Глава 54 Прекумерно проучување

Сподели го ова:

Мораме да ја сочуваме мозочната сила. Верувам, верувам дека Господ ги слуша моите молитви, и тогаш одам да работам да ги одговорам моите молитви, за кои сум сигурна дека се вдахновени од Господа, Ја сум храбра. Да не ја преоптоваруваме силата која Господ ни ја дава. Ние мораме да ја сочуваме својата сила на мозокот. Ако ја злоупотребиме оваа моќ, нема да имаме резерва од која ќе можеме да влечеме во време на потреба,

Потребна мудрост во одбирањето на ментална храна. Собирање на премногу книги за проучување често пати поставува помеѓу Бога и човекот мноштво знаења кои го слабеат умот и го прават неспособен за асимилација на она што веќе го примил. Умот станува диспептичен. Потребна е мудрост за човек да може да избере помеѓу овие многубројни автори и зборот на животот, за да може да го јаде телото и да ја пие крвта на Божјиот Син.

Скратување на животот. Би рекла на оние кои сакат да станат успешни работници во Божјото дело: Ако ставите поголема количина на работа на мозокот, мислејќи дека ќе го загубите тлото под нозете доколку сето време не проучувате, вие треба веднаш да ги промените своите погледи и својот начин на постапување. Доколку во овој поглед не се искаже поголема грижа, ќе бидат многу оние кои прерано ќе отидат во гроб.

Претерана концетрација ги троши органите. Моќта на концетрацијата на умот на еден предмет искпучувајќи ги сите други е во извесна смисла добра; но постојаното исполување на овие способности ги троши оние органи кои се повикани да ја избришат оваа задача; тоа им донесува преголемо оптоварување, а последицата е пропуст да се постигне најголемо добро. Главниот напор доаѓа на еден дел на органите додека другите лежат успиени. Умот на овој начин не може здраво да работи и како резултат на тоа, животот се скратува.

Преоптоварениот ум ја отвора вратата на искушението. Учениците кои се целосно посветени на умствената работа прават штета на целата животна машинерија со затворање во училниците. Мозокот се троши и сатаната внесува цела листа на искушенија, привлекувајќи ги да се впуштат во забранети угодувања, да доживеат промени, да дадат одмор на чувствата. Одавајќи се на овие искушенија, тие прават лоши работи кои штетат на нив самите и ги повредуваат другите. Ова може да се прави само во разонода. Мозокот е активен и тие сакаат да изведуваат некои трикови. Но некој мора да се обврзе да ја надомести штетата која ја направиле под искушение.

Претерана работа на умот предизвикува болна фантазија. Изложени ми беа соодветни методи. Учениците со своите ментални студии нека извршуваат физички и морални активности. Нека пропорционално ја користат животната машинерија. Неприкината работа на мозокот е грешка. Би сакала да можам со зборови да го искажам всушност она што би го објаснило ова прашање. Постојаната работа на мозокот предизвикува болна фантазија. Тоа води во расипништво. Петгодишното образование во овој еден правец нема толкава вредност како сеопфатното едногодишно образование.

Прекумерното проучување води до изопаченост. Одбегнувајте го возбудувањето на мозокот. Прекумерното проучување го стимулира мозокот и го зголемува дотокот на крвта до него. Сигурна последица на ова е изопаченост. Мозокот не може претерано да се возбудува без да предизвикува нечисти мисли и дела. Целиот нервен систем е зафатен и тоа води кон нечистотија. Физичките и менталните моќи се изопачуваат и осквернат е храмот на СветиотДух. Се пренесуваатлоши навики, и последиците не можат да се проценат. Принудена сум јасно да зборувам за овој предмет.

Срцето и главата мораат да имаат одмор (совет на еден преоптоварен проповедник). Чувај го каналот слободен и непречен за прилив на Светиот Дух. Што и да се случи, задржи го својот ум на Бога, и немој да се збунуваш на било кој начин.

Додека таа ноќ разговарав со тебе, забележав дека си умствено оптоварен, и ти реков: Фрли т своите грижи на Господа; бидејки Тој се грижи за тебе. Положи ги своите бремиња и потешкотии на Носителот на бремето. Христовиот мир во срцето ни е повреден од било што друго…

Те предупредувам да бидеш внимателен. Те повикувам да се ослободиш: да се ослободиш од многу бремиња и тешкотии кои те спречуваат да ја одмориш главата и срцето. Запомни дека постои потреба за покажување на внимание на работи од вечен интерес.

Болеста последица на менталното оптеретување. Оние кои што се скршени од ментална работа треба да се одморат од заморните мисли, но не смеат да се наведат да веруваат дека воопшто е опасно да се користат менталните можности. Многумина се склони да ја сметаат својата состојба полоша од тоа што навистина е. Ваквата состојба на умот е непогодна за оздравување и не треба да се поттикнува.

Проповедници, учители, студенти и други умствени работници често страдаат од болест која е резултат на тешко ментално оптеретување, неолеснато со физички вежби. Она што им е потребно на тие лица е активен живот. Строго умерени навики комбинирани со соодветни вежби, би ја осигурале менталната и физичката свежина и би дале моќ на истрајност на сите умствени работници.

Мора да се зачува рамнотежата помеѓу менталните и физичките можности. Ние губиме или стекнуваме физичка сила во склад со начинот на кој го третираме телото. Кога најголем дел од времето ќе се посвети на умствена работа, органите на фантазијата ја губат својата свежина и сила, додека физичките органи ја губат својата здрава обоеност. Мозокот патолошки се возбудува од постојана работа, додека мускулатурниот систем слабее од недостаток на вежби. Забележлива е очевидната загуба на сила и зголемување на слабостите, што во догледно време прави тој впечаток да се почувствува врз мозокот. Колку што е можно, треба да се одржува хармонија помеѓу менталните и физичките сили. Ова е неопходно за здравјето на целиот организам.

Сподели го ова:

Слични објави