Глава 76 ОДЛУЧНОСТА И ВОЛЈАТА

Сподели го ова:

Владеечка сила во природата на човекот. Волјата е вледеечка сила во природата на човекот, доведувајќи ги сите останати способности под свое влијание. Волјата не е вкус или скпоност, туку е моќ на одлучување која работи во синовите човечки на послушност или непослушност кон Бога.

Се зависи од нејзината правилна акција. Личноста која е во искушение мора да ја разбере вистинската сила на волјата. Тоа е владеечка сила во човековата природа сила на одлучност и избор. Се зависи од правилната акција на волјата. Желбата за добрина и чистота е правилна, колку до неа стои; но ако сопреме тука, таа нема да служи за ништо. Мнозина ќе отидат во пропастдодека се надеваати сакаатда ги надвладеат своите лоши особини. Тие не ја предаваат својата волја на Бога. Тие не одбираат да му служат.

Извор на сите акции. Вашата волја е извор на сите ваши акции. Оваа волја, која обликува толку важен фактор во каракгерот на човекот, при падот во гревот е предадена во контрола на сатаната; и тој отсекогаш работел во човекот да сака и прави тоа што му се допаѓа, но на конечна пропаст и беда на самиот човек.

Но бесконечната Божја жртва во давањето на Исуса, Неговиот возљубен Син, да стане жртва за гревот, му овозможува да рече, без кршење на ниту едно начело на Своето владарство: „Предајте се себеси на Мене; предадете Ми ја својата волја; земете ја од контролата на сатаната, и Јас ќе ја присвојам; тогаш ќе можам да работам во вас да сакате и правите како што Мене ми е угодно.“ Кога тој ви дава Христов ум, вашата волја станува како Неговата волја, и вашиот карактер се преобразува да биде налик на Христовиот карактер.

Човечката волја е агресивна. Човечката волја е агресивна и постојано настојува се да подреди на своите намери. Ако се стави на страна на Бога и правдата, плодови на Духот ќе се појават во животот; а Бог наменил слава, чест и мир на секој човек кој прави добро.

Неможноста лежи во сопствената волја. Целиот наш живот е Божји и мора да се искористи на Негова слава. Неговата благодат ќе ја посвети и унапреди секоја способност. Никој нека не рече: Не можам да ги излечам своите карактерни мани; зошто ако дојдете до оваа одлука, видливо е дека ќе пропуштите да го добиете вечниотживот. Неможноста лежи во вашата сопствена волја. Ако не сакате, тогаш не можете да победите.

Вистинската потешкотија произлегува од расипаноста на непосветеното срце, и неволноста за потчинување на Божјата контрола.

Голем смирувач за нервите. Умот и нервите стекнуваат своја обоеност и сила преку користењето на волјата. Моќта на волјата во многу случаи ќе се покаже како силен смирувач за нервите.

Сатаната ја користи волјата. Кога на сатаната ќе му се допушти да ја обликува волјата, тој ја користи за остварување на своите цели… Тој ги побудува лошите особини, будејќи несвети страсти и амбиции. Тој вели: „Сета оваа моќ, овие почести и богатство и грешни задоволства, ќе ти ги дадам на тебе”; но неговите услови се да се предаде честитоста, и отапи совеста. На тој начин тој ги деградира човечките способности и ги воведува во ропство на гревот.

Искушенијата ја огттоваруваат моќта на волјата до крајност. Како Божји деца имаме привилегија цврсто да се држиме за повикот на својата вера без колебање. Понекогаш господарската сила на искушенијата изгледа како до крајност да ја оптоварува нашата моќ на волјата, и практикувањето на верата изгледа спротивно на сите докази на чувства или емоции, но нашата волја мора да се држи на Божја страна. Ние мораме да веруваме дека Исус Христос е вечна сила и ефикасност… Час по час мораме победоносно да ја чуваме својата положба во Бога, и да бидеме силни во Неговата сила.

Воспитувањето на децата не е како на немите животни. Воспитувањето на децата во домот или во школото на треба да биде како обука на немите животни, зошто децата имаат интелегентна волја која треба да се насочува да ги контролира сите нивни способности. На немитеживотни потребна им е обука зошто тие немаат разум и интелект. Но човечкиот ум мора да се учи на самоконтрола. Тој мора да се воспитува да управува со човечкото битие, додека животните ги контролира господарот и научени се нему да му се покоруваат. Господарот е ум, суд и волја за своето животно.

Волјата треба да се насочува не да се крши. Детето може да се воспитува, како животните така што ќе нема сопствена волја. Дури и неговата индивидуалност може да се потопи во индивидуалноста на оној кој ја надгледува неговата обука; неговата волја, во сите навики и цели, се подредува на волјата на учителот. Децата кои така се воспитани ќе бидат лишени од моралната енергија и индивидуалната одговорност. Тие не се учени да делуваат разумно и по начела, нивната волја ја контролирал некој друг, и умот не бил поттикнат да се шири и јакнее. Тие не се насочени и дисциплинирани земајќи ја во предвид нивната посебна конструкција и способноста на умот да ја покаже својата најсилна моќ кога е потребно.

Учителите не треба овде да застанаттуку посебно внимание треба да подарат на негување на послабите способности за да може секоја моќ да се стави во употреба и пренесе од еден степен на сила на друг, за да може умот да достигне соодветна големина.

Да се сочува сета сила на волјата. Постапката на „кршење на волјата11, е спротивна на Христовите начела. Детската волја мора да се насочува и води. Сочувајте ја сета сила на волјата, зошто му е потребна на човечкото битие; но насочувајтеја како штотреба. Постапувајте мудро и нежно со неа, како со посветено богатство. Не кршете ја волјата на делови туку со помош на правила и вистински пример обликувајте ја и моделирајте додека детето не влезе во годините на одговорност.

Учителот не смее да биде диктатор. Оние кои се себични, зловолни, со диктаторски дух, прости и груби, кои не се однесуваат внимателно кон чувствата на другите, никогаш не смеат да се вработат како учители. Тие би имале погубно влијание над своите ученици, обликувајќи ги по својот карактер и на тој начин овековувајќи го злото. Личностите со ваков карактер ќе вложат напори да ја скршат детската волја, ако е непослушна; но Христос не одобрил таков начин на постапување со оние кои грешат. Преку небесната мудрост, низ скромноста и благоста на срцето, учителите можат да ја насочуваат волјата и водат на патот на послушноста; но никој нека не се залажува дека љубовта на учениците може да ја стекне со закани. Ние мораме да работиме како што Христос работел.

Поделената волја е стапица. Секоја млада личност треба да негува одлучност. Поделената состојба на волјата е стапица, и ќе предизвика пропаст на многу млади. Бидете цврсти, или куќата, односно карактерот, ќе биде препуштен на изградба на песокпив темел. Постојат некои кои ја имаат таа несреќа секогаш да бидат на погрешна страна, додека Господ сака да се верни луѓе кои можат да го разликуваат доброто од злото.

Два елементи на карактер. Силата на карактерот се состои од две работи моќта на волјата и моќта на самоконтрола. Мнозина млади ја заменуваат силната, неконтролирана страстза силен карактер, но вистина е дека оној кој се раководи со страстите е слаб човек. Вистинската големина и благородноста на човекот се мери по моќта на чувствата кои тој може да ги потчини, а не по моќта на чувствата кои него го потчинуваат. Најсилен човек е оној кој, додека е чувствителен на злоставување, сепак ќе ги заузда страстите и ќе им прости на своите непријатели. Таквите луѓе се вистински херои.

Волјата соединета со божествената сила. Вие можете да станете одговорни и влијателни луѓе ако силата на волјата, ја соедините со божествената моќ и срдечно се зафатите со работа. Вежбајте ја менталната моќ и во никој случај не ја занемарувајте физичката. Не дозволувајте вашата интелектуална мрзливост да го затвори вашиот пат кон поголемо спознавање. Научете да размислувате додека проучувате за да можат вашите умови да се шират, јакнеат и развиваат. Никогаш не размислувајте дека доволно сте научиле и дека сега можете да ги олабавите своите напори. Култивираниотум е мерило за човекот. Вашето образование треба да продолжи во текот на животот; секој ден треба да учите, и стекнатото знаење практично да го применувате.

Правилното увежбување на волјата пружа отпор на болеста. Покажано ми е дека оние кои очевидно се слаби и кои секогаш се жалат не се толку лоши како што си замислуваат за себеси. Некои од нив имаат силна волја, која, ако се користи во правилна насока, ќе биде моќно средство за контролирање на мислите пружајќи на тој начин отпор на болеста. Но најчест случај е волјата да се вежба во пофешна насока и тврдоглаво да се одбива да се потчини на разумот. Таа волја ја прифаќа инвалидноста како готова работа и не се освртува на судот на другите.

Еден фактор во односите со болеста. Моќта на волјата не се вреднува како што би требало. Дупуштете и на волјата да се разбуди и правилно да се насочи, и таа ќе даде енергија на целото битие и ќе биде чудесна помош во одржување на здравјето. Таа исто така е сила во постапувањето со болестите…

Со употребата на волјата ставајќи се во правилен однос кон животот, пациентите можат многу да придонесат во своето закрепнување соработувајќи на тој начин со напорите на лекарот. Постојат илјадници кои можат да го повратат здравјето ако сакаат. Господ не сака да бидат болни. Тој сака да им биде добро и да се среќни, и тие треба да ги средат своите умови како што треба.

Честопати инвалидите може да ја одбегнат болеста ако не се предадат на слабостите и не ја прифатат состојбата на неактивност. Издигајќи се над своите болки и маки, нека се вкпучат во корисна работа пригодна на нивната сила. Со таква запосленост и слободна употреба на воздух и сончева светлина, исцрпените инвалиди можат да ја повратат силата и здравјето.

Ветено подобрување на здравјето. Лошите навики и обичаи на луѓето им донесуваат болести од секој вид. Разумот нека се осведочи со воспитување во грешноста, злоупотребата и во понижување на моќта која Бог ја дал. Умот нека се опамети и волјата стави на Господовата страна, и ќе се случи чудесно напредување во физичкото здравје.

Но ова никогаш не може да се постигне само со човечка сила. Со енергични напори преку Христовата благодат да се остават лошите навики и друштво и да се држи умереноста во сите нешта, мора да се придодаде

постојаното осведочување дека покајанието и простувањето мораат да се бараат од Бога преку Христовата помирителна жртва. Ова мора да се внесе во секојдневното искуство; мора да постои строго внимание на неуморно молење за Христос да ја доведе секоја мисла во покорност; Неговата обновувачка сила мора да и се даде на душата, за како одговорни суштества да можеме да ги понудиме своите тела на Бога во жива жртва, на светот и Нему прифатлива, која е наша разумна служба.

Наркотиците и волјата. Постојат некои кои користат наркотици, и така поттикнуваат лоши навики кои задобиваат надмоќност над волјата, мислите и целиот човек.

Поучување на моќта на волјата. Моќта на волјата и важноста на самоконтролата, како за зачувување така и за обновување на здравјето, штетните, па дури и разорните последици на гневот, незадоволството, себичноста и порочноста и од друга страна, чудесната животодавна моќ која се наоѓа во доброто расположение, несебичноста, благодарноста, треба исто така да се покажат.

Светиот Дух не го зазема местото на волјата. Божјиот Дух нема намера да го извршува нашиот дел, во сакање или делување. Ова е задача на човечките орудија во соработка со божествените средства. Штом почнеме со копнежот својата волја да ја прилагодиме со Божјата волја, Христовата благодат е тука да соработува со човечките орудија; но таа нема да биде заменик за извршување на задачи независно од нашата одлучност да делуваме. Поради тоа обилноста на светлина и купишта на докази не е тоа што ја обратува душата; тоа е само човечкото орудие кое ја прифаќа светлината, ги буди потенцијалите на волјата, разбирајќи и признавајќи го тоа за кое знае дека е праведност и вистина, соработувајќи на тој начин со небесните пратеници наименувани од Бога во спасување на душите.

Сигурна само кога е соединета со Божјата волја. Човечката волја е сигурна само кога е соединета со Божјата волја.

Човечката волја мора да се измеша со божествената волја. Воовој судир на праведноста против неправедноста можеме да бидеме успешни само со помош на Бога. Нашата ограничена волја мора да се потчини на волјата на Бесконечниот; човечкото мора да се соедини со божественото. Ова ќе ни го доведе Светиот Дух на помош, а секоја победа ќе биде поттик на обновувањето на Божјата купена сопственост, на обнова на Неговиот лик во душата.

Обратувањето не создава нови способности. Божјиот Дух не создава нови способности во обратениотчовектуку работи на одлучна промена во примена на овие способности. Кога умот, срцето и душата се менуваат, на човекот не му се дава нова совест, туку неговата волја се подредува на обновената совест, совест чии заспани чувства се будат со работа на Светиот Дух,

Сатаната владее со волјата која не е под Божја контрола. Христос објавил: „Оти слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати“ (Јован 6:38). Неговата волја активно се покажувала во спасување на човечките души. Неговите слуги добро би направиле кога би се запрашале: „Каква волја јас култивирам? Ги задоволувам ли сопствените желби, се зацврстувам ли во себичноста и своеглавоста?” Ако ова го правиме, во голема опасност сме, зошто сатаната секогаш ќе владее со волјата која не е под контрола на Божјиот Дух. Кога ќе ја ставиме својата волја во заедница со Божјата волја, светата послушност која се покажала во Христовиот живот ќе се види и во нашите животи.

Волјата мора да се насочи од чистата светост. Внатрешниот мир и совеста која е ослободена од непријателство кон Бога ќе оживее и ќе го освежи разумот како роса на нежен цвет. Тогаш волјата правилно се насочува и контролира и таа е поодлучна, а сепак ослободена од расипаноста.

Волјата го одредува животот или смртта. Единствено вечноста може да ја открие славната судбина која човекот, обновен по Божјото обличје, може да ја постигне. За да го стигнеме овој голем идеал, тоа што предизвикува сопнување на душата мора да се жртвува. Преку волјата гревот ја задржува власта над нас. Покорувањето на волјата е претставено како вадење на око или сечење на рака. Честопати ни изгледа дека покорувањето на Божјата волја значи постојано одење низ животот како осакатен или лепрозен…

Бог е избор на животот, а ние можеме да имаме живот само кога сме во заедница со Него… Ако се држите на своето јас, одбивајќи да ја предадете својата волја на Бога, вие ја одбирате смртта…

Потребна е жртва да се предадете на Бога; но тоа е жртвување на пониското за повозвишеното, земното за духовното, пропадливото за вечното. Бог не замислил нашата волја да се уништи, зошто само низ неа можеме да постигнеме она што Тој сака. Нашата волја мора да му се предаде Нему за да можеме повторно да ја примиме, очистена и префинета, и така поврзана во сочувство со Божеството за Тој да може да ја излее низ нас плимата на Својата љубов и сила.

Да се разбере вистинската сила на волјата (совет на еден нестабилен младич). Ќе бидеш во постојана опасност се додека не ја разбереш вистинската сила на волјата. Ти можеш да веруваш и да ветуваш се, но твоите ветувања и твојата вера немаат вредност доколку не ја ставиш својата волја на страна на верата и акцијата. Ако ја водиш битката на верата со сета сила на волјата, ќе бидеш победник. Не смееш да им веруваш на своите чувства, емоции и впечатоци зошто тие не се несигурни.

Вие можете да ја контролирате својата волја. Но не треба да очајувате… Ваше е да ја предадете својата волја на волјата на Исуса Христа и додека тоа го правите Бог ќе делува во вас да сакате и правите како што Нему му е угодно. Тогаш целата ваша природа ќе дојде под контрола на Христовиот Дух, а ќе му бидат потчинети дури и вашите мисли.

Вие не можете да ги контролирате вашите побуди, своите емоции, како што можеби сакате; но можете да ја контролирате вашата волја, и да извршите темелна промена во вашиот живот. Со предавањето на својата волја на Христа, вашиотживот ќе биде сокриен со Христа во Бога и поврзан со сила која е над сите царства и власти. Ќе имате сила од Бога која постојано ќе ве држи во Неговата сила; и нова светлина, светлината на живата вера, ќе ви биде можна. Но вашата волја мора да соработува со Божјата волја.

Врска која спојува со божествената енергија. Ние сме помошници на Бога. Тоа самиот Господ го уредил. Таа соработка на човечката волја и напори со божествената енергија е врска која ги спојува луѓето меѓусебно и со Бога. Апостолот вели: „Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда” (1. Коринтјаните 3:9). Човекоттреба да работи со способностите кои Бог му ги дал. „Со страв и трепет градете го вашето спасение, оти Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја“ (Филипјаните 2:12,13).

Кога волјата е ставена на Господовата страна, Светиот Дух ја превзема и ја соединува со божествената волја.

Сподели го ова:

Слични објави