Глава 7 Болести што започнуваат во умот

Сподели го ова:

Премалку се размислува за причинските фактори. Премногу малку се размислува за причините за смртноста, болестите и дегенерацијата кои денес постојат и во најцивилизираните и најразвиени земји. Човечката раса пропаѓа.

Девет десетини од болестите се производ на умот. Болестите на умот преовладуваат насекаде. Девет десетини од болестите од коишто страдаат луѓето имаат свој зачеток во умот. Можеби некој семеен проблем, како рак, ја јаде самата душа и ги слабее животните сили. Каењето за гревовите понекогаш ги поткопува телесните сили и доведува до неурамнотеженост на умот. Исто така постојат погрешни учења, како она за вечниот пекол и вечното мачење на злите, коишто, давајќи преувеличени и изопачени погледи за Божјиот карактер, предизвикуваат исти резултати врз чувствителните умови.

Умот влијае на телото. Односот што постои помеѓу умот и телото е многу тесен. Кога се влијае на едното, другото сочувствува. Состојбата на умот влијае врз здравјето на целиот организам. Ако умот е слободен и среќен, што потекнува од исправните постапки и чувството на задоволство кога се усреќуваат други, тоа создава ведрина којашто се одразува на целиот организам, предизвикувајќи послободна циркулација на крвта и јакнење на целото тело. Божјиот благослов е исцелителска сила и оние коишто со задоволство работат за добробит на другите ќе забележат чудесен благослов во срцето и животот.

Добро нахранет и здрав мозок. Мозокот е орган и инструмент на умот и го контролира целото тело. За останатите делови на организмот да бидат здрави, мозокот мора да биде здрав. А за да биде здрав мозокот, крвта мора да биде чиста. Ако крвта со исправни навики во јадењето и пиењето се одржува чисга, тогаш мозокот исправно се храни.

Далекусежното влијание на мечтата. Имагинацијата на пациентот честопати ја предизвикува или многу ја влошува неговата болест. Мнозина кои можеле да се чувствуваат добро осгануваат инвалиди за цел живот само затоа што самите се сметале за такви. Мнозина си замислуваат дека секакво лесно изложување ќе предизвика болест и злото кое го насетуваат и очекуваат обично и доаѓа. Мнозина умираат од болести кои се целосно замислени.

Електричната сила на мозокот го оживува организмот. Треба да се нагласи влијанието на умот врз телото исто како и влијанието на телото врз умот. Електричната сила на мозокот, засилена со умствена активност, го оживува целиот организам и на тој начин станува скапоцена помош во спротивставувањето на болестите. Ова мора јасно да се изнесе. Силата на волјата и важноста на самоконтрола како за чувањето така и за обновувањето на здравјето; штетните, па дури и разорните последици од гневот, незадоволството, себичноста, порочноста, и од друга страна, прекраснатаживотна сила која се наоѓа водоброто расположение, несебичноста, благодарноста сето тоа исто така треба да се прикаже.

Некои се болни затоа што им недостасува сила на волјата. На своите патувања сретнав многу кои страдаат поради својата имагинација. Им недостасува сила на волјата за да се издигнат и да ги победат болестите на телото и умот; затоа биле држени во ропство на сградањата…

Често се случуваше да се свртам од болничките постели на тие луѓе кои самите себе се направиле инвалиди, велејќи си самата на себе: споро умирање, умирање заради мрзливост, тоа е болест која никој не може да ја излечи, освен самите тие.

Важноста за здрав ум и здраво тело. Менталната и моралната сила зависи од физичкото здравје. Децата мораат да се учат да ги жртвуваат сите задоволства и попуштања кои им штетат на нивното здравје. Ако децата се научат на самооткажување и самоконтрола, ќе бидат многу посреќни отколку ако им се дозволи да им се препуштаат на своитежелби за задоволство и екстраваганција во облекувањето…

На доброто здравје, бистриот ум и чистото срце не им се придава првенствена важност во семејствата. Многу родители не ги воспитуваат своите деца за корисност и должност. Тие се разгалени и скпони на попустливост така што самооткажувањето им станало скоро невозможно. Тие не се поучувани дека на успешниотхристијански живот му претходи развој на здрав ум во здраво тело што е од најголема важност.

Деца кои премногу рано се изложуваат на голем притисок. Извесно е дека во училниците е поставен темел за разни видови на болести. Но, она што лично не засега, најсложениот орган мозокот, често се ранува од преголеми напори… Така, многу животи се жртвувани од амбициозните мајки. Од оние деца коишто очевидно имале доволно силен скпоп за да ги преживеат таквите постапки, има многу такви кои последиците ги носат во текот на целиот свој живот. Нервната сила на мозокот толку многу ослабнува што откако ќе навлезат во позрели години невозможно им е да издржат поголем психички напор. Силата на некои од сложените органи на мозокот изгледа истрошена. Не само што физичкото и менталното здравје се загрозува со прераното испраќање на училиште, туку тие исто така се губитници и од морална гледна точка.

Болеста понекогаш ја причинува свртеноста кон себеси. Мнозина физички, ментално и морално заболеле затоа што вниманието скоро постојано им било насочено кон себеси, Тие можеле да се спасат од мирувањето со здравата виталност на младите и различни умови и со немирната детска енергија, Малкумина од нив ја сфаќаат ползата од фижата, одговорностите и искуствата кои децата ги внесуваат во семејството… Куќата без деца е пусто место. Срцата на оние кои живеат во домот се во опасност да станат себични, да го посакуваат само своето лично спокојство и да ги земаат во обѕир само сопственитежелби и удобност. Тие си прибираатсочувство за себе, но многу малку им нудат на другите. Грижата и љубовта кон децата го отрга лошото од нашата природа, не прави понежни и сочувствителни и влијае на развојот на благородните елементи од нашиот карактер.

Депресивните чувства се штетни по здравјето. На сите им е должностда развиваат ведрина наместо постојано да се баватсотагата и неволјите. Мнозина на ваков начин не само што се несреќни туку на својата болна мечта и го жртвуваат и здравјето и среќата. Во нивното опкружување постојат нешта кои не се прифатливи и изразот на нивните лица секогаш е тмурен и појасно од секој збор го изразува незадоволството. Таквите депресивни чувства се многу штетни по нивното здравје, затоа што го попречуваат процесот на варење на храната. Додека жалоста и загриженоста не можат да го излечат ниту најмалото зло, можат да направат голема штета; но ведрината и надежта, додека ги осветлуваат патеките на другите „се живот за оние кои ги наоѓаат и исцелување за сето нивно тело“ (Изреки 4:22).

Во работата за болните, треба да се проучуваат умовите. Прилекувањето на болните не смее да се занемари менталното влијание. Правилно употребено, тоа влијание претставува едно од најефективните средства за совладување на болеста.

Болеста произведена во умот. Бројни болести кои му нанесуваат болка на човештвото имаат корен во умот и можат да се излекуваат единствено со обнова на умот. Има многу повеќе ментално болни луѓе отколку што ние мислиме. Болестите на срцето мнозина ги прави потиштени и предизвикуваат лошо варење на храната, затоа што менталните болести имаат парализирачко влијание на органите за варење.

Христос исцелува. Постои болест на душата што никаков мелем не може да ја ублажи, ниту лек да ја исцели. Молете се за таквите и доведете ги кај Исуса Христа.

Атмосфера која донесува здравје и ведрина. Родителите треба да ги опкружуваат децата пред се со атмосфера на ведрина, учтивост и љубов. Домот во кој што пребива љубовта и каде што таа се изразува во погледите, зборовите и постапките е место во коешто ангелите уживаат да престојуваат. Родители, светлината на љубовта, ведрината и среќата секогаш нека ги исполнува вашите срца и нека нејзиното слатко влијание продира во домот. Покажувајте љубезен, трпелив дух, и така истото тоа поттикнете го кај своите деца, негувајќи ги сите оние благодети кои ќе го осветлат животот во вашиот дом. Атмосферата којашто се создава на таков начин за децата ќе биде она што воздухот и сончевата светлина се за растителниот свет, подобрувајќи го здравјето и силата на умот и телото.

Сподели го ова:

Слични објави