Глава 47 Ментална хигиена
Менталните можности зависат од здравјето. Здравјето е благослов кој малку се цени; сепак од него многу зависи продуктивноста на нашите ментални и физички можности. Нашите нагони и страсти имаатсвое седиште во телото, и тоа мора да се чува во најдобра физичка состојба и под најпосветени влијанија како нашите таленти би можеле да бидат од најголема корист. Се што ја намалува физичката сила го слабее умот и го прави помалку способен да прави разлика помеѓу исправното и погрешното.
Сите способности можат да се култивираат. Многумина не прават најголемо добро затоа што еднострано го користат својот разум, а го запоставуваат давањето на внимание на оние работи за кои мислат дека не се способни. Така на некои способности кои се слаби им се дозволува да останат заспани затоа што работата која би ги довела до нивното покажување, и сразмерно на тоа да им даде сила, не е пријатна. Сите сили на умот треба да се увежбуваат, и секоја способност да се култивира. Перцепцијата, расудувањето, меморијата и сите умствени сили треба да бидат еднакво силни за умовите да бидат добро урамнотежени.
Слабите способности не треба да се запоставуваат. Пожелно е но не и најпрофитабилно, да се исполуваат оние способности кои се природно најсилни, додека т запосгавуваме оние кои се слаби, на кои е потребно да зајакнат. На најслабите способности потребно им е грижливо внимание за сите интелектуални сили да можат да бидат добро урамнотежени и секоја да го врши својот дел од работата како добро програмирана машина.
Ние сме зависни од Бога за зачувување на сите свои способности. Христијаните се обврзни кон Него така да ги обучат умовите, така што сите способности можат да зајакнат и во целост да се развијат. Ако не го правиме ова, тие никогаш нема да ја исполнат намената за која се осмислени. Ние немаме право да занемаруваме ниедна сила која Бог ни ја дал.
Гледаме мономанијаци насекаде по земјата. Тие обично здраво расудуваат за секој предмет освен за еден. Причината за тоа е што еден орган од умот се истренирал додека на останатите им се дозволувало да останат заспиени. Оној што бил во постојана употреба се потрошил и заболел, а тој човек станал рушевина. Бог не се прославил од неговото следење на таквиот пат. Да ги користел сите органи подеднакво, сите би имале здрав развој; целата работа не би паднала на еден, затоа ниеден не би бил разорен.
Целта го стимулира умот. Вие исто така треба да имате цел, причина во животот. Каде што нема цел, постои желба за немарност; но каде што постои доволно важна цел на повидок, сите можности на умот спонтано ќе се активираат. Да се постигне успех во животот, мислите мора да се насочат на животната цел и да не се дозволи умот да талка и да се преокупира со неважни работи, или да се задоволува со празни фантазии кои се плод на избегнување на одговорноста. Ѕидање на кула во воздухот го изопачува умот.
Преотоварен желудник ги слабее ментапните сили. Децата обично се лекомислени во поглед на важноста кога, како и што треба да се јаде. Им се дозволува слободно да се оддаваат на своите вкусови, да јадат во секое време, земајќи го она што ќе му се допадне на окото, а ова, со пита, колачи, леб и путер, слатки кои речиси постојано се јадат, прави од нив гурмани и диспептичари. Органите за варење кои како воденица непрекинато работат, стануваат ослабени, животворната моќ се повикува од мозокот да му помогне на желудникот во неговата прекумерна работа и на тој начин менталните сили слабеат. Неприродната стимулација и трошењето на виталната сила ги прави нервозни, нетрпеливи кон ограничување, самоволни и раздразливи.
Развојот е резултат на напорот. ■ Децата треба да научат дека развојот на менталните и физичките способности зависат од нив самите; а тоа е резултат на напорот.
Непроменливи закони. Правилните физички навики ја унапредуваат менталната супериорност, Интелектуалната сила, физичката сила, и долговечноста зависат од непроменливите закони.
Умот јакне под правилен третман. Луѓе кои се на доверливи положби секојдневно донесуваат одлуки од кои зависат резултати од големи важности. Тие често мораат брзо да мислат, а тоа можат успешно да го прават само ако се држат на строга умереност. Умот јакне под исправен третман на физичките и менталните сили. Ако напорот не е премногу голем, нова сила надоаѓа со секое оптоварување.
Но често работата на оние кои мораат да разгледаат важни планови и да донесуваат одлука е проткаена со зло кое е резултат на неправилната исхрана. Несредениотжелудникпредивикува несредена неизвесна состојба на умот. Тоа често предизвикува, раздразливост, грубост, или неправеда. Многу планови кои требало да бидат благослов на светост се одложени, многу неправедни, тирански, дури строги мерки се спроведени, како резултат на болната состојба поради лоши навики во јадењето.
Да се избегнува прекумерна работа. Слушам за работници чие здравје се крши под тешкото бреме кое го носат. Тоа не мора да биде така. Бог сака да запомниме дека сме смртници. Не смееме да прифаќаме преголема работа. Ние не смееме да се излагаме на таков напор да ги исцрпиме нашите физички и ментални сили. Од некои работници е потребно да се намали дел од бремето кои така тешко ги притиска.
Ставање на две години во една. На студентот кој сака да ја обедини двогодишната работа во една година не треба да му се дозволи да се држи на својот пат. Да се преземе двојна работа, значи за многумина, преоптоварување на умот и занемарување на физичките вежби. Не е разумно да се претпостави дека умот може да асимулира прекумерно снабдување на ментална храна, и исто така е голем грев да го преоптовариш умот како што е грев да се преоптоварат органите за варење.
Претераното проучување ја слабее самоконтролата. Претераното проучување, со зголемен доток на крв во мозокот, создава морбидна возбуденост која тежнее да ја намали силата на самоконтрола и премногу често поттикнува импулсивност и каприциозност. На тој начин се отвора вратата на нечистотијата. Злоупотребата или некористењето на физичките можности се наголемо одговорни за плимата на расипаност која го заплискува светот. „Гордоста, изобилството на леб, и безгрижен мир“ се смртни непријатели на човечкиот прогрес во оваа генерација исто како и тогаш кога доведоа до уништувањето на Содом.
Различни предмети на мислење. Следејќи искпучиво еден тек на мисли, умот често станува неурамнотежен. Но секоја способност може со сигурност да се исполува, ако физичките и менталните сили подеднакво се оптоваруваат, а предметите на размислување се различни.
Изучувањето на природните науки не смее да се занемари. Може многу повеќе да се постигне во делото на самообразување ако сме разбудени за своите можности и привилегии. Вистинското образование значи многу повеќе од тоа што колеџите можат да пружат. Додека не смее да се занемари изучувањето на науката, постои возвишена обука која се стекнува низ животворна врска со Бога. Секој ученик нека ја земе својата Библија и нека се стави во заедница со Големиот Учител. Нека умот се тренира и дисциплинира да се бори со тешките проблеми во барањето на божествената вистина.
Нечистиот воздух влијае врз менталните сили. Многумина постојано се жалат и страдаат од различни слабости. Тоа е скоро секогаш така затоа што не работат мудро или не се придржуваат до законите на здравјето. Тие премногу се задржуваат во затворен простор, во топли соби исполнети со нечист воздух. Тие премногу се задлабочуваат во учење или пишување, малку вежбаат физички и малку ги менуваат вра-
ботувањето. Како последица на тоа, крвта станува побавна, а умствените сили слабеат.
Понижувачките навики мора да се избегнуваат. Секоја навика која ја слабее физичката или менталната сила го онеспособува човекот за служба на својот Творец.
Како да се сочуваат менталните сили. Секој оној кој сака да се држи до едноставност во сите свои навики, контролирајќи го апетитот и контролирајќи ги страстите ќе ги зачува своите ментални сили силни, активни и крепки, побрзо да согледаат се што бара размислувањето или акцијата, остри во правењето разлики помеѓу светото и несветото, подготвени да се впуштат во секоја задача за славата на Бога и доброто на човештвото.
Електричната енергија влијае врз виталните сили. Физичката неактивност ја слабее не само менталната туку и моралната сила. Нервите на мозокот кои се поврзани со целиот систем се медиум преку кои небото комуницира со човекот и дејствува на внатрешниот живот. Што и да го спречува протокот на електрична енертја во нервниот систем, слабеејќи ги така виталните сили и намалувајќи ја ментапната приемчивост, го отежнува будењето на моралната природа.
Независно мислење и морална проникливост. Воспитувањето кое се состои од увежбување на меморијата тежнеејќи да го обесхрабри независното мислење, има морална тежина која премалку се цени. Кога ученикот ја жртвува моќта на резонирањето и расудување за себе, тој станува неспособен да прави разлика помеѓу вистината и заблудата и е лесен плен на лагата. Тој лесно се води по традицијата и обичаите.
Подготвени за достигнување на најголем степен на корисност. -И физичките и менталните сили, со склоностите, морааттака да се истренираат да можат да достигнат до најголемиот степен на корисност.
Проучувањето на природата ги зајакнува силите. Во овие поуки директно од природата постои едноставност и чистота која ги прави од најголеми вредности. На сите им е потребно учењето кое се црпи од овој извор. Сама по себе убавината на природатаја одведува душата од гревот и световните привлечности кон чистотата, мирот и Бога. Умот на ученикот честопати е преокупиран со човечките теории и шпекулации, лажни науки и филозофии. Ним им е потребно да дојдат до близок контакт со природата. Научете ги дека создавањето и христијанството имаат еден Бог. Нека научат да ја набљудуваат хармонијата помеѓу природното и духовното. Се што ќе видат нивните очи или што рацете можат да допрат нека биде поука за изградување на карактерот. На тој начин менталните сили ќе зајакнат, карактерот ќе се развие и целиотживот ќе се облагороди.
Проучувањето на Библијата дава сила на умот. Оние кои се гладни за знаење за да можат да ги благословат своите блиски и самите ќе примат благослов од Бога. Низ проучување на Неговата Реч, нивните ментални сили ќе се разбудат за сериозна активност. Способностите ќе се прошират и развијат, а умот ќе стекне сила и ефикасност.
Обратувањето ја растерува темнината на незнаењето од умот. – Во Библијата се открива Божјата волја. Вистините од Божјата Реч се говор на Најголемиот. Оној кој оваа вистина ќе ја направи дел од својотживот станува во секој поглед ново суштество. Нему не му се даваат нови ментални сили, туку се растерува темнината која низ незнаењето и гревот го помрачила разбирањето. Зборовите „ќе ви дадам ново срце“ значат „ќе ви дадам нов ум.“ Промената на срцето секогаш е следена со јасно осведочување за христијанската должност, за разбирање на вистината. Оној кој на Светото писмо придава посебно внимание, низ молитва, ќе стекне јасно сфаќање и здраво расудување, како што со обраќањето кон Бога, постигнал поголемо ниво на интелегенција.