Глава 77 Лажна наука

Сподели го ова:

Божјото дело и науката. Човечкото познавање на материјалното и духовното е делумно и несовршено; поради тоа мнозина се неспособни да гм прилагодат своите научни погледи со тврдењето на Светото Писмо. Мнозина т прифаќаат поуките на теоријата и шпекулациите како научни факти или докази, и мислат дека Божјата Реч треба да се тестира со учења на :лажна наречената наука“ (1. Тимотеј 6:20). Создателот и Неговите дела се над нивната моќ на разбирање; и затоа што не можат да ги објаснат со природните закони, библиската историја се смета за неприфатлива. Оние кои се сомневаат на веродостојноста на извештаите на Стариот и Новиот Завет најчесто одат чекор понатаму и го доведуваат прашањето за постоење на Бога припишувајќи и бесконечна моќ на природата. Отфрлајќи го своето сидро, тие се препуштаат на разбивање на карпата на неверството.

Потребно е повеќе од световна наука. Да и дозволиме на Божјата Реч да не води. Да го бараме она „така вели Господ“. Имавме доволно човечки методи. Умот обучен само со световни работи нема да успее да ги разбере Божјите работи; но тој истум, обратен и посветен, ќе ја увиди божествената моќ на Неговата Реч. Само умот и срцето кои се очистени и посветени со Духот може да ги распознаваат небесните работи.

Сатаната ја користи науката за умот. Покажано ми е дека треба да внимаваме на сите страни и истрајно да ги одбиваме сатанските инсинуации и лаги. Тој се преобразува како ангел на светлоста и илјадници ги лаже и ги води во ропство. Огромна е предноста која ја постигнува благодарејќи на науката за човечкиот ум. Овде тој, како змијата, незабележпиво се вовлекува да го расипе Божјото дело. Христовите чуда и дела тој ги прикажува како резултат на човечката способност и моќ.

Кога тој отворено и дрско би го нападнал христијанството, христијанинот во јад и агонија би го довело покрај нозете на Откупителот, и неговиот силен и моќен Ослободител би го натерал дрскиот непријател во бегство. Тој поради тоа се преправа во ангел на светлината и делува на умот да го прелаже од единсвената сигурност и правиот пат. Науката за френологијата, психологијата и месмеризмот се канали низ кои директно приоѓа на ова поколение и делува со онаа сила со која се карактеризираат неговите напори при крајот на времето на пробата (милоста).

Сатаната добро ги познава својствата на умот. Илјадници години сатаната експериментирал со особините на човечкиотум, и научил добро да ги познава. Со суптилна работа во овие последни денови, тој го пов-

рзува човечкиот ум со својот исполнувајќи го со свои мисли; и тој тоа го прави на толку подмолен начин што оние кои го прифаќаат неговото водство не знаат дека тој ги води по своја волја. Големиот лажго се надева дека на тој начин ќе ги збуни умовите на мажите и жените да не слушаат ништо освен неговиот глас.

Изложување на нови теории. Светлината на вистината која Бог имал намера да дојде на луѓето на светов во ова време не е онаа која световните луѓе од науката настојуваат да ја внесат, зошто тие луѓе во истражувањето честопати доаѓаат до погрешни закпучоци и во своето проучување на многу автори стануваат воодушевени со теориите кои се од сатанско потекпо. Сатаната, облечен во руво на ангел на светлината, изнесува за проучување на човечкиот ум предмети кои изгледаат многу интересни и кои се полни со научни мистерии. Во истражувањето на овие предмети, луѓето се наведуваат да прифатат погрешни закпучоци и да се соединат со заводливите духови во делото на изнаоѓање на нови теории кои ги одведуваат од вистината.

Она што и противречи на Божјата Реч е претпоставувањето. Оној кој го познава Бога и Неговата Реч има вера заснована на божественото потекло на Светото Писмо. Тој не ја тестира Библијата со човечки научни идеи. Тој ги става овие идеи на тест на непогрешливиот стандард. Тој знае дека Божјата Реч е вистина, и вистината никогаш не може да си противречи на себе; било што во учењето на таканаречените науки е контрадикторно со вистината на Божјите откровенија е голо човечко претпоставување.

Фалсификат на вистината. Постојат само две страни. Сатаната делува на својата прикриена, прелажувачка сила, и преку силните заблуди ги фаќа сите кои не стојат во вистината, кои ги одвратиле своите уши од вистината, и се свртеле кон бајки. Самиот сатана не стои во вистината; тој е тајна на беззаконието. Низ својата заводлива лажна префинетост тој со своите по душа погубни заблуди дава изглед на вистина. Овде лежи неговата моќ на заведување.

Затоа што се фалсификати на вистината, спиритизмот, теозофијата и слични лат придобивааттаква моќ над умовите на луѓето. Тука сатаната мајсторски делува и претендира да биде човеков спасител, добротвор на човештвото, и на тој начин полесно ги прелажува своите жртви во пропаст.

Сатанската маѓепсничка сила. Гатачите од незнабожечките времиња имаат свои наследници во денешниве времиња преку спиритизмот и неговите медиуми, видовитите луѓе, и оние што ја предвидуваат иднината. Мистичните гласови кои говореле во Ендора и Ефес се уште со своите лаги ги заведуваат човечките синови. Кога би можел да се подите

превезот пред нашите очи, би ги виделе лошите ангели како се служат со сета своја вештина да прелажат и упропастат. Било каде да се појави некоја сила која луѓето ги наведува да заборават на Бога, тогаш сатаната ја покажува својата маѓепсничка моќ. Кога луѓето ќе подлегнат на неговото влијание, умот им се помрачува, а душата извалкува пред и тие да станат свесни за тоа. Советот кој апостол Павле го упатил на црквата во Ефес, Божјиот народ и денес треба да го слуша: „Не учествувајте на бесплодни дела на темнината, туку изобличувајте ги“ (Ефесјаните 5:11).

Стапнување на сатанската почва. Мораме цврсто да се држиме за Божјата Реч. Потребни ни се нејзините предупредувања и охрабрувања, нејзините закани и ветувања. Неопходен ни е совршен пример кој е даден само во животот и карактерот на нашиот Спасител. Божјите ангели ќе го чуваат Неговиот народ додека чекори по патот на должноста, но не постои гаранција на таква заштита за оние кои свесно стапнуваат на сатанската почва.

Агентот на големиот лажго ќе рече или направи било што само да ја постигне својата цел. Не е битно дали тој ќе се вика спиритист, „енергетичар,“ или „магнетички исцелител.” Со вешти преправања тој придобива доверба на невнимателните. Тој тврди дека ја чита историјата на животот и ги разбира сите потешкотии и неволји на оние кои му се обраќаат.

Претставувајќи се во ангел на светлината, додека во срцето му е гробна темница, покажува голем интерес за жените кои од него бараат совет. Им говори дека сите нивни проблеми се произлезени од нивниот несреќен брак. Ова честопати може да биде вистина, но таквиот совет не ја поправа нивната состојба, Тој им говори како им е потребна љубов и сочувство. Покажувајќи големо интересирање за нивната благосостојба, тој фрла маѓии на своите наивни жртви, замајувајќи ги како змијата беспомошната птица. Наскоро се сосема во негова власт, и гревот, немилоста и пропаста се трагмчен епилог.

„Скриена сила“ на умог. Апостоли скоро од секој облик на спиритизмоттврдатдека имаат исцелителна моќ. Тие ја препишуваат оваа моќ на електрицитетот, матетизмот, на таканареченото сочувствително лечење, или скриени сили во човечкиот ум. И не се малкумина оние кои, дури и во ова христијанско време, одат кај овие исцелители наместо да имаат доверба во живиот Бог и на вештината на добро оспособените доктори.

Мајката, бдеејќи покрај постелата на своето болно дете извикува: „Не можам повеќе ништо да сторам. Зар нема лекар да ми го излечи детето? И се зборува за чудесни излекувања кои ги правеле некои видовити луѓе или матетни исцелители (биоенергетичари), и таа им го доверува своето дете, предавајќи го во рацете на сатаната исто како да е покрај неа. Во многу случаи идниотживот на тоа дете е под контрола на сатанската моќ која навидум е невозможно да се скрши.

Сатанските електрични струи. Сатанските агенти тврдат дека лечат болести. Тие ја препишуваат својата моќ на електрицитетот, магнетизмот, или на така нареченото сочувствително лечење, додека всушност тие се канали на сатанската електрична струја. Со овие средства тој ги фрла своите маѓии на телата и душите на луѓето.

Следење на Божјата волја наспроти добивката и самиотживот. – Оние кои се предаваат на маѓепсништвото на сатаната може да се фалат со голема корист што така ја примаат, но докажува ли ова дека нивниот курс е сигурен и мудар? Што ако животот се продолжи? Што ако се добие земна добивка? Дали на крајот ќе се исплати непочитувањето на Божјата волја? Секоја таква добивка на крајот ќе се покаже како непоправлива загуба. Ние не можеме неказнето да ја кршиме ниту најмалата препрека која Бог ја поставил да го запази Својот народ од сатанската моќ.

Љубопитноста примамува. Паралелно со проповедањето на евангелието, на дело се орудија кои се само медиуми на лажните духови. Мнозина општат со нив од чиста љубопитност, но гледајќи го делувањето на силата поголема од човечката, тие одат се подалеку додека не дојдат под контрола на волјата која е појака од нивната. Тие не можатда побегнат од нејзината таинствена моќ.

Одбраната на душата се руши. Нема повеќе ограда против гревот. Кога еднаш ќе се отфрлат ограничувањата на Божјата Реч и предупредувањата на Неговиот Дух, ниту еден човек незнае до колкави длабочини на понижување може да потоне.

Науката и откровението. За мнозина научните истражувања станале прокпетство. Бог дозволил плима на светлина да се излее на светот во откритијата во науката и уметноста, но дури и најголемите умови, ако не ги води Божјата Реч во нивното истражување, остануваат збунети во своите напори да ги истражуваат односите помеѓу науката и откровението.

Христос можел да ја отвори вратата на науката. Еднаш еден проповедник има кажано дека можел да замисли дека Христос морал да знаел нешто за науката. На што мислел овој проповедник? Наука! Христос можел да отвори за науката врата по врата. Тој можел на луѓето да им го открие богатството на наука кое до ден денес би го уживале. Но знаејќи дека ова знаење може да се искористи во несвети цели, Тој не ја отворил таа врата.

Темни часови на проба мораат да му дојдат на секого како дел на неговото воспитување. Таа ноќ бродот на учениците им било школо каде требало да стекнат воспитување за големата задача која подоцна морале да ја извршат. Темните часови на проба мораат да дојдат на секого како дел на неговото образование за возвишени задачи, за попосветен напор. Бурата не е испратена на учениците да доживеат бродолом, туку поединечно да ги тестира и испроба…

Времето на нашето воспитување наскоро ќе се заврши. Немаме време за губење во одење низ облаци на сомнеж и неизвесност… Мораме да се доближиме до Исуса. Никој нека … не одбегнува ниту една тешка поука или губи благослов на една цврста дисциплина.

Сподели го ова:

Слични објави