Глава 16 Пренатално влијание

Сподели го ова:

Важноста на пренатапните влијанија. Мнозина сметаат дека пренаталните влијанија не се многу важни; но небото не вели така. Пораката донесена од Господов ангел и повторена два пати на свечен начин, покажува дека таа го заслужува нашето најголемо внимание.

Духот на задоволството вл ијае врз потомството. Секоја жена која треба да стане мајка, какво и да е нејзиното опкружување, треба постојано да поттикнува среќна, ведра, задоволна диспозиција, знаејќи дека сите нејзини напори во тој правец ќе бидат десетпати наградени како во физичката така и во моралната состојба на нејзиното потомство. И тоа не е се, Со навика може да се научи на ведро размислување, и на тој начин поттикне здрава состојба на умот и така фрли бодра рефлексија од сопствената среќа на своето семејство и со оние со кои се дружи.

Нејзиното здравје во голема мера ќе се подобри, Емисијата на животот ќе добие сила, крвта нема бавно да тече, како што би се случило кога би се предала на потиштеност и лошо расположение. Нејзиното ментално и морално здравје се поткрепува со свежината на нејзиниот дух.

Мајчинските чувства го обликуваат карактерот на нероденото дете. Мајчините мисли и чувства имаат силно влијание врз наследството кое таа му го пренесува на своето дете. Ако дозволи мислите да и се занимаваат со сопствените чувства, ако се оддава на себичност, ако е зловолна и бара многу, карактерот на нејзиното дете ќе го потврди фактот. На тој начин многумина како бебиња примиле скоро несовладливи скпоности кон злото.

Но ако мајката непоколебливо се држи до добрите принципи, ако е умерена и пожртвувана, ако е љубезна, пријатна и несебична, таа може да ги пренесе овие скапоцени карактерни црти на своето дете.

Пренатално влијание на мирот. Личноста која очекува да биде мајка треба да ја држи својата душа во Божјата љубов. Нејзиниот ум мора да биде во мир; мора да се одмара во Исусовата љубов, извршувајќи ги Христовите зборови. Таа мора да запамети дека мајката е Божји помагач.

Таткото мора да се запознае со физичките закони. Силата на идната мајка мора грижливо да се чува. Наместо да ги троши своите скапоцени сили на исцрпувачка работа, нејзината грижа и товар треба да бидат олеснети. Мажот и таткото на идното дете често не е доволно запознает со физичките закони кои мора да ги разбере за доброто на своето семејство. Потонат во борбата за средства за живот, или загубен во создавањето

на богатство, притиснат со грижи и проблеми, тој врз рамениците на неговата жена, идната мајка, остава товар кој ги надминува нејзините сили во овој најкритичен период, Тоа предизвикува слабост и болест.

Децата лишени од менталната прилагодливост. Ако на идната мајка и се ускратени грижата и удобноста што треба да ги има, ако и се допушта да се истоштува од прекумерна работа или незадоволство и мачнина, нејзиното дете ќе биде лишено од виталната сила, менталната еластичност и ведрото напредување кои треба да ги наследи. Би било далеку подобро да го направиме животот на идната мајка светол и весел, да ја заштитиме од скудност, тешка работа и депресивни грижи и да му дозволиме на детето да наследи добра телесна градба за да може да си го пробива патот низ животот со сопствени енертчни напори.

Погребите на мајката не смеат да се занемарат. Физичките потреби на идната мајка не смеат во никој случај да бидатзапоставени. Од неа зависатдваживота и треба да имаме нежно разбирање за нејзините желби и великодушно да ги исполнуваме нејзините потреби. Но во овој период, повеќе од било кога, таа треба да одбегнува, во исхраната и во се друго, се што може да ги ослабне физичките или менталните сили. Со заповед од самиот Бог, нејзе и е наложена најсвета обврска да манифестира самоконтрола.

Одговорноста на жената. Жените кои се со принцип и кои се добро упатени нема да отстапат од едноставноста во исхраната за ова време (бременоста) различно од сите други. Тие ќе земат во предвид дека уште еден живот зависи од нив и треба да бидат внимателни во сите свои навики, а посебно во исхраната.

Недолжното потомство страда. Болни деца се раѓаат поради удоволувањето на апетитот од страна на родителите. Организмот не бара разновиднахрана со која се занимава умот. Голема заблуда еда се мисли дека се што е на ум мора да биде и во стомакот, и тоа христијанските жени треба да го отфрлат. Не треба да се дозволи фантазијата да ги контролира потребите на организмот. Оние кои му дозволуваат на вкусотда владее ќе платат казна за престап на законот на своето битие. И работата не се завршува тука; нивното недолжно потомство исто така ќе страда.

Немудрите советници ја советуваат мајката да ја удоволува секоја желба и импулс како нешто важно за доброто на своето потомство. Таквиот совет е погрешен и штетен. Со заповедта од самиот Бог мајката е под најсвечена обврска да покажува самоконтрола. Чиј глас ќе слушаме гласот на божествената мудрост или гласот на човечкото празноверие?

Трудницата мора да формира навики на самоодрекување. Мајката која е учител на своите деца, пред нивното породување мора да формира навики на самоодрекување и самоконтрола; затоа што таа е онаа која им пренесува особини, сопствени силни или слаби црти на карактерот. Непријателот на душите многу повеќе го разбира ова прашање од многу родители. Тој на мајката донесува искушение, знаејќи дека ако не го одбие, преку неа ќе влијае и врз детето. Мајчината единствена надеж е во Бога. Кај него може да побегне за благодат и сила. Нема напразно да ја бара помошта. Тој ќе ја оспособи на потомството да му пренесе квалитети кои ќе им помогнат да успеат во овој живот и да стекнат вечен живот.

Основа за исправен карактер. Основата за исправен карактер во идниот човек се зацврстува со навики на стриктна умереност кај мајките пред раѓањето на своето дете… Не треба неодговорно да се однесуваме кон оваа поука.

Човештвото стенка под бремето на натрупаното зло. Човештвото стенка под бремето на натрупаното зло поради гревовите од претходните генерации. Но скоро и да не размислуваме или да се грижиме, што мажите и жените на денешната генерација се оддаваат на неумереност при јадењето и пиењето, и така оставаат, како наследство на следната генерација, болест, ослабен разум и извалкан морал.

Незаситните и несветите желби се пренесуваат на младите. – Обата родители т пренесуваат врз своите деца како своите духовни и телесни особини, така и своите склоности и желби… Луѓето наклонети кон алкохол и тутун своите незаситни желби, својата разјарена крв и нервна раздразливост ја пренесуваат и на своите деца. Развратниците често ги оставаат своите несвети желби, па дури и одвратните болести во наследство на своето потомството. И бидејќи децата им се опираат со уште помалечка сила отколку родителите, склоноста кон опаѓање со секоја генерација е се поголема.

По правило, секој неумерен човек кој одгледува деца т пренесува своите скпоности и зли желби на своето потомство.

Самсоновиот пренатален живот уреден од Бога. Зборовите изговорени на Маноевата жена содржат вистина која денешните мајки треба добро да ја проучат. Обраќајќи се на оваа мајка, Господ им зборувал на сите загрижени и жалосни мајки на тоа време и на сите мајки во наредните генерации. Да, секоја мајка може да ја разбере својата должност. Таа може да знае дека карактерот на нејзините деца ќе зависи многу повеќе од нејзините навики пред пораѓањето и личните напори по пораѓањето отколку од надворешните предимства или неповолности.

Бог му наменил значајна задача на ветеното дете на Маној, а за да се подготви како што треба за таа задача и тој и мајката морале да се придржуваат кон грижпиво пропишаните навики… Од навиките на мајката зависи кон што ќе биде накпонето детето: кон добро или кон зло. Таа мора да се раководи според принципите, да владее со себе и во се да биде умерена, ако ја посакува благосостојбата на детето.

Вкпучени и таткото и мајката. И татковците и мајките се вклучени во оваа обврска, и тие мора исто така сериозно да бараат божествена благодат за нивното влијание да биде такво што Бог ќе може да го одобри. Прашањето на секој татко и мајка треба да биде: „Што да правиме со детето кое треба да се роди?“ Многумина спрема учинокот на пренаталното влијание лесно се однесуваат: но упатствата пратени од Небото на овие еврејски родители, и двапати повторени на најјасен и најсвечен начин, покажуваат како Создателот гледа на ова прашање.

Сопствен родителски печат пренесен на децата. Родителите… со попуштање ги зајакнуваат своите животински страсти. И кога тие ќе се зацврстат, моралните и интелектуалните способности слабеат. Духовното се претвора во брутално, животинско. Децата се раѓаат со многу развиени животински склоности, добивајќи го родителскиот сопствен карактерен печат… Способноста на мозокот е ослабната, а меморијата оштетена… Гревовите на родителите ќе се покажат и на нивните деца затоа што им дале печат на сопствените страсни склоности.

Сатаната настојува да ги понижи умовите. Покажано ми е дека сатаната сака да ги понижи умовите на оние кои се соединуваат во брак, како би го втиснал свое сопствено лошо обличје врз нивните деца…

Тој многу полесно може да го обликува нивното потомство отколку што можеле родителите, затоа што така може да ги контролира умовите на родителите и преку нив да втисне сопствен карактерен печат на нивните деца. Така многу деца се раѓаат со животински страсти на кои на големо им робуваат додека моралните способности им се слабо развиени.

Разумот треба да го контролира бројот на децата. Оние кои го зголемуваат бројот на своите деца, ако се повикаат на разумот, а знаат дека физичката и менталната слабост ќе биде нивно наследство, се престапници на последните шест прописи на Божјиот закон… Тие учествуваат во зголемувањето на дегенерацијата на човечкиот род и придонесуваат општеството да тоне се подлабоко, нанесувајќи им на тој начин штета на ближните. Ако Богтака се однесува кон правата на ближните, не води ли сметка за поблиските и посветите односи? Ако ни врапчето не паѓа на земјата, а Тој да не забележи, нема ли да ги земе во предвид и децата родени на овој свет, болни физички и ментално, кои во голема или мала мерка страдаат целиот свој живот? Нема ли да ги повика родителите да поднесат сметка, оние на кои им дал способност за размислување, за отфрлање на возвишените особини и робувањето на страстите, додека, како резултат на тоа, поколенијата мораат да носат жиг на нивната физичка, ментална и морална расипаност?

Пренесена ослабена способност. Мажите и жените кои се слаби и болни често во своите брачни врски негуваат себични мисли само за сопствената среќа. Тие не го разгледале внимателно тоа прашање од гледна точна на благородните, возвишени начела, размислувајќи за она што можат да очекуваат од своето потомство, туку ја слабееле способноста на телото и умот, што не го воздигнува општеството туку прави да тоне уште подлабоко.

Болеста поминува од генерација на генерација. Болните мажи најчесто ја здобиваатљубовта на здравитежени, и затоа што се сакале, се чувствувале совршено слободни за брак… Доколку тоа се однесува само на оние кои така стапиле во брачен однос, гревот не би бил толку голем. Нивното потомство е осудено на страдање поради болеста која им е пренесена. Така болеста се овековечува од генерација во генерација… Тие наметнале на општеството еден ослабен род, и го дале својот дел во расипувањето на човештвото; пренесувајќи ја болеста низ наследството и на тој начин зголемувајќи ги човечките страдања.

Разлика во годините како фактор. Следна причина за непотполноста на сегашната генерација во физичката сила и моралната вредност е во тоа што мажи и жени со голема разлика во годините стапуваат во брак… Во многу случаи потомството на таквите заедници, каде што има голема разлика во годините, нема добро урамнотежени умови. На нив исто така им недостасува и физичка сила. Во таквите семејства често се манифестираат различни, особени и често мачни црти на карактерот. Тие често и умираат прерано, а оние кои заоѓаат во зрела возраст, во многу случаи, се деградирани во физичка и ментапна сила и во морална вредност.

Така оваа категорија на суштества дошла на свет како бреме на општеството. Нивните родители се виновни во голема мера за развојот на карактерот на своите деца, кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Бог не смета одговорни за пренаталната негрижа. Жените не ги следеле секогаш налозите на разумот наместо на импулссгг. Тие во голема мера не чувствувале одговорност која почива на нив да формираат врска која нема да втисне на нивното потомство низок степен на морал и страст за задоволување на понижувачките желби по цена на здравјето, а дури и животот. Бог на големо ги смета одговорни за физичкото здравје и моралните карактеристики кои така се пренесуваат на идните генерации…

Многумина од оваа група стапиле во брак и му оставиле на потомството во наследство дамка на сопствената физичка слабосг и расипан морал. Задоволувањето на животинските страсти и сетилноста го одбележале карактерот на нивното потомство, кое се понижувало од генерација во генерација, зголемувајќи ја човечката мизерија до застрашувачки степен, забрзувајќи го пропаѓањето на човештвото.

Родителите ги обликуваат децата. Децата ќе бидат во голема мерка она што се нивните родители. Физичката состојба на родителите, нивните наклонетости и желби, нивните ментални и морални скпоности во поголема или помала мерка се репродуцираат во нивните деца.

Обликување на општеството и иднината. Колку се поблагородни целите, колку е повисок менталниот и духовниот мираз и колку се поразвиени физичките сили на родителите, толку тие подобро ќе ги опремат своите деца за живот. Негувајќи го она што е најдобро во нив, родителите влијаат на формирањето на општеството и на издигнувањето на идните генерации…

Тие ја трошат својата енергија на попуштање на апетитот и страстите и на тој начин милиони се загубени за овој и за светот што ќе дојде. Родителите не смеат да заборават дека нивните деца мораат да се сретнат со овие искушенија. Уште пред раѓањето на детето треба да започне подготовката која ќе им овозможи успешно да се борат во битката против злото.

Оваа одговорност посебно почива врз мајката. Таа, од чија крв се хранело детето и во чие тело се изградувало во него вградува и ментални и духовни влијанија кои водат кон формирање на умот и карактерот.

Родителите им го даваат на децата сопствениот печат на карактерот. Родителите им го даваат на децата сопствениот печат на карактерот; и ако некои црти не се правилно развиени кај едно дете, а друго открива различни фази на карактер кои се непријатни, кој треба да биде потрпелив, повоздржан и пољубезен од родителите? Кој треба да биде така сериозен како тие во негувањето на драгоцените благодети на карактерот кај своите деца откриени во Христос Исус?

Мајките ни половина не ги ценат своите привилегии и можности. Тие изгледа не сфаќаат дека можат во најголема смисла да бидат мисионери, Божји соработници во помагањето на децата да изградат складен карактер. Тое е големо бреме на задачата која им ја дал Бог. Мајката е Божји посредник во христанизацијата на своето семејство.

Одговорноста на родителите за пренаталното влијание. Првата голема цел која треба да се постигне во воспитувањето на децата е здравоста на конституцијата која во голема мера ќе го подготви патот за менталното и моралното воспитување. Физичкото и моралното здравје се тесно поврзани. Каква огромна тежина на одговорност почива на родителите кога ќе се земе во предвид дека курсот кој го следеле пред раѓањето на своите деца има многу заедничко со развојот на карактерот на децата по раѓањето.

Што да се прави во врска со ова. Родителите можат на своите деца да им пренесат склоности кои ќе ја отежнат задачата на воспитување и обука на децата да бидат строго усмерени и да имаат чисти и здрави навики. Ако им се пренесат желбите за нездрава храна, надразнувачки средства и наркотици како наследство од родителите, каква страшна одговорност почива на родителите за да се спротивстават на злите скпоности кои им ги дале на децата! Колку сериозно и со колкав труд треба да се внесат родителите во извршувањето на своите должности, со верба и надеж, кон несреќното потомство!

Ден на судотза родителите. Кога родителите и децата ќе се сретнат при конечната пресметка на денот на Божјиот суд каква глетка ќе биде тоа! Илјадници деца и млади кои биле робови на желбите и унижувачките пороци, чии животи претставуваат морални урнатини, ќе стојат лице в лице со родителите што т направиле такви какви што се. Кој, освен родителите, би можел да ја носи оваа ужасна одговорност? Дали Господ овие млади ги создал така расипани? О, не! Кој, тогаш, го извршил тоа ужасно дело? Нели врз децата се пренесени гревовите на родителите кои и самите им попуштале на изопачениот апетит и страстите? И зарем тоа лошо дело не е завршено од оние кои пропуштиле своите деца да ги воспитаат во склад со примерот што го дал Господ? Сите родители ќе мора да излезат пред Бога на испитување, тоа е сигурно, токму како што е сигурно нивното постоење.

Потребно повеќе од човечка мудрост. Родителите не смеат да заборават дека нивните деца мораат да се сретнат со … искушенија. Уште пред раѓањето на детето треба да започне подготовката која ќе им овозможи успешно да се борат во битката против злото.

Среќни се оние чии животи го рефлектираат божественото. – Среќни се оние родители чии животи се вистински одраз на божеството така што Божјите ветувања и заповеди кај нивното дете ќе побудат благодарност и понизност; родителите чија нежност, праведност и долготрпение му ја прикажуваат на детето Божјата љубов, правда и долготрпеливост; и кои, учејќи го детето да ги сакаат, почитуваат и слушаат, го учат да Го сакаат, почитуваат и слушаат небесниот Татко. Родителите кои ќе вградат ваков дар во своето дете, му подариле богатство поскапоцено од богатствата на сите векови богатство кое е постојано како вечноста.

Сподели го ова:

Similar Posts