Глава 27 Божја љубов

Сподели го ова:

Бог е љубов. „Бог е љубов” (1. Јованово 4:16). Љубовта е суштина на Божјето битие и Негов закон. Така било секогаш и секогаш ќе биде така. „Севишниот и Возвишениот, кој владее вечно“ (Исаија 57:15), Оној чиишто „патишта се вечни” (Авакум 3:6), не се менува. Кај него „нема ниту промена, ниту траги од менување” (Јаков 1:17).

Секоја пројава на моќта на Творецот е израз на бесконечната љубов. Божјето владеење содржи во себе изобилство благослови за сите создадени суштества…

Историјата на големата борба меѓу доброто и злото, уште од мигот кога таа прв пат избувнала на небото, па се до конечниот слом на бунтот и до целосното искоренување на гревот, исто така е очевидна пројава на Божјата љубов која не се менува.

Божјата љубов откриена во природата. И природата и откровението ни сведочат за Божјата љубов. Нашиот небесен Татко е извор на животот, на мудроста и радоста. Погледнете ги само чудесата и убавините на природата! Мислете на нивната прекрасна прилагоденост кон потребите и среќата, не само на човекот, туку и на сите живи созданија! Сончевата светлина и дождот што ја оживуваат и ја освежуваат Земјата, ритчињата, морињата и рамнините сето тоа ни зборува за љубовта на Творецот. Бог е Оној кој ги задоволува секојдневните потреби на сите свои созданија…

„Бог е љубов“ е запишано на секоја пупка што цути, на секоја нишка на из’ртената тревка. Прекрасните птици, кои го исполнуваат просторот со звуци на своите весели песни, цутовите со нежни бои, коишто со своето совршенство го исполнуваат воздухот со мирис, богато разлистените и зелени величествени шумски дрвја сето тоа сведочи за нежната татковска грижа на нашиот Бог и за Неговата желба Своите деца да ги направи среќни.

Заповеди базирани на начелата на љубовта. Прописите содржани во Десетте Божји заповеди се однесуваат на сите луѓе, и сите треба да им се покоруваат. Тие десет куси, но содржајни и авторитативни прописи ја опфаќаат должноста на човекот и кон Бога и кон ближните, и сите десет се темелат на големото основно начело на љубовта.

Исус и законот на сочувствителна љубов. Божјиот закон бил непроменлив по својот карактер, и затоа Христос се жртвуваше Себе си во корист на паднатиот човек, а Адам го изгуби Еден и беше ставен со целото свое потомство на проба.

Ако Божјиот закон се променеше барем и во едно правило од протерувањето на сатаната од небото, тој ќе го добиеше на земјата после падот она што не можеше на небото пред неговиот пад. Тој би го добил сето она што го барал. Но знаеме дека тој не се променил… Законот … останува непроменлив како и Божјиот престол, а спасението на секоја душа се одредува со послушност или непослушност…

Исус, по законот на сочувствителна љубов, ги зеде нашите гревови, ја презеде нашата казна и ја испи чашата на Божјиот гнев наменета за престапникот… Тој за нас го понесе крстот на самоодрекувањето и на самопожртвуваноста, за да можеме да имаме живот, вечен живот. Дали ние ќе го носиме крстот за Исус?

Чувствителната, љубезна Христова природа. Неговиот живот, од самиот почеток до крајот, бил живот на самоодрекување и самопожртвување. На голготскиот крст Тој се жртвуваше Себе си во корист на сите луѓе, за да може целиот свет да има спасение, ако сака. Христос беше скриен во Бога, и Бог му се откри на светот во карактерот на Неговиот Син…

Љубовта спрема изгубениот свет секојдневно се манифестирала во секој чин на Неговиотживот. Оние кои се исполнети со Неговиот дух ќе работат по истите принципи по кои и Христос работел. Во Христа, Божјата љубов и светлина се манифестирале во човечката природа. Ниедно човечко битие никогаш не поседувало таква чувствителна природа како што имал безгрешниот Божји Светец, Кој стоел како глава и претставник на она што човештвото може да стане преку всадување на божествената природа.

Божјата љубов жив извор. Божјата љубов е нешто повеќе од обична забрана; таа е позитивно и активно начело; жив извор, кој секогаш тече на благослов на другите. Кога Христовата љубов пребива во нас, ние нема да негуваме само пријателство кон нашите браќа, туку на секој начин ќе настојуваме да покажеме и љубов спрема нив.

Вселената ја изразува Божјата љубов. Ех, кога секој би можел правилно да го цени скапоцениот дар што нашиот небесен Татко му го даде на светот. Учениците чувствувале дека тие не можат да ја искажуваат Христовата љубов. Тие само можеле да речат: „Овде е љубовта“. Целата вселена ја изразува оваа љубов и Божјата неограничена добрина.

Бог можел да го испрати Својот Син на овој свет за да го осуди. Но каква восхитувачка благодат! Христос дошол да спаси, а не да уништи. Апостолите никогаш не ја допирале таа тема а да срцата не им се исполнувале со вдаховение на неспоредливата љубов на Спасителот. Апостол Јован не можел да најде зборови да ги изрази своите чувства. Тој извикнал: „Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречеме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не не познава нас, зашто не го позна Него” (1. Јованово 3:1). Никогаш не можеме да пресметаме колку не сака нашиот Татко. Нема стандарди со кои би можеле да ја споредиме Неговата љубов кон нас.

Сатаната е едговорен за концептот дека Бог е злобен и строг. Сатаната ги навел луѓето Бога да го замислуваат како суштество чија основна особина е крута праведност како свиреп судија, неумолив и строг доверител. Тој Творецот го претставувал како суштество кое со недоверливо око ги набљудува луѓего за да ги пронајде нивните заблуди и грешки и да ги излее врз нив своите судови. За да ја отстарни оваа темна сенка, откривајќи му ја на светот бескрајната Божја љубов, Исус дошол да живее меѓу луѓето.

Љубовта помеѓу Таткото и Синот како пример. Колку што може пастирот да ги сака своите овци, Тој уште повеќе ги сака своите синови и ќерки. Исус не е само наш пастир, Тој е „Татко вечен”. Тој вели: „Јас ги познавам Моите овци и Моите овци ме познаваат Мене, како Таткото што ме познава Мене и како Јас што го познавам Таткото11 (Јован 10:14,15). Каква е таа изјава единородниот Син, Тој, кој е во прегратките на Таткото, Тој, кого Бог го објавил како „човек, мој сродник” (Захарија 13:7) со заедницата меѓу Него и вечниот Богја прикажува заедницата меѓу Христа и Неговите деца на Земјата!

Бог ги сака Христовите следбеници на Земјата онака како што го сака Својот еднороден Син.

Христовата љубов е животворна, исцелувачка енергија. Христовата љубов го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и мозокот, срцето и нервите; таа ги поттикнува на работа највозвишените сили на човековото битие. Ја ослободува душата од вина и тага, од немир и грижа кои ги уништуваатживотните сили. А со неа доаѓаат спокојство и сталоженост; таа во душата буди радост која не може да ја уништи ништо земско радост во Светиот Дух, радост која донесува здравје и живот.

Набљудување на Божјата љубов. Да му заблагодариме на Бога за блескотните сцени што ни ги покажал. Да ги собереме сите благословени докази на Неговата љубов за постојано да можеме да ги гледаме: Божјиот Син како го напушта престолот на Својот Татко, облекувајќи ја Својата божествена природа со човечка за да може да го избави човекот од силата на сатаната; Неговата победа заради нас, која на човекот му го отворила небото и на човечкиот поглед му овозможила да ѕирне во просторите во кои живее Божеството и ја открива Својата слава; грешниот род издигнат од понорот на пропаста во кој го турнал гревот и повторно доведен во врска со бескрајниот Бог, и откако ја издржал божествената проба со вера во нашиот Откупител, облечен во Христова праведност и издигнат на Неговиот престол тоа се сцени за кои Бог сака да размислуваме.

Љубовта го прави нашето небо. Христовата љубов е она што го прави нашето небо. Но кога настојуваме да зборуваме за таа љубов, јазикот не издава. Ние размислуваме за Неговиотживот на земјата, за Неговата жртва за нас; размислуваме за Неговата задача на небото како наш застапник, за становите кои ги подготвува за оние кои го љубат; и не можеме а да не извикнеме: „О, колку е висока и длабока Христовата љубов“. Додека застануваме под крстот, стекнуваме нејасна претстава за Божјата љубов и велиме: „Љубовта е во ова: не дека ние сме го возљубиле Бога, туку Тој не возљуби нас и го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови” (1. Јованова 4:10). Но набљудувајќи го Христа, ние се задржуваме само на работ на љубовта која не може да се измери. Неговата љубов е како простран океан без дно или крајбрежје.

Божјата љубов е безгранична, неисцрпна. Секоја родителска љубов која преминува од генерација на генерација низ каналите на човечките срца, сите извори на нежност кои се отвораат во душите на луѓето, се како малечок поток спрема неограничениот океан кога ќе се споредат со бесконечната, неисцрпна Божја љубов. Јазикоттоа не може да го изрази; перото тоа не може да го опише. Можете за тоа да размислувате во сите денови од својот живот, можете грижливо да ги истражувате Светите Списи за да го разберете тоа, можете да се повикате на секоја сила и способност кои ви ги дал Бог, во настојувањата да ја сфатите љубовта и сочувствителноста на небесниотТатко; па сепакпостои неоткриен бескрај. Можете да ја проучувате таа љубов низ вековите; но сепак никогаш нема целесно да ја разберете должината и ширината, длабочината и висината на Божјата љубов во тоа што го дал Својот Син да умре за целиот свет. Самата вечност тоа никогаш нема да го открие во целост. Сепак додека ја проучуваме Библијата и размислуваме за Христовиот живот, и планот на окупување, овие големи теми се повеќе и повеќе ќе стануваат разбирливи за нас.

Божјата љубов е прогресивна. Како годините на вечноста поминуваат, ќе донесуваат се побогати и почудесни откритија за Бога и Христа. Со зголемувањето на знаењето ќе расте и нивната љубов, нивната стравопочит и среќа. Колку повеќе луѓето ќе знаат за Бога, се посилно ќе му се восхитуваат на Неговиот карактер.

Сподели го ова:

Слични објави