Глава 59 Формирање на карактерот

Сподели го ова:

Секој чин делува на карактерот. Секој акт во животот, колку и да е неважен, има свое влијание во формирањето на карактерот. Добриот карактер е повреден од световните имоти и задачата за неговото обликување е најблагородна работа во која луѓето можат да се вкпучат.

Умот е градина, карактерот е плодот. Секоја способност во човекот е работник кој гради за сегашноста и вечноста. Ден за ден зданието напредува иако сопственикот не е свесен за тоа. Тоа е здание која мора да стои или како светилник на предупредување заради својот деформитет или како структура на која Бог и ангелите и се восхитуваат заради нејзината хармонија со Божествениот Модел.

Менталните и моралните сили кои ни ги дал Бог не го прават карактерот. Тоа се таленти кои треба да ги унапредиме и кои, ако правилно се унапредат, ќе оформат вистински карактер. Човекот може да има драгоцено семе во своите раце, но тоа семе не е овоштарник. Семето мора да се засади пред да стане дрво. Умот е градина, а карактерот е плодот. Бог ни ги дал нашите способности да ги негуваме и развиваме. Нашиот сопствен пат го одредува карактерот. Во увежбување на овие можности така да хармонизираат и формираат вреден карактер, ние имаме задача која никој друг освен ние самите не може да ја изврши.

Благороден карактер се формира низ сурови борби со своето јас.

Христос не ни даде уверување дека постигнувањето на совршен карактер е лесна работа. Благороден, сеопфатен каракгер не се наследува. Тој не ни доаѓа случајно. Благородниот карактер се добива со индивидуални напори низ заслугите и благодатта Христова. Бог дава таленти, умствени сили, а ние го формираме карактерот, Тој се формира со тешка, сурова борба со своето јас. Мора да се води борба по борба против наследените скпоности. Ние мораме сами себе строго да се испитуваме и да не дозволиме ниту една неповолна карактерна особина да остане непоправена.

Размислувањето и дејствувањето се многу важни. Апстрактното размислување не е доволно; вредното работење не е доволно двете се неопходни во формирањето на христијанскиот карактер.

Развивање добри ментапни навики. Ако сакаме да развиеме карактер кој Бог може да го прифати, мораме да формираме правилни навики во својот верски живот. Секојдневната молитва е неопходна за раст во благодатта, како и за самиот духовен живот, како што е земната храна за физичка благосостојба. Ние треба да се навикнеме често да ги упатуваме своите мисли кон Бога во молитва. Ако умот талка, мораме да го вратиме назад; со истраен напор таа навика конечно ќе биде лесна. Ние не можеме ни за момент да се одвоиме од Христос со сигурност. Ние можеме да ја имаме Неговата присутност која ќе не следи на секој чекор, но само ако се придружуваме на условите кои Тој самиот ги поставил.

Сериозна цел и доследната чесност се многу важни. Цел осноста е неопходна за успех во делото на изградување на карактерот. Мора да постои сериозна намера да се спроведе планот на Големиот Градител. Материјалот мора да биде цврст. Немарна и несериозна работа не може да се прифати, бидејќи тоа би го упропаситило зданието. Силите на целото битие мора да се стават во работа. Ова бара силна сила и енергија; не постојат резерви кои би се трошеле напразно на небитни работи. .. Мора да постои сериозен, внимателен, истраен напор за раскинување со обичаите, принципите и друштвата на овој свет. Неопходни се длабоко размислување, сериозна цел, доследна чесност.

Да св насочи кон целта. Петар рекол: „Додајте кон својата вера добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов“ (2. Петрово 1:5-7)._.

Сите овие постепени чекори не треба да се имаат на ум и да се сметаат додека почнувате; туку гледајќи на Исуса, со очите фокусирани на Божјата слава, вие ќе постигнете напредок. Вие не можете да ја достигнете целосната мерка на висината на Христовиот раст за еден ден, и ќе паднете во очај, кога би можеле да ги видите сите тешкотии кои мора да се дочекаат и совладаат. Морате да се борите со сатаната, а тој ќе настојува со сите можни средства да го одвлече вашиот ум од Христа.

Верност во мали работи (совет на едно момче). Твојот случај е донекаде сличен со Немановиот. Ти не мислиш дека за да усовршиш христијански карактер мораш да бидеш верен во мали работи. Иако работите кои си повикан да ги вршиш можат да бидат од мало значење во твоите очи, сепактоа се должности кои мораш да ги извршуваш се додека живееш. Занемарувањето на овие работи би направило голем пропуст во твојот карактер. Ти, драго мое дете, треба да се воспиташ себеси за верност во мали работи. Не можеш да му угодиш на Бога доколку не го правиш ова. Ти не можеш да се здобиеш со љубов и симпатија доколку не правиш така како што ќе ти се каже со желба и задоволство. Ако сакаш да те сакаат оние со кои живееш, мораш да покажеш љубов и почит кон нив.

Карактерот мора да се проба. Сета разлика ја прави материјалот кој се користи во изградувањето на карактерот. Долго исчекуваниот Божји ден наскоро ќе го проба секое човечко дело. „Оган ќе го испита делото на секој човек за да се покаже какво е тоа“ (1. Коринтјаните 3:13). Како што оганот ја открива разликата помеѓу златото, среброто и драгоцените камења, и дрвата, сеното и сламата, така судниот ден ќе ги испита карактерите, покажувајќи разлика помеѓу карактерите формирани според Христовиот лик и карактерите формирани по лик на себичното срце. Секоја себичност, секоја лажна вера тогаш ќе се покаже каква што е. Безвредниот материјал ќе го проголта оган; но златото на вистинската, едноставна, понизна вера никогаш нема да ја изгуби својата вредност. Тоа никогаш нема да изгори, бидејќи е непропадливо. Еден час на престап ќе се покаже како голема загуба, додека стравот Господов ќе се покаже како почеток на мудроста. Задоволството на самоугодување, попустливост кон себе ќе изгори како слама, додека златото на постојаниот принцип, сочуван по секоја цена, ќе трае засекогаш.

Недисциплинираните карактери се неусогласени. Карактерите кои ги формираат околностите се променливи и неусогласени маса на спротивности. Нивните сопственици немаат возвишена цел или намера во животот. Тие не вршат облагородувачко влијание врз карактерите на другите. Тие се бесцелни и бессилни.

Никој не може да го расипе карактерот толку многу како ние самите. Можеме да очекуваме околу нас да кружат лажни извештаи; но ако го следиме вистинскиот курс, ако останеме рамнодушни на тие работи, другите исто така ќе бидат рамнодушни. Да ја препуштиме на Бога грижата околу нашата репутација… Клеветата може да се покаже дека е неточна преку нашиот начин на живеење; таа не се покажува дека е неточна преку зборови на гнев. Нека наша најголема грижа биде да постапуваме во Божји страв и да покажеме со своето однесување дека тие извештаи се лажни.

Никој не може да го расипе нашиот карактер колку ние самите. Слабите дрва и нестабилните куќи треба постојано да се потпираат. Кога ќе се покажеме загрижени да го заштитиме својотуглед од надворешни напади, ние оставаме впечатокдека тој не е беспрекорен пред Бога, и дека треба постојано да го поткрепуваме (потпираме).

Под контрола на волјата. Вие не можете да ги контролирате своите нагони, своите емоции како што можеби сакате, но можете да ја контролирате волјата и можете да направите целосна промена во својотживот. Предавајќи ја својата волја на Христа, вашиот живот ќе биде сокриен со Христа и Бога и во сојуз со силата која е над сите поглаварства и власти. Ќе имате сила од Бога која цврсто ќе ве држи во Неговата сила; и нова светлина, светлина на жива вера, ќе ви биде можна… Во вас ќе има сила, сериозност и едноставност која ќе ве направи исполирано орудие во Божјите раце.

Дефектите можат да се надвладеат. Никој нека не зборува: Не можам да ги излечам своите карактерни дефекти. Ако дојдете до оваа одлука, сигурно нема да успеете да здобиете вечен живот. Неможноста лежи во вашата волја. Доколку не сакате, тогаш не можете да победите. Вистинската потешкотија потекнува од расипаноста на непосветеното срце и неволноста да се потчини на Божјата контрола.

За срцето кое е потчинето се е променето. Преобразбата на карактерот е сведоштво на светот за Христовото пребивање во човекот. Божјиот Дух продуцира нов живот во душата, донесувајќи ги мислите и желбите во послушност на Христовата волја; и внатрешниот човек се обновува по Божјиот лик. Слабите и грешни мажи и жени му покажуваат на светот дека откупителната сила на благодатта може да причини карактерот со мани да се развие во симетричен и плодоносен.

Нестабилниот карактер понекогаш е наследен. Меѓу децата и младината мора да се работи со сите видови карактери и нивните умови се спремни да прифатат. Многу деца кои ги посетуваат нашите школи немаат соодветно домашно воспитување. Некои биле препуштени да работат што им се допаѓа; на други им се наоѓале мани и биле обесхрабрувани. Покажано им е сосема малку љубезност и ведрина; упатувани им се малку зборови на одобрување. Тие ги наследиле дефективните карактери на нивните родители и домашната дисциплина не им била од помош во формирањето на правилен карактер.

Дефектите се зајакнуваат со годините. Децата учат поуки кои не е лесно да се одучат. Секогаш кога ќе се подредат на невообичаени ограничувања или од нив се бара да се занимаваат со напорно проучување, тие се обраќаат на своите неразумни родители за сочувство и угодување. На тој начин се поттикнува духот на немир и незадоволство, училиштето како целина трпи од деморализирачкото влијание и бремето на учителот станува поголемо. Но најголема загуба трпатжртвите од погрешната управа од страна на родителите. Карактерните недостатоци кои со правилна обука би можеле да се исправат се оставаат да зајакнуваат низ годините да го расипат или можеби да ја уништат корисноста на нивните сопственици.

Попустливоста го ремети карактерот. Во некои семејства желбите на децата се закон. Се што ќе посака, му се дава. Се што не му се допаѓа, се охрабрува да не му се допаѓа. Овие угодувања се прават под претпоставка дека детето ќе се усреќи, но всушносттоа го прави неспокојно, незадоволно и ништо не може да го направи среќно. Попустливоста го расипала неговиот апетит за едноставна и здрава храна, едноставно здраво поминување на времето; задоволувањето ја завршило задачата на пореметувањето на карактеротза сегашноста и за вечноста.

Умот и срцето да се дисциплинираат. Децата на кои им се дозволува да одат по сопствениот пат не се среќни. Непотчинетото срце нема во себе елементи на спокој и задоволство. Умот и срцето мора да се дисциплинираат и да се подредат на соодветни ограничувања за да може карактерот да се усогласи со мудрите закони кои управуваат со нашето битие. Неспокојството и незадоволството се плодови на угодувањето и себичноста. Почвата на срцето, како онаа во градината, ќе произведе превел и растенија со боцки доколку на него не се посее семе на драгоцено цвеќе, кое ќе прими грижа и нега. Како што е во видливата природа, така е и со човечката душа.

Оформените навики во младоста го одбележуваатживотниот правец. Мислите и чувствата кои се негуваат во раните години на секоја млада личност ја одредуваат историјата на сопствениот живот. Исправните, доблесни, мажествени навики формирани во младоста ќе станат дел од карактерот и по правило ќе го одбележат животниот правец на индивидуалецот низ целиот негов живот. Младите можат да станат зли или доблесни, како што тие ќе одберат. Тие може да се одликуваат како со вистински и благородни дела така и со големо зло и расипаност.

Секојдневно искуство. Разумот непрекинато го прима својот облик од приликите и привилегиите, напредувајќи во зло или добро. Ден за ден ние обликуваме карактери кои ќе ги стават учениците како добро дисциплинирани војници под знамето на Кнез Емануел, или бунтовниците под знамето на темнината. Чии ќе бидат?

Како се обликува карактерот. Многу деликатна е задачата да се занимава со човечки умови. Дисциплината која за еден е неопходна за друг би била убиствена, затоа родителите нека ги проучуваат карактерите на своите деца. Никогаш немојте да бидете брзи и да дејствувате импулсивно.

Видов една мајка која му отргна од рацете на своето дете нешто што му претставуваше задоволство, а тоа не сфати зошто е тоа одземање. Малиот се расплака, бидејќи се чуствуваше повредено и оштетено. Тогаш родителот, за да го сопре плачењето, остро го казни, и што се однесува до надворешноста, битката беше завршена. Но тоа остави впечаток на нежниот детски ум кој не може лесно да се избрише. И реков на таа жена: ,Дпабоко го повредивте своето дете. Ја ранивте неговата душа и ја изгубивте неговата доверба во вас. Незнам како ова ќе се надомести.“

Оваа мајка беше многу немудра, ги следеше своите чувства и не постапи внимателно, резонирајќи од причина кон последица. Нејзиното грубо, неправедно управување ги распали најлошите стасти во детското срце. Импулсивните постапки во управувањето со семејството е најлоша политика. Кога родителите се натпреваруваат со своите деца на таков начин, тоа е најнерамноправната борба која постои. Колку е неправдно да се

спротиставуваат годините и полната сила со беспомошното, неуко мало дете! Секое покажување на гнев од страна на родителите ќе ја зацврсти побуната во детското срце, Низ едно дело карактерот не се формира, но преку повторување на постапки се воспоставуваат навики и карактерот се потврдува. За да имате христолик карактер, неопходно е да се постапува на христолик начин. Христијаните ќе покажуваат светтемперамент и со нивните дела и импулси ќе бидат покренати од Светиот Дух.

Важност на истрајноста. Во усовршувањето на христијанскиот карактер важно е да се истрае во чинењето на она што е право. Би сакала на нашите млади да им ја воочам важноста на истрајноста и енергијата на задачата на изградување на карактерот. Од најрани години, неопходно е да се вткае во карактерот принцип на доследна чесност, зада можатмногу млади да достигнат до најголемиот стандард на машкост или женственост. Тие секогаш треба да ги имаат пред очи фактите дека се скапо купени и дека треба да го слават Бога во своите тела и дух, кои се Негови.

Корисноста зависи од личната одлука. Додека родителите се одговорни за белегот на карактерот, како и за воспитувањето и обликот на своите синови и ќерки, останува вистината дека статусот и користа во светот во голема мера зависат од нашиот сопствен правец на дејствување. Даниел и неговите другари уживале во благодетите на правилното обучување и воспитување во раните години, но оваа приемчивост сама по себе не би ги направило тоа што биле. Дошло време кога морале да дејствуваат за себе, кога иднината зависела од нивниот сопствен правец. Тогаш одлучиле да бидат верни на поуките кои им биле дадени во детството. Божјиот страв, кој е почеток на мудроста, бил темел на нивната големина. Неговиот дух ја засилил секоја правилна намера, секоја благородна одлука.

Како да бидеме победници. Ние мораме да се соочиме со сите препреки кои ни стојат на патот и една по една да т пребродиме. Ако ја надвладееме првата потешкотија, ќе бидеме посилни да ја дочекаме следната, во секој напор ќе стануваме поспособни за постигнување напредок. Гледајќи на Исус, ние можеме да бидеме победници. Задржувајки го погледот на тешкотиите и бегајќи од одлучните борби за правда, ние стануваме слаби и маловерни.

Секојдневно да даваме се од себе. Одејќи чекор по чекор, најголемата нагорнина може да се совлада и на крајот да се достигне самиот врв. Не дозволувајте да бидете совладани од многуте работи кои во животот морате да ги направите, бидејќи од вас не се бара да го постигнете сето тоа одеднаш, Нека сета сила на вашето битие се вклучи во работата за тој ден, искористете ја секоја драгоцена можност, ценејќи ја помошта која ви ја дава Бог, и напредувајќи на скалата на прогресот чекор по чекор. Запомнете дека живеете само еден ден едновремено, дека Бог ви дал еден ден, а небесните записи ќе покажат како ги вреднувавте привилегиите и можностите на тој ден. Вие можете така да го искористите секој ден кој Богви го дал за на крајотда ги слушнете Господовите зборови: „Добро направено, добар и верен слуго“ (Матеј 25:21).

Сподели го ова:

Similar Posts