Глава 82 Занимавање со наука

Сподели го ова:

Познавање, сила, добрина и карактер. Вистинското образование не ја потценува вредноста на научните и литературните достигања; но повеќе од познавањето на фактите, тоа ја вреднува силата; повеќе од силата, добрината; повеќе од интелектуалното достигање, карактерот. На светот не му се толку потребни луѓе со блескав ум колку луѓе со благороден карактер. Нему му се потребни луѓе со чиј карактер владеат цврсти принципи.

Бог е автор на науката. Бог е авторот на науката. Научното истражување пред умот отвора широки полиња за размислување и информирање, оспособувајќи не да го видиме Бога во Неговите создадени дела.

Незнаењето се обидува да го поткрепи скептицизмот повикувајќи се на науката; но наместо воздигнување на скептицизмот, вистинската наука донесува свежи докази за Божјата мудрост и сила. Правилно сфатени, науката и пишаниотзбор се сложуваат, и едната фрла светлина на другата. Заедно тие не водат кон Бога учејќи не на некои од мудрите и корисни закони преку кои Тој делува.

Религијата и науката. Вистинското знаење е божественото. Сатаната во умовите на нашите прародители внел желба за шпекулативно знаење, со коешто, како што изјавил, многу ќе си ја подобрат состојбата; но за да го стекнат таквото знаење мораат да заземат правец спротивен на Божјата света волја, затоа што наводно Бог не би ги водел до најголемите височини. Не било Божја волја за нив да стекнат знаење што за своја основа ја има непослушноста. Широко е полето во кое што сатаната настојувал да ги одведе Адам и Ева, и тоа е она истото поле кое и денес го отвора пред светот преку искушенијата…

Најголемата причина што има толку малку големи луѓе во светот и такви кои имаат стекнато високо образование да ги почитуваат Божјите заповеди е затоа што го одвоиле образованието од религијата, мислејќи дека секое од нив треба да заземе свое сопствено место. Бог претставил доволно широко поле за усовршување на знаење за сите оние кои ќе стапат во него. Ова знаење се стекнува под божествен надзор; тоа е омеѓено со непроменливиот закон на Јехова, а за последица има совршена благословеност.

Науката е моќ. Познавањето на вистинската наука претставува моќ; и Божја намера е ова знаење да се изучува во нашите училишта како подготовка за задачата која и претходи на завршните настани на историјата на земјата.

Скпад помеѓу науката и религијата. Колеџот во Батл Крик бил основан заради изучување на науки, а во исто време да може ученикот да се доведе крај Спасителот, од кого што потекнува целокупното вистинско знаење. Образованието стекнато без библиска религија е лишено од вистинскиот сјај и слава.

Настојував на студентите да им го втиснам фактот дека нашето училиште зазема повисока положба во образовна смисла од некои други научни установи, со тоа што отвора поблагородни погледи и цели во животот на младите и ги образува да стекнат исправно знаење за должноста на човекот во вечните интереси. Најголемата цел во основањето на нашиот колеџ беше да се пренесат исправни погледи, покажувајќи го скпадот помеѓу науката и библиската религија.

Потребно е научно знаење. Младите кои сакаат да стапат во делото како проповедници, колпортери или мисионери требаат најнапред да примат пригоден степен на ментална обука како посебна подготовка за својот позив. Оние кои се необразовани, необучени и непрефинети, не се подготвени да влезат во полето во коешто моќните влијанија на талентот и образованието се судруваат со вистините од Божјата реч. Тие не можат успешно да се соочат и со чудните форми на заблуди, верски и филозофски комбинирани, што бара како научно така и знаење на библиските вистини.

Најважна наука. Додека знаењето на науката е моќ, знаењето коешто Исус лично дошол да ни го подари е уште поголема моќ. Науката за спасението е најважната наука којашто може да се научи во подготвителното училиште на земјата. Соломоновата мудрост е пожелна, но Исусовата мудрост е далеку попожелна и поважна. Ние не можеме да го достигнеме Христа преку обична интелектуална обука, туку преку Него ние можеме да достигнеме највисоко скалило на скалилата на интелектуалната големина. Додека копнежот за знаење во уметноста, литературата, трговијата не треба да се обесхрабрува, ученикот најнапред треба да си осигура искуствено познавање за Бога и за Неговата волја.

Христос ја користел науката на секоја вистинска наука. Не користејќи никаква принуда ниту некаква сила, Тој (Христос) ја соединувал волјата на човековиот субјект со Божјата волја. Ова е наука на секоја вистинска наука, зошто со неа се врши силна промена во умот и карактерот промена која мора да се изврши во животот на сите оние кои ќе поминат низ портите на Божјиот град.

Истражувањето не противречи на откровението. Бог е темел на се. Секоја вистинска наука е во склад со Неговите дела; секое вистинско образование води во послушност на Неговото владеење. Науката отвора нови чуда за нашиот видик; таа оди во висините и истражува нови длабочини, но од своите истражувања не донесува ништо што му противречи на божественото откровение.

Науката не може да ги истражи божествените тајни. „Она што е тајно му припаѓа на нашиот Господ Бог, а она што е откриено ни припаѓа нам и на нашите синови довека“ (Второзаконие 29:29). Бог никогаш не им открил на луѓето токму како го создавал светот; човечката наука никогаш нема да проникне во тајната на Севишниот. Неговата творечка моќ е недофатна исто како и Неговото постоење.

Библијата наш водич во науката. Ние сме зависни од Библијата за знаењето за раната историја на нашиот свет, за создавањето на човекот и за неговиот пад во грев. Кога би ја тргнале настрана Божјата реч, не би можеле да очекуваме ништо друго освен препуштање на бајки и на едно такво слабеење на разумот чија сигурна последица би било внесувањето на заблуди.

Потребна ни е автентична историја за постанокот на земјата, падот на Луцифер и појавата на гревот во светот. Без Библијата би биле збунети со лажни теории. Умот би бил подложен на тиранијата на празноверијата и лагите. Но кога ја имаме автентичната историја за почетокот на светот, не треба да се оптоваруваме со човечки претпоставки и несигурни теории.

Каде и да се, христијаните можат да одржуваат заедница со Бога. Тие можат да уживаат во знаењето на посветената наука. Нивните умови можат да зајакнат, како шго тоа било случај со Даниел. Бог му дал „знаење и разбирање на сите книги и мудрости11. Меѓу сите тие момчиња што ги испитувал Навохудоносор, „не се најде ниеден како Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј. И така тие останаа пред царот. И во се мудро и умно за шгго ги испитуваше царот, се најде дека се десетпати повешти од сите волшебници и гатачи што ги имаше во сето негово царство” (Даниел 1:19, 20).

Секоја вистина си е доследна на самата себе. Таквите (кои не веруваат во извештајот за создавањето) ја губат едноставната вера. Верата во божествениот авторитет на светата Божја Реч треба да биде непоколеблива. Бибпијата не смее да се испитува со човечките научни поими. Човечкото знаење е несигурен водач. Оние што се сомневаат во се, кои Библијата ја читаат само затоа за да ситничарат и да критикуваат, со своето половично сфаќање и на Библијата и на науката, можат да тврдат дека во нив нашле противречности. Меѓутоа, кога правилно ќе се сфатат, Библијата и науката се во совршена хармонија. Мојсеј пишувап под водство на Светиот Дух и ако теоријата на геологијата правилно се примени, никогаш нема да дојде до такви откритија што не би можеле да се сложат со неговите наоди. Сета вистина, дали во природата или во откровението, е доследна на себеси во секое свое покажување.

Некои точки треба да се бранат. Потребно е постојано да се пазиме од софистиката во геологијата и во другите гранки на лажно наречената наука, кои немаат никакви сличности со вистината. Таквите теории на големите луѓе треба внимателно да се преиспитаат и од најмалата трага на неверничка сугестија. Едно малечко семе кое ќе го посејатучителите во нашите училишта, доколку биде примено од страна на учениците, ќе порасне во жетва на неверие. Господ ја дал сета брилијантност на интелектот што човекот ја поседува, и таа треба Нему да му се посвети во служба.

Божјиот Духја оживува почитта кон науката. Знаењето е моќ, но тоа е сила за добро само кога ќе се соедини со вистинската побожност. Тоа мора да се оживее од Божјиот Дух за да може да послужи за најблагородни цели. Колку што нашата врска со Бога е поблиска, толку попотполно можеме да ја сфатиме вредноста на вистинската наука; затоа што Божјите атрибути, кои можат да се забележат во Неговите создадени дела, најмногу може да ги цени оној што има знаење за нивниот Создател, Авторот на секоја вистина. Таквиот човек може најдобро да го употреби своето знаење, зошто кога ќе дојде под полна контрола на Божјиот Дух, неговите таленти се искористуваат во најголем степен

Помошничка на религијата. Мора да постојат училишта кои се засновани на начела и се контролирани со прописите на Божјата Реч. Во нашите училишта мора да владее поинаков дух кој ќе ја оживи и посвети секоја гранка на образованието. Божјата соработка мора ревносно да се бара. И тоа нема да биде напразно.

Ветувањата на Божјата Реч се наши. Ние можеме да го очекуваме присуството на небесниот Учител. Можеме да го видиме Господовиот Дух раширен како и во пророчките школи и секој човекда партиципира во божественото посветување. Науката тогаш ќе биде, како што му била и на Даниел, помошничка на религијата; и секој напор, од првиотдо последниот ќе биде насочен кон спасение на човекот душата, телото и духот и на Божја слава преку Христа.

Сподели го ова:

Слични објави