Глава 64 Навики

Сподели го ова:

Библијата дава начела. Божјара Реч изобилува со општи начела за формирање на правилни навики за живеење, а сведоштвата, општи и лични, пресметани се да насочат… на посебно внимание на овие начела.

Како челична мрежа. Еднаш оформена, навиката е како челична мрежа. Може очајнички да се бориш против неа, но нема да попушти. Твојот единствен сигурен курс е да градиш за сегашноста и за вечноста.

Правила во навиката. Должноста на сите е да се придржуваат до строги правила во своитеживотни навики. Ова е за ваше сопствено добро, драга младино, како физички така и морално. Кога наутро ќе станете, земете ја во предвид, колку етоа можно, работата која мора да ја завршите во текот на денот. Ако е неопходно, земете мал нотес во кој ќе забележите што мора да направите, и одредете си самите време кога тоа ќе го направите.

Редовните навики го унапредуваат здравјето. Нашиот Бог е Бог на редот, и Тој сака Неговите деца да имаат волја себеси да се доведат во ред и под Негова дисциплина. Според тоа, нели би било подобро да се престане со навиката ноќта да се претвора во ден, а раните утрински часови во ноќ? Доколку младите би оформиле навики на редовност и ред, тие би напредувале во здравјето, во духот, во помнењето и во диспозицијата.

Отстранувајте ги причините за болест. Исправните и коректни навики, интелигентно и истрајно практикувани, ќе ја отстранат причината за болест, и нема да има потреба од примена на силни лекарства. Мнозина чекор по чекор продолжуваат со своите неприродни попуштања, што доведува до најголема возможна неприродна состојба на работите.

Исправните навики го потпомагаат здравјето. Здравјето може да се придобие со исправни навики и може да се примора да послужи на интересот и да се прилагоди кон него. Но овој капитал, подрагоцен од секој залог во банка, може да се жртвува на неумереноста во јадењето и пиењето или препуштањето на органите да зар’ѓаат од неактивноста. Омилените попуштања мораат да се напуштат; мрзливоста мора да се надвладее.

Навики кои ги деградираат возвишените способности. Секоја навика која не ја унапредува здравата акција во човечкиот систем ги деградира повозвишените и поблагородните способности. Лошите навики во јадење и пиење доведуваат до заблуди во мислите и постапките.

Надвладување на претходно утврдени навики. Претходно утврдените навики и замисли во многу случаи мораат да се надвладеат пред можноста за напредување во религиозниотживот.

Лошите навики е тешко да се одучат (совет до еден раководител).

Сега ќе ти биде тешко да извршиш промена во својот карактер кој Господ бара да ги направиш, зошто во младоста ти било тешко да бидеш прецизен и да се придвижиш на акција. Кога карактерот ќе се оформи, навиката ќе зацврсне, а менталните и моралните способности ќе станат посилни, најтешко е да се одучиш од лошите навики, и да се биде брз на акција, Треба да ја разбереш вредноста на времето. Немаш оправдување за изоставување на најважната, иако неугодна работа, надевајќи дека по секоја цена ќе се ослободиш или мислејќи дека така ќе станеш помалку неугодна, додека времето го поминуваш на угодни работи кои всушност не оптеретуваат. Најпрвин мора да ја завршиш работата која мора да се заврши и која вклучува витални интереси на делото и тогаш кога ќе се заврши тоа што е важно треба да се нафатиш и за помалку важните работи.

Прецизноста и одлучноста во Божјото дело се многу битни. Одложувањето е во суштина пораз. Минутите се златни и треба да се искористат на најдобар начин. Земните односи и личните интереси треба секогаш да бидат од второстепено значење. Никогаш не треба да се допушти Божјото дело да трпи и во најмала поединост поради нашите пријатели или најмилите роднини.

Наследените и стекнатите особини стануваат навики. Големата наследена и стекната накпонетост кон злото кај Јуда била лакомоста. Со користење таа станала навика која тој ја внесувал во сите свои работи. Христовите начела на исправност и правда немале место за продавањето и купувањето. Неговите навики за економичност се развиле во цицијашки дух и станале фатална стапица. Добивката за него била мерило за исправно религиозно искуство, и секоја вистинска праведност станувала подредена на тоа. Додека и понатака бил ученик по надворешна форма, додека бил во самата Христова присутност, ги присвојувал за себеси средствата кои припаѓале на Господовата ризница.

Навиките ја одлучуват иднината. Мора да се има на ум дека младите формираат навики кои, во девет од десет случаи, ќе ја одлучат нивната иднина. Влијанието на друштвото со кои се дружат, врските кои ги склопуваат и начелата кои ги прифаќаат ќе ги носат со себе низ животот.

Лошите навики полесно се формираат отколку добрите. Децата се искпучителни приемливи за впечатоци; и поуките кои ги примаат во раните години ќе ги носат со себе низ животот. Сето образование кое ќе го стекнат нема никогаш да го поништи злото кое резултира од слабата дисциплина во детството. Еден пропуст, честопати повторуван, формира навика. Еден погрешен чин подготвува пат за следен. Тој чин повторен, формира навика.

Лошите навики полесно се формираат од добрите, но и потешко се напуштаат. Далеку помалку време е потребно да се расипе диспозицијата на детето отколку да се втиснат начела и навики на праведност на плочките на душата. Само со постојан надзор и противење кон злото можеме да се надеваме на исправна диспозиција.

Господ ќе биде со вас, мајки, додека се обидувате да обликувате исправни навики кај своите деца. Но мора рано да го започнете процесот на обука или вашата идна работа ќе биде значително потешка. Учете ги стих по стих, правило по правило, овде малку и онде малку. Имајте на ум дека вашите деца му припаѓаат на Господа и дека се Негови синови и ќерки. Тој има намера семејствата на земјата да бидат примери на семејства на небото.

Навиките ретко се менуваат. Повторените дела во даден курс стануваат навики. Тие можат да се модифицираат со строга обука, во подоцнежниотживот, но многу ретко се менуваат. Еднаш формираните навики се повеќе и повеќе се втиснуваат во карактерот.

Напаѓањето на погрешните навики носи малку добро. Од мала корист е да се обидуваме да ги реформираме останатите со напаѓање на она што го мислиме за погрешни навики. Таквиот напор честопати резултира со поголема штета отколку корист.

Во Својот разговор со жената Самарјанка, наместо со потценување на Јакововиот бунар, Христос претставил нешто подобро. „Кога би го знаела дарот Божји” рекол Тој „и Кој е Оној што ти вели; Дај Ми да пијам ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал водажива.” (Јован 4:10). Тој го свртел разговорот на богатството кое имал да го подари, нудејќи и на жената нешто подобро од тоа што го имала, жива вода, радост и надеж во евангелието.

Напорите за реформирање произлегуваат од желбата да се прави добро. Вистина е дека некогаш луѓето се срамат од своите погрешни патишта и напуштаат некои од своити навики пред да бидат свесни за Христовото привлекување. Но кога и да вложат напор да се реформираат, со искрена желба да постапуваат исправно, Христовата сила е тоа што ги привлекува. Влијанието за кое не се свесни работи на душата, свеста оживува а надворешниотживот се поправа. И како што Христос ги привлекува да гледаат на Неговиот крст, да гледаат кон Оној којшто гопробиле нивните гревови, заповедта се враќа дома во совеста. Им се открива злото на нивниотживот, длабоко овековечените гревови на душата. Тие почнуваат да разбираат нешто од Христовата праведност и извикуваат: „Што е грев, што се барала таква жртва за искупување на неговите робови? Дали се барала сета оваа љубов, сета оваа мака, сето ова понижување, за да не загинеме, туку да имаме вечен живот?“

Лошите навики треба да се победат. Со гледање како низ стакпо на Господовата слава, ние всушностсе менуваме во тоа обличје, од слава во слава како од Господовиот дух. Ние премалку очекуваме и добиваме според својата вера. Не смееме да се држиме за своите сопствени патишта, сопствените планови, сопствените идеи; мораме да се преобразиме преку обновување на своите умови за да можеме да искушаме „која е добрата, прифатлива, и совршена Божја волја.“ Востановените гревови мора да се победат и лошите навики да се надвладеат. Лошите особини и чувства мора да се искоренат, а светата природа и емоции да се зачнат во нас преку Божјиот Дух.

Лошите навики, кога им се спротивставуваме, ќе пружат уште пожесток отпор; но ако војувањето продолжи енергично и истрајно, тие може да се победат.

Христовата бпагодат ги крши оковите на лошите навики. Луѓето мораат да научат дека благословите на послушноста, во сета полнина, можат да бидат нивни само кога ќе ја приматХристовата благодат. Неговата благодат е таа која на човекот му дава сила да се покорува на Божјиот закон. Таа го оспособува да ги скрши оковите на лошите навики. Тоа е единствена сила која може да го направи и одржи постојано на правиот пат.

Низ Христовата сила мажите и жените ги кинат ланците на грешните навики. Тие се одрекуваат од себичноста. Оној кој е порочен станува праведен, пијаница трезен, расипникот морално чист. Душите кои го носеле обличјето на сатаната стануваат преобразени во Божјо обличје.

Исправните мисли и постапки може да станат вообичаени. Единствена сигурност за секоја душа е во исправното мислење. „Зошто какви му се мислите во душата негова таков е и тој“ (Изреки 23:7). Моќта на самоограничување јакнее преку користењето. Тоа што од почетокот изгледа тешко, со постојано повторување станува лесно, а исправните мисли и постапки стануваат вообичаени.

Сподели го ова:

Слични објави