Глава 83 Геријатрија

Сподели го ова:

Благотворното влијание нема да изостане. Корисното влијание на семејството им е потребно и на оние кои староста ги изнемоштила. Во домот на браќата и сестрите во Христа тие можат да најдат најдобар надомест за загубата на своите сопствени домови. Доколку ги охрабриме да земат учество во домашните работи ќе им помогнеме да не мислат дека нивната сила и полезност се при крај, Настојувајте тие да почувствуваат дека нивната помош се вреднува; дека во нив се уште постои нешто со што можат да им послужат на другите; тоа ќе им го развесели срцето и ќе ги заинтересира за животот,

Пожелно е семејно опкружување. Колку што стои во ваша моќ помогнете им на оние со побелени коси и слаби чекори кои покажуваат дека се на работ на гробот да останат меѓу своите пријатели и во друштво на оние на кои се навикнале. Оставете ги да му служат на Бога со оние кои веќе ги запознале и кои им се драги, Нека гм негуваат нежните раце на оние кои им се мили и драги.

Старечките домови не се решение. Прашањето на грижа за нашите стари браќа и сестри кои немаат домови постојано се наметнува, Што може да се направи за нив? Светлината која Господ ми ја даде се повторува: Не е најдобро да се основаатустанови за згрижување на стари лица, за да може заедно да се дружат, ниту треба да се испратат од својот дом за да добијат внимание. Членовите на своето семејство нека им служат на своите роднини. Кога ова не е можно, таа задача и припаѓа на црквата, и треба да се прифати како должност и привилегија. Сите кои го имаатХристовиот Дух, ќе се однесуваат кон послабите и остарените со посебно внимание и нежност.

Направете го животот поубав и попријатен. Присуството на изнемоштените души во нашите домови за нас претставува скапоцена можност да соработуваме со Христа во Неговата мисија на милост и да развиваме карактерни особини слични на Неговите. Веќе самиот контакт меѓу старите и младите донесува благослов и за едните и за другите. Младите можатда ја внесаттоплината на светлина и живот во срцата на старите. На оние чии животни сили се ослабени им е потребен благословот на контакт со младите кои се полни со надеж, виталност и полет; а на младите можат добро да им дојдат животната мудрост и искуството на старите. Но пред се друго, тие треба да ги научат лекциите за несебична служба. Самото присуство на една душа која има потреба од сочувство, трпение и самопожртвувана љубов би претставувало непроцен-

лив благослов за семејствата на мнозина. Тоа би го засладило и облагородило домашниотживот, будејќи ги во срцата на младите и старите оние христијански доблести кои украсуваат со божествена убавина и збогатуваат со непоминливо небесно богатство.

Младите и старите ги соединуваат силите. Колку е впечатливо кога младите и старите се потпираат едни на други: младите очекуваат совет и мудрост од старите, а старите помош и сочуство. Така треба и да биде. Бог би сакал младите да имаат таква особина на карактерот за да може да се поврзат во ланецот на љубовта кон оние кои се приближуваат кон работ на гробот.

Грижа за остарените родители. Родителите имаат право на љубов и почит повеќе од кој и да е друг. Сам Бог, кој ги задолжил за душите доверени на нивна грижа, определил родителите во првите години на детскиотживот пред децата да бидат Негови претставници. Затоа, секој што го отфрла законитиот авторитет на родителите, го отфрла Божјиот авторитет. Петтата заповед бара од децата не само на родителите да им укажуваат љубов и нежност, туку и да им ги олеснат секојдневните фижи, да го пазат нивниот углед и во староста да им пружат потпора и утеха. Таа заповед бара да се почитуваат и проповедниците и органите на власта и сите оние на кои Бог им дал авторитет.

Витапноста опаѓа со одминувањето на годините. Оние кои се грижат за постарите лица треба особено да внимаваат тие да имаат добро затоплени, удобни соби. Виталноста опаѓа со одминувањето на годините, а со тоа се намалува и способноста за борба со нездравите влијанија; затоа старите имаат поголема потреба од сонце и свеж, чист воздух.

Прилагодување на опаѓањето на ментапната сила. Честопати се случува постарите личности да не можат да разберат и признаат дека нивната ментална сила попушта. Тие си ги скратуваат деновите преземајќи ги грижите кои им припаѓаат на нивните деца. Сатаната честопати си поигрува со нивната мечта и ги наведува да чувствуваат постојана загриженост во поглед на парите. Тоа е нивниот идол, и тие со скржавост го чуваат. Тие понекогаш ќе се одречат од многу угодности на животот и ќе работат дури и преку своите сили, пред да ги искористат средствата кои ги имаат. На овој начин тие постојано се ставаат во немаштија, стравувајќи од немаштија во иднина.

Сите тие стравови потекнуваат од сатаната. Тој ги возбудува органите кои иницираат ропски стравови и предострожност кои ја расипуваат благородноста на душата и ги разоруваат возвишените мисли и чувства. Таквите личности се умоболни по прашањето на парите.

Кога би зазеле став каков што Бог сака, нивните последни денови би можеле да им бидат најубави и најсреќни. Оние кои имаат деца во чија искреност и доследна управа може да веруваат, треба да им дозволат да ги усреќат. Доколку ова не го направат, сатаната ќе ги искористи нивните ментални сили и ќе управува наместо нив. Тие треба да ги отфрлат грижите и бремињата, и колку што е можно среќно да го поминуваат времето, созревајќи за на небо.

Доскорешните сеќавања брзо поминуваат. Оној кој остарел во службата за Бога може да открие дека умот му е празен во однос на работите кои се случуваат околу него, и скорешните работи може брзо да се изгубат од помнењето; но неговиот ум е сосема свесен за призорите и настаните од детството. 0, кога младите би можеле да разберат колку е важно да го чуваат својот ум чист од расипани мисли и да ја сочуваат својата душа од сите понижувачки навики, зошто чистотата или нечистотата во младоста се одразува и во староста.

Карактерните црти јакнат во староста. Ми беше покажан Давид кој го моли Господа да не го напушта во староста, а што е тоа што ја предизвикало неговата сериозна молитва. Тој увидел дека најголемиот број на стари лица околу него се несреќни и дека несреќните црти во карактерот посебно јакнат во зрелото доба. Ако луѓето по природа биле тесногради и алчни, тоа уште повеќе доаѓало до израз во подоцнежните години. Ако биле љубоморни, раздразливи и нетрпеливи, тоа посебно се покажувало во староста.

Незапирливаљубомора и погрешно расудување. Давид бил ожалостен кога запазил дека царевите и црковните луѓе за кои изгледало дека имаат Божји страв всушност во својата мажевност стануваат љубоморни на своите најцобри пријатели и роднини кога ќе остарат. Тие биле во постојан страв дека себичните мотиви т навеле нивните пријатели постојано да покажуваат интересирање за нив. Тие би т слушале илузиите и лажните совети на странците поврзани со оние во кои би требало да веруваат. Нивната нескротлива љубомора понекогаш би се распламтила затоа што сите не се согласувале со нивниот погрешен суд. Нивната алчност била страшна. Честопати помислувале дека нивните сопствени деца им посакуваат смрт за да го заземат нивното место и да го присвојат нивното богатство и да го добијат почитувањето кое им е ним укажувано. Некои биле така контролирани со својата љубомора, со алчните чувства што биле спремни да си ги уништат и сопствените деца.

Давидовата молитва за својата старост. Давид воочил дека животите на некои кои во силата на својата мажевност биле праведни, кога староста дошла на нив, изгледало дека ја губат самоконтролата, Сатаната влегол и т водел нивните умови, правејќи ги неспокојни и незадоволни. Тој видел дека многу стари луѓе изгледаат напуштени од Бога и изложени на потсмев и презир од своите непријатели.

Давид бил длабоко поттикнат; бил ожалостен додека гледал на времето кога и самиот ќе остари. Се плашел дека Бог би можел да го остави и дека би можел да биде несреќен како и другите старци чиешто прокпетство го забележувал, и дека ќе биде препуштен на прекорите на Господовите непријатели. Со овој товар врз себе тој сериозно се молел: „Не отфрлај ме на старост, кога ќе почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме; Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, а јас се до сега ги објавував чудесата Твои; И во староста, па и кога ќе преостареам, Боже, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниов род и на идниот” (Псалм 71:9,17, 18). Давид чувствувал потреба за заштита против злата кои надоаѓаат во староста.

Подготовка за користење на доверените средства. Братот Л. е Божји повереник. Нему му се доверени средства и треба да биде свесен за својата должност да му го даде на Бога она што е Божјо. Тој треба да ги разбере барањата кои Бог му ги поставува. Додека живее и има моќ на резонирање, тој треба да ја користи моќта на распоредување на сопственоста која Бог му ја доверил, наместо да ја остава на другите на користење и употреба по завршетокот на својотживот.

Да не се испуштаат конците од раце. Братот Л. треба верно да ја извршува својата работа и да не ги испушта конците од раце. Негова привилегија е да биде богат во добри дела и да создаде добра основа за себе за времињата кои доаѓаат за да може да положи рака на вечниот живот. За него не е сигурно да го следи својот погрешлив суд. Тој треба да се советува со своите искусни браќа и сестри, и да бара мудрост од Бога за добро да ја изврши својата работа. Тој сега треба да биде сериозен, обезбедувајќи си себеси ,‘богатство кое нема да пропадне, непропадлива ризница на небото,“

Постарите работници не треба да се остават настрана. Треба да се има најнежно интересирање за оние чии животни интереси се поврзани со Божјото дело. Без оглед на нивните бројни слабости, овие работници поседуваат таленти кои се уште гм оспособуваат да стојат на своето место. Бог сака да заземат раководни места во Неговото дело. Тие верно стоеле во средиштето на бурата и искушенијата и се вбројуваат помеѓу нашите највредни советници. Колку треба да бидеме благодарни што се уште може да послужат со своите дарови во Господовата служба!

Да не се изгуби од вид фактот дека овие борци во минатото жртвувале се за унапредување на делото. Фактот дека остареле во Божјата служба не е причина да престанат да вршат влијание поголемо од влијанието на луѓето кои имаат многу помалку знаење за делото и далеку помало искуство во Божјите работи.

Иако уморни и неспособни да носат потешки бремиња кои младите луѓе можат и треба да ги носат, нивната вредност како советници е од најголем ред. Тие правеле грешки, но се научиле на мудроста од своите пропусти; се научиле да ги избегнуваат заблудите и опасностите, и нели се токму заради тоа компетентни да даваат мудар совет? Тие претрпеле проби и неволји, и иако имаат изгубено нешто од својата свежина, не смеат да бидаттурнати на страна од помалку искусните работници кои многу малку знаат за делото и самопожртвуваноста на овие пионери. Господ на тој начин не ги отстранува. Тој им дава посебна благодат и знаење.

Треба да бидат ценети и почитувани. Тие стари знаменосци кои се уште се живи не треба да ги поставувате во тешка положба. Оние кои му служеле на својот Господ и тогаш кога делото тешко одело, кои поднесувале сиромаштво и кои останале верни на вистината додека на број сме биле малку, треба секогаш да бидат ценети и почитувани. Упатена сум да ви кажам: Секој верник нека ги почитува верните кои претрпеле неволји и потешкотии и многу скудности. Тие се Божји работници и одиграле истакната улога во изградбата на Неговото дело.

Да се третираат како татковци и мајки. Додека старите знаменосци се во полето, оние кои извлекпе некоја корист од нивната работа нека се грижат за нив и нека ги почитуваат. Не ги оптоварувајте со бремиња. Ценете го нивното мислење, нивните зборови и совети. Третирајте ги како татковци и мајки кои го понеле товарот на делото. Работниците кои во минатото ги предвиделе потребите на делото прават благородно дело кога, наместо самите да ги носат сите бремиња, ги полагаат на рамењата на помладите мажи и жени и ги подучуваат онака како што Илија го подучувал Елисеј,

Совет до старите и испробани работници на евангелието. Нека Господ ги благослови и поткрепи нашите стари и испробани работници. Нека им помогне да бидат мудри во чувањето на физичките, менталните и духовните способности. Упатена сум од Господа да им кажам на оние кои го носеле своето сведоштво во раните денови на пораката: „Бог ве надарил со сила на разумот, и Тој сака да го разберете и да се придржувате на законот кој се однесува на здравјето на вашето битие. Немојте да сте непромислени. Немојте да работите прекумерно. Одмарајте се. Бог сака да стоите на свое место, работејќи го својот дел во спасувањето на луѓето од моќниот растеж на злото. Тој сака да го чувате својот оклоп додека не ви заповеда да го симнете. Кратко после тоа ќе ја примите својата плата.

Најголема опасност. Заповедано ми е да им кажам на постарите браќа: Одете понизно со Бога. Не бидете обвинители на своите браќа.

Морате да ја вршите својата одредена задача под управата на Богот Израилев, Скпоноста кон критика за мнозина е најголема опасност. Браќата кои се во искушение да ги критмкувате се повикани да носат одговорности кои вие не можете да ги носите, но можете да им бидете помошници. Вие можете да вршите голема служба во делото, ако сакате, презентирајќи го своето искуство од минатото што се однесува до работата на другите. Господ на ниту еден од вас не му дал задача да ги исправа и укорува браќата.

Сподели го ова:

Слични објави