Глава 78 Контрола на умот над умот
Фактори кои можат да го заробат умот. Ќе дојде до расипаност од секој вид слични на оние кои постоеле помеѓу луѓето од претпотопниот свет, кој ќе ги заробуваумовите. Воздигнувањето на природата како Бог, неограничената слобода на човечката волја, безбожните собири, сето тоа сатаната го користи како средства за да постигне одредени цели. Тој ќе ја користи моќта на умот врз ум за да ги спроведе своите замисли. Најжалосно е што под неговото лажливо влијание луѓето ќе имаат обличје на побожност при тоа немајќи вистинска врска со Бога. Исто како Адам и Ева кои јадеа од плодот на дрвото за познавање на доброто и злото, мнозина и сега се хранат со лажни парчиња на заблуди.
Опасна наука. Јасно имам говорено за таа опасна наука која вели дека една личност треба да го препушти својот ум на контрола на друга. Оваа наука е од ѓаволот.
Ментално влијание во третирање на болните. Во третманот на болните ефектот на менталното влијание не треба да се превиди. Кога правилно се користи, ова влијание станува едно од најделотворните средства во спречување на болеста.
Меѓутоа, постои еден облик на лечење на умот кој е едно од најефикасните средства за злото. Преку оваа така наречена наука, еден ум се доведува под контрола на друг на тој начин што индивидуалноста на послабата личност се претопува во индивидуалноста на посилниотум. Една личност ја спроведува волјата на друга. Се тврди дека на тој начин текот на мислите се менува, дека може да се пренесатживотодавни импулси и пациентите да се оспособат да ја одбијат и совладаат болеста.
Оваа метода на лечење ја користеле личности кои не биле упатени во нејзината вистинска природа и тенденција и кои верувале дека тоа ќе биде од корист на болните. Но оваа таканаречена наука се заснова на лажни начела. Таа е туѓа на природата и на Христовиот Дух. Таа не доведува кон Оној Кој е живот и спасение. Оној кој ги привлекува умовите кон себе ги наведува да се одвојат од Вистинскиот Извор на нивната сила.
Не е Божја намера било кое човечко суштество да ја предаде својата волја и ум под контрола на друг, станувајќи пасивно орудие во неговите раце. Никој не смее да ја преточува својата индивидуалност во индивидуалноста на другиот. Не смее да се гледа на некое човечко суштество како извор на исцелување. Зависноста мора да биде од Бога. Во своето достоинство на од Бога дадената мажевност, човекот треба да биде под контрола на самиот Бог, а не на човечкиот разум.
Бог сака да ги доведе луѓего во директен однос со себе. Во сите свои постапки со човечките суштества Тој го признава начелото на сопствена одговорност. Тој настојува да го охрабри чувството на сопствена зависност и да ја втисне потребата за сопствено водство. Тој сака луѓето да ги доведе во заедница со божественоста за тие да можат да се преобразат во божественото обличје. Сатаната настојува да ја расипе ова намера. Тој настојува да ја охрабри зависност врз човек. Кога умовите ќе се одвратат од Бога, искушителот може да ги потчини под себе. Тој може да го контролира човештвото.
Привремено олеснување, но трајно оштетување на умот. Ниту еден поединец не смее да дозволи да го контролира ум на друга личност, мислејќи дека така ќе му причини голема корист. Лечењето со умот е една од најопасните измами која може да се врши на друга личност. Може да се почувствува привремено олеснување, но умот на оној кој е така контролиран никогаш нема одново да биде толку јак и самоуверен. Ние можеме да бидеме слаби како жената која се допрела до работ од Христовата облека, но акоја користиме од Бога дадената приликада Мудојдеме во вера, тој брзо ќе одговори како што направил со допирот на верата.
Не е Божја замисла за било кое човечко суштество да го предаде својот ум на друго човечко суштество. Воскреснатиот Христос, кој сега седи од десната страна на престолот на Таткото, е Моќен Исцелител. Барајте од Него исцелителска сила. Само преку Него грешниците може да дојдат кон Бога онакви какви што се. Никогаш тоа не може да го направат преку некој човечки ум. Човечкиот посредник никогаш не смее да се вмеша помеѓу небесните орудија и оние кои страдаат.
Поглед од човечкото кон божественото. Има нешто подобро за нас во што треба да се ангажираме отколку во контролата на човекот од човек. Лекароттреба да ги воспитува луѓето да гледаат од човечкото кон божественото. Наместо да го учи болните да зависат од човечките суштества за излекување на душата и телото, тој треба да ги упатува на Оној Кој може потполно да ги спаси оние кои доаѓаат кај Него. Оној кој го направил човечкиот ум знае што му е потребно. Бог е единствениот Кој може да исцели. Оние чии умови и тела се болни мораат обновителот да го гледаат во Христа. „Затоа што јас живеам,“ вели Тој, „и вие ќе живеете.”
Ова е животот кој мораме да го предочиме на болните, говорејќи им дека ако имаат вера во Христа како обновител, ако соработуваат со Него, придржувајќи се на законите на здравјето, и тежнееат на совршена светост во Неговиот страв, Тој ќе им го даде ним Својот живот. Кога им го претставуваме Христа на овој начин ние даваме моќ, сила, која е вредна, зошто доаѓа одозгора. Ова е вистинската наука за исцелување на душата и телото.
Силата и постојаноста спроти доминацијата над умот. Дисциплинирањето на човечките суштества кои влегле во разумни години треба да се разликуваат од обучувањето на немите животни. Животните се учат единствено на покорност кон господарот. За животните, господарот е умот, судот и волја. Оваа метода која понекогаш се применува во воспитување на децата, ги прави нешто подобри од автоматите. Умот, волјата и совеста се под контрола на некој друг.
Не е Божја намера на тој начин да се владее со било кој ум. Оние кои ја слабеат или ја уништуваат идивидуалноста, преземаат одговорност која може да има само лоши последици. Додека се под власта, децата може да изгледаат како добро обучени војници; но кога ќе ја снема контролата, ќе се открие дека на карактерот му недостасува сила и цврстина. Бидејќи никогаш не научиле да управуваат со себе, младите не познаваат никакви ограничувања освен барањата на родителите и учителите. Кога нив ќе ги снема, тие не знаат како да се служат со својата слобода и честопати се предаваат на попустливоста која се покажува како пропаст.
Совеста и индивидуалноста не смеат да се гушат. Во прашање на совеста душата не смее да се попречува (ограничува). Никој не смее да го контролира умот на некој друг, да расудува за друг, или да ја пропише неговата должност. Бог на секоја душа и дава слобода да мисли и да ги следи сопствените убедувања. ,И така секој од нас ќе одговара пред Бога за себе“ (Римјаните 14:12). Никој нема право да ја претопи својата индивидуалност во индивидуалноста на другиот. Во сите прашања е вклучено начелото „секој нека остане уверен во својата мисла” (Римјаните 14:5). Во Христовото царство нема угнетување, ниту присилно однесување. Небесните ангели не доаѓаат на земјата да владеат и бараат почитување, туку како гласници на милоста, да соработуваат со луѓето во издигање на човештвото.
Човечките умови не смеат да се попречуваат, подјаремат и водат со човечка рака.
Индивидуалноста треба да се покаже. Бог и дозволува на секоја душа да ја покаже својата индивидуалност. Ниту еден човечки ум не треба да се претопува во другчовечки ум… Ако го имитираме примерот на било кој човек па дури и на личноста која според нашето човечко расудување ја сметаме речиси за совршена во карактерот, тоа би значело дека ја подаруваме нашата доверба на несовршен, небеспрекорно човечко суштество кое не може да му даде ниту една јота или црта на совршенството на некое друго човечко суштество.
Единство без преточен идентитет. Ние сега треба да се соединиме… Но да запомниме дека христијанското единство не значи идентитетот на едната личност да се претопи во идентитетот на другата, ниту тоа значи умот дека едниот треба да го води и контролира умот на другиот човек. Бог не му дал моќ на ниту еден човек на која некои, со збор и дело, полагаат право. Бог бара од секој човек да остане слободен и да ги следи упатствата на Речта.
Предаденоста кон Бога наспроти предаденоста кон луѓето. Вие му припаѓате на Бога, со душа,тело и дух. Вашиотум му припаѓа на Бога, и исто така му припаѓаат вашите таленти. Никој нема право да го контролира умот на другиот, да расудува за другиот, да му припишува што му е должност. Постојат одредени права што му припаѓаат на секој поединец во извршување на Божјата служба. Ниту еден човекнема ништо поголема слобода да т присвои тие права од нас отколку да го земе самиот живот. Бог ни дал слобода да мислиме, и наша предност е да ги следиме нашите чувства и должности. Ние сме само човечки суштества и ниедно човечко суштество нема надлежност над совеста на друго човечко суштество… Секој од нас има своја индивидуалност и идентитет кој не може да се подреди на некое друго човечко суштество. Ние поединечно сме Божјо мајсторство.
Проповедниците мораат да го упатуваат стадото кон Бога. Единствено Бог треба да биде водач на човечката совест. Вистината треба да се проповеда секаде каде ќе се најце простор за тоа. Божјата Реч мора да им се објасни на оние кои не ја познаваат вистината. Ова е задачата на Божјите проповедници. Тие не треба да ги учат луѓето да гледаат на нив, или да тежнеат да ја контролираат совеста на другите. ,Дко некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски бран, кој ветрот го издига и растура; таков човек нека не моли дека ќе добие нешто од Господа. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан11 (Јаков 1 :5, 6, 7, 8).
Потпирање на човек за сила. Ние сме навикнати од своите ближни да очекуваме сочувство и поддршка наместо да гледаме на Исуса. Во својата милост и верност Богчестопати допушта на оние во кои полагаме доверба да не изневерат за да се научиме на беззумноста во довербата на човекот и сметањето на телото за своја мишка. Да веруваме потполно, понизно и несебично во Бога.
Сатаната го контролира умот кој врши контрола над умовите на другите. Да се застапува науката за лечење со ум значи да се отвори вратата низ кој ќе влезе сатаната да го потчини умот и срцето. Сатаната го контролира умот кој се предап во контрола на другиот и умот кој го контролира. Бог нека ни помоте вистински да ја разбереме науката на надоградување во Христа, на нашиот Спасител и Откупител.
Сатаната не може да го допре умот кој не му е потчинет. За вас е од посебно животно значење да се чувате. Никој не може да ве оштети без ваша согласност. Сите сатански лаги не може да ве повредат доколку не ја отворите својата душа на лукавствата и стрелите на сатаната. Никогаш нема да ви се случи пропаст доколку доброволно не се согласите. Доколку нема осквернувања на умот во вас самите, сета таа нечистотија која ве опкружува не може да ве расипе ниту оскверни.
Сатаната не може да го допре умот или интелектот доколку не му го предадеме.
Не е верата Исусова. Прифаќањето на вистините од небесно потекпо го доведуваат умот во покорност на Христа. Тогаш здравјето на душата кое произлегува од примањето и следењето на чистите начела се открива во зборовите и делата на праведноста. Верата која го води кон ова не е вера која верува во контрола на умот додека едната личност не ја покаже волјата на другата. Членовите на црквата кои веруваат во оваа наука може да се викаат здрави во верата, но тоа не е верата на Исуса Христа. Нивната вера е во делото кое сатаната го извршува. Тој презентира огромни заблуди и чуда кои ги прави за да прелаже мнозина. Тој ова се повеќе ќе го прави. Здравата црква се состои од здрави членови, од мажи и жени кои имаат лично искуство во вистинската побожност.