Глава 21 Христос се бави со умовите

Сподели го ова:

Христовото учење треба да ни биде водич. Христовото учење, како и Неговото сочувство, го опфатиле светот. Никогаш во животот не може да настапи околност, криза во човечкото искуство, за која Тој однапред не не подготвил во Своето учење и за која Неговите принципи немаат поука. Зборовите на Кнезот на учителите ќе бидат водич на Неговите соработници се до крајот на времето.

Тој се идентификувал Себеси со интересите на Своите слушатели. Тој ги учел на начин на кој тие ја чувствувале длабочината на Неговата заинтересираност за нивното добро и среќа. Неговите поуки биле толку непосредни, наведените примери толку практични, Неговите зборови толку пријатни и полни со сочувство што слушателите биле воодушевени.

Тој ја разбира скриената работа на човечкиот ум. Оној Кој платил бесконечна цена за да ги откупи луѓето, со непогрешлива точност ги чита сите скриени работи во човечкиот ум и знае како правилно да постапи со секоја душа. Во постапувањето со луѓето, тој ги користи истите начела кои се манифестираат во светот на природата.

Тој работи преку мирните, редовни закони кои сам ги воспоставил. Бог работи преку мирните, редовни закони кои сам ги воспоставил. Тоа важи и во духовната обпаст. Сатаната неприкинато настојувал да произведе ефекти со нагли и насилни удари, но Исус наоѓал пристап до умовите преку нештата со кои тие биле најблиску поврзани. Тој го попречувал онолку колку што е најмалку можно нивниот вообичаен тек на мислите, со ненадејни акции или пропишани правила. Тој го почестил човекот со Својата доверба, и така го поставил на неговото достоинство (на положба на која човекот може да се покаже достоен од доверба). Тој ги претставил старите вистини во нова и скапоцена светлина. Така само на дванаесетгодишна возраст со Своите прашања во храмот ги изненадил докторите на законот.

Секогаш опкружен со мир. Со исцелувачкиот допир Неговото нежно сочувство се спуштало врз уморните и вознемирени срца. Дури и среде турбуленцијата на лутите непријатели бил опкружен со атмосфера на мир. Убавината на Неговата појава, милноста на Неговиот карактер, а над се љубовта изразена во погледот и во бојата на гласот, ги привлекувале кон Него сите оние што не биле окоравени во неверие. Кога не би бил благ, со сочувствителен дух што зрачел од секој поглед и збор, Тој неби успеал да привлече толку големо мноштво. Оние што страдале и доаѓале кај Него, почувствувале дека Својот интерес го поврзал со нивниот како верен и нежен пријател, па сакале да дознаат повеќе за вистините што ги учел Тој. Небото се наведнало над Земјата. Копнееле да бидат во Негово присуство, со цел утехата на Неговата љубов да може постојано да биде со нив.

Неговиот живот бил складен. Во Својот живот Исус од Назарет се разликувал од сите други луѓе. Целиот Негов живот се одликувал со несебична добронамерност и убавина на светоста. Во Неговите гради постоела најчиста љубов, ослободена од секаква дамка на себичност и грев. Неговиотживот бил совршено складен. Тој е единствениот вистински пример на добрина и совршенство. Од почетокот на Неговата служба луѓето почнале појасно да го сфаќаат Божјиот карактер.

Се до времето на Христовото прво доаѓање, луѓето им служеле на свирепи, деспотски богови. Дури и умот на Евреите бил допрен преку страв, а не со љубов. Христовата мисија на Земјата била да им открие на луѓето дека Бог не е тиранин туку небесен Татко, полн со љубов и милост кон Своите деца.

Нему не му недостасувале топлина и ведрина. Мнозина имаат погрешна претстава заживототи карактеротна Христа. Тие мислатдека на Христа му недостасувале ведрина и топлина, дека бил сериозен, строг и невесел. Во многу случаеви целото верско искуство е обоено со вакви мрачни погледи.

Неограничени можности во секое човечко суштество. Тој во секое човечко суштество гледал бескрајни можности. Ги гледал луѓето онакви какви што би можеле да бидат, преобразени со Неговата благодат во „убавината на Господ, нашиот Бог“ (Псалм 90:17). Гледајќи ги со надеж, Тој вдахнувал надеж во нив. Укажувајќи им доверба, ги вдахнувал со доверба. Откривајќи го во Себе вистинскиот идеал за човекот, Тој будел копнеж и вера да се досегне тој идеал. Во Негово присуство презрените и грешни души чувствувале дека се уште се луѓе и копнееле да се покажат достојни за Неговото внимание. Во многу срца кои изгледале мртви за се што е свето, се буделе нови стремежи. На многу очајници им се отворала можност за нов живот.

Неговото срце извор на живот. Често се зборува дека Исус плачел, и дека не е познато дека некогаш се насмевнал. Нашиот Спасител навистина бил Човек на болката, запознат со тагата, затоа што срцето му било отворено за сите човечки страдања. Но иако Неговиот живот бил исполнет со самооткажување, засенет со болки и грижи, Неговиот Дух не попуштил. Неговото лице не изразувало болка и незадоволство, туку смирена ведрина. Неговото срце било извор на живот; и секаде каде што одел, носел одмор и мир, радост и задоволство.

Христос никогаш не бил нападен. Христос во сопствениот живот ги покажал Своите божествени учења. Ревноста никогаш не го наведувала да биде нападен. Тој покажувал доследност без своеглавост, добронамерност без слабост, нежност и сочувство без сентименталност. Бил многу друштвен, но сепак имал резервирано достоинство кое не поттикнувало неприкпадна блискост. Неговата умереност никогаш не водела кон биготизам (полн со предрасуди/гордост) или аскетизам. Тој не се прилагодувал кон овој свет: сепак не бил рамнодушен кон потребите на најмалите меѓу луѓето. Тој бил свесен за потребите на сите.

Тактичен во соочувањето со умовите полни со предрасуди. Пораките на милоста му биле разновидни за да одговараат на Неговите слушатели. Знаел да му „приговори згоден збор на уморниот” (Исаија 50:4), зашто благодат била излеана на Неговите усни за да може на луѓето на најпривлечен начин да им ги пренесе богатствата на вистината. Бил тактичен во соочувањето со умовите полни со предрасуди, изненадувајќи ги со сликовити прикази што го привлекувале нивното внимание.

Тој се спуштил до длабочините на човечкиот јад. Тој ги пропатувал сите патеки на кои луѓето застранувале. Тој посегнал до најголемите длабочини на човечката јад и ништожност.

Тој се бори со сатанските сили над умот. Тој (Христос) ја видел моќта, лажпивата сатанска сила над човечките умови, и се обврзал (се заложил) да дојде на оваа Земја. Тој ја одложил Својата царска наметка, ја симнал Својата царска круна, ја напуштил Својата висока заповедничка положба, се симнал од престолот на Својата слава како врховен командант на целото небо, и ја загрнал Својата божествена со човечка природа, за да може човечкото да допре до човечкото. Затоа Тој дошол овде. Тој се спуштил долу на нашата Земја да земе на себе човечка природа, да помине низ секоја проба, сите неволји и искушенија со кои човекот е опкружен. Овде се борел со сите искушенија, поминувајќи го тлото каде што Адам паднал, за да може да го откупи срамниот пропуст и пад на Адам.

Во човечката природа, како наша замена, наша сигурност, Тој се фатил токму за таа надеж што е наша привилегија да се има, а тоа е бесконечната сила. Низ ова, нашиот Спасител, ги надвладеал непријателските искушенија и се здобил со победа. За кого? Зошто за нас? Зошто? За никој од човечкото семејство да не мора да се сопнува на патот кој води кон вечен живот. Затоа што го поминал пред да го поминеме ние, Тој ја знае секоја препрека, секоја потешкотија со која секоја душа на земското тло мора да се соочи. Тој го знае тоа, и затоа на Неговото крштавање, кога ја упати Својата молба кон небото, таа молитва директно ја пресече сатанската пеколна сенка која паѓа на вашата патека, и верата влезе „зад завесата“ (Евреите 6:19).

Им помагал на трагачите да практикуваат вера. Исус ја знаел секоја помисла на нејзиното срце (на жената која се допрела до Неговата облека), и се упатил кон неа. Тој ја согледал нејзината голема потреба, и и помагал да ја практикува својата вера.

Божјето знаење може да стане човечко знаење. Божјото знаење може да стане човечко знаење. Секој проповедник мора внимателно да го проучува Христовиот начин на учење. Тие мора да ги сфатат Неговите поуки. Нема ниту еден од дваесет кој навистина ја познава убавината, вистинската срж на Христовата служба. Тие морааттоа да го откријат. Тогаш ќе станат соучесници во богатиот род на Неговите учења. Така ќе можат потполно да ги вплетат во сопствениот живот и пракса, а идеите и принципите кои Христос ги користел во Своите поуки ќе можат да бидат искористени и во нивното учење. Вистината ќе процвета и ќе донесе најблагороден вид на род. И срцето на самиот работник ќе гори; да, ќе биде запалено со живототворен духовен живот кој ќе го влеваат во умовите на другите.

Да се сретнат различни умови. Сите кои тврдат дека се Божји деца треба да имаат на ум дека како мисионери ќе бидат доведени во допир со луѓе со секакви размислувања. Ќе дојдат во допир со префинети и груби, понизни и горделиви, религиозни и скептични, образувани и неуки, богати и сиромаси. Со овие различни умови не може да се постапува на ист начин; но на сите им требаат добрина и сочувство, Со взаемен контакт нашите умови треба да стекнат угладеност и префинетост. Ние зависиме едни од други, цврсто поврзани заедно со врските на човечкото братство.

Умот станува едно со Неговиот ум. Кога ќе Му се покориме на Христа, срцето се соединува со Неговото срце, волјата се слева со Неговата волја, умот станува едно со Неговиот ум, мислите му се покоруваат Нему; ние живееме Негов живот. Тоа значи дека сме облечени во облеката на Неговата праведност. И тогаш, кога Господ не гледа нас, не гледа престилка од смоквини лисја, не ја гледа голотијата или изопаченоста на гревот, туку облеката на Неговата праведност со која е означена совршената послушност кон Господовиот закон.

Сподели го ова:

Слични објави