Глава 18 Сигурност во домот

Сподели го ова:

Човечката љубов треба да црпи од божествената љубов. Брачната заедница може да биде безбедно формирана единствено во Христа. Човечката љубов треба да гм влече своите најбписки врски од божествената. Длабока, искрена и несебична наклонетост може да има само онаму каде што владее Христос.

Достигање на Божјиот идеал. Мажите и жените би можеле да го постигнат Божјиот идеал за нив кога би го земале Христа за помошник. Она што човечката мудрост не може да го направи ќе го постигне Неговата благодат за оние кои Му се предаваат себеси со љубов и доверба. Неговото провидение може да ги обедини срцата во врска која потекнува од небото. Љубовта нема да биде само размена на нежни и ласкави зборови. На небесниот разбој се ткае ткаенина која е далеку пофина и поцврста од се што може да биде исткаено на земните разбои. Резултатот нема да биде неотпорен материјал, туку материјал кој ќе биде траен и ќе гм издржи сите испитувања. Срцата ќе бидат соединети со златните жици на љубовта која трае.

Да се одмеруваат сите мислења во планирањето на бракот. Оние кои стапуваат во брактреба внимателно да го проценат секое чувство и да го набљудуваат развојот на карактерот на оној со кого мислат да ја обединат својата животна судбина. Секој чекор кон брачната заедница треба да биде обележан со скромност, едноставност, искреност и срдечна цел да се задоволи и прослави Бог. Бракот влијае на натамошниотживот во овој и во светот што ќе дојде. Искрениот хрисгијанин нема да прави планови кои Бог не може да ги одобри.

Вистинското единство бара долгогодишен труд. Малку двојки се целосно обединеги пред да почне свечениот обред без оглед колку внимателно и мудро влегуваат во бракот. Вистинското единство во бракот го донесува долгогодишните понатамошни напори.

Романтичното мечтаење се губи. Романсата врз која младите толку често сакаат да градат брак исчезнува кога младиот брачен пар ќе се сретне со животните потешкотии, бремиња и проблеми. Тогаш мажот и жената ќе ги запознааат карактерите на другиот на начин кој не бил можен во нивното прегходно познанство. Тоа е најкритичниот период од нивната врска, Среќата и полезноста на целиот нивен иден живот зависат од заземањето правилен курс во овој период. Тие често кај другиот ќе согледаат слабости и мани на кои не се надевале; но срцата обединети во љубов ќе откријат и дотогаш незабележани доблести. Секој нека се труди да ги открива доблестите, а не маните на својот партнер. Токму нашиот став, атмосферата која се шири околу нас, честопати го одредува она што ќе ни биде откриено за друтот.

Мнозина сметаат дека покажувањето љубов е слабост и се држат резервирано, што го оттурнува другиот. Ваквиот дух ги попречува изливите на љубов и сочувство. Но, ако ги потиснуваме чувствата за друштвеност и широкоградност, тие венеат и срцето станува пусто и студено. Треба да се чуваме од оваа грешка. Љубовта не може долго да опстојува ако не се покажува. Не дозволувајте срцето на оној кој е поврзан со вас да гладува за љубезност и сочувство.

Љубовта стимулира кон поблагородни цели. Секој треба да претпочита да дава љубов отколку да ја прима. Негувајте го она што е благородно во вас и не двоумете се да т вреднувате добрите квалитети на другиот. Свеста дека сте ценети е прекрасен поттик и големо задоволство. Наклонетоста и почитта го поттикнуваатстремежотзаусовршување. И љубовта се зголемува кога поттикнува благородни цели.

Индивидуалноста не треба да ја снема. Ниту мажот ниту жената не би требале да ја претопат својата личност во личноста на другиот. Секој од нив има своја лична врска со Бога. Секој треба да праша за себе: „Што е правилно?” „Што е погрешно?” „Како најдобро да ја исполнам целта на мојотживот?” Дозволете им на вашите најдлабоки чувства да потечат кон Оној Кој го дал Својотживот за вас. Христос нека ви биде прв и последен и најдобар во се. И вашата љубов ќе станува почиста и посилна со зајакнувањето и продлабочувањето на љубовта кон Христа.

Ние имаме сопствена индивидуалност, и индивидуалноста на жената никогаш не смее да се стопи со машката. Бог е нашиот Создател. Ние сме Негови со создавањето и искупувањето. Потребно е да согледаме колку можеме да Му вратиме на Бога, бидејќи Тој ни дава разум, и сака да ги употребиме овие најдрагоцени дарови во слава на Неговото име.

Потполната потчинетост му припаѓа само на Исус. Бог бара жената пред себе секогаш да ги има стравот и славата Божја. Потполната покорност муја должи само на Господ ИсусХристос, Кој ја откупил како Свое дете по бесконечната цена на Својотживот… Нејзината индивидуалност не смее да се стопи во индивидуалноста на нејзиниот сопруг, бидејќи таа е Христова купена сопственост.

Не смее да се негува мислата дека бракот е грешка. Иако можеби ќе се појаваттешкотити, неволји и обесхрабрувања, ниту мажот нитужената не смеат да помислат дека нивната заедница е грешка или разочарување. Одлучете дека на другиот ќе му бидете се што можете да бидете. Продолжете со вниманието што сте си го посветувале во раниот период.

На секој можен начин охрабрувајте се меѓусебно во водењето наживотните борби. Научете да ја зголемите среќата на другиот. Меѓу вас нека владеат взаемна љубов и природна воздржаност. Тогаш бракот наместо да биде крај на љубовта, ќе биде нејзиниот вистински почеток. Топлината на вистинското пријателство, љубовта која поврзува срце со срце е предвкус на небесната радост.

Однос контролиран од разумот. Оние кои го почитуваат брачниот однос како една од Божјите свети установи, раководени од Неговите свети прописи, ќе се контролираат по налог на разумот. Тие внимателно ќе го разгледаат резултатот од секоја привилегија која им ја дава брачниот однос. Таквите ќе чувствуваат дека нивните деца се скапоценост која Бог им ја доверил на чување, да преку дисциплинаја отргнат рапавата површина од нивните природи, за да може да се покаже нивниот сјај. Тие под најсвечена заклетва ќе чувствуваат потреба така да ги формираат карактерите за да можат да чинат добро во животот, да ги благословат другите со својата светлина, да го направат светот подобар со своето живеење во него, и на крајот да бидат подесни за возвишениот живот во еден подобар свет, засекогаш да светлат во Божјото и Јагнетово присуство.

Добро организирано семејство. Семејството треба да биде добро организирано. Таткото и мајката треба заедно да ги разгледаат своите одговорности. Заедно треба да работат за најголемо добро на своите деца. Тие никогаш не треба во присуство на децата да гм критикуваат плановите на другиот, или да изнесуваат недоверба кон судот на другиот. Ако жената е неискусна, таа треба да се обиде да открие каде нејзината работа создава потешкотии на нејзиниот маж додека тој работи на спасението на децата. А мажот треба да ги поддржи напорите на својата жена, мудро да ја советува и храбри со љубов.

Родителите мора да владеат со себе. Родителите кои сакаат успешно да владеат со своите семејства мора прво да владеат со себе. Ако сакаат во нивните семејства да бидат присутни само убави зборови, тие мораат да им овозможат на децата од нивните усни да слушаат само убави зборови. Посеаното семе ќе донесе соодветна жетва. Родителите имаат свечена, света задача во воспитувањето на децата со правила и пример. Тие имаат обврска пред Бога да му ги претстават своите деца способни рано да го примат знаењето за тоа што значи да се биде следбеник на Исус Христос, Ако оние кои тврдат дека се библиски христијани имаатдеца кои пакнемаатљубов и страв Божји, во најголем број од случаите тоа е затоа што примерот на родителите не бил исправен. Посеано е лажно, лошо семе кое донело жетва само на троскот и трње.

Љубезни зборови и насмевки за семејството. Не ни е само предност туку и должност да негуваме љубезност, да имаме Христов мир восрцата, и како миротворци и Христови следбеници да го сееме драгоценото семе кое ќе произведе жетва во вечен живот. Оние кои се изјаснуваат како Христови следбеници можатда имаат добри и корисни особини но карактерите да им се многу расипани со нељубезен, раздразлив, груб и осудувачки темперамент. Мажот или жената кои негуваат сомнеж и недоверба создаваат кавга и раздор во домот. Ниту еден од нив не треба да ги чува љубезните зборови и насмевки само за странци, а во домот да изразува раздразливост, одземајќи го така мирот и задоволството.

Треба да се избегнуваатвулгарни зборови. -Татковци и мајки, мажи и жени, ве преколнувам, не оддавајте се на ниски мисли и вулгарен говор. Неучтивиот разговор, ниските шеги, недостатокот на човечност во семејниотживот, остава траги на вас, и ако тие често се повторуваат, стануваат ваша втора природа. Домот е премногу свето место за да се валка со вулгарност, сензуалност и осудување. Има Сведок кој објавува: „Ги знам твоите дела.“ Љубовта, вистината, љубезноста и издржпивоста нека бидат растенија кои ќе се одгледуваат во градината на срцето.

Никогаш не покажувајте грубост или нељубезност. Покажувате ли некогаш грубост, нељубезност и неучтивост во семејниот круг? Ако покажувате нељубезност во својот дом, без разлика колку и возвишена да биде вашата дејност, вие ги кршите Божјите заповеди.

Пријателите никогаш да не се мешаат во семејниот живот (совет на едно момче). Кон семејниот круг треба да се однесуваме како кон свето место, симбол на Небото, огледало во кое се одразува нашиот лик. Ние можеме да имаме пријатели и познати, но тие не треба да се мешаат во семејниотживот. Потребно е да се создаде силно чувство на припадност кое дава чувство на спокој, мир и доверба.

Но твоето дружење со други жени и девојки беше извор на искушение за нив, наведувајќи ги да си дадат себе си за слобода да го пречекорат ограничувањето коешто брачниот однос им го наметнува на секој маж и жена. Ти тоа не го забележуваш, но твојата љубов кон забава и духот кој си го поттикнувал не влијаел на другите укажувајќи им на светоста на брачниот однос.

Практичниот семеен живот е голем тест за карактерот. Со нежната промисла во домот, изразувајќи трпеливост, добрина и љубов, човекот го одредува својот карактер.

Жените копнеат за зборови на љубов. Многу жени копнеат за зборови на љубов и љубезност и вообичаени изрази на внимание и учтивост од страна на своите мажи кои ги избрале за животни сопатници. Колку неволји и каква плима на зло и несреќа би можело да се избегне кога мажите, а исто така и жените би продолжиле да негуваат почитување, внимание и љубезни зборови кои љубовта ја одржуваат жива и за кои чувствувале дека се неопходни во задобивањето на својот избран сопатник.

Кога мажот и жената само би продолжиле да го одгледуваат тоа внимание кое ја храни љубовта, би биле среќни во меѓусебното дружење и би имале поголемо влијание на семејството, Така тие би имале во себе мал свет на среќа и не би сакале да излегуваат во светот заради нови привлечности и објекти на љубов. Многу жени заболеле и прерано умреле поради немање зборови на охрабрување, сочувство и љубов искажани со мало внимание и со зборови.

Мажот може да ја затвори вратата за болести. Мажот треба да покаже големо интересирање за своето семејство. Особено мора да биде нежен кон чувствата на слабата жена. Тој може да ја затвори вратата на многу болести. Љубезните, нежните и охрабрувачките зборови ќе се покажат поделотворни од лековите. Тие ќе му донесат поттикна потиштеното и обесхрабрено срце, а среќата и радоста што ќе се внесат во семејството со љубезни постапки и охрабрувачки зборови десетпати ќе го наплатат тој напор.

Мажот треба да запамети дека најголемиот дел од товарот за подучување на децата почива врз мајката, и дека таа има многу работа во обликувањето на нивниот ум. Ова треба да ги предизвика неговите најнежни чувства, и тој треба внимателно да и го олесни товарот. Тој треба да ја охрабри да се потпре на неговата голема љубов, и да го носочи нејзиниот ум кон Небото, каде што се наоѓаат силата и мирот и конечниот одмор за уморните.

Тој не смее намуртен да влегува во својот дом, туку со своето присуство треба да внесе радост во семејството и да ја охрабри својата сопруга да се угледа на Бога и да верува во Него. Заедно можат да се повикаат на Божјите ветувања и да ги внесат Неговите богати благослови во семејството. Нељубезноста, незадоволството и гневот ја затвораат вратата на Исус. Видов дека Божјите ангели бегаат од домовите каде што има нељубезни зборови, раздразливости кавга.

Сопругот, глава на семејството. Сопругот и таткото е глава на семејството. Жената од него очекува љубов, сочувство и помош во воспитувањето на децата; и тоа треба да биде така. Децата се колку нејзини толку и негови, и тој е подеднакво заинтересиран за нивното добро. Децата од таткото очекуваат поддршка и водство; тој мора да има правилно сфаќање за животот, за влијанието на друштвото што ги опкружува, и пред се треба да се раководи од љубовта и стравот Божји и од учењето на Божјата реч, за да може своите деца да т насочи во вистински правец.

Жената „помошник“ на мажот. Бог му дал другар на Адама. Тој му обезбедил „помошник” помошник соодветен нему некој кој бил прикпаден за соработник и кој што можел да биде едно со него во љубовта и сочувството. Ева е создадена од реброто на Адам, што значи дека не требало да владее над него како глава, ниту пак да биде газена под неговите нозе како потчинета, туку да стои покрај него како еднаква, да биде сакана и заштитувана. Дел од човекот, коска од неговите коски, и тело од неговото тело, таа била неговото второ јас, што укажува на блиска заедница и нежна приврзаност којашто треба да постои во овој однос, Како да се создаде мир во семејниот круг. Кога мажот поседува благородност на карактерот, чистота во срцето, возвишеност на умот, што треба да го има секој вистински христијанин, тоа ќе се покаже во брачниот однос… Тој ќе настојува да ја сочува својата жена во здравје и ведрина. Ќе настојува да зборуваутешни зборови, да создава атмосфера на мир во кругот на семејството.

Мажите треба да го проучуваат Примерот и да настојуваат да дознаат што значат симболите изложени во посланието до Ефесјаните за односот кој Христос го има кон црквата. Мажоттреба да биде како Спасител во своето семејство. Ќе сака ли тој да стои во својата благородносг, во од Бога дадената му мажевност, секогаш насгојувајќи да ја возвиши својата жена и деца? Ќе сака ли да шири околу нив атмосфера на чисгина и топлина? Немали сесрднодаја негува Исусовата љубов, правејќи јатрајно правило во својот дом, како што го присвојува своего право на авторитет?

Мажот не смее да се држи до својог став по секоја цена. Не е доказ за машкоста кај сопругот доколку тој консгантно пребива на својата положба како глава на семејсгвото. Нема да му порасне почитувањего ако го користи Светото Писмо за да го поддржи своето право на авторитет. Тој нема да стане поголем маж ако бара од жената, мајката на своите деца, да постапува според неговите планови какотие да се непогрешливи.

Господ го поставил човекот за глава на жената за да ја штити; тој е врска во семејството која ги поврзува членовите, како што Христос е глава на црквата и Спасител на тоа чудесно тело. Секој маж кој тврди дека го сака Бога нека внимателно ги проучува Божјите барања во однос на својата положба. Христовиот авторитет се покажува во мудроста, во секоја добрина и благост; така и мажите нека ја користат својата сила и ја копираат големата Глава на црквата.

Жената треба радосно да му помага на мажот да го одржи достоинството. Покажано ми е дека исто така има често големи пропусти од страна на жената. Таа не вложува сериозни напори да го контролира сопствениот дух и да го усреќи домот. Често се покажува раздразливост и непотребно незадоволство од нејзина страна. Мажот доаѓа дома уморен и оптоварен од работа, и се среќава со намуртено лице наместо со ведри, охрабрувачки зборови. Тој е само човечко суштество, и неговата љубов кон жената се лади, ја губи семејната љубов, патеката му е замрачена а храброста уништена. Тој го предава своето самопочитување и она достоинство кое Бог бара од него да го одржува.

Мажот е глава на семејството, како што Христос е глава на црквата, и било кој начин на кој жената може да тежнее да го намали неговото влијание и да го спушти од таа достоинствена и одговорна положба, не му е угоден на Бога. Должност на жената е да гм потчинува своите желби и својата волја на мажот. Нејзиното достоинство нема да се намали кога му се покорува на оној кој го избрала за свој советник и заштитник. Мажоттреба да ја одржува својата положба во семејството со сета кротост, но и со одлучност.

Човекот е друштвено суштество. Меѓу сите созданија што Бог ги создал на земјата, ниту едно не можело да се спореди со човекот. И рече Господ Бог: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ (Битие 2:18). Човекот не е создаден да живее во самотија, тој е друштвено суштество. Без дружење, прекрасните глетки и угодните акгивности во Еден не би можеле да донесат совршена среќа. Дури ни заедницата со ангелите не би можела да ја задоволи неговата желба за сочувство и дружење. Не постоел некој друг од иста природа да сака и да биде сакан.

Хармонија во домот е можна само со Божјиот Дух. Ние мораме да го имаме Божјиот Дух, или никогаш нема да постигнеме хармонија во домот. Жената ако го има Христовиот Дух, внимателно ќе зборува, ќе го контролира својот дух, ќе биде кротка, па сепак нема да се чувствува како робинка туку ќе му биде другар на својот маж. Ако мажот е Божји слуга, тој нема да господари над својата жена; нема да биде самоволен и полн со барања. Ние не можеме да негуваме љубов во домот со премногу грижи; бидејќи домот, ако во него владее Господовиот Дух, е прототип на Небото.

Најважен е внатрешниот круг. Сите наши способности треба да ги употребиме за Христос, Тоа е долг кој секој од нас го има кон Бога. Во обликувањето на односот со Христос, обновениот човек само се враќа на својот првобитно одреден однос со Бога. Тој е Христов претставник, и секогаш треба да стражари и да се моли. Неговите должности се насекаде околу него, блиску и далеку. Првата негова должност е онаа што ја има кон децата и најблиските роднини. Ништо не може да го оправда од занемарувањето на внатрешниот кругзаради создавање на поголем надворешен.

На денот на конечната пресметка, од татковците и мајките ќе се бара одговор во врска со нивните деца. Родителите ќе бидат запрашани што направиле и што зборувале за да го осигураат спасението на душите за коишто ја презеле одговорноста со нивното донесување на овој свет. Дапи ги запоставиле своите јагненца, препуштајќи им ги на грижа на странци? Татковци и мајки, им дозволувате ли на своите деца да растат во нечистотија и грев? Големите добра направени за другите не можат да го поништат долгот што го имате кон Бога да се грижите за своите деца. На прво место е духовната благосостојба на вашето семејство. Поведете ги со себе до крстот, постапувајќи со нив како оние кои за тоа мора да положат сметка.

Сподели го ова:

Слични објави