Глава 81 Безбедна терапија на умот
Правила на употреба на менталното влијание. Во третманот на болниот, менталните влијанија не треба да се превидат. Кога правилно се користи, ова влијание е еден од најдобрите фактори за борба против болеста.
Совет до еден лекар. На тие бедни, ожалостени души со кои сте доаѓале во контакт им било потребно поголемо внимание отколку што го примале. Во ваша моќ е да ги охрабрите да гледаат на Исуса и со гледање да се променат во Негово обличје.
Сигурност во постојана борба против лошите замисли. Секој кој сака да биде соучесник во божествената природа нека го цени фактот дека мора да ја одбегне расипаноста која е на светот низ страстите. Мора да постои непрестана, сериозна борба на душата против лошите замисли на умот. Мора да постои цврстина во одбивањето на искушението за грев во мислите или делата. Душата мора да се чува од секоја нечистотија, преку вера во Оној Кој може да ве сочува од пад.
Ние треба да размислуваме за Светите Списи, трезвено и отворено да размислуваме за работи кои се однесуваат на нашето вечно спасение. Бесконечната милост и љубовта Исусова, жртвата поднесена во наша корист, повикуваат на најсериозни и најсвечени мисли. Ние треба да се занимаваме со карактерот на нашиот мил Откупител и Посредник. Ние треба да настојуваме да го разбереме значењето на планот на спасение. Треба да размислуваме за мисијата на Оној кој дошол да го избави Својот народ од неговите гревови.
Со непрестано размислување на небесните теми, нашата вера и љубов јакнеат. Нашите молитви ќе бидат се поприфатливи за Бога затоа што се повеќе и повеќе ќе се мешаат со вера и љубов. Тие ќе бидат се поразумни и пооглени. Ќе посгои постојана доверба во Исуса, и вие ќе имате секојдневно, живо искуство во волјата и моќга Христова во целост да ги спаси сите кои преку Него доаѓаат кон Бога.
Душите освежени од контактот со Бесконечниот. Ние треба да го набљудуваме Бога во природата да го проучуваме Неговиот карактер во делата на Неговите раце. Умот јакнее со запознавањето со Бога, Неговите особини во работите кои ги создал. Додека ја набљудуваме убавината и големината во делата на природата, нашата приврзаност тежнее кон Бога; и иако душите ни се исполнети со стравопочитување а духот потчинет, нашата душа е освежена со доаѓањето во контакг со божественоста преку Неговите чудесни дела. Заедницата со Бога преку понизна молитва ги развива и јакнее менталните и моралните способности, а духовната моќ расте со задржување на мислите на духовните работи.
Да се чуваат пристапите кон душата. Апостолот настојувал да ги поучи верниците колку е важно да се чува умот од талкање во забранетите теми или трошењето на неговата енергија на ништожни предмети. Оние кои не сакаат да паднат како жртви на сатанските заблуди мораат добро да ги чуваат пристапите кон душата; мораат да одбегнуваат читање, гледање и слично на тоа што ќе сугерира нечисти мисли. На умот не треба да му се дозволи несомнено занимавање со секакви предмети кои непријателот на душата може да ги предложи.
Срцето мора верно да се чува, или надворешните зла ќе ги разбудат внатрешните, и душата ќе талка во темнина.
Ефект на лична атмосфера. Влијанието на мислите и делата го опкружуваат секој човек исто како невидливата атмосфера, која несвесно ја вдишуваат сите кои доаѓаат во контакт со неа. Оваа атмосфера честопати е презаситена со отровно влијание, и кога се вдишува, моралната изопаченост е сигурна последица.
Опкружени со атмосфера на светлина и мир. Христос направил се за Неговата црква да биде преобразено тело, осветлена со Светлината на светот, поседувајќи ја славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да биде опкружен со духовна атмосфера на светлина и мир. Тој сака да ја откриеме Неговата радост во своите животи.
Пребивањето на Духот ќе се покаже со излевање на небесната љубов. Божествената полнина ќе протечува низ посветените човечки орудија, за да се пренесе на другите.
Постојана зависност од Бога. Мнозина се неспособни да направат одредени планови за иднината. Нивниотживот е непостојан. Тие не можат да го согледаат исходот на работите, и тоа честопати ги исполнува со загриженост и немир. Да запомниме дека животот на Божјите деца на овој свет е живот на патник. Ние немаме мудрост да ги планираме своите животи. Не е наше да ја обликуваме иднината. „Со вера Аврам, кога бил повикан да излезе во место кое подоцна ќе го прими за наследство, послуша; и излезе, не знаејќи каде оди“ (Евреите 11:8)
Христос во Својотживот на земјата не правел планови за Себе. Тој ги прифатил Божјите планови за Себе, и ден по ден Таткото ги откривал Своите планови. Така и ние треба да зависиме од Бога за нашиотживот да може да биде едноставен израз на Неговата волја. Кога ќе му т предадеме своите патишта, Тој ќе ги насочува нашите чекори.
Вредноста на стручната терапија. Покажано ми е дека би се покажало како корисно за најголем број на пациенти вклучувањето во полесна работа, и дури поттикнувањето на тоа, отколку да ги охрабруваме на неактивност и бесполезност. Ако моќта на волјата се одржи активна да ги разбуди заспаните способности, тоа ќе биде од најголема помош во обновувањето на здравјето. Отстранете ја сета онаа работа со која биле оптоварени целиот свој живот, и од девет од десет случаи таа промена ќе биде штетна.
Ова се покажало како точно во случајот на мојот сопруг. Покажано ми е дека физичката активност на отворено е многу покорисна од активноста во затворен простор; но ова ако не може да се оствари, лесното запослување во домот би го преокупирал и одвратил умот и спречил да се занимава со симптомите и малите неугодности, и исто така би го превентирал копнежот за дома (носталгијата).
Добро осмислена физичка вежба. Кога инвалидите немаат ништо што би им го преокупирало времето и вниманието, мислите се насочуваат на нив самите, и тие стануваат морбидни и надразливи. Многу пати се занимаваат со своите лоши чувства додека не почнат да мислат многу полошо за себе отколку што навистина се и стануваат потполно неспособни да направат било што.
Во сите овие случаи добро осмислената физичка вежба би се покажала како делотворно средство за лечење. Во некои случаи таа е неопходна за обновувањето на здравјето. Волјата ја следи работата на рацете; и она што на овие инвалиди им е потребно е пробудување на волјата. Кога волјата е заспана, имагинацијата станува ненормална, и болеста е невозможно да се спречи.
Тешењето на другите му донесува утеха на утешителот. Честопати се сигерира посредничка молитва за неволниот, за ожалостениот, за обесправениот; и тоа е исправно. Ние треба да се молиме Бог да внесе светлина во затемнетиотум и да го утеши ожалостеното срце. Но Бог одговара на молитвите на оние кои се ставаат во каналот на Неговите благослови. Додека принесуваме молитва за ожалостените, треба да ги охрабруваме да се обидат да им помогнат на оние кои се во поголема неволја од нив самите. Темнината ќе ја снема од нивните сопствени срца додека се обидуваат да помогнат на другите. Додека настојуваме да ги утешиме другите со утеха со која самите сме утешени, благословот се враќа на нас.
Одмор и обнова (совет на авторот до нејзиниот син). Имам збор за тебе. Зар нема да се обврзаш дека нема повеќе да слабееш и да го нарушуваш Господовиотхрам работејќи кога ти е потребен одмор? За да имаш исправни мисли и за да говориш исправни зборови мораш да го одмориш мозокот. Не се одмараш доволно. Уморниот мозок и нерви би се освежиле кога би направил промена во тој поглед…
Мораме да учиме внимателно да се дисциплинираме себеси, одбивајќи да го направиме она што би ја ослабнало физичката, менталната и моралната сила. Потребен ти е јасен, и трпелив ум, кој ќе поднесе се што ќе излезе. Практикувај ја верата, а последиците препушти му ги на Бога. Кога ќе дадеш се од себе, биди храбар. Верувај, верувај, и цврсто држи се. Непријателот ќе се обиде да те наведе да направиш некое движење кое значи пораз, но немој тоа себеси да си го дозволиш. Не можеш да си дозволиш правење на неодредени движења. Потребноти е влијание кое ќе го стекнеш со откривање на мудроста и дискрецијата.
Релаксацијата и одморот се неопходни. Ми беше покажано дека празнувачите на саботата како народ работат премногу без да си дозволат себеси промена или период за одмор. Рекреацијата им е потребна на оние кои се вкпучени во физичка работа, а уште побитна на оние чија цела работа воглавно е ментална. Не е неопходно за нашето спасение или за Божјата слава умот непрекинато и претерано да работи, дури и на верските теми.
Постојат разоноди како играњето, играње карти, шах, табла итн кои ние не можеме да гм одобриме затоа што Небото ги осудува. Овие забави отвораат врата за големо зло. Тие не слижат на корист, туку имаат возбудувачко влијание, продуцирајќи во некои умови страсти за оние игри кои водат кон коцкање и расипништво. Христијаните треба да ги осудат сите такви игри и треба да ги заменат со нешто совршено безопасно.
Неопходни се индивидуални напори. Кај жртвите на лошите навики мора да се разбуди свеста од неопходност да вложат напори за самите себе. Други можат да вложуваат најсериозни напори да ги подитат, Божјата благодат може да им биде богато понудена, Христос може да се моли и да се залага кај Таткото за нив, Неговите ангели можат да ја вршат својата служба штитејќи ги, но сето тоа ќе биде напразно доколку самите не се разбудат и не поведат борба за себеси…
Чувствувајќи ја ужасната сила на искушението, привлечноста на желбата која бара да биде задоволена, многу луѓе извикуват во очај: „Јас не можам да се спротиставам на злото.“ Кажете му дека може и мора да му се спротистави. Може да се случи да биде повторно и повторно совладан, но не мора секогаш да биде така. Неговата морална сила е слаба, контролирана од навиките на животот во грев. Неговите ветувања и одлуки се како јаже од песок. Свеста за неисполнетите ветувања и прекршените завети ја ослабнува неговата доверба во својата сопствена искреност и заради тоа чувствува дека Бог не може да го прифати ниту да ги потпомогне неговите напори. Но не треба да очајува.
Целта е неопходна. Успех во било кој правец бара одредена цел. Оној кој сака да постигне вистински успех во животот мора постојано да ја има во вид целта која е вредна за неговиоттруд. Таква цел е поставена пред денешната младина.
Најголема култура на умот. Знаењето за Бога се стекнува од Неговата Реч. Есперименталното знаење за вистинската побожност во секојдневната посветеност и служба на Бога, осигурува најголема култура на умот, душата и телото; а оваа посветеност на сите наши сили на Бога го спречува самовоздигнувањето. Таа додела на божествената сила го наградува нашето искрено тежнеење за мудрост за свесно користење на нашите најголеми способности да го прославиме Бога и да ги благословиме своите ближни. Кога овие способности се црпат од Бога, и не се создаваат сами, треба да ги цениме како таленти од Бога за употреба во Неговата служба.
Позитивните доблести го унапредуваатздравјето. Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта го унапредуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволниот ум и бодриот дух се здравје за телото и сила за душата. „Веселото срце дејствува како лек“ (Изреки 17:22).