Глава 25 Љубов и сексуалност во човечкото искуство

Сподели го ова:

Напомена: Елена Вајтживеела и работела во времето кога владеела голема воздржаност во јавните говори или во пишувањето за сексот и сексуалните односи помеѓу мажот и жената.

А. ПОЗИТИВНО

(Зборови на охрабрување и совети)

Исус и семејниот однос. Исус не го наметнал целибатот на било која класа на луѓе. Тој не дошол да го разори светиот брачен одностуку да го воздигне и обнови до неговата првобитна светост. Тој со задоволство гледал на семејниот однос каде што владее света и несебична љубов.

Тој (Христос) одредил мажите и жените да живеат заедно во свет брак, да подигнуваат семејства чии членови, крунисани со чесност, ќе бидат препознавани како членови на небесното семејство.

Божјата цел остварена во бракот. Сите кои ќе влезат во брачна заедница со света цел сопругот да се здобие со чистата љубов на женското срце, жената да го омекне, подобри и да му даде комплетност на карактерот на својот сопруг ја исполнуваат Божјата цел за себе.

Предноста на брачниот однос. Тие (христијаните кои се во брак) треба сериозно да го разгледаат исходот на секоја привилегија во брачниот однос, и посветеното начело треба да биде основа на сите постапки.

Време кога склоностите можат да бидат ослободени. Склоностите на младоста треба да бидат воздржани до доаѓањето на периодот кога доволната зрелост и искуство ќе овозможат достоинство и сигурност во нивното ослободување.

Опасност од премин од дозволено во претерано. Нема ништо погрешно во самото јадење или пиење или во бракот и стапувањето во брак. Беше дозволено да се стапува во брак во Ноево време, дозволено е стапувањето во брак и денес, ако сето она што е дозволено исправно се третира и не преминува во грешна неумереност…

Во Ноево време непосветената, неумерена љубов која самата по себе е дозволена доколку правилно се искажува, беше токму она што го направи бракот да биде грешен пред Бога. Во денешно време во светот постојат многумина кои ги губат своите души станувајќи задлабочени, размислувајќи за бракот и за самиот брачен однос…

Бог гм создаде луѓето во светот, и нивна предност е да се хранат, пијат, тргуваат, живеат во брак и да се венчаваат; но сето ова е сигурно ако се прави во Божји страв. Ние треба да живееме на овој свет сметајќи на вечниот живот.

Бракот н@ преставува дозвола за ослободување на похотните страсти. Сосема малку се оние кои чувствуваат верска должност да владеат со своите страсти, Тие скпучуваат брак со предметот на својот избор и затоа сметаат дека бракот го одобрува оддавањето на ниските страсти. Дури и мажите и жените кои исповедаат побожност им даваат слобода на блудните страсти не ни помислувајќи дека Бог ги смета одговорни за злоупотребување наживотната енергија, што ја слабее нивната животна потпора и го исцрпува целиот систем,

Брачниот завет ги покрива и најцрните гревови. Мажите и жените кои исповедаат побожност ги уништуваат своите тела препуштајќи им се на ниските страсти понижувајќи се натој начин под нивото наживотните. Тие ги злоупотребуваат силите што Бог им ги дал за да ги чуваат во светост и достоинство. Здравјето и животот се жртвуваат на олтарот на ниските страсти. Повозвишените, благородни сили им се подредуваат на животинските склоности. Оние што грешат на тој начин не се запознати со исходот на својот пат.

Чувствителна рамнотежа помеѓу љубовта и похотните страсти. – Она што го поттикнува човекот да направи од жената орудие во служба на своите страсти не е чиста љубов. Животинските страсти се оние кои гласно бараат попуштање.

Колку малку луѓе ја покажуваат својата љубов на начин што го опишува апостол Павле: „Како што и Христос ја возљуби црквата и се предаде Сам Себеси за неа, за да ја освети и очисти; … за да биде света и непорочна” (Ефесјаните 5:25-27). Ова е особина на љубовта во брачните односи која Богја признава за света.

Љубовта е чисто и свето начело, но похотната страст не дозволува ограничувања, не слуша наредби и не дозволува да биде под контрола на разумот. Таа е слепа за последиците; таа не размислува од причината кон последицата.

Многу жени страдаат од големи слабости и постојани болести заради непочитување на законите на нивното битие; природните закони се погазуваат. Мажите и жените ја трошат нервната сила на мозокот предизвикувајќи го на неприродна акција на задоволување на ниските страсти; а овој скриен монструм ниската страст го присвојува нежното име на љубовта.

Љубовта наспроти страстите на природното човечко срце. Љубовта… не е неразумна; таа не е слепа. Таа е чиста и света. Но страста на телесното срце е нешто сосема друго. Додека чистата љубов го вклучува

Бога во сите свои планови и е во совршен склад со Божјиот Дух, страста е своеглава, нагла, неразумна, непокорна на секакво ограничување, и од предметот на својот избор прави идол. Во севкупното однесување на оние кои имаат вистинска љубов, ќе се покаже Божјата благодат.

Под контрола на наредбите на разумот. Оние кои брачниот однос го сметаат за света Божја установа, чувана со Неговиот свет пропис, ќе се контролираат според наредбите на разумот.

Да се сочува довербата во семејниот круг. Околу секое семејство постои свет круг кој треба да се чува да не се прекине. Во овој круг нема право да влезе ниедна друга личност. Ниту мажот ниту жената нека не им дозволат на другите да ја делат довербата која им припаѓа само на нив.

Б. НЕГАТИВНО

(Зборови на воздржување и предупредување)

Бракот не е замислен да ги покрива сензуланоста и понижувачките навики. Бог никогаш не замислувал дека бракот треба да ги покрива мноштвото на гревови кои се практикуваат. Сензуалноста и понижувачките навики во брачниот однос го воспитуваат умот и моралниот вкус за неморални навики надвор од брачниот однос.

Сексуалните претерувања ги доведуваат здравјето и животот во опасност. Чистата и света љубов не е таа која ја наведува жената да ги задоволува животинските потреби на својот маж и по цена на своето здравје и живот…

Понекогаш е неопходно понизно и нежно да се инсистира, дури и по ризик на негово незадоволство, дека таа не може да го понижува своето тело оддавајќи се на сексуално претерување. Таа треба, на нежен и љубезен начин да го потсети дека Бог има примарно и најголемо право на целото нејзино суштество и дека не може да го занемари тоа право, затоа што ќе одговара на големиот и суден Божји ден.

Сексуалното претерување со сигурност ќе ја уништи љубовта кон побожните постапки, ќе ја одземе од мозокот супстанцијата потребна за хранење на системот, и најуспешно ќе ја исцрпи виталноста.

Изопаченост на светата установа. Многумина мислат дека со стапување во брачен однос можат да си дозволат да бидат контролирани од животинските страсти. Нив ги предводи сатаната, кој ги лаже и ги наведува да ја изопачуваат таа света установа. Тој е многу задоволен од ниското ниво кои го заземаат нивните умови; затоа што тој добива многу со ваквата нивна насоченост.

Тој знае дека доколку ги разбуди ниските страсти и ги одржи на власт, нема никаква причина за грижа во врска со нивното христијанско искуство; затоа што моралните и интелектуалните способности ќе бидат подредени, додека животинските потреби ќе бидат предоминантни и ќе го држат приматот; и овие ниски страсти ќе јакнат преку нивното користење, додека благородните особини ќе стануваат се послаби и послаби.

Злоупотреба на сексуапните привилегии во бракот. Кога се негуваат и кога им се попушта, животинските страсти стануваат многу силни, што е случај и денес, а неискажпиви зла во брачниот живот се сигурни последици. Наместо да се унапредува разумот и наместо тој да ја има силата на контролата, животинските скпоности владеат над повисоките и поблагородните сили додека не се доведет во подреденост на тие животински склоности. Што е последицата? Чувствителните женски органи се оштетуваат и заболуваат; бременоста повеќе не е сигурна; сексуалните привилегии се злоупотребуваат.

Мажите ги расипуваат сопствените тела, а жената станува валкана слугинка во нивните неумерени, ниски страсти доколку во нивните очи нема Божји страв. Попуштањето на импулсот кој го понижува и телото и душата е одлика на брачниотживот.

Пренатални влијанија. Сатаната настојува да ги изопачи умовите на оние кои се соединуваат во брак за да може да го всади сопствениот злобен лик кај нивните деца…

Тој може да го обликува нивното потомство многу полесно отколку што го можел тоа со нивните родители, затоа што може да ги контролира умовите на родителите и преку нив да го даде сопствениот каракгерен печат врз нивните деца. На тој начин многу деца се раѓаат со многу силни животински нагони, додека пак моралните способности се само незначително развиени. На тие деца им е потребна највнимателна нега да гм искажат, зацврстат и да ги развијат моралните и интелектуалните сили, за да можат тие да го преземат водството.

Процес на деградација. Умот на мажите и жените не поминува во еден момент од чистота и светост во изопаченост, расипаност и престап. Потребно е време за преобразување на човечкото во божествено или за деградација на она што е формирано по Божји облик во окрутно и сатанско.

Со гледање ние се менуваме. Иако е оформен по Божје обличје, човекот може така да го воспита својот ум што гревот кој некогаш му бил толку одвратен сега да му стане мил. Кога ќе престане со молитвите и стражарењето, тој престанува да ја чува тврдината, срцето, и се втурнува во грев и зло. Умот се понижува, и невозможно е да се воздигне од расипаноста додека се воспитува да ги поробува моралните и интелектуалните сили и ги доведува во потчинетост на нечистите страсти.

Мора да се води постојана борба против телесниот ум; и мораме да бидеме потпомогнати од префинетото влијание на Божјата благодат, кое ќе го привлече умот повисоко и ќе го навикне да размислува за чисти и свети работи.

Советзажените. Со тешко срце пишувам зажените во овој век, мажени и немажени, дека премногу често не ја чуваат својата резервираност која е неопходна. Тие постапуваат како кокети, Го привлекуваат вниманието на самците и оженетите луѓе, и оние кои се слаби во морална сила лесно ќе бидат фатени во замка.

Ако се дозволат вакви нешта, тие ги умртвуваат моралните чувства и го заслепуваат умот така што престапот не им изгледа грешен. Се будат мисли кои не би се појавиле доколку жената го чувала своето место во сета скромност и трезвеност. Таа самата можеби немала нечиста намера или побуда, но им дала повод на мажите кои се склони на искушенија и на кои им е потребна сета помош што можатда ја добијат од оние кои се дружат со нив.

Со внимателност, резервираност, не оддавајќи се премногу на слобода, со отфрлање на недозволени вниманија, со чување на висока морална свест и природно достоинство, би се одбегнале многу зла.

Жените како искушувачи. Нема ли жените кои ја исповедаат вистината стриктно да пазат на себе за да не дадат никаков повод на недозволена близина? Тие можат да затворат многу врати на искушението ако цело време се држат строго резервирано и доколку пристојно се однесуваат.

Жените се чести искушувачи. Прикривајќи се на овој или на оној начин, тие го привлекуваат вниманието на мажите, женети или неженети, и ги наведуваат да го прекршат Божјиот закон, да ја упропастат својата корисност и да ги доведат душите во опасност, Сочувствителен пастир. Бидете Божји луѓе, бидете на победничката страна. Знаењето е достапно за сите оние кои го сакаат. Бог го осмислил умот да јакне, да размислува подлабоко, попотполно и појасно. Одете со Бога исто како што одел Енох: направете од Бога свој советник и напредокот нема да изостане…

Постојат луѓе кои тврдат дека ги држат Божјите заповеди, кои го ставаат стадото под свое старателство и ги наведуваат невнимателните души да размислуваат во правец кој ќе резултира со бесрамна слобода и претерана блискост…

Тој (проповедникот), додека гм посетува семејствата, почнува да ги испитува тајните на нивниот брачен живот. Дали живеат среќно со своите мажи? Дали се чувствуваат како неценети? Дали постои хармонија во нивниот брачен живот? И така жената која во ништо не се сомнева со помош на таквите лукаво поставени прашања се наведува да го отвори својот таен живот, своите разочарувања, своите ситни потешкотии и незадоволства, пред еден странец исто како што тоа го прават католиците пред своите свештеници.

Потоа овој сочувствителен пастир го отвора поглавјето на своето сопствено искуство; дека неговата сопруга не била жена на неговиот избор; дека нема вистинска сродност меѓу нив, Тој не ја сака својата жена. Таа не ги исполнила неговите очекувања. На тој начин бариерата се руши, и жените се заведени. Тие веруваат дека животот им е едно големо разочарување, а овој пастир има големо сочувство за своето стадо, Се поттикнува болен сентиментализам, а умот и душата се лишуваат од својата чистота, во случај ако овој начин на работа не резултира со кршење на седмата Божја заповед.

Скриените нечисти мисли стануваат навика, а душата станува ранлива и извалкана, Со еден чин на погрешна акција се нанесува дамка која ништо не може да ја исчисти освен Христовата крв; и ако не се одвикне од таа навика со цврста одлучност, душата се расипува а потоците кои течат од тој загаден извор ги расипуваат и другмте. Неговото влијание е прокпето. Бог ќе ги уништи сите оние кои ќе продолжат со ова дело…

Ние мораме да бидеме воздигнати, благородни, и посветени. Ние можеме да имаме сила во Исуса да надвладееме; но кога има недостаток од чистота во карактерот, и кога гревот ќе стане дел од карактерот, тој има матчна сила која е иста како чаша со алкохол. Моќта на самоконтролата и разумот е надвладеана од навиките кои го валкаат целото битие; и доколку се продолжи со оваа грешна пракса, мозокот слабее, оболува и ја губи својата рамнотежа, Мажите, жените и младите вовлечени во морална изопаченост. – Моралните опасности на кои се изложени сите, и старите и младите, постојано се зголемуваат. Моралната пореметеност, која ја нарекуваме изопочаност, е многу распространета, и мажите, жените и младината кои исповедаат христијанство вршат влијание кое е ниско, телесно и ѓаволско.

Сатаната вложува мајсторски напори да ги вовлече женетите мажи и жени, децата и младите во нечисти навики. Неговите искушенија наоѓаат место во многу срца, затоа што не се воздигнати, прочистени, префинети и облагородени со светата вистина во која тврдат дека веруваат. Не е мал бројот од оние кои се подли и зли во мислите и прости во разговорот и однесувањето, така што кога ќе наидат искушенијата на сатаната, тие немаат морална сила да ги одбијат и паѓаат како многу лесен плен.

Надолни чекори. Постојаните сатански искушенија се осмислени да ја ослабнат човечката власт над срцето, да ја поткопаат неговата моќ на самоконтрола. Тој го наведува човекот да ги раскине сите врски кои го спојуваат во света, среќна заедница со неговиот Творец. Потоа кога ќе се оддели од Бога, страста ја превзема контролата над разумот, нагонот над начелата, и тој станува грешен во мислите и делата, неговиот суд е изопачен, разумот ослабен, и потребна му е обнова која

се постигнува само со обновување во Бога со правилно согледување на самиот себе во светлината на Божјата Реч.

Избегнувајте читање, гледање и слушање на нечисти работи. – Оние кои не сакаат да западнат во стапицата на лукавството на сатаната мора да внимаваат на приодите кон својата душа и да се трудат да не читаат, да не гледаат и да не го слушаат она што наведува на нечисти мисли. Не смее да им се дозволи на мислите да се запираат на секое прашање што би можел да го дошепне непријателот на душите. Срцето мора верно да се чува; инаку надворешното зло буди скпоност кон злото што постои внатре и душата талка во мрак.

Морате да бидете верни чувари на своите очи, уши, и на сите свои сетила ако сакате да го контролирате својот ум и да спречите празни и расипани мисли да ја извалкаат вашата душа. Само силата на благодатта може да ја заврши оваа најпосакувана задача.

Евтини романи и порнографија. Нечистите слики имаат штетно влијание. Романите, кои многумина страсно ги читаат, како последица носат извалкана фантазија.

По вагоните (во тоа време), често се нудат на продажба фотографии од разголени жени. Ваквите одвратни слики исто така можат да се најдат и во салоните на доселениците кои имаат фотографски студија, и кои се прикачуваат и на ѕидовите кај оние кои се бават со резба. Ова е време кога расипаноста пламти насекаде.

Желбата на окото и расипаните страсти се поттикнуваат со гледање и читање… Умот наоѓа задоволство во гледање на призори кои поттикнуваат ниски страсти. Овие лоши призори, кои се гледаат преку извалканата фантазија, го расипуваат моралот и ги подготвуваат измамените, залудени души да ја предадат слободата под власта на блудните страсти. Потоа следуваат гревови и престапи кои ги повлекуваат суштествата кои имаат Божје обличје се пониско и пониско до ниво на ѕверови, туркајќи ги на крајот во самата пропаст. Избегнувајте читање и гледање на она што сугерира нечисти мисли. Култивирајте морални и интелектуални способности.

Умот како одлучувачки фактор. Павле рекол: „Со својот ум му служам на Божјиот Закон“. Ако го затемните овој ум оддавајќи им се на животинските потреби и страсти, моралните способности слабеаттака што светото и обичното се ставаат на исто рамниште.

Мастурбација. Младите и децата од двата пола се обземени од моралната гадост (мастурбацијата) и ја практикуваат оваа овдратна, по душата и телото погубна навика.

Многу христијани по име толку многу се парализирани со оваа иста навика што нивните сетила не можат да се поттикнат да сфатат дека тоа е грев, и доколку се продолжи со тоа сигурно ќе резултира со целосен бродолом на телото и умот. Човекот, најблагородното суштество на земјата, создаден според Божјиот облик, се преобразува во ѕвер! Тој себеси се прави прост и расипан.

Секој христијанин мора да научи да ги воздржува своите страсти и да се контролира според принципите. Доколку не прави така, тој не е доследен да носи христијанско име.

Некои истакнати христијани не го разбираат гревот на мастурбација и нејзините сигурни последици. Долго утврдуваната навика го ослепила нивното размислување. Тие не ја разбираат големата грешност на овој понижувачки грев кој го ослабува системот и ја разорува нервната способност на мозокот.

Моралниот принцип е многу слаб кога ќе дојце во судир со застарената навика. Свечените пораки од небото не можат со поголема сила да влијаат на срцето кое не е утврдено против попуштањето на оваа понижувачка навика. Чувствителните мозочни нерви ја губат својата здрава обоеност низ патолошките возбудувања да се задоволи неприродната желба за сетилна попустливост. Нервите на мозокот кои сообраќаат со целиот систем се единственото средство преку кое Небото може да комуницира со човекот и да го допре неговиот внатрешен живот.

Што и да ја попречува циркулацијата на електричните струи во нервниот систем, ја намалува силата на виталните способности, а последицата е одумирање на сензибилитетот на умот.

Некои деца почнуваат со мастурбација уште во детството; и како годините си одминуваат така нивните блудни страсти се зголемуваат со нивниот раст и се зајакнуваат со нивната сила. Нивните умови се немирни. Девојчињата сакаат да се дружат со момчињата, а момчињата сакат да се дружат со девојчињата. Нивното однесување не е воздржано и скромно. Тие се дрски и наметливи и си дозволуваат непристојна слобода. Навикатаза мастурбација т унижила нивнитеумови ија извапкала нивната душа.

Сексуална активност пред склопување на брак (совет до младите адвентисти на седмиот ден). Мал број искушенија се поопасни и пофатални за младите луѓе од искушенијата на сладострастие, и ништо толку одредено нема да се покаже попогубно за душата и телото, ако му се попушта, за време и за вечност…

Ми беше покажан во нејзино (Н) друштво во ноќните часови; ти најдобро знаеш како и на кој начин се поминати тие часови. Се повика на мене да ти кажам дали си ги прекршил Божјите заповеди. Те прашувам, зар не си ги прекршил?

Како го поминувавте времето заедно ноќ за ноќ? Дали твојот став, твојот однос, твоите склоности беа такви што би посакал да бидат забележани во небесните книги? Видов и чув работи од кои и ангелите би поцрвенеле… Ниеден млад човек не треба да го прави она што ти и го направи на (Н), доколку не е женет со неа; а бев и многу изненадена кога видов дека ова прашање го немаш добро разбрано.

Причината поради којашто сега ти пишувам е молба заради својата душа да не му попушташ повеќе на искушението. Прекини го тоа волшебство кое како ноќен кошмар се надвило над тебе. Отргни се сега и засекогаш, доколку воопшто имаш некаква желба за Божја наклоност…

Таа ноќ си поминал часови во нејзино друштво затоа што и двајцата сте биле залудени. Во името на Господа, престани да и се додворуваш на Н или ожени се со неа… Си можел да се ожениш со неа исто како што си бил во нејзино друштво и си се однесувал онака како што само маж и жена треба да се однесуваат еден кон друг…

Ако во својот живот сакаш да уживаш во друштво на Н, како што тоа сега изгледа, и да бидеш фасциниран сотоа, зошто не истапиш чекор подалеку од оној кој веќе си го направил и себеси да се прогласиш за нејзин законски заштитник и да стекнеш неспорно право на посветување часови во нејзино друштво? Твоите постапки и разговори се навредливи за Бога.

Хомосексуалноста посебен грев на Содом. Ние не сме неупатени за падот на Содом поради расипаноста на неговите жители. Пророкот овде (Езекиел 16:49) укажува на одредени зла кои довеле до деградирање на моралот. Ние гледаме дека истите гревови постојат и денес во светот какви што биле и во Содом кои го навлекле врз него Божјиот гнев, се до неговото конечно уништување.

Гревовите на претпотопната генерација и Содом во пораст. Насекаде се гледаат човечки рушевини, занемарени семејни олтари, разделени семејства. Присутно е чудно напуштање на начелата, снижување на моралните стандарди; гревовите што довеле до излевање на Божјите судови на земјата со потопот и уништувањето на Содом со оган се во постојан раст.

Освојување на денешната црква. Нечистотијата денеска е многу распространета, дуру и помеѓу оние кои се нарекуваат Божји следбеници. Страста не се воздржува; животинските скпоности добиваат сила преку нивно задоволување, додека моралните сили постојано слабеат…

Гревовите кои што ја уништиле претпотопната генерација и градовите од таа рамнина постојат и денес и тоа не само во незнабожечките земји, ниту пак искпучиво помеѓу популарните заговорници на христијанството туку и кај некои кои се изјаснуваат како чекатели на доаѓањето на Синот Човечки. Кога Бог би ви ги покажал овие гревови онака како што тие изгледаат во Неговите очи, вие би биле исполнети со срам и ужас.

Затворање на очи пред светлината. Попуштањето на ниските страсти ќе наведе многумина да ги затворат очите пред светлината, затоа што се плашат дека ќе ги видат гревовите кои не сакаат да ги на-

пуштат. Сите можатда видатако сакаат. Ако повеќе ја избераттемнината отколку светлината, нивниот престап нема да биде ништо помал.

Зошто мажите и жените не читаат и не се запознаваат со она што толку многу се однесува за нивните физички, интелектуални и морални сили? Бог ви дал живот да се грижите за него и да го одржувате во најдобра состојба за Негова служба и слава. Вашите тела не се ваша сопственост.

В. РАМНОТЕЖА И ПОБЕДА

(Зборови на ветување и надеж)

Искреното покајание и одпучниот напор се неопходни. Оние кои ги расипуваат сопствените тела не можат да уживаат во Божјата наклоност додека искрено не се покајат, не спроведат целосна реформа, и не покажат совршена светост во Божји страв.

Единствена надеж за оние кои поседуваат зли навики е засекогаш да ги остават ако му придаваат каква и да е вредност на моменталното здравје и идното спасение. Кога на овие навики им се попушта долго време, потребен е одлучен напор да се одбие искушението и да се отфрли расипаната попустливост.

Контролирање на фантазијата. Фантазијата мора одлучно и постојано да се контролира за страстите и склоностите да му бидат потчинети на разумот, совеста и карактерот.

Потчинети на Божјата волја. Секој кој има какво и да е вистинско чувство за тоа што значи да си христијанин, знае дека сите Христови следбеници како Негови ученици се обврзани да ги доведат сите свои страсти, сите физички сили и ментални способности во совршена покорност на Неговата волја. Оние со кои господарат страстите не можат да бидат Христови следбеници. Тие премногу и се посветиле на службата на својот господар, зачетникот на секое зло, за да ги напуштат своите расипани навики и да ја изберат Христовата Служба.

Мислите пресуден фактор. Нечистите мисли водат кон нечисти дела. Ако Христос е тема на размислување, мислите ќе бидат целосно одвоени од секакви нешта кои би воделе кон нечисти дела. Умот ќе зајакне бавејќи се со возвишени нешта. Ако се вежба да се одржи во каналот на чистотата и светоста, ќе стане здрав и свеж. Ако се вежба да се бави со духовни теми, природно ќе се стреми во тој правец. Но оваа приврзаност на мислите кон небесните нешта не може да се стекне без покажување вера во Бога и сериозно, понизно потпирање на Него за сила и благодат кои ќе бидат доволни за сите потреби.

Гревот на мечтаење. Вие сте одговорни пред Бога за своите мисли. Кога му се предавате на празното мечтаење, дозволувајќи му на умот да се занимава со нечисти работи, вие, во извесна мера, сте виновни пред Бога како вашите мисли да се веќе спроведени на дело. Се што го спречува тоа дело е недостаток на соодветна можност.

Доведување на мислите под контрола. Вие треба да ги контролирате своите мисли. Тоа нема да биде лесна задача; вие не можете да ја извршите без темелен и сериозен напор…

Не само што Бог бара да ги контролирате своите мисли, туку исто така и своите страсти и скпоности. Вашето спасение зависи од тоа како се управувате спрема тие нешта. Страста и склоноста се моќни фактори. Кога погрешно ќе се применат, кога делуваат преку погрешни побуди, кога ќе се стават на погрешно место, во состојба се да ја произведат вашата пропаст и да ве остават како бедна рушевина, без Бога и без надеж.

Прикриените мисли стануваат навика. Прикриените нечисти мисли стануваат навика, а душата се ранува и валка. Со еден чин на погрешна акција нанесена е дамка која ништо не може да ја исчисти освен Христовата крв; и ако таа навика не се напушти со цврста одлучност, душата се расипува, а потоците кои течат од тој загаден извор ги расипуваат и другите.

Правилно контролирани мисли. Ние мораме да му придадеме голема важност на исправното контролирање на своите мисли, затоа што таквата контрола ги подготвува умот и душата да работат складно за Творецот. Неопходно е заради мирот и среќата во овој живот своите мисли да ги насочиме кон Христос. Човекот е она што мисли за себе. Нашиот напредок во моралната чистота зависи од правилното мислење и исправното постапување…

Лошите мисли ја разоруваат душата. Божјата преобразувачка сила го менува срцето, гм разубавува и ги прочистува мислите. Доколку не се направи одличен напор да се задржат мислите насочени кон Христос, благодатта не може да се открие во животот. Умот мора да се вкпучи во духовната благодат. Секоја мисла мора да се доведе во послушност на Христа. Секоја навика мора да се доведе под Божја контрола.

Нам ни е потребно постојано чувство на облагородена сила, чисти мисли и свесност за штетнсгго впијание од лошите мисли. Да ги насочиме своите мисли кон она што е свето. Нека тие бидат чисти и искрени, зошто единствената сигурност за душата е исправното размислување. Ние мораме да го користиме секое средство кое Бог ни го оставил достапно за владеење и култивација на своите мисли. Мораме да ги доведеме своите умови во склад со Неговиот ум. Неговата вистина ќе ги посвети телото, душата и духот, и ќе бидеме оспособени да се издигнеме над искушението.

Исхраната важен фактор. Не може премногу да се нагласи тоа дека што и да се внесе во нашиотжелудник не влијае само на телото туку исто така влијае и на умот. Тешката и надразнувачка храна ја возбудува крвта, го надразнува нервниот систем и често ја затапува моралната чувствителност така што разумот и совеста се преоптеретуваат со телесни нагони. Тешко е, и често невозможно, за оној кој е неумерен во исхраната да покаже трпение и самоконтрола.

Месото ги поттикнува и зајакнува ниските страсти. Месо не треба да се става пред нашите деца. Неговото влијание ги поттикнува и зајакнува ниските страсти, и има тенденција на умртвување на моралните сили. Житарките и овошјето приготвени без маснотли и колку што е можно во поприродна состојба треба да бидатхрана на сите трпези на оние кои тврдат дека се подготват за преобразување за небото. Колку што храната е помалку надразлива, страстите можат полесно да се контролираат. Задоволувањето на вкусот не треба да се смета како независно од физичкото, интелектуалното или моралното здравје.

Умртвете го искушението. Ниските страсти имаат свое седиште во телото и делуваат преку него. Зборовите тело или телесно или блудни страсти ја подразбираат ниската, расипана природа; телото само по себе не може да делува наспротм Божјата волја. Наредено ни е да го распнеме телото, со скпоностите и страстите. Како да го направиме тоа? Дали ќе го измачуваме телото? Не; туку да го умртвиме искушението на грев.

Расипаните мисли треба да се исклучат. Секоја мисла треба да се доведе во покорност на Исус Христос. Животинските склоности треба да се потчинат на возвишените сили на душата. Божјата љубов мора надмоќно да владее; Христос мора да го заземе престолот неподелен. На нашите тела мора да се гледа како на Негова сопственост. Членовите на телото мораат да станат оружје на праведноста.

Да се заменат нечистите сугестии со чисти, возвишени мисли. – Умот мора да се задржува во размислување за чисти и свети нешта. Нечистите сугестии мораат веднаш да се истераат, а на нивно место треба се примаат чисти, возвишени мисли, свето размислување, стекнувајќи при тоа се повеќе знаења за Бога вежбајќи го умот да размислува за небесното. Бог има едноставни средства отворени за секој поединечен случај, доволни за да ја осигураат големата цел, спасението на душите.

Решете се да достигнете голем и свет стандард; поставете ја високо својата цел; работете со сериозна намера, како што тоа го правел Даниел, постојано, одлучно, и ништо што непријателот може да го направи нема да го спречи вашиот напредок. И покрај неприликите, промените, потешкотиите, можете постојано да напредувате во менталната свежина и моралната сила.

Не создавајте опасност. Секоја несвета страст мора да се држи под контрола на посветениот разум преку благодатта која Бог во изобилство ја дава за секоја потреба. Но нека не се прави никаква подготовка во создавањето на потребата, нека не се става доброволно во положба каде може да се биде нападнат со искушение, и нека не им се дава ни најмала можност на другите да мислат дека сме виновни за непромисленост.

Држете се подалеку од работ на бездната. Не гледајте колку блиску можете да дојдете до работ на бездната и да останете безбедни. Избегнете го првото приближување на опасноста. Не можеме да си играме со интересите на душата. Вашиот капитал е вашиот карактер, Чувајте го како златна ризница. Моралната чистота, самопочитувањето, големата сила на отпор, мораат одлучно и постојано да се пазат…

Нека никој не мисли дека може да победи без Божја помош. Вие мора да имате енертја, сила, моќна внатрешен живот развиен во себе. Тогаш ќе донесете плодови на побожност и силно противење против порокот. Мора постојано да се трудите да избегнувате земски, евтин разговор, од се што е телесно, и да тежнеете кон облагородување на душата и кон чист и неизвалкан карактер, Вашето име може да се сочува толку чисто што ќе биде невозможно да се поврзе со нешто што е нечесно или неправедно туку ќе почитува се што е добро и чисто, и ќе може да биде напишано во Јагнетовата книга на животот.

Умот под контрола на сатаната или Христос. Кога умот не е под директно влијание на Божјиот Дух, сатаната може да го обликува по своја желба. Сите сили на разумот кои ги контролира тој ќе ги обесчести. Тој му е директно спротивставен на Бога во своите вкусови, погледи, предности, симпатии и антипатии, во изборот на работите и целите; нема љубов кон она што Бог го сака или одобрува, туку ужива во она што Тој го презира…

Ако Христосживее во срцето, Тој ќе биде присуген во сите наши мисли. Нашите најдлабоки размислувања ќе се однесуваат на Него, Неговата љубов, Неговата чистота. Тој ќе ги исполни сите делови од умот. Нашите склоности ќе се групираат околу Исус. Сите наши надежи и очекувања ќе бидат здружени со Него. Животот кој ние сега го живееме го живееме со верата во Божјиот Син, чекајќи и копнеејќи по Неговата појава, и тоа ќе биде најголема радост за душата. Тој ќе биде круна на нашата радост.

Доживотна будност. Се додека живототтрае постои потреба за стражарење над скпоностите и страстите со силна намера. Постои внатрешна расипаност, постојат надворешни искушенија, и таму каде што Божјето дело напредува, сатаната така ги поставува околностите да искушението дојде со надмоќна сила на душата. Ние може да бидеме сигурни во секој момент само кога се потпираме на Бога, додека животот е сокриен со Христа во Бога.

Бог подготвува еден народ. Божјиот народ не само што мора да ја познава Неговата волја, туку треба и да ја твори. Мнозина такви кои ја знаат вистината ќе бидат изрешетани затоа што не биле посветени со неа. Вистината мора да се всели во нивните срца, посветувајќи ги и чистејќи ги од секоја световност и телесност во најинтимниотживот. Храмот на душата мора да биде очистен. Секој таен акт е како да сме во присуство на Бога и светите ангели, како да е се отворено пред Бога, и од Него ништо не може да биде сокриено…

Бог прочистува еден народ за да има чисти раце и чисти срца кога ќе застане пред Него на судот. Стандардот мора да се воздигне, мечтата да се прочисти, залуденоста натискана околу понижувачките навики мора да се напушти, а душата да се воздигне кон чисти мисли и свети навики. Сите оние кои ќе ја издржат пробата која е непосредно пред нас ќе бидат учесници во божествената природа, бегајќи, а не учествувајќи во, расипаноста која што е во светот преку похотта.

Сподели го ова:

Similar Posts