Глава 70 Критика

Сподели го ова:

Последици на критиката. Нашите тела се изградуваат од она што го јадеме и пиеме, а карактерот на нашето духовно искуство зависи од тоа со што нашите умови се хранат и што примаат. Со постојано занимавање со грешките и маните на другите, мнозина стануваат религиозни диспептичари.

Господ ни наредува: „На она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете” (Филипјаните 4:8). Но оние кои се толку зафатени со анализирање на зборовите и постапките на другите како би го откриле сето она на што може да се приговори, пропуштаат да го увидат она што е добро и пожелно. Тие не јадат соодветна храна за да ја унапредат духовната виткост и здравиот раст.

Почитувајте се и сакајте се меѓусебно. Ако најважен предмет во нашите умови се нељубезните и неправедни дела на другите, ќе откриеме дека е невозможно да ги сакаме како што не сакал Христос нас; но ако нашите умови се занимаваат со чудесната љубов и Христовото сожалување кон нас, истиот дух ќе тече и кон другмте, Ние треба меѓусебно да се сакаме и почитуваме, без оглед на маните и несовршеноста кои не можеме, а да не ги видиме. Треба да се одгледува понизност и недоверба во себе, и трпелива нежност кон маните на другите. Ова ќе ја замре секоја скочанета себичност и ќе не направи широкогради и големодушни.

Создавање на нереален свет. Ти можеш да создадеш еден нереален свет во својот ум и слика на совршена црква каде што сатанските искушенија нема повеќе да поттикнуваат кон зло, но совршенството постои само во твојата фантазија. Овој свет е паднат свет, а црквата е место претставено како поле на коешто расте какол и пченица. Тие растат заедно до жетвата. Не е на нас оставено да го корнеме каколот, според човечката мудрост, за да не се случи под наговорувањето на сатаната пченицата да биде искорната под претпоставка дека е какол. Мудроста која е одозгора ќе му дојде на оној кој е кроток и понизен по срце и таа мудрост ќе го наведе да не го уништува туку да го унапредува Божјиот народ.

Да се обнови и излечи. Ние мора да гледаме на пропустите на другите, не да ги осудиме, туку да обновиме и исцелиме. Стражарете и молете се, одете напред и нагоре, фаќајќи се повеќе и повеќе од Исусовиот дух и сеејќи го истото тоа покрај секоја вода.

Сатаната ја поттикнува критиката. Сопственото јас секогаш ќе негува високо ценење за себеси. Кога луѓето ја губат својата права љубов, тие не ги држат Божјите заповеди, и потоа почнуваат да се критикуваат еден со друг. Овој дух постојано ќе тежнее да господари до крајот на времето. Сатаната настојува да го поттикнува, на тој начин што браќата во своето незнаење би се обиделе да се изедат еден со друг. Бог не се прославува туку многу се обесчестува; Божјиот Дух се ожалостува.

Сатаната ликува затоа што знае дека ако успее да го наведе братот да го набљудува братот во црквата и во службата, некои ќе станаттолку малодушни и обесхрабрени што ќе ја напуштат својата должност. Ова не е дело на Светиот Дух; силата одоздола работи на коморите на умот и во храмот на душата да ги смести своите особини таму каде што треба да бидат Христовите атрибути.

Растурање од Христа. Мнозина кои исповедаат дека собираат со Христа, растураат од Него. Поради тоа црквата е толку слаба. Мнозина многу лесно се впуштаат во критика и обвинување. Давајќи му израз на сомнежот, љубомората и незадоволството, тие стануваат орудија на сатаната… Површноста, себичното попуштање и безгрижната рамнодушност од страна на христијаните по име одвратува многу души од патеката на животот.

Потпирање на телесното рамо. Господ знае дека ако гледаме на човекот, и имаме доверба во него, ние се потпираме на телесно рамо. Тој нас не повикува на доверба. Нема граница на Неговата моќ. Мислете на Господа Исуса, Неговите заслуги и Неговата љубов, но не настојувајте да ги откриете маните и да се занимавате со грешките кои ги направиле другите. Размислувајте за она што е вредно за вашето признавање и вашата благодарност; и ако сте брзи да ги воочите заблудите на другите, бидете уште побрзи да го препознаете доброто и го пофапувате доброто. Можете, ако се критикувате себеси, да откриете работи кои всушност се толку непожелни колку и тие што ги гледате во другите. Заради тоа, мораме да работиме на меѓусебното јакнење во најсветата вера.

Обид за прикривање себеси со напад. Никој нека не се обидува да ги прикрие сопствените гревови со откривање на грешките на некој друг. Бог не ни ја доделил оваа задача. Ние мораме да им допуштиме на другите самите да ги понижат своите срца, за да можат да дојцат до светлината на Божјото спознавање.

Трошење на нерви за надворешноста. Оние кои меѓусебно се критикуваат и осудуваат ги кршат заповедите и се соблазна за Бога. Тие не го љубат ниту Бога ниту своите ближни. Браќа и сестри, да го исчистиме ѓубрето на критиката и сомничењето и жалбите, и не трошете ги своите нерви на надворешноста. Некои се толку многу чувствителни што не може да се резонира со нив. Бидете многу чувствителни во поглед на она што значи да се држи Божјиот закон и во поглед на тоа дали го држите или кршите законот. Ова е тоа на коешто Бог сака да бидеме чувствителни.

Совет на една личност која ја поистоветила гордоста со чувствителност. Вие сте подготвени да се оправдате себеси под изговор дека сте толку чувствителен, дека чувствувате толку длабоко, дека страдате толку многу. Видов дека сето тоа не може да ве оправда во Божјите очи. Вие ја заменувате гордоста за чувствителноста. Истакнато е своето јас. Кога своето јас е распнато, тогаш оваа чувствителност, или гордост, ќе умре; се до тогаш вие не сте христијанин.

Да се биде христијанин значи да се биде сличен на Христа, да се поседува понизност и кротост и смирен дух кој ќе поднесе контрадикција без да се разбесни или да полуди. Кога лажниот покрив кој е околу тебе би можел да се раздвои така што ќе се видите себеси како што ве гледа Бог, повеќе не би настојувале да се оправдате себеси туку би паднале и потполно би се разбиле во Христа, Единствениот кој може да ги отстрани маните во вашиот карактер, а потоа да ве преврзе.

Чесно самоиспитување. Кога сите што исповедаат христијанство би ја искористиле својата истражувачка моќ за да го увидат злото кое треба да се исправи во нив, наместо да зборуваат за грешките на другите, денес би имале поздрава состојба во црквата.

Некои би биле чесни ако тоа ништо не ги чини; но кога ќе се појави исплатлива политика, чесноста се заборава. Чесноста и политиката нема заедно да работат во еден ист ум. Со време, или политиката ќе се истера, а вистината и чесноста надмоќно ќе владеат, или ако се одгледува политиката, чесноста ќе се заборави. Ова никогаш не се сложува; тие немаат ништо заедничко. Едниот е Ваалов пророк, а другиот вистински Божји пророк.

Кога Господ ќе ги пореди своите скапоцености, верните, чесните, искрените, ќе бидат гледани со задоволство. Ангелите се запослени со правење на круни за таквите, и на круните украсени со ѕвезди ќе одблеснува, со раскош, светлината која зрачи од Божјиот престол.

Коренот на огорченоста. Додека толку многу лесно говорите зло еден за друг, додека допуштате да изникне и да се одгледува коренот на огорченоста, вашето влијание растура од Христа и го стврднува срцето во отпорот кон слаткиот дух на единство и мир. Отфрлете го сето тоа без ниту еден момент на колебање. Христос вели: „Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15:12).

Верата го држи Бога за збор. Запаметете дека верата го држи Бога за збор. Божјиот Син приготвува место за тебе во горните станови. Нека се изрази благодарност за ова. Не мисли затоа што не се чувствуваш секогаш возвишено дека не си Негово дете. Понизно и ревно фати се за задачата кој Бог ја бара од тебе. Цени ја секоја пригода за извршување на работа која ќе те направи благослов за оние околу тебе. Нека твојата одлука биде да го направиш својот дел во правец на правењето местото на кое се наоѓаш, место кое Бог може да го одобри и благослови.

Сигурноста на грешникот во прифаќањето. Преку добрината и благодатта Христова грешникоттреба да ја поврати божествената накпонетост. Бог во Христа секојдневно ги замолува луѓето да се помират со Бога. Со испружени раце Тој е спремен да го прими и да му посака добредојде не само на грешникот туку и на расипникот. Неговата смртна љубов, која се покажала на Голгота, е сигурност на грешникот за неговото прифаќање, мир и љубов. Учете ги за ова на наједноставен облик, како душата затемнета со грев би можела да ја види светлината која зрачи од голготскиот крст.

Јас ќе ви дадам одмор. Господ ми дал порака за тебе, и не само за тебе, туку исто така и за други верни души оптоварени со сомнеж и страв во поглед на својата прифатеност од страна на Господа Исуса Христа. Неговата реч за тебе е: „Не плаши се, зошто Јас те откупив, те нареков според името твое, ти си Мој“ (Исаија 43:1). Ти сакаш да му угодиш на Бога и можеш тоа да го направиш верувајќи во Неговите ветувања. Тој сака да те поведе во пристаништето на пријатните искуства и ти наредува: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам” (Матеј 11:28). Христовата радост во душата е повредна од се. „Тогаш ќе се зарадуваат11 зошто се привилегирани да почиваат во рацете на вечната љубов.

Сподели го ова:

Слични објави