Глава 31 Проблемите на младите

Сподели го ова:

Младите се приемчиви и полни со надеж. Младите се приемчиви, свежи, огнени и полни со надеж. Кога еднаш ќе го почувствуваат благословот на самопожртвуваноста, нема да бидат задоволни доколку постојано не учат од Големиот Учител. Господ ќе го отвори патот пред оние кои ќе одговорат на Неговиот повик.

Младите мораат да ја избератживотната судбина. Мислите и чувствата кои младите ги негуваат во најраното детство ја одредуваат историјата на нивниот сопствен живот. Исправните, здравите, мажествените навики кои се формирани во младоста стануваат дел од карактерот и обично го одбележуваат правецот на таа личност низ животот. Младите можат да бидат расипани или чесни, во зависност од тоа што самите ќе одлучат. Тие можат да се одликуват како со праведни и благородни дела, така и со голем криминал и беззаконие.

Обука која произведува ментална и духовна слабост. Строгото обучување на младите без нивно соодветно упатување да мислат и да работат за себе онолку колку што им дозволува капацитетот и разумот, за со помош на овие средства да постигнат мисловен развој, чувство на самопочитување и доверба во сопствената способност во извршувањето на задачите, секогаш ќе произведе вид кој ја слабее и менталната и моралната сила. И кога ќе се најдат во светот за да работат за себе, тогаш ќе го откријат фактот дека биле дресирани како животни, а не биле воспитувани. Нивната волја, наместо да се насочува, била приморувана на покорност и железна дисциплина од страна на родителите и учителите.

Умот мора да се научи да господари над животот. Децата имаат интелегентна волја која е потребно да се насочи да ги контролира сите нивни сили. На немите животни им е потребна обука затоа што тие не поседуваат разум и интелегенција. Но човечкиот ум мора да се научи на самоконтрола. Тој мора да се обучува да владее со човечкото суштество, додека пакживотните ги контролира господарот и ги дресира за да му се покоруваат. Господарот е ум, суд и волја за своите животни. Детето може да се обучува како да е ѕвер, кој нема сопствена волја. Неговата индивидуалност може дури и да се претопи во личноста на оној којшто ја надгледува неговата обука; неговата волја, во сите свои намери и цели, и се подредува на волјата на учителот.

Децата кои се воспитуваат на овој начин секогаш ќе оскудеваат во морална сила и индивидуална одговорност. Тие не се научени да постапуваат според разумот и начелата; нивната волја ја контролирале други, а умот не се поттикнувал да се шири и јакне преку вежби. Тие не се насочувани и дисциплинирани во поглед на својот посебен скпоп и умни способности за да ги искажат своите најсилни способности кога тоа е потребно. Учителите не треба да застанат овде туку треба да посветат посебно внимание во култивирање на послабите способности, за да можат сите способности да дојдат до израз и да се пренесуваат од еден степен на сила во друг, за умот да постигне соодветни сразмери.

Мнозина се неспособни да мислат за себе. Има многу семејства во кои изгледа дека децата се добро упатени додека се под дисциплина на обуката; но се случува системот кој ги одржувал и им поставувал правила да се распадне; тогаш тие стануваат неспособни да размислуваат, делуваат, или да одлучуваатза себе. Тие деца биледолго време под цврста власт не им било дозволено да мислат и делуваат за себе во сето она што би било за нивно добро доколку така правеле така што тие немаат доверба во себе за да постапат според сопствениот суд, кажувајќи го своето мислење.

И кога ќе ги напуштат своите родители и ќе почнатда заработуваат за самите себе, лесно се поведуваат по мислењата на другите но обично во погрешен правец. Тие немаат стабилен карактер. Тие никогаш не се потпирале на своето размислување онолку брзо и ефикасно колку што би било целисходно, и поради тоа нивните умови не се развиле правилно и не зајакнале. Премногу долго биле под апсолутна контрола од страна на своите родители и во целост се потпирале врз нив; нивните родители претставуваат ум и суд за нив.

Последиците од контролирање со сила и страв. Оние родители и учители кои се фалат дека имаат целосна контрола врз умот и волјата на децата би престанале да се фалат кога би можеле да ги следат идните животи на децата кои со сила и страв биле доведени во покорност, Тие се скоро сосема неподготвени да земат учество во сериозните животни одговорности. Кога овие млади личности ќе се одделат од своите родители и учители, и кога ќе бидат принудени да мислат и да работат за себе, скоро целосно е извесно дека ќе појдат по погрешен пат и ќе се предадат на силата на искушението. Тие немаат успех во овој живот, а истите недостатоци се забележуваат кај нив и во нивниот верски живот.

Дисциплина која стимулира и зацврстува. По дисциплината во домот и училиштето, сите мораат да се соочат со строгата дисциплина на животот. На секое дете и на секое младо суштество мораме да му објасниме како мудро да се соочи со неа. Вистина е дека Бог не љуби, дека се труди да не усреќи, и дека ние никогаш не би морале да го запознаеме страдањето ако секогаш сме го почитувале Неговиот закон; но не помала е и вистината дека на овој свет, како последици од гревот, секој мора да поднесува страдања, неволји и товари. На децата и младината цел живот ќе им служи на добро ако ги научиме храбро да се соочуваат со сите неволји и потешкотии. Иако мораме кон нив да покажеме сочувство, тоа никогаш не смее да биде такво што ќе ги наведе да се самосожалуваат. Ним им е потребно нешто што ќе ги поттикне и зајакне, а не нешто што ќе ги ослабне.

Реакција на железни правила. Не внесувајте во својата дисциплина никаква грубост, Не ставајте им строги забрани на младите. Железните правила и заповеди се токму тие што понекогаш ги доведуваат до тоа да се чувствуваат обврзани дека морат да направат нешто што не им е наредено да го направат. Кога ги предупредувате или ги укорувате младите, правете го тоа како некој кој навистина се интересира за нив. Нека увидат дека имате сериозна желба нивниот извештај во небесните книги да биде позитивен.

За младите е тешко да го носат товарот. Младите можат да извршат големо влијание ако ги остават својата гордост и себичност и ако Му се посветат на Бога; но општо правило е дека не сакаат да го носат бремето за другите. Тие се обземени со самите себе. Дојдено е времето кога Бог бара промена во тој поглед. Тој ги повикува младите и старите на ревност и покајание, Ако останат во својата состојба на млакост, Тој ќе ги исплука од Својатауста. Верниотсведоквели: „Ги знамтвоите дела”. Момче, девојко, твоите дела се познати, било да се тие добри или лоши. Дали сте богати со добри дела? Исус ви доаѓа како советник: „Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш“ (Откровение 3:18).

Мислите стануваат навика. Потребна ни е постојана свест за облагородувачката моќна чистите мисли. Единствената сигурностза секоја душа е правилното размислување. Зашто, „какви се мислите на човекот, таков е и тој“ (Изреки 23:7). Силата на самовоздржување е сила која се развива. Она што најнапред делува тешко, со постојано повторување станува лесно, се додека правилните мисли и постапки не станат навика. Ако сакаме, ние можеме да се одвратиме од се што е евтино и неважно и да се издигнеме до повисок стандард; можеме да бидеме почитувани од луѓето и сакани од Бога.

Тажни примери од историјата. Врз карактерот на Наполеон Бонапарта многу се влијаело со обуката што тој ја примил во своето најрано детство. Неразумните инструктури му всадилељубов за освојување, составувајќи измислени војски и поставувајќи го него на чело како командант. Така е поставен темелот за неговиот повик за освојување и крвопролевање. Доколку истата таа грижа и напори биле насочени да го на-

прават добар човек, исполнувајќи го неговото младо срце со евангелски дух, колкули само ќе се разликувала неговата историја.

Велат дека Хјум, скептик, во најраното детство бил совесен верник во Божјата реч. Но откако се поврзал со полемичарите, почнал да презентира докази во корист на неверството. Проучувал со истрајност и сериозност, така што неговиот изострен и активен ум целосно бил исполнет со кривоверството на скептицизмот. Наскоро и самиот почнал да верува во тие неправилни учења, и целиот негов подоцнежен живот го носи мрачниот печат на неверството.

Влијанието на читањето. Многу млади копнеат за книги. Тие читаат се што можат да најдат. Не дозволувајте на вашите маси да се најдат списанија и весници во кои имаљубовни приказни. Заменете ги со книги кои ќе им помогнат на младите во својот карактер да вградат најдобар материјал, љубов и Божји страв, како и поголемо знаење заХристос. Поттикнувајте ги своите деца да го исполнуваат умот со квалитетно знаење, она што е добро нека ја окупира душата и нека ги контролира нејзините сили, не оставајќи место за ниски и расипани мисли. Ограничете ја таа желба за читање на она што не го снабдува умот со добра храна. Парите кои се трошат за списанија на прв поглед не изгледаат многу, но премногу се троши на она што води кон застранување, а толку малку враќа за возврат.

Умот го зазема нивото на она што го гледа. Разбирањето го зазема нивото на она што му станува блиско. Кога сите би ја проучувале Библијата, би виделе далеку поразвиени луѓе, способни за подлабоко размислување, кои ќе покажуваат поголем степен на интелегенција каква што не би стекнале и со најосериозни напори во проучувањето на световната наука и историја. Библијата на искрениот истражувач му нуди напредна ментална дисциплина, и тој преку размислување за божественото истапува со збогатени способности; своето јас се понижува, додека Бог и Неговата откриена вистина се воздигаат.

Вредноста на личното верско искуство. Бог треба да биде најголем предмет на нашите мисли. Размислувањата за Него и молитвата ја воздигнуваат душата и ја оживуваат љубовта. Занемарувањето на размислувањата и молитвата за сигурно како последица ќе доведат до опаѓање на верското интересирање. Тогаш безгрижноста и немарноста доаѓаат до израз.

Верата не е само емоција, чувство. Таа е принцип кој се преплетува со секојдневните должности и животни трансакции. Не треба да се презема или да се вкпучува во каква и да било работа која би го спречила следењето на овој принцип. За да се сочува чиста и неизвалкана вера, неопходно е да се биде работник, истраен во работата.

Ние самите мораме нешто да направиме. Никој освен самите нас не може да работи во полза на нашето спасение со страв и трепет. Всушност токму тоа е задачата што Бог ни ја оставил да ја извршиме.

На младите им е потребна работна дисциплина. Секој младич денеска, како и во времето на стариот Израел, треба да биде поучен на должностите на практичниот живот. Секој би требало да научи некаков занает со кој, во случај на неволја, би можел себеси да си ги обезбеди животните потреби. Ова е важно не само како заштита од животните тешкотии, туку и поради влијанието што ја има работата врз физичкиот, духовниот и моралниот развој. Дури и кога би постоела извесност дека никому некогаш нема да му биде потребно да се издржува со мануелна работа, сепактреба да научи да работи. Без физичка работа никој не може да има силна телесна конструкција и добро здравје, а секакво настојување човекот редовно да се занимава со некоја работа е исто толку важно за стекнување на силен, жив дух и благороден карактер,

Неработењето е грев. Идејата дека неупатеноста во корисна работа е важна одлика на вистинскиот џентлмен или дама е спротивна на Божјата замисла во создавањето на човекот. Неработењето е грев, а непознавањето на секојдневните должности е резултат на безумие, кое подоцна ќе донесе горко каење.

Не треба да се запостави подучувањето во домашните должности.

Во детството и младоста треба да се комбинира практичната и теоретската обука. Децата треба да се научат да учествуваат во домашните должности. Тие треба да се подучат како да им помагаат на татко си и мајка си во малите работи кои би можеле самите да ги извршат. Нивните умови треба да се увежбаат да мислат, нивната меморија треба да се поттикне да ја запамети својата одредена задача; а во подучувањето на корисните навики во домот тие се воспитуваат преку вршење на практични должности кои се во согласност со нивната возраст. Ако децата се воспитуваат правилно во домот, нема да се најдат на улица, примајќи случајно воспитување кое мнозина од нив го стекнуваат. Родителите кои ги сакаат своите деца на разбирлив начин, нема да им дозволат да растат навикнувајќи се на мрзливост и во незнаење како да ги извршуваат должностите во домот.

Што треба да знае секоја жена. Многу дами, кои се сметаат за добро образовани, кои завршиле училиште со почести на некој познат институт, толку многу се неупатени во практичните животни должности. Тие се лишени од неопходните квалификации за правилно водење на семејството, а со тоа и од сето она што е важно за семејната среќа. Тие можат да зборуваат за повозвишената сфера на жената и за нејзините права, а самите пак паѓаат далеку пониско од вистинската сфера на жената.

Секоја Евина ќерка има право да има целосно познавање за домаќинските должности, да се обучи во сите области на домаќинската работа. Секоја млада дама треба да се воспита така што кога ќе дојде време да се најде во својство на жена и мајка да може да претседава како кралица во својот домен. Таа треба да биде потполно компетентна да ги води и подучува своите деца…

Нејзино право е да го разбере механизмот на човечкото тело и принципите на хигиена, прашањата за исхрана и облекување, работа и рекреација, и многу друт работи кои непосредно се однесуваат на благосостојбата на нејзиното домаќинство. Нејзино право е да стекне знаење за најдобрите методи на лекување на болестите за да може да се грижи за своите деца кога се болни, наместо своето драгоцено богатство да го препушти во рацете на непознати болничарки и лекари.

Кога жената ќе ја пропушти обуката на умот. Жените кои се сметаат за побожни обично ја пропуштаат обуката на умот. Тие го оставаат умот неконтролиран, да талка каде што сака, Изгледа дека многу жени немаат ментални сили. Тие не го воспитале умот да мисли, и затоа што тоа не го направиле, тие претпоставуваат дека не можат. Размислувањето и молитвите се неопходни за растење во благодатта.

Причина зошто стабилноста помеѓу жените повеќе ја нема е заради недостаток на ментална култура и размислување. Оставајќи го умот во состојба на неактивност, тие се потпираат на други во умните работи, тие да планираат, мислат и помнат за нив, и така стануваат се понеделотворни. На некои им е потребна дисциплина на умот со вежбање. Тие би требало да го тераат умот на размислување. Се додека се потпираат на некого да мисли за нив, да им ги решава нивните проблеми, и додека одбиваатда го оптоваруваатумотсо мисли, неспособноста во помнењето, согледувањата за иднината и запазувањата, ќе продолжи. Секоја личност треба да вложи напор да го воспита својот ум.

Облеката на жената е индекс на умот. Облеката е индекс на умот и срцето. Она што се кити однадвор е знак за она што е внатре. Интелектуалниот или култивираниот ум не бара претерување во облекувањето. Токму фактот што жените можат да закачат на себе таква збирка на непотребни артикли за носење докажува дека тие не поминуваат време во развој на својот разум ниту пак ги снабдуваат своите умови со корисно знаење.

Потребата за чистота во мислите и делата. Ве предупредувам на потребата од чистота на секоја мисла, на секој збор и на секое дело. Ние имаме лична одговорност спрема Бога, индивидуална задача која никој не може да ја изврши наместо нас. Светоттреба да се направи подобар со правило, личен напор и пример. Иако треба да се развива дружељубивоста, нека тоа не биде само заради забава туку со цел. Има души кои треба да се спасат.

Мастурбацијата го ослабува умот. Некои деца почнуваат со самозадоволување уште во детството; и како што годините одминуваат, блудните страсти растат како што и тие растат и јакнат со јакнењето на нивната сила. Нивните умови не се одмараат. Девојчињата го сакаат машкото друштво, а момчињата го сакаатженското друштво. Нивното држење не е воздржано и скромно. Тие се дрски и наметливи и си дозволуваат непристојна слобода. Навиката да мастурбираат ги ослабнала нивните умови и ја извалкала нивната душа. Лошите мисли, и читањето романи, љубовни приказни и непристојни книги ја возбудуваат нивната фантазија, а тоа е она што вистински им годи на нивните расипани умови.

Тие не сакаат да работат, и кога ќе се вклучат во работа се жалат на умор; ги боли грб и глава. Има ли некоја причина за тоа? Дали тие се уморни од работа? Не, не! Но сепак родителите им попуштаат на нивните жалби и ги ослободуваат од работа и од одговорност. Тоа е всушност најлошото нешто што можат да им го направат. Тие на тој начин ја отстрануваат скоро единствената бариера која го спречува сатаната да има слободен пристап кон нивниот ослабен ум. Корисната работа во одредена мера би била заштита против неговата неспорна контрола врз нив.

Младите ќе ја користат енергијата. Во нашите цркви е потребен младински талент кој е добро организиран и увежбан. Младите ќе сторат нешто со својата голема енергија. Доколку таа енергија не се насочи во вистински канал, младите ќе ја искористат на начин кој ќе ја повреди нивната сопствена духовност и ќе нанесе голема штета на оние со кои се дружат.

На младите им е потребна активност. Младите природно сакаат активност, и ако не најдат поволен кругза нивната скриена енергија по ограничувањата со кои се соочуваат во училниците, тие стануваат неспокојни и тешко се контролираат волекувајќи се така во групи, во спортови несоодветни за нив кои уназадуваат многу училишта и факултети и дури понираат во призори на вистинска расипаност. Многу млади кои невини ги напуштиле своите домови се расипуваат со друштвата во училиштата.

Сугестивна реакција. Рекреацијата која е полезна само за нив, никогаш нема на децата и младината да им донесе толкав благослов како рекреацијата која им помага да бидат полезни и за другите. По природа скпони кон воодушевувања и подложни на влијанија, младите бргу прифаќаат предлози. Кога станува збор за одгледување на растенија, наставникоттреба да се потруди кај нив да разбуди желба да го разубават училишниотдвор и училницата. Тоа ќе донесе двоен благослов. Она што учениците се трудат да го разубават нема да сакаат да го расипуваат и уништуваат. Тие ќе развиваат облагороден вкус, љубов кон редот и навика на чување; а духот на пријателство и соработка, кој на таков начин се развива, ќе им биде на благослов во текот на целиотживот.

Понекогаш пропуштаме да го видеме Бога како Татко кој љуби. Мла- дите воглавно се однесуваат како драгоцените часови на проба, додека милоста се одолговлекува, да претставуваат еден голем празник а тие на овој свет постојат само поради сопствена забава, да се задоволуваат со постојани возбудувања. Сатаната вложува големи напори да ги наведе да ја бараат среќата во световните забави и да се оправдаат себеси настојувајќи да покажат дека таквите забави не се штетни, декатие се безопасни, и многу важни за здравјето. Некои лекари наметнуваат впечаток дека духовноста и посветеноста на Бога се штетни по здравјето. Тоа му годи на непријателот на душите.

Болната фантазија погрешно го претставува Бога. Има личности со болна фантазија кои не ја преставуваат исправно Христовата религија; таквите немаат чиста библиска вера. Некои се бичуваат целиот свој живот поради своите гревови; и се што можат да видат е еден навреден Бог на правдата. Тие пропуштаат да го видат Христа и Неговата откупителна сила преку заслугите на Неговата крв. Таквите немаат вера. Оваа група на луѓе ја чинат главно оние кои немаат урамнотежени умови.

Преку болеста која им ја пренеле родителите и со погрешното воспитување во младоста, тие стекнале лоши навики кои му штетат на телесниот склоп и на мозокот, предизвикувајќи оболување на моралните органи и создавајќи им неможност рационално да размислуваат и делуваат по сите овие прашања. Тие немаат урамнотежени умови. Побожноста и праведноста не се деструктивни по здравјето, туку се здравје за телото и сила за душата.

Потреба за воздржаност. Секогаш постапувајте според принципите, никогаш импулсивно. Смирете ја вашата природна раздразливост со кротост и љубезност. Не попуштајте пред безвредни нешта. Никаква недолична шега да не премине преку вашите усни. Ниту на мислите не смее да им се дозволи да се побунат. Тие мораат да бидат скротени, заробени во послушност на Христа. Нека се занимаваат со свети нешта. Тогаш, преку Христовата милост, ќе станат чисти и вистинити.

Држете го сентиментализмот подалеку од животот. Ти си сега во својот студенски живот; нека умот ти се занимава со духовни предмети. Оддели го целиот сентиментализам од твојотживот. Дај си себеси трезвени упатства и доведи се под самоконтрола. Сега си во период на обликување на својот карактер; ништо во врска со себе не смееш да го сметаш за невредно или неважно што би те одвоило од најголемиот, најсветиот интерес, твојата делотворност во подготовката да ја исполниш задачата која Богти ја доверил.

Секогаш чувај ја едноставноста на акцијата но воздигни го својот стандард за скпадно искажување и напредување на твоите ментални способности. Биди одлучен да ја исправиш секоја грешка. Наследените скпоности можатда се надминатнаглите, невоздражани налети на навиките можат да се променат така што таквите манифестации можат потполно да бидат победени преку Христовата благодат. Секој од нас лично треба да смета дека е во Божјата работилница.

Соочување со потребата за совет. Младите не треба да пропуштат да мислат и работат независно од судот на своите родители и своите учители. Децата треба да се научат да го почитуваат искусното расудување и да т следат своите родители и учители. Тие треба така да се воспитуваат што нивните умови ќе се соединат со умовите на нивните родители и учители, и така ќе бидат упатени да можат да ја увидат умешноста во слушањето на нивните совети. Подоцна кога ќе се одделат од рацете на своите родители и учители кои ги воделе, нивните карактери нема да бидат како трска која се подвиткува на налетот на ветрот.

Сметајте на најголема обука. Господ сака да постигнеме колку што е можно повисоко образование, но со цел своето знаење да им го пренесеме на другите. Никој не знае каде или како ќе биде повикан да работи или да зборува за Бога. Единствено нашисгг небесен Татко знае како ќе го упсггреби човекот. Пред нас се можности кои нашата слаба вера не е во состојба да ги согледа. Затоа мораме да ги развиваме нашите умни способности за да можеме, ако е потребно, вистините на Неговата Реч така да ги изнесуваме дури и пред највисоките авторитети на Земјата за да се прослави Божјето име. Не треба да испуштаме ниту една единствена можност себеси интелектуално да се оспособиме за работа во Божјето дело.

Секогаш активен ум. Умот никогаш не престанува со активноста. Тој е отворен како за добри, така и за лоши влијанија. Како што изразот на човечкиот лик е жигосан со сончев зрак на уметничката изгланцана плоча, така мислите и впечатоците се печатат врз детскиот ум; и без разлика на тоа дали тие впечатоци се земски или морални и верски, тие се скоро неизбришливи.

Кога разумот ќе се разбуди, умот е најприемчив, така што токму првите поуки се од голема важност. Тие поуки имаат силно влијание во обликувањето на карактерот. Ако се правилно смислени, и доколку се следат со трпелива истрајност како што детето напредува во своите години, земската и вечната судбина ќе бидат обликувани на добро. Ова е Господова реч: „Упатувај го детето по патот кој треба да оди, па и кога ќе остари, нема да отстапи од него“ (Изреки 22:6).

Младоста време на можности. Срцата на младите се како еластичен восок, и можете да ги наведете да се восхитуваат на христијанскиот карактер; но за неколку години восокот може да стане тврд како гранит.

Во младоста анфинитетите се најстраствени, помнењето најдобро, а срцето најприемчиво за божествените впечатоци; и младоста е период кога менталните и физичките способности треба да се активираат за да се постигне голем напредок во поглед на светот, оној кој што е и оној кој допрва ќе дојде.

Сподели го ова:

Similar Posts