Глава 19 Родителски влијанија
Под контрола на божествените правила. На родителите почива најсвечената обврска да ги воспитуваат своите деца во страв и Божја љубов. Во домот треба да се чува најчист морал. Мора да се учи на стриктна послушност на библиските барања. Учењето на Божјата реч, мора да го контролира умот и срцето за да може да се покаже силата на Божјата благодат во семејниотживот. Сите членови на семејството треба да бидат „накитени и украсени како столбови во храмот“ (Псалм 144:2), со помош на божествените правила и прописи.
Родителите треба да ги разберат децата. Родителите не смеат да заборават на своето детство, колку тие копнееле за сочувство и љубов и како несреќно се чувствувале кога биле укорувани и карани. Тие повторно мора да бидат млади во своите чувства и да ги спуштат своите умови на она ниво на кое ќе можат да ги разберат потребите на своите деца. Сепак, со одлучност, помешана со љубов, тие мора да бараат послушност од своите деца. Родителскиот збор мора безусловно да се почитува.
Бог ја одредил патеката. Божјите ангели ги набљудуваат децата со најдлабок интерес да видат каков карактер развиваат. Кога Христос би постапувап со нас како што ние најчесто постапуваме едни со други и со своите деца, би се сопнапе и би паднале во крајно обесхрабрување. Видов дека Исус ги познава нашите слабости и дека Сам го делел нашето искуство во се освен во гревот; затоа за нас подготвил патека соодветна на нашата сила и способносги, и како Јаков, лесно паралелно патувал заедно со децата додека тие можеле да издржат, за да може да не потхранува со утехата на Своето друштво и да ни биде вечен водач. Тој не ги презира, занемарува или издвојува децата од стадото. Тој не ни заповедал да одиме и да ги напуштиме. Тој не брзал така за да не остави со нашите деца. О не; туку го израмнил патот што води во живот, дури и за децата. А од родителите се бара во Негово име, да ги водат по тесната патека. Бог ни ја одредил патеката според силата и способноста на децата.
Раздразливоста треба да се сузбие. Родители, кога ќе се почувствувате раздразливи, немојте да правите толку голем грев како што е труење на целото семејство со оваа опасна иритираност. Во таквите прилики поставете двојна стража над себе и решете во своето срце дека нема да изговарате навреди со своите усни, и дека ќе зборувате само убави, весели зборови. Кажете си себе си: „Нема да ја расипувам среќата на своите деца со зборови на нетрпеливост” Така контролирајќи се себе си вие ќе зајакнете. Вашиот нервен систем нема да биде толку чувствителен. Ќе бидете зајакнати со вистински прописи. Свеста дека верно ја исполнивте својата должност ќе ве зајакне. Божјите ангели ќе се радуваат на вашите напори и ќе ви помогнат.
Кога чувствувате нетрпеливост, премногу често мислите дека причината е во вашите деца, и ги карате и кога не го заслужуваат тоа. Друг пат може да се случи да го направат токму тоа истото, но тогаш ќе биде прифатливо и во ред. Децата знаат, ги регистрираат и ги чувствуваат сите неправилности, и тие не се секогаш исти. Понекогаш се донекаде подготвени да се сретнат со променливото однесување, а во друга прилика се нервозни и раздразливи, и не можатда поднесатукор…
Некои родители се со нервозен темперамент, и кога се преморени со работа или оптоварени со грижи, тие не ја чуваат мирната состојба на умот, туку се однесуваат кон оние на кои треба да им бидат најдраги на светот со раздразливост и недостаток на подносливост, што не му е угодно на Бога и навлекува темнина врз семејството, Децата, во нивните неволји, треба често да се утешат со нежно сочувство. Взаемната љубезност и трпеливост ќе го направат домот рај и ќе ги привлечат светите ангели во семејниот круг.
Парализирани умови на родителите. Ние имаме некои сознанија за начинот на кој работи сатаната и колку е успешен во тоа. Од она што ми е покажано, тој ги парализирал умовите на родителите. Тие се бавни да се посомневаат дека нивните сопствени деца можатда бидат во криво и грешни. Некои од овие деца се изјаснуваат како христијани, а родителите спијат, не плашејќи се од опасноста, додека умовите и телата на нивните деца пропаѓаат.
Некои родители дури и не се грижатдали децата се со нивдодека овие се во Божјиот дом. Младите девојки посетуваат собири и може и да седат со своите родители, но најчесто се во позадина на месните цркви. Тие имаат навика да се изговараат да го напуштат домот. Момчињата ова го разбираат и излегуваат пред или по девојките, и тогаш, кога состанокот ќе заврши, ги испраќаат до дома. Родителите овде не постапуваат мудро. Па сепак, по изговорот за прошетка, момчињата и девојките се собират по панаѓурите или некои други осамени места, и таму си играат и добро се забавуваат, без искусното око над себе кое би ги предупредило.
Исхраната и родителското влијание. Кога родителите би живееле здраво, задоволувајќи се со едноставна исхрана, би биле спречени многу трошоци. Таткото нема да мора да работи повеќе отколку што може за да ги задоволи потребите на своето семејство. Едноставниот начин на исхрана нема да влијае на претераното возбудување на нервниот систем и животинските страсти, што предизвикува мрзливост и раздразливост. Кога би земал само едноставна храна, неговата глава би била бистра, нервите постојани, желудникот во здрава состојба, и со еден таков чист организам нема да го изгуби апетитот, така што сегашната генерација би била во многу подобра состојба отколку што е.
Но дури и сега, во овој доцен период, нешто би можело да се направи за да се подобри нашата состојба. Неопходна е умереност во сите нешта. Умерениот татко нема да се жали ако нема голем избор на масата. Здравиот начин на живот ќе ја унапреди состојбата во семејството во секој поглед и ќе и даде време на сопругата и мајката да им се посвети на своите деца.
Голем предмет на проучување со родителите ќе биде на кој начин би можеле најдобро да ги воспитаат своите деца за да бидат корисни и за овој свет и за небото потоа. Тие ќе бидат задоволни да ги видат своите деца уредни, скромно но вкусно облечени, слободни од украсувања и накитувања. Тие сериозно ќе настојуваат да видат дали децата им поседуваат внатрешен накит, украс на скромен и тивок дух кој е од голема вредност во Божјите очи.
Таткото столб на семејството. Таткото христијанин е столб на своето семејство, поврзувајќи го поблиску до Божјиот престол. Нему никогаш не му е во интерес децата да му подзастанат. Таткото кој во семејството има момчиња не треба тие палавковци потполно да и ги препушти на грижа на мајката. Тоа е преголем товар за неа. Тој треба да биде нивен пријател и другар. Мора да се труди да ги сочува од расипано друштво. За мајката може да биде тешко да покажува самоконтрола. Ако мажот забележи дека слабоста на неговата сопруга ја доведува во опасност сигурноста на децата, тој мора да го преземе главниоттовар врз себе, правејќи се што е во негова моќ момчињата да ги води кон Бога.
Мајката н@ треба да биде во потрага по возбудувања. Мајките кои имаат за задача да ги воспитуваат младите умови и да го обликуваат карактерот на своите деца, не треба да бараат светски возбудувања за да бидат расположени и среќни. Тие имаат важна животна задача, и недозволено е да го минуваат времето на бескорисен начин. Времето е една од важните работи кои Бог ни ги доверил и за кое ќе не повика на одговорност. Губењето време е губење на разумот. Умните способности се предиспонирани за возвишена култивација. Должност на мајките еда го култивираатумот и да ја сочуваат чистотата на срцето. Тие треба да го унапредат секое средство кое им стои на располагање заради својот интелектуален и морален напредок за да се оспособат да ги унапредуваат умовите на своите деца.
Оние кои се скпони да бидат во друштво наскоро ќе чувствуваат неспокојство доколку не отидат во посета или не примат посета. Таквите немаат способност да се прилагодуваат на околностите. Неопходните, свети домашни обврски им изгледаат банални и неитересни. Тие немаат љубов кон самоиспитувањето и самодисциплината. Умот е гладен за разни возбудливи појави од световниотживот; децата се запоставуваат поради тие скпоности; а ангелот записничар запишува: „Неверен слуга.“ Божјата замисла е нашите умови да не бидат бескорисни туку да чинат добро во овој живот.
Мајката доилка треба да ја чува среќната состојба. Карактерот на детето исто така е повеќе или помалку под влијание на исхраната што ја прима од мајката. Тогаш колку е важно мајката, додека го дои своето бебе, да ја сочува среќната состојба на умот, имајќи совршена контрола над сопствениот дух. Правејќи така, детската храна нема да биде на штета, а мирниот, прибран курс кој мајката го поседува во постапките со своето дете ќе значи многу во обликувањето на умот на бебето. Ако бебето е нервозно или малку вознемирено, мајчината внимателна, нежна постапка ќе има смирувачко и правилно влијание, а со тоа и здравјето на детето значително ќе се подобри.
Мајката треба да настојува да биде прибрана. Колку помирен и поедноставен живот води детето, толку поуспешен ќе биде неговиот физички и ментален развој. Мајката треба во секое време да остане тивка, смирена и прибрана. Многу мали деца се крајно чувствителни на нервна возбуда, па нежното, неизбрзано однесување на мајката ќе има смирувачко дејство кое ќе биде од непроценлива полза за детето.
Чувствителното дете не треба да се ранува со незаинтересираност. Малите деца сакаат друштво. Тие воопшто не можат сами да се забавуваат, и мајката треба да чувствува дека во повеќето случаи децата додека се во куќата треба да се вообичено онаму каде што и таа самата се наоѓа. Тогаш може да гм надгледува и да ги исправа ситните несогласувања кога е потребно; да ги поправа лошите навики или изразувањето на себичност и страсти, и да им ги насочува умовите кон правиот пат. Децата се радуваат додека мислат дека мајка им е задоволна од нив и додека можат да и угодат, и сосем е природно да ја прашаат за совет кога ќе се најдат во своите мали недоумици.
Мајката не треба да го ранува срцето на своето чувствително дете рамнодушно однесувајќи се кон проблемот или одбивајќи да се вознемирува со тие мали нешта. Она што е мало за мајката, за нив е големо. Збор на насочување, или предупредување, во вистинско време често ќе се покаже од голема вредност. Поглед на одобрување, збор на охрабрување, и молитва од мајката, често ќе внесе светлина во нивните млади срца за цел ден.
Постапувајте благо со малите. Мајки, постапувајте благо со своите малечки. Христос некогаш бил мало дете. Заради Него почитувајте ги децата. Гледајге на нив како на света обврска, не попуштајте им премногу, разгалувајќи т или правејќи ги идоли, туку учете ги да живеат чист, благороден живот. Тие се Божја сопственост; Тој ги сака и ве повикува да соработувате со Него за да им се помогне да изградат совршен карактер.
Вашето дете е Божја сопственост. Сестро моја, може ли да те изненади тоа што твојата ќерка има малку доверба во мајчиниот збор? Си ја воспитувала да биде недоверлива; и Господ е ожалостен што гледа едно од Своите малечки одведено на погрешна патека од страна на својата мајка. Твоето дете не е твоја сопственост; не можеш со него да постапуваш како што тебе ти се допаѓа, бидејќи тоа е Божја сопственост. Покажувај одмерена, истрајна контрола над неа; поучи ја дека му припаѓа на Бога. Со таквото воспитување таа ќе стане благослов на оние околу себе. Но ќе биде неопходно остро, јасно забележување за да ја сузбие нејзината склоност да владее над вас двајцата, да има сопствена волја и пат, и да работи што и се допаѓа.
Весели навики и пријатно расположение. Учете ги своите деца на самоодрекување и самоконтрола уште додека се во лулката. Учете ги да уживаат во убавините на природата и во корисните активности заради користење (увежбување) на сите сили на умот и телото. Воспитувајте ги за да имаат здрава конституција и добар морал, да имаат весели навики и да бидат со пријатно расположение. Учете ги дека попуштањето на искушението е слабост и зло; и дека благородно и машки е да му се спротивставиме на истото.
Мајките се пример. Ако мајките сакаат нивните ќерки да навлезат во периодот на женственост со здраво тело и сочуван карактер, тие мораат да им дадат пример со својот сопствен живот, чувајќи се од помодарството на своето време кое го уништува здравјето. Врз христијанските мајки почива одговорност која тие не ја сфаќаат. Тие треба така да т воспитуваат своите деца за да имаат цврст принцип и морално здравје во ова време на расипаност.
Кога желбата на детето е закон. Во некои семејства желбата на детето е закон. Му даваат се што ќе посака. Се што не му се допаѓа, се охрабрува да не му се допаѓа. Му се попушта со намера да се усреќи, но тоа го прави само нетрпеливо и незадоволно. Попуштањето му го расипало неговиот апетит па не му се допаѓа здравата, едноставна храна и обичното користење на времето; самозадоволувањето доведува до пореметување на неговиот карактер за сегашноста и за вечноста.
Сатаната настојува да ги контролира детските умови. Родители, вие знаете, за некои од тактиките со кои сатаната се обидува да ги одведе вашите деца во безумие. Тој работи со сета сила да ги заведе. Со одлучност за која многумина и не сонуваат тој настојува да се здобие со контрола над нивнитеумови и да ги обезвредни Божјите заповеди во нивните животи.
Родителите треба да ги приврзат децата кон своите срца. Не дозволувајте децата да ве видат намуртени. Ако му попуштат на искушението, и подоцна увидувајќи го тоа се покајат за грешката, простете им великодушно како што се надевате дека така ќе ви прости и вашиот Татко на небото. Нежно подучувајте ги и приврзете ги за своето срце. Тоа е критичен период за децата. Ќе се појават разни влијанија околу нив за да ги одвојат од вас, на кои морате да им се спротивставите. Учете ги да ви се доверуваат. Дозволете им да ви т доверат своите искушенија и радости. Поттикнувајќи вакво нешто, ќе ги спасите од бројните стапици кои сатаната ги подготвува за нивните неискусни чекори.
Не бидете само строт кон своите деца, заборавајќи на сопственото детство, и на фактот дека тие се само деца. Не очекувајте од нив да бидат совршени и не се обидувајте од нив наеднаш да направите мажи и жени. Правејќи така ќе го затворите пристапот кој во спротивно би го имале кон нив, и тоа ќе ги наведе да т отворат вратите за штетните влијанија и тогаш некои друт ќе ги затрујат нивните млади умови пред воопшто и да бидете свесни за опасностите.
Постојана изедначена дисциплина. Среќата на секое дете може да се осигура со постојана, изедначена дисциплина. Детските најдобри особини се содржани во скромноста и послушноста, во увото кое е внимателно да ги сослуша упатените зборови, во желбата на нозете и рацете да одат и да ги извршуваат поставените должности. Вистинската добрина на детето ќе му се врати дури и во овој живот.
Раната младост е време за процесот на обучување, не само за детето да може да стане најуслужно и полно со милосрдие и вистина во овој живот, туку и за да осигура место во небесниот дом, подготвено за сите кои се вистинити и послушни. Преку воспитувањето на своите деца и обуката на други деца се уверивме дека тие никогаш не ги сакаат своите родители или старатели помалку затоа што ги оттргнуваат од правење лошо.
Исус покажувап посебно привлечна природа. Како дете Исус се одликувал со искпучително привлечна природа. Неговите услужпиви раце секогаш биле готови да им послужат на другите. Тој покажувал непоколеблива трпеливост и вистинољубивост која никогаш не би ја жртвувала чесноста. Цврст во начелото како карпа, Неговиотживотја откривал благодатта на несебичната учтивост.
Исусовата мајка го следела со будно око развојот на Неговите сили и во Неговиот карактер забележала печат на совршенство. Со радост се трудела да го бодри тој бистар и приемчив ум. Од Светиот Дух примила мудрост за соработка со небесните сили во развојот на ова Дете, кое само Бога можело да го смета за Свој Татко.
Преокупацијата со умот ги исклучува ниските мисли. Едуцирајте ги способностите и вкусовите на вашите најмили; настојувајте да ги заокупирате нивните умови така што во нив да не се најде место за ниски, расипани мисли или попуштања. Христовата благодат е единствениот противотров или превентива од злото. Доколку сакате, вие можете да изберете, дали умовите на вашите деца ќе бидат заокупирани со чисти, нерасипани мисли или пак со злата кои насекаде преовладуваат гордоста и заборавањето на нивниот Откупител.
Опкружени со ѕид кој не е лесно да се сруши. Секој христијански дом треба да има правила; а родителите треба, со своите зборови и своето однесување, да им дадат на децата драгоцен жив пример на она што би сакале да бидат. Треба непрекинато да се практикува чистота во говорот и вистинска христијанска учтивост. Нека нема никакви поттикнувања на грев, ниту зли претпоставки или лоши зборови.
Учете ги децата и младината да се почитуваат самите себе си, да бидат искрени кон Бога, да бидат верни на начелата, учете ги да го почитуват и да му се покоруваат на Божјиот закон. Тогаш овие правила ќе го контролираат нивниотживот и ќе се изнесуваат во нивното дружење со другите. Тие ќе го сакаат својот ближен како самите себе. Ќе создаваат чиста атмосфера која ќе влијае на слабите души и ќе ги охрабрува на патот кој води кон светоста и небото. Секоја поука нека биде со возвишен и благороден карактер, а извештаите во небесните книги нека бидаттакви за да не се посрамотите на судот.
Децата кои ги примаат овие видови на упатства нема да бидаттовар, причина за загриженост во нашите установи (воспитни, медицински, издавачки, итн); туку ќе бидат сила, потпора за оние кои ја носат одговорноста. Ќе бидат подготвени да заземат доверлива положба а со правило и пример непрекинато ќе им помогнат на другите да прават добро. Оние чии морални чувства не се отапени ќе ги ценат вистинските правила и ќе ги спроведуваат истите. Правилно ќе го ценат својот придонес и најдобро ќе ги искористат своите, физички, ментални и морални сили.
Таквите души трајно се утврдуваат против искушенијата; тие се опкружени со ѕид кој не може лесно да се сруши. Сите такви карактери, со Божји благослов, се светлоносци; нивното влијание копнее кон воздигнување на другите кон еден пракгичен христијански живот. Умот може така да биде воздигнат што Божјите мисли и сфаќања ќе станат природни како и самото дишење.