Глава 79 Хипнотизмот и неговите опасности

Сподели го ова:

Бидете внимателни. Во овие денови кога скептицизмот и неверството толку често се појавуваат под плаштот на науката, мораме да внимаваме на сите страни. Преку овие средства нашиот голем непријател прелажува илјадници и ги заробува и ги води по своја волја. Предноста која ја постигнува од овие науки, науката која се однесува на човечкиот ум, е огромна. Тој овде како змијата незабележително се вовлекува да го расипе Божјото дело.

Ова влегување на сатаната преку тие науки е добро осмислено. Низ каналот на френологијата, психологијата и месмеризмот, тој отворено му пристапува на ова поколение и делува со онаа сила која ги карактеризира неговите напори блиску до свршетокот на пробата. Илјадници умови на тој начин се затворени и одведени во неверство.

Додека се верува дека еден човечки толку чудесно треба да влијае на друг, сатаната, кој е спремен да ја искористи секоја предност, се вовлекува и делува на сите страни. И додека оние кои се посветени на оваа наука се фалат до небесата поради големите и добри дела за кои тие тврдат дека се извршени преку нив, тие малку знаат каква сила на зло негуваат, но тоа е сила која ќе работи со сите знаци и лажни чуда со сета измамливост на неправедноста. Воочи го влијанието на овие науки, драг читателе, зошто борбата помеѓу Христа и сатаната се уште не е завршена…

Занемарувањето на молитвата т наведува луѓето да се потпираат на сопствена сила и да ја отворат вратата на искушенијата, Во многу случаи иматнацијата е заробена од научни истражувања, и на луѓето им се ласка на свеста за сопствената моќ. Науката која се занимава со човечките умови многу се издига. Тие се добри во своето место, но сатаната т искорисгува како моќни средства да прелаже и уништи души. Неговите лукавства се прифаќаат како да се од небото, и тој на тој начин го прима обожавањето кое многу му се допаѓа. Советот, кој смета дека френологијата и животинскиот магнетизам ќе му бидат од голема корист, никогаш не бил толку расипан како до сега, Преку овие науки се уништува способноста и се поставуваат темелите на спиритизмот.

Контролата на умот потекнува од сатаната. Теоријата на контрола на умот потекнува од сатаната кој се претставува како водач и ја става човечката филозофија онаму каде што треба да биде божествената. Од сите заблуди кои се прифаќаат помеѓу народот кој исповеда христијанство, ниту една не е поопасна измама, никоја посигурно нема да не одвои од Бога, отколку таа. Колку и да изгледа безопасна, ако се применува над пациентите, таа тежнее на нивно уништување,

а не на обнова. Таа ја отвора вратата низ која сатаната ќе поминува да го заземе умот кој се предал на контрола на друг и умот кој го контролира.

Сатаната ги хипнотизирал Адама и Ева. Сатаната го искушувал првиот Адам во Еден, и Адам резонирал со непријателот, давајќи му на тој начин предност. Сатаната ја покажал својата моќ на хипнотизам над Адам и Ева, и се обидел оваа моќ да ја употреби против Христа. Но откако биле цитирани зборови од Светото Писмо, сатаната знаел дека нема шанси да победи.

Немојте да си играте со хипнозата. Мажите и жените не смеат да ја проучуваат науката за тоа како да ги заробат умовите на оние со кои се дружат. Ова е наука која ја учи сатаната. Ние мораме да го одбиеме секое такво учење. Не смееме да се спогодуваме со месмеризмот и хипнотизмот науката на оној кој го изгубил своето прво место и бил исфрлен од небесните дворови.

Предупредување на еден лекар кој го поддржувал хипнотизмот.

Така сум оптоварена со вашиот случај што морам да продолжам да ви пишувам, за случајно во вашето слепило да не пропуштите да увидите каде ви е потребна реформа. Упатена сум дека потхранувате идеи кои Бог ви ги забранува. Би ги нарекла еден вид на лечење со умот. Вие мислите дека можете да го користите лечењето со умот во својата професионална работа како лекар. Во тоа сериозно предупредување изговорени се овие зборови: Пазете, пазете каде стоите и што ви прифаќа умот. Бог не ви ја одредил оваа задача. Теоријата за контрола на умот над умот потекнува од сатаната кој се претставува како водач, поставувајќи ја човечката филозофија онаму каде што треба да биде божествената.

Ниту еден маж или жена не треба да ја покажуваат својата волја контролирајќи ги своите чувства или разум на другиот, така што умот на другата личност да стане пасивен субјект во однос на волјата на оној кој врши контрола. Оваа наука може да изгледа како нешто убаво, но тоа е наука која во ниту еден случај не смеете да ја применувате… Постои нешто поубаво со кое вие ќе се занимавате од контролата на човечката природа над човечката природа.

Давам сигнал на опасност. Единственото сигурно и вистинско лечење на умот покрива многу од тоа. Лекарот мора да ги воспитува луѓето да гледаат од човечкото кон божественото. Оној Кој го направил човечкиот ум точно знае што му е потребно.

Навидум вредна и чудесна наука. Отпочнувајќи со науката која ја застапувате, сте пренесувале образование кое не е сигурно за вас, или за оние кои ги учите. Опасно е да ги исполнувате умовите со наука за лечење со умот.

Оваа наука може да ви изгледа како многу корисна, но таа за вас и за другите е заблуда која ја приготвил сатаната. Шармот на змијата е тоа што донесува духовна смрт. Таа наука содржи многу од тоа што изгледа чудесно, но таа е туѓа за Христовата природа и дух. Таа не доведува кон Оној Кој е живот и спасение.

На почетокот од својата работа морав да се борам со науката за лечењето со умот. Праќана бев од место на место да ја објавам невистинитоста на оваа наука, во која мнозина влегуваа. Лечењето со умот се нудело премногу наивно да ја олесни напнатоста на нервно болните. Но, оф, колку жални беа резултатите! Бог ме праќаше од место на место да ја укорувам оваа наука и се што беше поврзано со неа.

Доведува кон пропаст, а не кон обнова. Сакам отворено да ви говорам. Сте влегле во работа која нема место во работата на еден христијански лекар и која не смее да се најде во нашите здравствени институции. Иако навидум невино, лечењето на умот, ако се извршува на пациентите, понатака ќе се развие на нивна пропаст, а не на обнова. Второто послание до Тимотеј, третото поглавје, ги опишува лицата кои ја прифатиле заблудата дека еден ум треба да врши потполна контрола на другум. Богзабранува такви работи. Лечењето со умот е една од сатанските големи науки, и важно за нашите доктори е да ја увидат вистинската природа на овие науки, зошто преку неа ќе им дојдат големи искушенија. На оваа наука не смее да и се дозволи ниту еден дел на простор во нашите санаториуми.

Бог не дал ниту еден зрак на светлина или охрабрување за нашите лекари да имаат удел во работата на потполна контрола на еден ум над друг така што еден ја извршува волјата на другиот. Да се учиме на патиштата и намерите на Бога. Не му дозволувајте на непријателот ниту најмала предност над вас. Не дозволувајте му да ве наведе да се осмелите да се обидете да го контролирате другиот ум додека тој не стане машина во вашите раце. Оваа наука е сатанско делување.

Престанете со хипнотизмот (втора порака на предупредување на лекар кој користел хипнотички методи). Брате и сестро Н, во името на Господа ве молам да запомните дека доколку не се промени вашето мислење во однос на науката во лечењето со умот, дотолку двајцата не разбирате дека повеќе од било кога ви е потребно обратување и преобразување на умот, ќе бидете камен на сопнување бедна слика на ангелите и луѓето.

Вистината имала само незначително влијание на вас. Опасно е за секој, без разлика колку добар човек да е, да се обидува да влијае на другиот човечки ум за да го доведе под контрола на својот ум. Дозволете ни ние да ви кажеме дека лечењето со умот е сатанска работа. Веќе сте отишле доволно далеку во тоа што сериозно го доведувате во опасност своето идно искуство. Од своето прво влегување во вашиот ум до сега, тоа бил најштетен раст.

Доколку не увидите дека сатаната е тој генијалец кој ја осмислил оваа наука, нема да ви биде лесно да се одвоите од неа како што претпоставувате, зошто се вкоренила и раширила. Целата оваа филозофија е ремек дело на сатанската измама. Поради својата душа, прекинете со се од овој ред. Секој пат кога во вашите мисли внесувате друга личност и идеи поврзани за оваа наука за да ја придобиете контролата на неговиот ум, вие сте на сатанска почва, отворено соработувајќи со него. Поради својата душа, ослободете се од оваа стапица на непријателот.

Бог забранува подучување или учење за хипнотизмот. Ниту еден од вас не треба да ја проучува науката за која сте биле заинтересирани. Изучувањето на оваа наука значи берење плодови од дрвото на познавање на доброто и злото. Бог ви забранува вам или на било кој смртник да подучува или учи таква наука. Фактот дека сте се впуштиле во оваа наука требало да биде доволен да ви ја покаже, брате Н, неусогласеноста со тоа да бидете водач и лекар во санаториумот…

Занимавајќи се со науката за лечење на умот вие сте јаделе од дрвото на познавање на доброто и злото, кое Бог ви забранил да го допирате. Сега е крајно време да отпочнете да гледате на Исуса, и со набљудување на Неговиот карактер да се промените во божественото обличје.

Одвојте се од се што мириса на хипнотизмот, наука преку која делуваат сатанските орудија.

Сатаната има голема моќ (дополнителен совет на овој лекар и неговата жена). Запомнете дека сатаната слегол со голема сила да ги запоседне умовите, да ги задржи и зароби под своја власт. Ниту еден од вас не може да му угоди на Бога доколку не го следите Спасителот, кој вели: ,Дко некој сака од вас да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да врви по Мене“ (Матеј 16:24). Христос е наш пример во се,

Наука исполнета со опасности. Ние не бараме да се ставите под контрола на било кој човечки ум. Лечењето со умот е најстрашна наука која било кога е застапувана. Секое зло суштество може да ја користи во спроведување на своите сопствени зли намери. Ние немаме ништо со таквата наука. Од неа не треба да се плашиме. Не треба никогаш да се внесе ниту едно нејзино начело во било која институција.

Искористување на слабоста. Страшна е моќта која на тој начин им се дава на злонамерни мажи и жени. Каква можност им дава на оние кои живеат користејќи ги слабостите или глупоста на другите! Колкумина, низ контрола на умовите на слабите и болните, ќе најдат начин за задоволување на ниските страсти или желби за добивка!

Совет поврзан со објавувањето на книги кои се занимаваат со хипноза. Ќе сакаат ли неговите (на Издавачката куќа Преглед и Гласник) уп-

равители да дозволат да бидат орудија на сатаната печатејќи книги кои се занимаваат со хипноза? Ќе се вовлече ли оваа лепра во бирото? …

Сатаната и неговите орудија трпеливо работеле и работат. Ќе сака ли Бог да го даде својот благослов на издавачките куќи кога тие ги прифаќаат измамите на непријателот? Ќе сакаат ли институциите кои се држеле пред народот како свети на Господа да станатучилиште во кое работниците ќе го јадат плодот од забранетото дрво на знаењето? Ќе сакаме ли да го охрабриме сатаната во неговото притаено влегување во тврдината на вистината за таму да ја положи својата огнена наука, како што направил во Еден?

Зар луѓето во срцето на делата се луѓе кои не може да прават разлика помеѓу вистината и заблудата? Зар тие се луѓе кои не може да ги увидат страшните последици на дозволување на влијанието на заблудите? Кога и би стекнале милиони долари работејќи на овој начин, од каква корист е кога ќе се спореди добивката со страшните загуби кои се поднесуваат со давање на публицитет на сатанските лагм?

Смртоносна заблуда. Сатанските орудија ги облекуваат лажните теории во привлечна облека, како што сатаната во Еденската градина го прикрил својот идентитет од нашите прародители говорејќи преку змијата. Овие орудија во човечките мисли влеваат она што всушност претставува смртоносна заблуда. Хипнотичното влијание на сатаната ќе почива на оние кои од јасната Божја Реч се вртат кон пригодните бајки.

Опасност во истражувањето. Стигнавме до опасностите на последните денови, кога некои, да, многумина, „ќе отстапат од верата, обратувајќи им се на заводливите духови и ѓаволски науки.“ Внимавајте што читате и како слушате. Не земајте никаков удел во спиритистичките теории. Сатаната чека да го вовлече во смрт секој кој си дозволува да биде прелажен со неговата хипноза. Тој почнува да ја покажува својата моќ над нив веднаш штом ќе започнат со истражување на неговите теории.

Не ги разгласувајте сатанските теории. Покажано ми е дека не смееме да влегуваме во конфронтација со овие спиритистички теории, затоа што само таа конфронтација ќе ги збуни умовите. Ова не смее да се внесува на нашите собири. Ние не треба да работиме да ги разобличиме. Ако нашите проповедници и учители се оддадат на проучување на овие погрешни теории, некои ќе отстапат од верата, подарувајќи внимание на заводливите духови и на ѓаволските науки. Не е задача на проповедникот на евангелието да ги разгласува сатанските теории. Одете право напред, градејќи ги старите рушевини и обновувајќи ги темелите на многу поколенија. Презентирајте ја вистината, света, посветувачка вистина, и оставете ги заводливите теории на непријателот. Не давајте му место на кое би насадил семе од овие теории. Предупредена сум да не влегуваме во костец по овие прашања. Проповедниците, учителите или учениците нека не ги повторуваат лагите на непријателот.

Проповедниците и лекарите вовлечени во стапица. Постојат доктори и проповедници кои се под контрола на хипнозата која ја извршува таткото на лагата. Не осврнувајќи се на дадените предупредувања сатанските криви дрини се прифаќаат сега исто така како што биле прифатени во небесните дворови. Науката со која се прелажани нашите прародители и денеска ги лаже луѓето. Проповедниците и докторите стануваат вовлечени во стапицата. Минато во нови облици. Искуството од минатото се повторува. Во иднина, сатанските празноверства ќе заземат нови облици. Заблудите ќе се изложуваат на угоден и лукав начин. Лажните теории, преоблечни со плаштот на светлоста, ќе се презентира на Божјиот народ. Така сатаната ќе се обиде да ги прелаже, ако биде можно и одбраните. Ќе се извршува најзаводливо влијание; и умовите ќе бидатхипнотизирани.

Искуство на авторот со хипнозата. Секаде е разгласувано дека во 1845 визиите биле како резултат на месмеризмот, и мнозина адвентисти и остатоци на адвентизмот не го прифатиле седмиот ден (саботата) зошто биле подготвени да веруваат и шират таков извештај. Еден лекар кој бил прославен месмерист ми рече дека, моите визии биле месмеризам, дека сум била многу лесен субјект, и дека можел да ме хипнотизира и да ми даде визии.

Му кажав дека Господ ми покажа во визија дека месмеризмот е од ѓаволот, од бездната на јамата, и дека наскоро ќе отиде таму, со оние кои продолжуваат да го користат.

Потоа му дозволив да ме хипнотизира ако може. Се обидуваше повеќе од половина час, прибегнувајќи на различни опции, и тогаш се откажа. Со вера во Бога можев да го одбијам неговото влијание, така што тоа ниту најмалку не влијаеше врз мене.

Духовен магнетизам. Во Њу Хемшир (во 1848 година) моравме да се бориме со еден вид на духовен магнетизам, кој е сличен по карактерот со месмеризмот. Тоа беше наше прво искуство од тој вид.

Никој не смее да биде пасивно орудие. Не е Божја намера било кое човечко суштество да го предаде својот ум и волја на друг, станувајќи пасивно орудие во неговите раце.

Мораме да бидеме слободни од човечкото маѓепсништво. Лечењето на умот мора да биде ослободено од сите човечки маѓепсништва. Не смее да се вложува на човечкото туку да се издигнува кон духовното, држејќи се за вечноста.

Сподели го ова:

Слични објави