Глава 63 Имагинација
Христос ја користел имагинацијата. Преку имагинацијата Тој (Христос) допирал до срцата. Неговите илустрации биле земани од нештата на секојдневниотживот, и иако биле многу едноставни, во себе имале чудесна длабочина на значењето. Небесните птици, криновите во полето, семето, пастирот и овците со овие поими Христос ги прикажувал бесмртните вистини; и секогаш потоа кога Неговите слушатели биле во можносттие нешта да ги видат во природата, си спомнувале за Неговите поуки. На тој начин Христовите поуки непрекинато се повторувале преку едноставните примери.
Христос никогаш не им ласкал на луѓето. Тој никогаш не им говорел за она што би поттикнало кај луѓето склоности кон илузии и вообразба, ниту ги фалел нивните остроумни пронајдоци; но длабоките мислители без предрасуди ги примале Неговите учења и откривале дека тоа ја испробувало нивната мудрост. Тие се чуделе на духовните вистини изразени со наједноставен јазик.
Должност е да се контролира имагинацијата. Малку луѓе се свесни дека им е должностда вршатконтола врз мислите и иматнацијата. Тешко е да се задржи недисциплинираниотум сконцентриран на профитабилни предмети. Но ако мислите не се ангажираат како штотреба, тогаш религијата не може да напредува во душата. Умот мора да биде презафатен со свети и вечни рабити, или ќе одгледува ништожни и површни мисли. И интелектуалната и моралната моќ мора да се дисциплинира, и тие ќе се зајакнат и унапредат преку користење.
Болеста понекогаш произведена од имагинација. Болеста понекогаш се произведува и многу се влошува по пат на имагинацијата. Многумина доживотни инвалиди би можеле да бидат добри само тогаш кога би мислеле така. Мнозина си замислуваат дека секое незначително изложување ќе предизвика болест, и лошите ефекти произлегуваат само затоа што се очекуваат. Мнозина умираат од болест чија причина е целосно во имагинацијата.
Изопачена имагинација. Од тоа што ми покажа Господ, жени од овој вид (оние со преголем концепт за својот квалитет) ја изопачиле својата имагинација од читање на романи, од мечтеење, и градење кули во воздух -живеејќи во еден имагинарен свет. Тие не ги симнале сопствените идеи до обичните, корисни животни должности. Тие не го преземале животното бреме кое лежело на нивната патека и не настојувале да го направат домот среќен и радосен за своите сопрузи. Тие им го препуштале сиот нивен товар, не носејќи го сопственото бреме. Тие очекуваат другите да ги согледаат нивните потреби и да работат за нив, додека самите се слободни да приговараат и сомничат како сакаат. Овие жени имаат болен сентиментализам, постојано мислејќи дека не се ценети, дека нивните сопрузи не им го подаруваат сето внимание кое го заслужуваат. Тие самите се замислуваат себеси како маченички.
Совет на еден човек со болна имагинација. Видов дека Бог ти дал светлина и искуство да ја согледаш грешноста на избувливиот дух и да ги контролираш своите страсти. Доколку занемариш да правиш така, извесно е дека ќе го пропуштиш вечниот живот. Мораш да ја надвладееш оваа болест на имагинацијата.
Ти си крајно чувствителен и ако се каже нешто спротивно на курсот кој го следиш, ти се навредуваш. Чувствуваш дека си бламиран и дека мора да се браниш, да го спасиш својот живот; и во своите срдечни напори да го сочуваш животот, ти го губиш. Ти мора да ја извршиш задачата на умирање за себеси и да негуваш дух на долготрпеливост и трпеливост. Престани да мислиш дека ти се прави зло и неправда, дека некој се обидува да те потисне или повреди. Ти гледаш со лажпиви очи. Сатаната те наведува на овие изопачени погледи на нештата.
Разумот под контрола на имагинацијата. Ти си во состојба да ја контролираш својата иматнација и да ги надвладееш овие нервни напади. Имаш моќ на волјата и треба да ја повикаш на помош. Ова не си го направил, туку си допуштил на својата многу активна фантазија да го контролира разумот. Во ова си го ожалостил Божјиот Дух. Да немаше сила над овие чувства, тоа не би било грев; но не е одговор на тој начин да му се предадеш на непријателот. Твојата волја мора да се посвети и потчини наместо да се постројува во опозиција на она што е од Бога.
Исхраната влијае врз мислите. Неумереноста започнува на нашите трпези со употреба на нездрава исхрана. По одредено време, низ постојано попуштање, органите за варење стануваат се послаби и земената храна не го задоволува апетитот. Се воспоставува нездрава состојба и се појавува желба за стимулативна храна. Чајот, кафето и месните производи произведуваат моментален ефект. Под влијание на овие отрови нервниот систем се возбудува и во некои случаи, за одредено време, се мисли дека разумот е поткрепен а имагинацијата побујна.
Влијанието на чајот, кафето и на останатите популарни пијалоци.
Чајот делува како стимуланс и во одредена количина, предизвикува труење. Дејството на кафето и на многу останати популарни пијалоци е слично. Првиот ефект е расположеност. Нервите на желудникот се возбудени; и тие ја пренесуваат дразбата кон мозокот, а овој за возврат предизвикува забрзана работа на срцето и краткорочна енергија на целиот систем. Се заборава на заморот, а силата изгледа како зголемена. Разумот се буди и имагинацијата станува побујна.
Популарните оживувања и имагинацијата. Популарните оживувања премногу често се спроведуваат со повикување на имагинацијата, со возбудување на емоциите, со задоволување на љубовта кон она што е ново и сензационално. Обратениците придобиени на тој начин имаат малку желба да ја слушаат библиската вистина, мал интерес за сведоштвото на пророците и апостолите. Доколку верската служба нема нешто од сензацонален карактер, таа за нив нема привлечност. Пораката која се апелира на нестраствениот разум не буди на одговор. Јасните предупредувања на Божјата Реч, кои директно се однесуваат на нивните вечни интереси, не се слушаат.
Театрите ја изопачуваат имагинацијата. Помеѓу многуте опасни прибежишта за задоволства е и театарот. Наместо да биде училиште на моралот и благородноста, како што честопати се тврди, тоа е легло на неморалот. Порочните навики и грешната накпоност зајакнуваат и се потврдуваат со овие забави. Ниските песни, непристојните гестови, изрази и ставови ја расипуваат имагинацијата и го унижуваат моралот. Секоја млада личност која по навика ги посетува овие претстави ќе биде расипана во начелата.
Нема во нашата земја помоќно влијание за да ја затруе имагинацијата, да ги разори религиозните впечатоци, да ја затапи љубовта кон мирните задоволства и трезвената реалност на животот од театарското забавување. Љубовта кон овие сцени се зголемува со секое попуштање, исто како што желбата за отровни пијалоци јакнее со употреба. Единствен и сигурен курс е да се тргнете од театарот, циркусите и секое друго сомнително место за забава.
Фикцијата создава имагинарен свет. Си се предавала на читање романи и раскази се додека не си почнала даживееш во еден имагинарен свет. Влијанието на таквото читање е погубно како за умот така и за телото; тоа го слабее разумот и носи страшно оптоварување на физичката сила. Од време на време твојот ум едвај бил нормален затоа што твојата имагинација била превозбудена и болна со читање на измислени приказни. Умот треба така да се дисциплинира што сите негови моќи скпадно ќе се развиваат…
Доколку имагинацијата непрекинато се храни и стимулира со фиктивна литература, таа наскоро ќе стане тиранин кој ќе ги контролира сите останати способности на умот и ќе предизвика вкусот да стане непостојан а скпоностите изопачени.
Читањето влијае на мозокот. Лично сум се запознала со некои кои ја изгубиле здравата живост на умот преку погрешни навики на читање.
Тие одат низ животот со болна имагинација, зголемувајќи ја секоја мала жапост. Работите кои здравиот, способен ум не би ги ни забележал за нив стануваат неподносливи искушенија и непремостливи препреки. Животот за нив е постојано во сенка.
Гледањето ја расипува имагинацијата. Ова е време кога расипаноста секаде прелива. Желбата на очите и расипаните страсти се побудуваат со гледање и читање. Срцето се расипува преку мислите. Умот ужива во набљудување на сцени кои ги будат ниските страсти. Овие зли слики, кои се гледаат преку расипаната имагинација, го расипуваат моралот и ги подготвуваат заблудените, залудени суштества да ги разуздаат бпудните страсти. А потоа следат гревови и злодела кои ги влечат луѓето кои се создадени по Божјето обличје до ниво на животните, одвлекувајќи ги на крајот во пропаст.
Избегнувајге читање и гледање на тоа што сугерира на нечисти мисли. Култивирајте ги моралните и интелектуалните способности. Не допуштајте овие моќи да ослабнат и да се изопачат со непримерно читање дури и на приказни. Познавам некои силни умови кои станале неурамнотежени и делумно отапени, или парализирани, со неумереност во читањето.
Мастурбација и имагинацијата. Кога луѓето се предаваат на навиката на мастурбација, невозможно е да се разбудат нивните морални чувства за да ги ценат вечните работи или да уживаат во духовни активности. Нечистите мисли ја обземаат и контролираат имагинацијата и го фасцинираатумот, а потоа следи скоро неконтролиранажелба за вршење на нечисти дела. Доколку умот би се воспитал да размислува на возвишени предмети, а имагинацијата тренирала да набљудува чисти и свети работи, би била утврдена против овие грозни, понижувачки по душата и телото погубни попуштања. Таа, низ обука, би се навикнала да се задржува на она што е возвишено, небесно, чисто и свето, и не би била привлечена на овие ниски, расипани и подмолни попуштања.
Умственото мечтаење води кон самовозвишување. -Доколку мислите, мечтаењето на умот, се од големите намери во кое фигурира своето јас, во зборовите и постапките ќе се открие самофалење и воздигнување на себеси. Овие мисли не се такви кои ќе водат кон блиска заедница со Бога. Оние кои делуваат без промислено размислување, не постапуваат мудро. Тие прават повремени напори, се управувааттука и таму, се фаќаат за ова или она, но тоа не води никаде. Тие личат на лоза; нејзините ластари неизвежбани препуштени да лутаат по сите правци ќе се фатат за секое ѓубре кое им е на дофат; но пред лозата да може да биде од било каква корист, овие врзувалки мораат да се отргнат од работите за кои се зафатиле и да се истренираат да се обвиваат околу она што ќе ги направи милни и добро обликувани.
Контролирање на имагинацијата. Кога би го обучувала својот ум да се занимава со возвишени предмети, размислувајќи за небесните теми, би можела да направиш многу добро. Би можела да имаш влијание врз умовите на останатите да ги пренасочат своите себични мисли и светољубивите склоности во каналот на духовноста. Доколку твоите склоности и мисли бидат доведени во покорност на Христа, би била способна да правиш добро. Имагинацијата ти е унижена затоа што си и дозволила да тече по забранетиот канал, да стане занесена. Мечтаењето и романтичното градење кули во воздух те онеспособиле да бидеш корисна. Ти живееш во светот на имагинацијата; си станала замислена маченичка и замислен христијанин.
Држете се понастрана од сатанското маѓепсано тло (совет до едно егоцентрично семејство). Треба да се држите понастрана од сатанското маѓепсано тло и да не им допуштате на своите умови да бидат поколебани од својата преданост на Бога. Низ Христа можете и треба да бидете среќни и треба да стекнете навики на самоконтрола. Дури и вашите мисли мораат да се доведат во подреденост на Божјата волја и вашите чувства под контрола на разумот и религијата. Имагинацијата не ви е дадена да и се попушта да биде разуздана и има своја сопствена патека без никакви напори на зауздување или дисциплина. Ако мислите се погрешни тогаш и чувствата ќе бидат грешни; а комбинацијата на мисли и чувства го сочинуваат моралниот карактер. Кога ќе одлучите дека од вас како христијани не се бара да ги зауздувате вашите мисли и чувства, тогаш доаѓате под влијанието на лошите ангели и го повикувате нивното присуство и нивната контрола. Ако им се предадете на своите впечатоци и им дозволите на своите мисли да запловат во каналот на сомнежот, недоумицата и незадоволство, ќе бидете помеѓу најнесреќните смртници и вашиотживот ќе се покаже како промашен.
Да се гледа животот онаков каков што е. Доколку не го гледаш животот онаков каков што е, не ги отфрлаш тие блескави слики од имагинацијата и се спуштиш до трезвените поуки на искуството, ќе се разбудиш кога ќе биде премногу доцна. Тогаш ќеја разбереш страшната грешка која си ја направила.
Лакомоста создава замисмислени потреби. Случајот на братот И е страшен. Овој свет е негов бог; тој ги обожува парите… Нему не му е потребен укор од никого туку сожалување од сите. Неговиот живот бил страшна грешка. Тој пател од замислена потреба за пари а бил опколен со изобилство. Сатаната го присвоил неговиотум и возбудувајќи го органот на лакомоста, го залудил по овој предмет. Повозвишените, поблагородните сили на неговото битие доведени се во многу голема подреденост на оваа скржава и себична особина.
Негова единствена надеж е да се скршат овие сатански окови и да се надвладее ова зло во неговиот карактер. Тој тоа се обидел да го направи работејќи нешто по сопствена совест, но тоа не било доволно. Ова просто вложување на голем напор и разделување од својот мамон, цело време имајќи чувство дека се разделува од сопствената душа, не е плод на вистинската религија.
Тој мора да го увежбува својот ум за добри дела. Тој мора да се утврди против својата склоност за стекнување. Тој мора да ги вткае добрите дела во целиот свој живот. Тој мора да негува љубов за правење на добри дела и да се воздигне над ситничавиот и скржав дух кој го негувал.
Суеверието потекнува од имагинацијата. Твоето искуство ми беше покажано како недоверливо затоа што се коси со природните закони. Ова е во судир со непроменливите начела на природата. Суеверието, моја драга сестро, кое потекнува од болната иматнација, те постројува наспроти науката и начелата. На што да се покориш? Твоите предрасуди и сите идеи во поглед на она кој курс е најдобар за следење поврзано со тебе само долго време те задржувало од доброто. Со години сум го разбирала твојот случај но сум се чувствувала некомпетентна да ти ја образложам работата на така јасен начин што би можела да ја увидиш и разбереш и практично да ја примениш светлината која ти е дадена.
Мајките и имагинацијата. Покажани ми беа мајки кои ги води болна имагинација, влијание кое се чувствува на мажот и децата. Прозорите мораат да се чуваат затворени само затоа што мајката го чувствува воздухот. Ако и е ладно и уште дојде до промена во нејзиното облекување, таа мисли дека и децата мора да бидаттретирани на ист начин, и така целото семејство се лишува од физичка отпорност. Сите се под влијание на еден ум, физички и ментално повредени од болниот ум на една жена, која себеси се смета за критериум за целото семејство…
Луѓето на себе навлекуваат болест со своите погрешни навики; сепак наспроти светлината и знаењето, тие остануваат верни на сопствениот курс. Тие вака резонираат: „Зар не сме ја испитале оваа работа? И зар не сме ја разбрапе врз основа на искуството? Но искуството на личности чија имагинација е погрешна и не треба да има голема тежина за било кого.
Запрегање на умот. Сите се слободни морални посредници, и како такви тие мораат своите мисли да ги воведат во правилен канал. Ова е широко поле по кое умот може безбедно да шета. Ако сатаната настојува умотда го одврати кон ниските и сензуални работи, вратете го повторно назад и насочете го кон вечните работи; и кога Господ ќе види дека се прават одлучни напори да се задржат само чистите мисли, Тој како магнет ќе го привлече умот, чистејќи ги мислите и оспособувајќи ги да се очистат од секој таен грев. „Да ја отфрлиме секоја имагинација и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и да ја донесеме секоја мисла во покорност на Христа“ (2. Коринтјаните 10:5).
Прва задача на оние кои би сакале да се реформираат е да ја очистат имагинацијата. Ако умот отиде во порочен правец, тој мора да се ограничи да се занимава само со чисти и возвишени предмети. Кога сте искушувани да се одадете на расипаната имагинација, тогаш прибегнете кон престолот на благодатта и молете се за сила од небото. Со Божја сила, имагинацијата може да се дисциплинира да се занимава со она што е чисто и небесно.