодушна незаинтересираност, работејќи како товарни животни, лишени од сегашната надеж или радост, и само со неразбирлив страв од она потоа. Единствено евангелието на Божјата благодат може да им ја подигне душата.

Неверувањето во Бога донесува илјада стравови. Многумина го занемаруваат собирањето на богатството за себе на небото, правејќи добра со средствата кои Бог им ги позајмил. Тие не веруваат во Бога и имаат илјада стравови во поглед на иднината. Како Израелевите деца тие имаат зло срце на неверие.

Бог го обезбедил овој народ со изобилство какво што барале нивните потреби, нотие непотребно се грижеле за иднината. Тие сежалеле и негодувале на своите патувања дека Мојсеј ги извел нив и нивните деца за да ги умре од глад. Замислената потреба ги затворила нивните очи и срца да не ја видат Божјата добрина и милост на своите патувања, и биле неблагодарни за сите Негови дарови.

Така е и со неверниот Божји народ во овој век на неверства и изопаченост. Тие се плашат да не дојде до немаштија или дека децата ќе им пропаднат во беда или внуците во сиромаштво. Тие не се осмелуваатда веруваат во Бога. Тие немаат искрена вера во Оној Кој им подарил благослови и изобилство на живот, и Кој им дал таленти за употреба на Неговата слава и за напредок на Неговото дело.

Сатаната се обидува да владее преку стравот. Бог никогаш не ја присилува волјата или совеста; но сатанското постојано прибежиште, за да здобие контрола над оние кои не може на друг начин да ги заведе е суровата принуда. Низ страв или сила тој се обидува да владее над свеста и да обезбеди почит за себе. За да го постигне ова, тој работи преку верските и световните власти, поттикнувајќи ги да ги наметнат човечките закони кои се во спротивност со Божјите закони.

Советувањето со стравовите само ги зајакнува. Ако се советуваме со своите сомнежи и стравови или се обидуваме да го решиме сето тоа што не можејасно да го согледаме пред да имаме вера, потешкотиите само ќе нараснат и ќе се продлабочат. Но ако дојдеме кај Бога чувствувајќи се беспомошни и зависни како што навистина сме, и во понизна, цврста вера ги објавиме своите потреби на Оној чие знаење е бесконечно, Кој ја гледа секоја работа и Кој со сите управува со Својата волја и збор, Тој може и ќе обрне внимание на нашиот крик и ќе направи светлина да заблиска во нашите срца. Преку искрена молитва ние доаѓаме во врска со умот на Бесконечниот. Ние можеби ќе немаме видливи докази во тој момент дека лицето на нашиот Откупител се надвиснува над нас во сочувство и љубов, но тоа не е така. Можеби нема да почувствуваме видлив допир но Неговата рака е над нас во љубов и сочувствителна нежност.

Причини за болеста на телото и умот. Тоа што донесува болест на телото и умот речиси кај сите е чувството на незадоволство и јадикување. Тие го немаат Бога, ја немаат надежта зад завесата, која е како сидро на душата, сигурно и цврсто. Сите кои ја имаат оваа надеж се очистуваат како што Тој е чист. Таквите се слободни од незаситена желба, жалење, и незадоволство; тие не го бараат злото и не размислуваат за позајмена грижа. Но гледаме многу кои однапред живеат во неволји; загриженоста е втисната на секоја црта во лицето, тие изгледаат како да не наоѓаат утеха туку се во страв од постојаното очекување на некое ужасно зло.

Стравот не носи олеснување на душата. Вие треба да имате јасно разбирање за евангелието. Верскиотживот не е живот на потиштеност и тага, туку мир и радост здружени со христијанското достоинство и со света свеченост. Нашиот Спасител не не охрабрува да негуваме сомнежи и страв и зли прељувства; тоа не носи олеснување на душата и треба да се прекорува, а не да се фали. Ние можеме да имаме неискажлива радост и целосна слава.

Верата расте во судир со сомнежот и стравот. Господ често не става во тешка положба како би не потикнал на поголема работа. Посебни неволји во Неговото провидение се јавуваат како проба на нашето трпение и вера. Бог ни дава поуки во доверба. Тој не учи каде да бараме помош, сила за време на потребите. На тој начин стекнуваме практично познавање на Неговата божествена волја, која толку ни е потребна во нашето животно искуство. Верата јакне во сериозен судир со сомнежот и стравот.

Стравот открива неверство. Како што Исус во вера се одмарал во Татковата грижа, така и ние мораме да почиваме во грижата на нашиот Спасител. Доколку учениците имале доверба во Него, би биле сочувани во мир. Нивниот страв во моментите на опасност го открил нивното неверство. Во своите настојувања да се спасат себеси, заборавиле на Исус, па дури тогаш, во очајната зависност на себе, се обратиле на Оној Кој може да им помогне.

Колку често искуството на учениците е наше! Кога ќе навалат бурите на искушенијата, ќе блеснат огнени молњи, и ќе не прекријат бранови, ние сами се бориме со бурата, заборавајќи дека постои Оној кој може да ни помогне. Ние веруваме во сопствената сила додека надежта не згасне и ние стануваме подготвени да загинеме. Тогаш се сеќаваме на Исус и ако се повикаме на Него да не спаси, нема да викаме напразно. Иако Тој жалостиво го кори нашето неверство и доверба во себе, никогаш не пропушта да ни помогне во часот на потреба. Дали сме на земја или на море, ако го имаме Спасителот во своите срца нема потреба да се плашиме. Живата вера во Откупителот ќе го смири морето на животот и ќе не ослободи од опасностите на патот за кои Тој знае дека е најдобар.

Опасно е да се покаже страв во болничка соба. Оние кои служат на болните мора да ја разберат важноста на грижпивото внимание кон законите на здравјето. Послушноста на овие закони никаде не е поважно отколку во болничката соба. Никаде толку многу не зависи од верноста во мали нешта од страна на оние кои им служат на болните. Во случаите на сериозна болест, мала немарност, незабележителна невнимателност, на посебните потреби или опасности на пациентот, покажување на страв, возбудување, или раздразливост, дури и недостаток на сочувство, може да ја помести скалата на вагата на животот и смртта, и да предизвика заминување во гроб на пациентот кој инаку би можел да оздравее.

Стравот го ожалостува Светиот Дух. Верата го држи Бог за збор, не барајќи да го разбере значењето на потешките искуства кои доаѓаат. Но постојат многу кои имаат малку вера, оние кои секогаш се плашат и ги позајмуваат неволјите. Тие секојдневно се опкружени со знаците на Божјата љубов, секојдневно уживаат во изобилството на Неговото провидение; но тие ги превидуваат овие благослови. И тешкотиите кои ги бројат наместо да ги предадат на Бога, ги одвојуваат од Него, будејќи неспокој и јадосување… Исус е нивни Пријател. Целото небо е заинтересирано за нивната благосостојба, а нивниот страв и јадикување го жалосгат Светиот Дух. Ние мораме да веруваме на Неговите ветувања не затоа што гледаме или чувствуваме дека Бог не слуша. Кога ние доаѓаме со вера, ние мораме да веруваме дека секоја молба влегува во Христовото срце. Кога ќе побараме Негов благослов, мораме да веруваме дека го добивме и да се заблагодариме на тоа. Потоа треба да се позанимаваме со своите должности, сигурни дека благословот ќе дојде кога ќе ни е најпотребен. Кога ќе научиме да работиме вака, ќе знаеме дека нашите молби се исполнети. Богза нас ќе направи „изобилно премногу,11 „по богатсгвото на Својата слава“ и „според дејствувањето на Неговата моќна сила”.

Слобода од вината донесува слобода од стравот. Арон како и народот се одвоил од Мојсеј, и „не смееше да пристапи кон него“, Гледајќи ја нивната збунетост и ужас, но незнаејќи ја причината, тој т поттикнувал да се добпижат. Ги уверувал во сигурноста на Божјото помирување и Неговата обновувачка наклонетост, Тие во неговиот глас не забележале ништо освен љубов и преколнување, и најпосле еден се одлучил да му се приближи. Премногу уплашен да зборува, тој молчејќи покажап на Мојсеевиот израз на лицето, а потоа кон небото. Големиот водач го разбрал значењето. Свесни за вината, чувствувајќи се дека се уште по божествено незадоволство, тие не можеле да ја поднесат небесната светлина која ако го послушале Бога, би ги исполнила со радост. Во вината се наоѓа стравот. Душата која е слободна од гревот нема да сака да се сокрие од небесната светлина.

Што да правиме кога се плашиме. Само чувството на Божја присутност може да го оттргне стравот на плашливото дете кое животот му го направи бреме. Нека му се вреже во паметот ветувањето: „Господови ангели стојат околу оние кои се бојат од Него, и ги спасуваат“ (Псалм 34:7). Нека ја чита прекрасната приказна за Елесиј во планинското село, и помеѓу него и војската на оружени непријатели, моќен кордон на небесни ангели. Нека чита како на Петар и осудениот на смрт во затворот му се јавиле Божјите ангели, како покрај вооружените стражари, дебелите врати и големата железна порта со резе и решетки, тие ангели го изведоа Божјиот слуга на сигурно. Нека чита за таа глетка на море, кога на војниците и морнарите исцрпени од работа, бдеење и од долгиот пат, Павле затвореник на својот пат во искушение и егзекуција ги изговорил оние големи зборови на охрабрување и надеж: „И еве сега ве молам да бидете со добра волја, бидејќи ниедна душа од вас нема да пропадне… Бидејќи во оваа ноќ застана пред мене ангел Божји на кој сум јас и на кого му служам, зборувајќи не плаши се Павле; Треба да дојдеш пред Цезар и еве ти ги дарува Бог сите кои пловат со тебе,“ Верувајќи во ова ветување Павле ги убедувал своите другари. „На ниеден од вас влакно од главата нема да му отпадне.“ Така и се случило. Затоа што на тој брод бил еден човек преку кој Бог можел да дејствува, целиот екипаж неверни војници и морнари бил сочувана. „И така излегоа сите живи на земјата.11

Бог постапува отворено. Но нашиот Господ не не измамува. Тој ни вели: Не плашете се, нема опасност на вашиот пат.“ Тој знае дека постојат искушенија и опасности, и постапува со нас отворено. Тој не планира да го изведе Својот народ од светот на гревот и злото туку ги сместува во сигурно засолниште. Неговата молитва за учениците била: „Не те молам да ги земеш од светот туку да ги сочуваш од злото.“ „Во светот,“ вели Тој, „ќе имате проблеми; но не плашете се, бидејќи Јас го надвладеав светот“ (Јован 17:15; 16:33).

Не гледајте на себе. Свртете го погледот од себе кон Исус. Ти можеш да признаеш дека си грешник, додека во исто време е твоја привилегија да го признаеш Христос за свој Спасител. Тој не дојде да ги повика праведните туку грешните на покајание. Сатаната ќе претставува потешкотии и сугестии во човечкиот ум, за да ја ослабне верата и да ја уништи храброста. Тој ги умножува искушенијата кои едно по друго го заплиснуваатумот, но вдлабочување во емоциите и оддавање на чувствата значи да се прими лошиот гостин на сомнежот, правејќи така се вовлекуваш во замка на безнадежни потешкотии. Можеби ќе се запрашаш: Што да правам под овие страшни дошепнувања? Истерај ги од умот со набљудување и размислување за неспоредливите длабочини на Спасителовата љубов. Не разделувај ги своите чувства и не зборувај за нив, немој да им служиш и ако се добри, лоши, тажни или охрабрувачки.

Да се совлада стравот со вера во Исус. Исус не повикува да дојдеме кај Него и Тој ќе ја тргне тежината од нашите уморни рамења и ќе го постави на нас Својот јарем кој е благ, и Неговото бреме кое е лесно. Патот по кој Тој не повикува да одиме, никогаш не би не чинел грижа на совеста кога секогаш би оделе по него. Кога ќе скршнеме од патот на должноста, патот станува тежок и трновит. Жртвите кои мораме да т поднесеме следејќи го Христа се само многу чекори за враќање на патот на светлината, мирот и среќата. Сомнежите и стравот раснат со попуштање, и колку повеќе им се попушта, потешко се совладуваат. Сигурно е да се остави секоја земна поддршка и да се прифати за рака Оној Кој го извлекол и го спасил ученикот кој тонел на вознемиреното море.

Христос носител на бремето. Изнесете т своите потреби, својата тага и своите стравови пред Бога. Не можете да го преоптоварите, не можете да го уморите… Неговото срце со љубов е допрено од нашата тага, дури и нашите изрази на жалост. Да му предадеме се што ни го оптоварува умот. Ништо не е преголемо за Него да не може да го носи, бидејки Тој ги одржува световите, Тој владее над сите работи во вселената. Ништо што на било кој начин се однесувало на нашиот мир не е премалку за Него да забележи. Нема поглавје во нашето искуство премногу мрачно за Него да го прочита; нема потешкотии кои Тој не може да ги размрси. Никаква несреќа не може да се случи најмалку од Неговитедеца, ни една грижа да ја мачи душата, ниедна радост, ниедна искрена молитва да премине преку усните, која не би ја забележал нашиот небесен Татко, или за која Тој веднаш не би се заинтересирал… Односите помеѓу Бога и секоја душа се така јасни и целосни како да не постои ниедна друга душа на земјата која би го заслужила Неговото внимание, ниедна друга душа за која го дал Својот сакан Син.

Сподели го ова:

Слични објави