Глава 80 Сатанската наука на самоиздигнување

Сподели го ова:

Опасноста на теоријата за човечката наследна моќ. Кога сатаната би можел така да го замагли и прелаже човечкиот ум и да ги наведе смртниците да мислат дека постои наследна моќ во нив самите да прават големи и добри дела, би престанале да се потпираме на Бога да го направи она што мислат дека имаат моќ да го прават самите. Тие не ја признаваат надмоќната сила. Тие не му ја даваат на Бога славата која му припаѓа и која му ја должат на Неговото големо и славно Величие. На тој начин се исполнува сатанската цел и тој се радува што паднатите луѓе се издигаат себеси.

Човекот е сопствен стандард на карактер. Сатаната и сега ги лаже луѓето како што ја прелажал и Ева во Еден со ласкање, со распламтување на желбите за стекнување на забранетото знаење и поттикнување на желбите за самоиздигање. Со попуштање на овие лоши желби е предизвикан неговиот пад и сега преку нив тој има намера да предизвика пропаст на луѓето. Тој објавува: „Ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло“ (Битие 3:5). Спиритизмотучи ,дека човекот е напредно создание; дека негова судбина од неговото раѓање е да напредува, дури до вечноста, кон Божеството.” И повторно: „Секој ум ќе си суди себеси, а не друг.“ „Судот ќе биде праведен, зашто тоа е судење на самиот себеси… Престолот е во вас.“ Еден спиритистички учител, во кого се разбудила оваа „спиритистичката свест“ рекол: „Мои ближни, ние сите сме непаднати полубогови.” Другизјавува: „Секое праведно и совршено суштество е Христос.“

Така, наместо праведноста и совршенството на бесконечниот Бог, вистинскиот објект на обожавање; наместо совршенството во Неговите праведни закони, вистинскиот стандард на човечкото доститување, сатаната ја поставил грешната и погрешлива природа на самиот човек како единствен објект на обожавање, единствено мерило на судот и стандардот на каракгерот. Ова е прогрес, но не нагоре туку надоле.

Нв се наоѓа во Христовото учење. Упатена сум на овој текст: „Пазете се некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа” (Колосјаните 2:8).

„Празна измама” ги исполнува умовите на бедните смртници. Тие во себе мислат дека имаат таква моќ за постигнување на големи дела што не ја сфаќаат потребата од поголема сила. Нивните начела и вера се „според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа.”

Исус не т научил на оваа филозофија. Ништо такво не може да се најде во Неговото учење. Тој не ги упатувал умовите на бедните смртници на нив самите, на силата која ја поседуваат. Тој секогаш ги упатувал нивните мисли на Бога, Создателот на вселената, како извор на нивната сила и мудрост. Посебно предупредување е дадено во осумнаесетиот стих: .Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служење на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, гордеејќи се напразно со својот телесен ум.“

Теорија на одговорноста единствено на себеси. Тој (сатаната) уништил и уништува илјадници со попуштање на страстите, така брутализирајќи ја целата човечка природа. И да го доврши своето дело, тој објавува преку духовите дека „висгинското знаење го поставува човекот над сите тие закони“; дека „се што постои, е исправно“; дека „Бог не осудува”, и дека „сите гревови кои се прават се невино нештетни.”

Кога луѓето на тој начин се наведуваат да веруваат дека желбата е највисок закон, дека слободата е дозволена и дека човекот е одговорен единствено на себеси, тогаш треба ли да се чудиме што расипаноста и изопаченоста демнеат на сите страни? Мноштвото ревносно ги прифаќа учењата кои им дозволуваат слобода во покорувањето на желбите на своето телесно срце. Уздите на самоконтролата се закачуваат на вратот на страстите, моќга на умот и душата се подредени на животинските особини и сатаната ликувајќи во својата мрежа ги фаќа илјадници на оние кои се изјаснуваат како Христови следбеници.

Луцифер ја сакал Божјата моќ, не и карактерот. Луцифер ја сакал Божјата моќ, но не и Неговиот карактер. Тој барал најголемо место за себе и секое суштество кое е пронижено со тој дух ќе го прави исгото. Така отуѓеноста, нескпадноста и расколот се неизбежни. Доминацијата станува привилегија на најсилниот. Сатанското царство е царство на сила; секој поединец го гледа другиот како препрека на патот на сопствениот напредок, или скала од кој само може да се качи на повисоко место.

Тврдоглавоста ја одбива божествената помош. Кога Бог го испратил Мојсеј кај фараонот, тој имал светлина, но фараонот се противел, и секое наредно противење придонесувало за поголема тврдокорност. Дали Бог му вметнал сила да не може да се сврти кон светлината? Не, тоа била рамнодушноста кон доказот. Поради тврдокорноста, фараонот не ја примил светлината која светела.

Тврдоглавоста и совеста (размислување за еден самоволен, самозаблуден човек). Додека го читавте писмото кое ви го испратив во Оукпенд, сте имале некоја претстава за тврдоглавоста на човекот и неговата решеност да прави онака како што му е угодно и да има сопствен пат. Тој не внимавал на Господовите совети туку сметал дека е сигурно да оди во сопствената светлина. Тој би направил се за да биде слуга на делото, но не сака да го направи всушност она што Господ го обележал дека е правилно да се направи. Ако стане предавник како, тој без сомнение би го направил тоа под голем притисок на совеста.

Оваа претензија на совесноста потполно се искушала и покажала. Ви говорам разбирливо кога ви велам дека имам многу малку доверба во неговата совесност. Постои добра совест и лоша совест, а тој човек најпотполно е измамен во себеси. Така прелажан ќе стори многу работи во сопствениот дух кои не се во согласност со Божјиот Дух. Уште повеќе ќе биде неподвижен како карпа за совет или по некој пат освен својот сопствениот.

Страшната сила на самозаблуда. Да се биде без благодетите на Божјиот Дух е навистина жално; но уште пострашна состојба е да се биде така оделен од духовноста и Христа, а сепак да се обидуваме да се правдаме говорејќи им на оние кои се загрижени за нас дека нам не ни треба нивното стравување и сожалување. Страшна е силата на самозаблуда во човечкиот ум! Какво слепило да се постави светлината за темнина а темнината за светлина! Верниот сведок не советува да купиме од Него злато испробано во оган, бели облеки и маст за очите. Златото кое се препорачува како испробано во оган е верата и љубовта. Тоа го збогатува срцето, зошто го прочистува додека да стане чисто, и што повеќе се испробува, неговиот сјај станува поголем.

Сатанската моќ над самоизвишената л ичност. Колку е беспомошна човечката помош кога се покажува сатанската моќ над човечкото битие кое станало самоизвишено и не знае дека соучествува во сатанската наука. Со вера во себе тој оди право во стапицата на непријателот и станува уловен. Тој не се осврнувал на дадените предупредувања и фатен е како жртва на сатаната. Да одел понизно со Бога, би дошол до зборното место кое Бог го обезбедил за него. На тој начин во времето на опасноста би бил сигурен зошто Бог за него би подигнал знаме наспроти непријателот.

Наведување на самоубиство. Светот, кој се однесува како да не постои Бог, преокупиран со себични занимања, наскоро ќе доживее ненадејно уништување, и нема да го одбегне. Мнозина продолжуваат со безгрижното самозадоволување додека животот толку не им се згади за да се убијат.

Со игранки и коцкање, пијанство и пушење, оддавање на своите животински страсти, тие одат како вол на колење. Сатаната се користи со сите свои лукавства и маѓепсаностда ги натера луѓето и понатаму слепо да маршираат напред, додека Господ не стане од Своето место да гм казни жителите на земјата за нивните беззаконија, кога земјата ќе ја открие пролиената крв и повеќе нема да ги покрива своите мртви. Се чини дека целиот свет маршира во смртта.

Егото оживува на секој допир. Каква победа ќе добиете ако научите да ги следите отворените Божји провиденија со благодарно срце и одлучноста да живеете гледајќи на Неговата слава, во болест или здравје, во изобилство или немаштија, Егото оживува или трепери на секој допир. Своето јас мора да се распне пред да можете да победите во Исусово име и примите плата за верноста.

Неизлечлив грев. Бог не може да се поврзе со оние кои живеат за да си угодат себеси, кои се прават први, Оние кои прават така, на крајот ќе бидат последни од сите. Гревот кој е речиси безнадежен и неизлечлив е гордост на мислењето, вообразеност. Тој стои на патот на секој напредок. Кога човекот има карактерни мани, а сепак пропушта да го разбере тоа; кога е така исполнет со самодоволноста да не може да ја увиди својата заблуда, како може да се очисти? „Здравите немаат нужда од лекар, туку болните” (Матеј 9:12). Како некој може да напредува кога мисли дека неговите патишта се совршени?

Понижување на самоважноста. Оние кои мислат дека може да примат Божји благослов на овој собир (советување во Мичиген) без понижување на своето јас ќе си отидат онакви какви што дошле. Ќе ги имаат истите потешкотии кои ги имале и порано, Но, браќа и сестри, да не си го дозволуваме тоа на себе. Да ги понижиме своите срца пред Бога. Да му дозволиме на Христа да ни ги премачка очите со небесна маст да можеме да гледаме. Ние не сакаме да бидеме слепи, ние сакаме јасно да гледаме. Ние не сакаме еден ден да патуваме кон Ханан, а следниот назад во Египет, и така во недоглед. Ден за ден мораме да маршираме цврсто напред. Срцето ме боли и исполнета сум со силна болка додека размислувам за драгоцените благослови кои ги губиме затоа што сме толку зад светлината.

Разбирањето на себе води во понизност. Познавањето на себе е големо знаење. Вистинското познавање на себе доведува до понизност која ќе го отвори патот за Господа да го развие умот, го обликува и дисциплинира карактерот.

Најодалечени од гордоста или самоизвишувањето. „Кој вели дека пребива во Него, должен е да чекори како што чекорел Тој“ (1. Јованово 2:6). „Ако, пак, некој нема Христов Дух, тој не е Негов” (Римјаните 8:9). Ова поистоветување со Христа нема да остане незабележано во светот. Тоа е предмет на запазување и коментирање. Христијанинот можеби нема да биде свесен за таа голема промена, зошто што повеќе личи на Христа во карактерот, дотолку поскромно ќе мисли за себе; но тоа сите околу него ќе го видат и почувствуваат. Оние кои имале најдлабоко искуство во Божјите работи најодалечени се од гордоста и самоизвишувањето. Тие најскромно мислат за себе и имаат највозвишени замисли за Христовата слава и сјај. Тие чувствуваат дека најниското место во Неговата служба е премногу голема чест за нив.

Сигурност преку свесност за својата слабост. Луѓето се испитуваат и покажуваат не само пред човечките умови туку и пред небесната вселена. Доколку не се плашат и треперат за себе, и доколку не ја разберат сопствената слабост и не ги помнат поранешните грешки, борејќи се да не ги повторуваат, тие ќе ги направат истите грешки, кои се пратени со последици кои нема да може да ги поправат следниот пат.

Победувањето на себе е животно дело. Грешките не може да се поправат ниту да се направи реформа во однесувањето со неколку слаби, привремени напори. Изградбата на карактерот не е задача за еден ден, ниту за година туку за цел живот. Борбата за победа над своето јас, за светоста и небото, е доживотна борба. Без постојани напори и непрекината активност, не може да има напредок во божествениотживот, ниту во задобивањето на победничката круна.

Божествениот печат. Не дозволувајте му на своето јас да заземе големи размери да не се извалка целиот човек. Една дупка го потопува бродот, една алка го кине ланецот; па на тој начин може да постои некоја наследена или стекната црта на карактерот која ќе делува во срцето и ќе се развива во зборови кои ќе создадатлош впечатоккој никогаш нема да се избрише. Ние градиме за вечноста. Карактерот нека добие божествен печат во чистота, благородни изрази, во праведни дела. Тогаш целата небесна вселена ќе гледа и ќе рече: Добро направено, добар и верен слуго.

Сподели го ова:

Слични објави