Глава 11 Проучувањето на библијата и умот
Темел на сите студии. Божјата Реч треба да биде темел на сите студии, а зборовите на откровението, внимателно проучени, ќе го зацврстат и зајакнат како разумот така и срцето. Потребна е култивација на интелектот за да можеме да го разбереме откровението на Божјата волја за нас. Оние кои се послушни на Неговите заповеди, нема да можат тоа да го занемарат. Бог не ни ги дал нашите способности на умот да ги посветиме на евтини и површни занимања.
Силата на начелото. Ако се прифатат, библиските вистини ќе ги воздигнатумот и душата. Кога Божјата реч би се вреднувала како што треба, и младите и старите би имале внатрешна чесност и цврсти принципи кои ќе им овозможат да им се спротивстават на искушенијата.
Единствено вистински водач. Блиското запознавање со Светото Писмо ја изострува моќта на запазувањето и ја утврдува душата против сатанските напади. Библијата е духовен меч кој никогаш нема да затаи во борбата против непријателот. Таа е единствениот вистински водач во сите прашања за верата и животот. Причината зошто сатаната има толку голема контрола над човечките умови и срца е тоа што тие Божјата Реч не ја направиле свој советник и сите свои патишта не гн подложиле под нејзиниот тест. Библијата ќе ни покаже која патека треба да ја следиме за да станеме наследници на славата.
Дефинирано возвишеното образование. Не може да се стекне повисоко образование од она кое е дадено на првите ученици и кое ни е откриено преку Божјата Реч. Да се стекне повисоко образование значи безусловно следење на таа Реч, да се оди по Христовите стапки, да се практикуваат Неговите доблести. Тоа значи да се напушти себичноста и да се посвети животот во служба на Бога.
Возвишеното образование повикува на нешто повеќе, на нешто побоженствено од знаењето кое се стекнува од книгите. Тоа значи лично, искуствено познавање на Христа; значи ослободување од идеите, навиките и постапките кои се стекнати во училиштето на принцот на темнината, а кои се спротивни од верноста кон Бога. Тоа значи совладување на своеглавоста, гордоста, себичноста, световните амбиции и неверието. Тоа е порака за ослободување од гревот.
Инспирација за умот. Во Божјата Реч умот наоѓа предмет за најдлабоко размислување, најголеми стремежи. Тука ние можеме да имаме заедница со патријарсите и пророците и да го слушаме гласот на Вечниот додека разговара со луѓето. Овде можеме да го видиме Небесното Величество како се понижил за да стане наша замена и гаранција, сам да се избори со силата на темнината и да здобие победа во наша корист. Правилното размислување на такви теми како оваа не може, а да не го омекне, очисти и облагороди срцето и истовремено да го вдахне умот со нова сила и крепост.
Таа ја открива причината за живот. Она што треба да не наведува да ја цениме Библијата над сите други обѕири е тоа што во неа е откриена Божјата волја за луѓето. Тука можеме да ја научиме целта на нашето создавање и начинот на кој оваа цел може да се постигне, Ние се учиме како мудро да го унапредиме сегашниотживот и како да ја осигураме иднината. Ниедна друга книга не е во состојба да ги задоволи прашањата на умот или желбите на срцето. Стекнувајќи знаење преку Божјата Реч и подарувајќи внимание на тоа знаење, луѓето можат да се издигнат од најниските длабочини на дегенерација и да станат Божји синови, другари на безгрешните ангели.
Параболи кои влијаат на умовите и ги будат. Бог замислил нашите умови да бидат под влијанието на Неговите свети параболи кои ќе го пробудат и подучат умот. Тој сака природата да се спротивстави на обидите за раздвојување на науката и библиското христијанство. Тој посакува работите во природата кои ги окупираат нашите мисли да привлечат внимание и да втиснат небесна вистина врз умот.
Библијата е без конкуренција. Како воспитна сила Библијата е без конкуренција. Ништо не може да им даде сила на сите способности како извонредната вистина на откровението додека ја проучуваме и прифаќаме. Умот постепено се прилагодува на предметите со кои тој се занимава. Доколку е окупиран само со површни работи, одвоен од големите и возвишени теми, ќе стане закржпавен и слаб. Ако од него никогаш не се побара да се фати во костец со тешките проблеми или да се напрегнува за да ги свати важните вистини, по некое време ќе ја изгуби моќта на растење.
Да се прифати со едноставна вера. Бог посакува човекот да ги вежба своите способности на размислување, а проучувајќи ја Библијата умот ќе се зацврсти и воздигне како преку ниедна друга студија, Тоа е најдобра ментална како и духовна вежба за човечкиот ум. Сепак треба да се чуваме од воздигнување на умот кој е подреден на слабост и немоќ на човечкиот род на ниво на божеството.
За Светите записи да не ги затемниме со нашите разбирања така што и најјасните вистини да не можат да се сфатат, мораме да имаме едноставност и вера како кај мало дете, подготвени да учиме и да го молиме за помош Светиот Дух. Чувството на Божјата сила и мудрост како и нашите способности да ја сфатиме Неговата големина, ќе ни вдахне понизност и ние ќе ги отвориме Неговите Зборови како да влегуваме во Неговата присутност, со свето стравопочитување. Кога и приоѓаме на Библијата, умот мора да го признае авторитетот посупериорен од самиот себе, а срцето и разумот мораатда се поклонат на големиот Јас Сум.
Не треба да проучуваме ништо што ќе го замрачи Божјиот Збор.
Исус Христос е наше духовно мерило. Тој ни го открива Таткото. На мозокот не треба да му се дава никаква храна што ќе го доведе умот во било каква заблуда или да се замрачи во однос на Зборот Божји. Никакво непромислено невнимание не смее да се покаже во однос на негувањето на почвата на срцето. Умот мора да биде подготвен да го цени Христовото дело и зборови, затоа што Тој дошол од небото да разбуди желба и да го подари лебот на животот на сите кои копнеат за духовно знаење.
Светото Писмо го признава човечкиот морален избор. Кога ја истражуваме Божјата Реч, до нас се ангелите кои фрлаат блескави зраци на светлина на нејзините свети страни. Светото Писмо се обраќа кон човекот како на оној кој има моќ на избор помеѓу доброто и лошото; тоа му зборува нему преку предупредување, прекорување, преколнување, охрабрување. Умот мора да се вежба на возвишените вистини на Божјата Реч, или тој ќе слабее… Ние мораме да истражуваме за себеси и да ги учиме причините за нашата вера споредувајќи стих со стих. Земете ја Библијата и на колена молете се на Бога да ви го расветли умот.
Најблагороден развој на умот. Кога Библијата би се проучувала како што треба, луѓето би биле интелектуално појаки. Предметите кои се изложени во Божјата Реч, облагородената едноставност во нејзините изрази, благородните теми кои се претставуваат до умот, развиваат способности кај човекот кои на друг начин не би се развиле. Во Библијата е отворено неограничено поле за фантазијата. Ученикот ќе излезе од размислувањето за тие големи теми, од заедницата со нејзините возвишени замисли, почист и повоздигнат во мислите и чувствата отколку да помине време во читање на некое дело од човечко потекпо, а да не зборуваме за оние со безвреден карактер.
Младите умови пропуштаат да доститат најблагороден развој кога ќе го занемарат најголемиот извор на мудроста Речта Божја. Причината зошто имаме толку малку луѓе сотолку добар ум, стабилна и цврста вредност е во недостатокот на Божјиот страв, љубовта кон Бога и заради тоа што начелата на верата не се внесени во животот онака како што би требало.
Во потрага по нејзиното скриено богатство. Библијата, онаква каква што е, треба да биде наш водач. Ништо не може така да го прошири умот и да го зајакне разумот како што тоа ќе го направи проучувањето на Библијата. Ниту едно друго проучување нема така да ја воздигне душата и да даде сила на способностите како што е проучувањето на живата Божја Реч. Умовите на илјадници проповедници на евангелието закржлавеле затоа што дозволиле задржување на баналности и не се вежбале во потрагата по скриеното богатство на Божјата Реч. Кога умот ќе се подреди кон проучување на Божјата Реч, разбирањето се зголемува и се развиваат способностите за разбирање на возвишените и обпагородувачки вистини.
Според карактерот на работите со кои е близок, умот ќе закржлави или ќе се прошири. Ако умот не се воздигне за да се зајакнува и ако не тежи кон постојан напор и барање да ја сфати вистината споредувајки стих со стих, очигледно е дека ќе стане ограничен и ќе ја изгуби својата финост. Ние треба да ги насочиме своите умови на задача во потрага по вистините кои не лежат на површината.
Библијата правилно го насочува животот. Целата Библија е откровение на Божјата слава во Христа. Кога ќе ја примиме, кога ќе поверуваме во неа и ќе и се покориме, таа е силно орудие за преобразување на карактерот. Таа е голем поттик, сила што принудува, која ги заживува физичките, менталните и духовните сили и го насочува животот во правилни текови.
Причина зошто младите, па дури и оние на зрела возраст, толку лесно се наведуваат на грев е тоа што не ја проучуваат Божјата реч и не размислуваат за неа како што би требало. Недостигот од цврста, одлучна сила на волјата, кој се огледува воживотот и карактерот, е последица од запоставувањето на светите упатства дадени во Божјата Реч. Тие не го насочуваат својот ум со искрени напори кон она што ќе инспирира чисти, свети мисли и не го одвратуваат од она што е нечисто и невистинито.
Таа ги открива правилата за свето живеење. Господ, во Својата голема милост, ни ги открил во Светото Писмо Неговите правила на свето живеење, Неговите заповеди и Неговите закони. Тој ни зборува да се држиме настрана од гревот; Тој ни го објаснува планот на спасение и ни го покажува патот кон Небото. Кога би се покорувале на Неговата налог „истражувајте ги писмата,” никој не би бил неупатен во тие работи.
Вистински напредок на душата во доблеста и божественото знаење се постигнува по пат на план на додавање постојано додавање на благодатите со кои Христос не обезбедил со Својата бесконечна жртва за да го донесе тоа богатство на сите. Ние сме ограничени, но треба да имаме чувство на неограниченост.
Умот мора да се оптовари, да размислува за Бог и Неговиот чудесен план за нашето спасение. Така душата ќе се воздигне над безвредните работи и ќе се задржи на оние работи кои се вечни.
Мислата дека сме во Божјиот свет и во присуство на Големиот Создател на вселената, кој го создал човекот по сопствен облик, ќе го воздигне умот на пошироки, поголеми полиња за размислување отколку некоја измислена приказна. Мислата дека не набљудува Божјото око, дека Тој не љуби и толку многу се грижи за паднатиот човек давајќи го Својот сакан Син да не откупи за да не загинеме е голема, и кој го отвора срцето за да ги прими и да ги посматра овие големи теми, никогаш нема да се задоволи со безначајни, возбудливи предмети.
Ново срце значи и нов ум. Зборовите „ќе ви дадам ново срце“ значат „ќе ви дадам нов ум.“ Оваа промена на срцето отсекогаш е пратена со јасна концепција на христијанска должност, разбирање на вистината. Јасноста на нашето согледување на вистината ќе биде пропорционална со нашето разбирање на Божјиот Збор. Оној кој на Светото Писмо му посветува големо внимание, низ молитва, ќе стекне јасно разбирање и здрав суд, а свртувајќи се кон Бога ќе достигне и поголем степен на интелегенција.
Не треба несериозно да се чита. Не сме на сигурно ако на Светото Писмо му пристапуваме со несериозно и плитко читање на неговите страници… Задржете го умот на големата задача која е поставена пред него и проучувајте со одлучно интересирање за да можете да ја сфатите божествената вистина. Оние кои вака работат ќе бидат изненадени кога ќе откријат до каде може умот да достигне, Вежбање на помнењето му помага на умот. Умот мора да се контролира и не треба да му се дозволи да талка. Треба да се вежба да пребива на Светите Списи и на благородни, возвишени теми. Делови од Писмото, дури и цело поглавје, можат да се оддадат на паметење и тоа да се повторува кога сатаната доаѓа со своите искушенија. Педесет и осмото поглавје од книгата на пророкот Исаија е многу корисна за оваа намена. Опколете ја душата со ѕид на ограничување и упатства кои се дадени преку вдахновение на Божјиот Дух.
Кога Сатаната го наведува умот да се занимава со земното и сетилното, најефикасно е да го одбиеш со она „пишано е.“… Кога тој сугерира сомнеж, за тоа дали навистина сме народ кој Бог го води и кој преку неволји и испити Тој го подготвува да опстане во оној ден, бидете спремни да ги дочекате неговите инсинуации со излагање на јасни докази од Божјата Реч дека ова е остатокот кој ги држи Божјите заповеди и Исусовата вера.
Проучувањето на Библијата произведува добро урамнотежени умови. Оние кои се под обука на Светиот Дух ќе бидат способни интелегентно да ја проучуваат Речта. Кога се пристапува кон проучување со сериозна молитва за водство на Светиот Дух и со целосно предавање на срцето кое треба да се посвети низ вистината, ќе се исполни со сето она што Христос го ветил.
Резултатот на таквото библиско проучување ќе доведе до добро урамнотежени умови; затоа што физичките, менталните и моралните сили ќе бидат складно развиени. Нема да има фатеност во духовното спознавање. Разбирањето ќе биде побрзо, чувствителноста ќе биде пробудена, совеста чувствителна, афинитетите и чувствата прочистени, ќе се создаде подобра морална атмосфера и ќе се стекне нова сила за одбивање на искушенијата.
Противотров за отровните инсинуации. Кога умот ќе се скпадира со библиска вистина, нејзините начела зафаќаат длабоки корени во душата, афинитетите и вкусовите стануваат венчани со вистина и нема желба за понижувачката, возбудлива литература која ги ослабнува моралните способности и ги разрушува способностите кои Бог ги дал на користење. Библиското знаење дава противотров за отровните инсинуации примени преку невнимателното читање.
Заштита од празноверие. Кога учењето на Светото Писмо би вршело владеачко влијание во нашите животи, кога умот и срцето би се подредиле на нејзината контролирачка сила, злата кои сега постојат во црквите и семејствата не би нашле место… Учењата на Божјата Реч мора да го контролира умот и срцето, за семејниот живот да може ја демонстрира силата на Божјата благодат…
Без Библија би биле збунети со лажни теории. Умот би бил подреден на тиранијата на празноверието и лагите. Поради тоа што поседуваме автентична историја за почетокот на светот, не треба да се оптоваруваме со човечките претпоставки и нереални теории.
Таа ги подобрува способностите за резонирање. Ако умот се окупира со задача за проучување на Библијата поради информирање, способностите за резонирање ќе се подобрат. Кога се проучуваат Светите Списи умот се шири и станува поурамнотежен од оној кој е окупиран со стекнување на општи информации од книгите кои се користат и кои немаат никаква врска со Библијата. Ниту едно знаење не е толку цврсто, толку доследно и далекусежно како она што е стекнато со проучување на Божјата Реч. Тоа е темел на секое вистинско знаење.
Библијата е како извор. Колку повеќе го гледате тој изгледа се подлабок. Големите вистини на светата историја поседуваат восхитувачка сила и убавина и далекусежни се како вечноста. Ниту една наука не е рамна на науката која го открива Божјиот карактер.
Мојсеј, кој бил научен на сета египетска мудрост, сепак рекол: „Еве, ве учев на уредбите и законите, како што ми заповеда мојот Господ Бог, да ги творите во земјата по која одите за да ја наследите. Држете ги и извршувајте ги, затоа што тоа е ваша мудрост и ваш разум пред народностите, кои кога ќе ги слушнат сите овие наредби и зборови ќе речат само овој голем народ е мудар и разумен” (Второзаконие 4:4, 6).
Ги обдарува способностите со сила. Зошто оваа книга тоа драгоцено богатство не се воздигнува и цени како верен пријател? Таа е наша мапа на бурното море на животот. Таа е наш водач која ни го покажува патот до вечните станови и карактерот кој мораме да го имаме за да ги населиме. Нема книга за читање која толку ќе го воздите и зацврсти умот како што е проучувањето на Библијата. Умот тука ќе открие теми од највозвишен карактер кои ќе ги поттикне неговите способности. Не постои ништо што би подарило сила на сите наши способности како кога ќе ги доведеме во контакт со извонредната вистина на откровението. Напорот за да ги сфатиме и процениме тие големи мисли го развиваатумот. Ние можеме длабоко да копаме во рудникот на вистината и да го собереме драгоценото богатство кое ќе ни ја збогати душата. Тука можеме да се научиме на вистинскиот пат во животот како и на сигурниот пат до смртта.
Проучувањето на Библијата го проширува умот. Библијата е наш водач на сигурните патеки кои водат до вечен живот. Бог т инспирирал луѓето да го запишат она што за нас ќе претставува вистина, што ќе привлече, и што, ако се практикува, ќе му овозможи на примателотда стекне морална сила во рангот со најобразованите умови. Умовите на сите кои Божјата Реч го прават предмет на проучување ќе се прошируваат. Далеку повеќе од било кои други студии нејзиното влијание може да ја зголеми способноста на разбирање и да ја обдари секоја способност со нова сила. Таа го доведува умот во контакт со широките, благородни начела на вистината. Таа го доведува целото небо во блиска врска со човечките умови, давајќи им мудрост, знаење и разбирање.
Библијата, откровение на Јехова. Низ сето ова време оваа книга стои како Јеховино откровение. На човечките суштества им се доверени божествените пророштва за да бидат Божја сила. Вистините на Божјата Реч не се само мислења, туку изрази на Највозвишениот. Оној кои тие вистини ќе ги внесе во својотживот станува во секој поглед ново создание. Но не му се дадени само нови ментални способности, туку отстранета е и темнината која преку незнаење и грев го замрачувала разбирањето.