Глава 1 Важноста на проучувањето на умот

Сподели го ова:

Најделикатна работа. Работата со умовите е најцеликатното занимање во кое луѓето било кога биле вклучени.

Познавање на законите што управуваат со умот и телото. Обврска на секоја личност, заради своја и ползата на оние со кои доаѓа во контакт е да ги запознае животните закони и совесно да им се покорува. Сите треба да се запознаат со најпрекрасниот од сите организми, човечкото тело. Треба да ги разберат функциите на различните органи и нивната меѓусебна зависност во здравото функционирање на секој од нив. Треба да го проучуваат влијанието на умот врз телото и на телото врз умот и законите според кои тие се раководат.

Воспитување и дисциплинирање на умот. Без оглед на тоа којсте… Господ ве благословил со интелектуални способности, кои можат огромно да се усовршуваат. Развивајте ги своите таленти со истрајна сериозност. Воспитувајте и дисциплинирајте го умот со проучување, запазување и размислување. Вие не можете да се сретнете со Божјиотум додека не ја употребите сета сила. Менталните способности јакнат и се развиваат доколку работите во стравот Божји, во понизност и со сериозна молитва. Одлучноста ќе оствари чуда.

Потенцијалот на дисциплинираниот ум. Мора да се практикува самодисциплина… Просечниот ум, ако е добро дисциплиниран, може да постигне многу повеќе и да изврши повозвишена работа отколку најголемите таленти и највисокообразованиот ум ако не се научил на самосовладување.

Работата со умовите е највозвишена задача. Иднината на општеството ја покажуваат младите на денешницата. Во нив гледаме идни учители, законодавци и судии, водачи на народот, кои го одредуваат карактерот и судбината на нацијата. Колку е важна тогаш мисијата на оние кои треба да ги обликуваат навиките и влијанијата во животот на генерацијата што доаѓа.

Работата со умовите е најголемо дело кое било кога им било доверено на луѓето. Времето на родителите е премногу вредно за да се троши во задоволување на апетитот или во трка за богатство или мода. Бог во нивните раце им ги дал драгоцените млади, не само за да ги оспособат и да им најцат корисно место во овој живот, туку да т подготват и за небесните дворови.

Корисноста на учителот зависи од увежбаноста на умот. Корисноста на учителот не зависи толку од вистинското количество на неговото знаење, колку од целта кон која се стреми. Вистинскиотучител не се задоволува со тапи мисли, мрзливост на умот и слабо помнење. Тој постојано се стреми кон повисоки достигнувања и подобри методи. Неговиот живот е живот на постојан раст. Во работата на ваквиот учител се забележува свежина, оживувачка сила, која ги буди и инспирира неговите ученици.

Тој ќе се бори за најголема ментална и морапна висина. Да се познаваш себеси значи да знаеш многу. Учителот, кој правилно се проценува себеси, ќе му дозволи на Бога да го обликува и дисциплинира неговиот ум. И така тој ќе го признае изворот на својата сила… Самоспознавањето води кон понизност и доверба во Бога, но таа не го зазема местото на напорите за самоусовршување. Оној што ги сфаќа сопствените недостатоци, ќе ги вложи сите потребни напори во достигнувањето на најголемите можни стандарди на физичка, ментална и морална изврсност. Ниедна личност што се задоволува со ниски стандарди не треба да има удел во воспитувањето на младите.

Подготовки за вечноста. Во сите свои обврски морате да се однесувате како земјоделецот кој се труди за земниот род. Навидум тој го фрла своето семе; но закопано во земјата, семето ‘рти. Силата на живиот Бог му дава сила и виталност, и најнапред се гледа „стебло, после кпас потоа клас полн со зрна“ (Марко 4:28). Проучувајте го овој прекрасен процес. 0, колку нешта постојат за учење и за разбирање! Доколку ги усовршуваме своите умови до крајноста на своите способности ние и низ вечноста ќе продолжиме да ги проучуваме патиштата и делата Божји и ќе знаеме се повеќе и повеќе за Него.

Наука за христијанството и умот. Постои наука за христијанството, која треба да се владее наука толку подлабока, поширока, повозвишена, од било која друга човечка наука, колку што небото е повисоко од земјата. Умот треба да се дисциплинира, образува, воспитува; затоа што луѓето треба да му служат на Бога на начин што не е во склад со вродените скпоности. Честопати животното воспитување и образование мораат да се отфрлат, со цел човекот да може да стане ученик во Христовата школа. Срцето мора да се научи да биде постојано во Бога. Старите и младите треба да стекнат навики на мислење, кои ќе ги оспособат да му се спротивстават на искушението. Тие мораат да се учат да гледаат нагоре. Начелата на Божјата Реч принципите, кои се високи колку и самото небо и кои ја опфаќаат и вечноста треба да се сфатат во поглед на нивното влијание на секојдневниот живот. Секое дело, секоја мисла, секој збор, треба да биде во склад со тие начела.

Напредок само преку судир. Ниту една наука не може да се изедначи со онаа, која се развива во животот на проучувачот на Божјиот карактер. Оние, кои стануваат Христови следбеници, откриваат дека се обезбедени нови мотиви за акција, дека се појавуваат нови мисли и како последица на тоа мораат да резултираат и нови акции. Но тие можат да постигнат напредок само преку судир, затоа што постои непријател кој постојано се бори против нив, нудејќи искушенија што душата ја водат кон сомнеж и грев. Постојат наследни и стекнати склоности кон зло, кои мораат да се победат. Апетитот и страстите мораат да се стават под контрола на Светиот Дух. Нема да има крај на борбата се до прагот на вечноста. Но додека мораат да се водат постојани борби, постојат исто така и драгоцени победи кои можат да се стекнат; а триумфот над своето јас и над гревот е повреден отколку што умоттоа може да го процени.

Должност на секој христијанин е да го развива својот ум. Должност на секој христијанин е да стекнува навики на ред, темелност и брзина во исполнувањето на задачите. Нема никакво оправдување за спората, невешта работа од било каков вид. Кога некој е постојано зафатен, а работата никогаш не е завршена, тоа е затоа што умот и срцето не стапиле во дејство. Човекот што е спор и не работи на најдобар начин, мора да сфати дека тие грешки треба да се поправат. Тој треба да го вежба умот планирајќи како најдобро да го искористи времето остварувајќи притоа најдобри резултати. Со тактичност и систематичност, некој може да постигне истотолку за пет часа како некој друг за десет.

Некои, кои се зафатени со домашни работи, секогаш работат, не затоа што имаат толку многу работа, туку затоа што не планираат како да заштедат време. Со своите бавни и растегнати начини на работа, тие од многу малку прават многу работа. Но, секој оној што сака, може да ги победи овие раздразливи и мрзоволни навики. Таквиот во својата работа мора да има одредена цел. Проценете колку време би било потребно за да се заврши одредена работа, и потоа насочете го секој напор во извршување на работата за одредено време. Со вежбање на силите на волјата, рацете ќе станат повешти.

Воспитување на секоја сила на умот и телото. Бог на секое човечко суштество му дал мозок. Тој сака тој да се употреби на Негова слава… Ние немаме вишок на умствена моќ или способност на резонирање. Ние треба да ги развиваме и вежбаме сите сили на умот и телото човечкиот механизам што Христос го откупил за да можеме што подобро да ги искористиме. Треба да правиме се што можеме за да т зајакнеме тие сили, затоа што на Бога му е мило да станеме што поделотворни соработувајќи со Него.

Негуваниот ум, мерило за човекот. Никогаш не мислете дека сте научиле доволно и дека сега можете да се опуштите. Негуваниот ум е мерило за човекот. Вашето образование треба да продолжи во текот на целиот живот; секој ден треба да учите и да го применувате стекнатото знаење.

Сличноста помеѓу необработеното поле и неувежбаниот ум е упадлива. Децата и младите во своите умови и срца веќе поседуваат семе на расипаност, подготвено да изникне и да ја донесе својата изопачена жетва; затоа се потребни најголема грижа и стремеж во развојот и снабдувањето на умот со драгоценото семе на библиската вистина.

Стекнување на знаење и ментална култура. Од тоа дали правилно го користиме времето зависи нашиотуспех при стекнување на знаење и ментална култура. Интелектуалниот развој не треба да биде спречен од сиромаштија, скромно потекло или неповолното опкружување… Решителноста во намерите, истрајната трудољубивост, грижпивото трошење на времето сето тоа може да му помогне на човекот да стекне знаење, да го развие интелектот и да се оспособи речиси за секоја влијателна и корисна работа.

Разбирањето на умовите е од голема важност во работата со болните. Во лекувањето на болестите предизвикани од умот потребна е голема мудрост. Ранетото и болно срце, обесхрабрениот дух, бараат нежно постапување… Честопати сочувството и такгичносга претставуваат поголем благослов за болниот, отколку најстручните методи на лекување применети на студен и рамнодушен начин.

Разбирањето на умовите и на човечката природа помагаат во делото на спасение. Решително зафатете се со работа за да станете токму онака корисни и успешни онолку колку што за тоа Бог ве повикал. Бидете темелни и верни во се што преземате. Искористете ја секоја можност што ви се дава за да ги засилите своите умни способности. Проучувањето на книги поврзете го со корисна физичка работа, така што со предани заложби, со будност и со молитва да стекнете мудрост што доаѓа од небото. Така себеси ќе си обезбедите целокупно образование. Тоа поволно ќе влијае и врз вашиот карактер, ќе го засили вашето влијание врз другите умови и ќе ве оспособи да ги поведете по патот на чесноста и светоста.

Механичари, законодавци, трговци, луѓе од секаков профил и професија се образуваат за да станат мајстори во својата работа. Дали Христовите следбеници треба да бидат помалку интелигентни и додека велат дека се ангажирани во Неговата служба да не бидат во незнаење за начините и средствата кои треба да ги користат? Потфатот на освојување на вечниотживот е над секаква земна мисла. За да ги водат душите кај Христа, мора да имаат знаење за човековата природа и мора да се проучува човечкиотум. Потребно е многу повнимателно размислување и срдечна молитва за да знаат како да им го приближат на луѓето големиот предмет на вистината.

Облагородените сили го зголемуваат барањето за нашето служење. Среде недостатокот на решеноста да земат учество во работата и реформата, луѓето можат да станат стереотипни (затврднети) во погрешен начин на делување; а ако ги развиваат своите сили, тие можат да стекнат способност да вршат најдобра можна служба. Тогаш насекаде ќе ги бараат и ќе ги ценат како работници за почит.

Ние можеме да достигнеме скоро до изврсноста на ангелите. –

Господ на човекот му дал способност за постојано усовршување и му ветил секаква можна помош за таа цел. Преку провидението на божествената благодат, ние можеме да достигнеме скоро до изврсноста на ангелите.

Сподели го ова:

Слични објави