Глава 32 Опседнатост и слепа љубов

Сподели го ова:

Додворување потребно е добро расудување. Земено во целост, младите премногу му веруваат на нагонот. Тие не треба лесно да се предаваат или пречесто да паѓаат на освојувачката надворешност на љубовникот или љубовницата. Додворувањето, кое се спроведува во овој век, е една добра шема на измама и лицемерство, со која многу повеќе има врска непријателот на душите отколку Господ. Како никаде на друго место овде е потребно здраво расудување; но факт е дека тоа многу малку се користи по ова прашање.

Мораат да се развиваат најблагородни црти на карактерот. Идеите за додворувањето имаат свој корен во погрешните идеи за бракот. Тие го следат нагонот и слепата страст. Додворувањето се изведува во дух на флертување. Заљубените често ги кршат правилата на скромност и резервираност и виновни се за индискреција, ако не го кршат и Божјиот закон. Не се сфаќа високата, благородната, возвишената Божја замисла за установата брак; затоа не се развиваат најчисти накпоности на срцето, и најблагородни црти на карактерот.

Чистата љубов е повеќе небесна отколку земна. Не изговарајте ниту еден збор, не правете никакво дело кое не сакате да биде видено од светите ангели и да го запишат во небесните книги. Вие едноставно мора да гледате на Божјата слава. Во срцето ќе постои само чиста, посветена накпоност, вредна за следбениците на Исус Христос, возвишена по својата природа, и повеќе небесна отколку земна. Се што се разликува од ова е понижувачко, ниско во додворувањето; и бракот не може да биде свет и вреден за почитување во очите на чистиот и свет Бог ако не почива на возвишените правила на Светото Писмо.

Опасноста од доцните часови. Навиката на седење доцна во ноќта е вообичаена, но тоа не му е угодно на Бога, дури и ако и двајцата сте христијани. Тие доцни часови му штетат на здравјето, го онеспособуваат умотза должноститеза наредниотден, и се одразуваатназло. Брате мој, се надевам дека имаш доволно самопочитување да го избегнеш овој вид на додворување. Ако окото ти почива на Божјата слава, ќе бидеш поттикнат со вакво сериозно предупредување. Нема да дозволиш болниот сентиментализам толку да ти го заслепи видот за да не можеш да ги препознаеш возвишените барања кои Богти ги поставува како на христијанин.

Заљубеноста слаба подлога за брак. Тие часови на ноќна разузданост, во овој расипан век, често водат кон пропаст на двете страни коитака го минуваат времето. Сатаната ликува, а Бог се обесчестува кога мажите и жените се срамотат себе. Доброто име често се жртвува на привлечноста на оваа занесеност, и бракот на таквите лица не може да се озакони под Божјото одобрување. Тие склопуваат брак затоа што т понела страста, и кога ќе помине жарот на новата афера, тие тогаш почнуваат да сфаќаат што направиле.

Лажната љубов е неконтролирана. Онаа љубов која нема подобра основа од едно обично сетилно задоволство е тврдоглава, слепа, неконтролирана. Честа, вистината и секоја благородна, возвишена сила на умот почнуваат да и робуваат на страстите. Човекот кој се врзува со ланците на оваа заслепеност најчесто е глув на гласот на разумот и совеста; ниту аргумент ниту молба не може да го наведе да ја увиди лудоста на својот пат.

Непосветената љубов води во заблуда. Непосветената човечка љубов секогаш води во заблуда, бидејќи таа мами на други патеки од патот кој Бог го одредил.

Повторувањето на гревот ја намалува моќта на одбивање. Оној што еднаш ќе му подлегне на искушението, вторпат ќе му подлегне многу полесно. Секое повторување на гревот ја намапува силата да му се спротивставиме, ги заслепува очите и го задушува убедувањето. Секое посеано семе на попустливост, донесува и свој плод. Бог не прави чуда за да ја спречи жетвата.

Страста уништува се. Овие Христови зборови секогаш треба да се имаат на ум: „И како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Човечкиот Син: јадеја, пиеја“ (Лука 17:26, 27). Апетитот владее над умот и совеста во овој век. Преовладуваат претераното јадење, пијанчењето, конзумирањето на алкохол и пушењето, но Христовите следбеници ќе бидатумерени во јадењето и пиењето. Тие нема да му се предадат на апетитот по цена на здравјето и духовниот напредок.

„Се женеа, се мажеа, се до денот кога Ное влезе во ковчегот; и дојде потопот и ги уништи сите“ (Стих 27). Што се однесува до бракот ние денес ги гледаме истите такви појави. Младите, дури и мажи и жени кои би требало да бидат мудри и разбрани, постапуваат како да се маѓепсани по ова прашање. Сатанската сила изгледа ги освоила. Се склопуваат најнепромислени бракови. Не се бара совет од Бога. Човечките чувства, желби и страсти носат се пред себе, додека на крајот не дојде смрт. Беда која не може да се опише е последица од ваквата состојба на работите, а Бог се обесчествува. Брачниот завет покрива секаков вид на блудни гадости. Зар не е потребна одлучна промена по однос на ова прашање?

Слепата љубов влијае на сите способности. Секоја способност на оние кои се зафатени со оваа заразна болест слепа љубов и се покорува нејзе. Тие изгледаат како да се лишени од здравиот разум, а нивното однесување им е одвратно на сите кои го забележуваат. Брате мој, стана предмет на озборувања и се понижи во очите на оние чие одобрување го цениш.

Кај многу кризи на оваа болест се завршува со предвремен брак, и кога романсата ќе помине и ќе се заврши занесната сила на водење љубов, едната или двете страни стануваат свесни за својата вистинска положба. Тие тогаш дознаваат дека склопиле лош брак, но се соединиле за цел живот.

Врзани еден за друг со најсвечена заклетва, тие со тешко срце гледаат на бедниотживот кој мора да го живеат. Тогаш тие би требало да го извлечат најдоброто од таа ситуација; но многумина нема така да постапат. Тие или ќе се покажат неверни кон својот брачен завет или ќе си направат јарем кој упорно го ставаат на себе кој многу ги стега и така многумина малодушно го завршуваат своето постоење.

Раната љубов кај тинејџерите. Умовите на младите главно ги контролира сатаната. Вашите ќерки не се научени на самоодрекување и самоконтрола. Тие се разгалени, и поттикната им е гордоста. Им беше дозволувано да одат по сопствениот пат се додека не станаа тврдоглави и самоволни, а вие моравте да имате наум каков правецда следите за да ги спасите од пропаст. Сатаната ги води да бидат изрека во устите на неверниците поради нивната дрскост и недостатокот на резервираност и женска скромност.

Исто така, и момчињата му се препуштаат на сопствениот пат. Тие само што влегле во тинејџерското доба, а веќе се покрај девојчињата од нивна возраст, испраќајќи ги до дома, изразувајќи им ја својата љубов. А родителите се потполно во ропство преку сопствената попустливост и заблудената љубов кон своите деца што не се ни осмелуваат да преземат одлучен курс да направат промена и да ги смират своите пребрзи деца на оваа лекомислена возраст.

Тајната на додворувањето. Младите мора да ги научат бројните поуки, а најважно е да научатда се познаваатсебеси. Тиетреба да имаатвистинска претстава за своите обврски и должности кон родителите и постојано треба да се учат во Христовите училишта да бидат со кротки и покорни срца. Додека ги сакаат и почитуваат своите родители, тие исто така треба да го почитуваат судот на искусните луѓе со кои се поврзани во црквата.

Момчето кое ужива во друштвото на млада дама и го придобива нејзиното пријателство, скришно од нејзините родители, не се однесува како христијанин кон неа или кон нејзините родители. Преку тајните врски и состаноци тој може да стекне влијание над нејзиниотум; но правејќи така, тој пропушта да ја истакне онаа благородност и искреност на душата која ја има секое Божјо дете. За да ја постигнат својата цел тие играат улога која не е искрена и отворена и не е во склад со библиските стандарди, и се покажуваат неискрени кон оние кои ги сакаат и се обидуваат да бидат верни стражари над нив. Браковите склопени под такво влијание не се во склад со Божјата Реч. Тоа момче кое ќе оттргне нечија ќерка од должноста, кој би ги пореметил нејзините претстави за Божјите јасни и позитивни наредби да се слушаат и почитуваат своите родители, не е личност која ќе биде верна на своите брачни должности.

Да не се игра со срцата. Играњето со срца е зло кое не е од мало значење во очите на светиот Бог Па сепак некои им укажуваат наклоност на младите дами и ги предизвикуваат нивните чувства, а потоа одат по својот пат и забораваат се што рекпе и малку се свесни за влијанието што го оставиле нивните зборови. Потоа ќе ги привлече некое ново лице, и тие ги повторуваат истите зборови, посветувајќи и го истото внимание на некоја друга дама.

Разговор за предмети со коишто се бави умот. Кај многу млади дами момчињата се тема на разговор, а кај момчињата, тоа се девојките. „Зашто од преполнувањето на устата зборува срцето“ (Матеј 12:34). Тие разговараат за оние предмети со кои умот најмногу се занимава. Ангелот записничар ги бележи зборовите на овие момчиња и девојки кои се нарекуваат христијани. Како ќе бидат збунети и засрамени кога пак ќе ги сретнат на денот Божји! Многудеца се побожно лицемерни. Младите кои од религијата не направиле професија се соблазнуваат од овие лицемери и отапуваат на секој напор кој може да се направи од страна на оние кои се залагаат за нивното спасение.

Зошто младите повеќе го сакаат друштвото на младите. Причината зошто младите се чувствуваат послободно во отсуство на постарите е поради тоа што се со оние од свој вид. Секој мисли дека е добар колку и другите. Тука сите грешат и се мерат меѓу себе, меѓусебно споредувајќи се, а занемарувајќи го единствениот совршен вистински стандард. Исус е Вистинскиот Пример. Неговиот самопожртвуван живот е наш пример.

Совет на една млада дама да внимава на своите чувства. Вкупно земено, ти си премногу слободна со своите чувства, кои, ако му се препуштат на твојот сопствен курс на дејствување, ќе направат доживотна грешка. Не продавај се на евтина тезга. Не биди слободна со студентите. Имај на ум дека се подготвуваш да ја извршиш Божјата задача, и доколку, сакаш правилно да го извршиш својот дел враќајќи му ги назад талентите кои ти ги дал, и сакаш да ја чуеш скапоцената пофалба од Неговите усни, „Добро направено, добар и верен слуго“ (Матеј 25:23), мора да бидеш внимателена и да водиш ред за своето друштво.

За да го извршиш својот дел во Божјата служба, мораш да истапиш со предностите колку што е тоа можно со целокупната интелектуална обука. Потребен ти е здрав, скпаден развој на менталните способности, отмен, христијански, сестран развој на културата, за да бидеш вистински Господов работник. Треба да ги прочистиш и разубавиш својот вкус и фантазија и низ вообичаената самоконтрола да ги исчистиш сите свои аспирации. Потребно е да дејствуваш од високи, возвишени побуди. Собери ја целата делотворност која можеш, користејќи ја секоја прилика за образование и изградба на карактерот за да можеш да ја пополниш било која положба која Господ може да ти ја одреди. Толку ти е потребна рамнотежата на мудриот совет. Не презирај го советот.

Дисциплинирајте се себе си. Ќе бидеш скпона да прифаќаш внимание од оние кои се во се поинфериорни од тебе. Мора да станеш помудар преку Христовата благодат. Мораш да го разгледаш секој чекор во светлината на фактот дека не си своја; купена си скапо. Нека Господ ти биде Советник. Не прави ништо што би ја ослабило или осакатило твојата успешност. Постапувај верно со себе, дисциплинирај се со неуморни напори. Благодатта на Исуса Христа ќе ти помага на секој чекор ако сакаш да учиш и да внимаваш.

Ти го пишувам ова сега, и наскоро пак ќе ти пишам, бидејќи заблудите на твојот минатживот се изложени пред мене, не се осмелувам да ги сокријам најсериозните молби да се држиш на стриктна дисциплина…

Не дозволувај да бидеш заведена на лажен пат и не му давај предност на друштвото на млади момчиња, бидејќи не само што ќе ја расипеш сопствената репутација и идните изгледи, туку ќе разбудиш надеж и очекување во умовите на оние кон кои покажуваш наклоност, и тие ќе бидат како опиени со болен сентиментализам и ќе го расипат својот студенски живот. И ти, а и тие сте во училиште со цел да стекнете образование кое ќе ве оспособи во интелектот и во карактерот за поголема корист во овој живот и за идниот бесмртен живот. Не прави грешка во прифаќањето внимание или давањето повод на било кое момче. Господ покажа дека има задача за тебе. Твојот мотив нека биде да одговориш на умот и на волјата Божја, а не да ја следиш сопствената склоност и да ја врзеш својата идна судбина со јажиња како со челични окови.

Погрешната приврзаност може да ја оштети менталната моќ (совет на една осумнаесетгодишна). Ти немаш право да се приврзуваш кон ниедно момче без потполно одобрување од твојот татко или мајка. Ти си само дете и искажувањето чувства кон некое момче без потполно знаење или одобрение од твојот татко значи непочитување кон него. Твојата приврзаност кон тоа момче ти го одзема мирот и здравиот сон. Тоа го исполнува твојот ум со глупи фантазии и сентиментализам. Тоа ти ги забавува студиите и им нанесува сериозно зло на твоите физички и ментални сили. Кога ќе ти се опонира, стануваш раздразлива и малодушна.

Училишна регулатива. Правилото на овој колеџ, (еден колеџ во северна Калифорнија) строго забранува дружење на момчиња и девојчиња додека се во училиштето. Единствено кога овие правила привремено се суспендираат, како што е понекогаш случај, е тогаш кога на џентлменот ќе му се дозволи да ја испрати дамата до и од јавните собири.

Нашиот колеџ во Батл Крик има слична регулатива, иако не толку строга. Таквите правила се потребни за да се заштитат младите од прерано додворување и неразумен брак. Родителите ги испраќаат младите на училиште за да стекнат образование, а не да флертуваат со спротивниот пол. За доброто на општеството, како и во најголем интерес на учениците, е да не се обидуваат да одбератживотен партнер додека сопствениот карактер се уште им е неразвиен, расудувањето им е незрело, а истовремено се лишени и од родителската грижа и водство.

Факторите на возраста, условите и умниот потенцијал. Во сите наши постапки со учениците, мора да се води сметка на возраста и карактерот. Ние не можеме подеднакво да ги третираме и помладите и постарите. Постојат околности под кои на мажите и жените кои добро стојат и се со здраво искуство можат да им се подарат некои привилегии кои не им се дадени на помладите ученици. Возраста, условите и разумот мора да се земат во предвид. Ние мораме да бидеме многу внимателни во сите свои постапки. Но не смееме да ја намалуваме својата цврстина и будност во работата со учениците од сите возрасти или пак својата стриктност во забранувањето на штетното и неразумно дружење на младите и незрели ученици.

Опасностод заљубеност. Некои од оние што го посетуваат колеџот не го користат правилно своето време. Полни со младешчка свежинатие ги отфрлаат ограничувањата кои им се наметнуваат. Особено се бунат против правилата кои не дозволуваат џентлмените да им посветуваат внимание на младите дами. Потполно е познато злото од еден таков курс во овој расипан век.

На колеџот каде што се дружат многу млади, копирањето на светските обичаи во овој поглед би им гм насочило мислите во канал кој би им сметал во нивната потрага по знаење и бавење со верски акгивности. Опседнатоста на момчињата и девојчињата во тоа меѓусебно покажување на емоции за време на школувањето покажува недостаток на здраво расудување. Како и во твојот случај, слепиот нагон го контролира разумот и расудувањето. Под оваа заслепувачка опседнатост се отфрла важна одговорност која ја чувствува секој искрен христијанин, духовноста умира, а судот и вечноста го губат своето страшно значење.

Кога човечките љубови ќе дојдат први. Кај мнозина, љубовта кон човечкото ја помрачува љубовта кон божественото. Тие го прават првиот чекор кон отпадништво, осмелувајќи се да не ја почитуваат Господовата изричита заповед; и целосен отпад е најчест резултат. Секогаш како опасностза луѓето се покажувало спроведувањето на нивната сопствена волја наспроти Божјите барања. Сепак на луѓето им е тешко да ја научат поуката дека Бог го мисли она што го зборува. По правило, оние кои за свое друштво и пријатели бираат лица кои го отфрлаат Христа и го газат Божјиот закон, на крајот попримаат ист ум и дух.

Мешани бракови. Ако си, брате мој, опиен да ги обединиш своите животни интереси со млада, неискусна девојка на која навистина и недостига воспитување од општи, практични, секојдневни животни должности, правиш грешка; но овие недостатоци се безначајни во споредба со неупатеноста во поглед на нејзините должности кон Бога. Таа не била лишена од светлоста, имала верски предзнаења, а сепак не ја чувствувала својата бедна грешност без Христа. Ако во својата залуденост повторно се одвратиш од молитвениот состанок каде што Бог се состанува со Својот народ само за да уживаш во друштвото на личноста која нема љубов кон Бога и која не гледа никаква привлечност во верскиотживот, како можеш да очекуваш Богда ја благослови таквата заедница?

Бракови на христијани со неверници. Во христијанскиот свет постои зачудувачка, алармантна рамнодушност кон учењата на Божјата Реч во однос на бракот на христијани со неверници. Многумина кои исповедаат дека го сакаат и се бојат од Бога избираат попрво да го следат нагонот на сопствениот ум отколку да примат совет од Бесконечната Мудрост. По прашањето кое суштински се однесува на среќата и благосостојбата на двете страни на овој и на оној свет, разумот, судот и стравот Божји се ставаат на страна, а на слепиот нагон и на тврдоглавата решеност и се дозволува контрола.

Мажите и жените кои инаку се чувствителни и совесни ги затвораат ушите за совет; тие се глуви на повиците и гм проколнуваат пријателите, роднините и Божјите слугм. Изразот на опомена или предупредување се смета за дрско мешање, а пријателот кој е доволно верен за да упати опомена се третира како непријател. Сето ова е онака како што сака сатаната. Тој т плете своите магии околу душата, и така тоа се претвора во опседнатост, залуденост. Разумот ги пушта уздите на самоконтролата за да паднат на вратот на блудноста; непосветената страст господари, се додека жртвата не се разбуди предоцна во животна беда и ропство. Ова не е замислена слика туку излагање на факти. Божјото одобрение не им се дава на заедниците кои Тој стрикгно ги забранил.

Дефиниција за неверници. Дури и ако предметот на твојот избор биде во секој друг поглед вреден (што не е случај), сепак тој не ја прифатил вистината за ова време; тој е неверник, и небото ти забранува да се соединиш со него. Ти не можеш без опасност по својата душа да ја омаловажуваш оваа Божја забрана.

Забрането тло на несвети фантазии (совет на еден проповедник).

Ми бевте претставени како суштество во голема опасност. Сатаната ве прогонува и повремено ви дошепнува угодни бајки и ви покажува шармантни слики од онаа која ви ја прикажува како ваш позгоден сопатник од жената на вашата младост, мајката на вашите деца.

Сатаната потајно, неуморно работи на васда предизвика пад низ своите посебни искушенија. Тој одлучил да биде ваш учител, и сега ви е потребно да се поставите таму каде што можете да добиете сила за да го одбиете. Тој се надева дека ќе ве одведе во лавиринтот на спиритизмот. Се надева дека ќе ве одврати од вашата приврзаност кон сопругата и ќе ве насочи кон друга жена. Тој сака да му дозволите на својот ум да се занимава со таа жена додека преку таа несвета љубов не стане ваш бог.

Непријателот на душите многу постигнува кога може да ја наведе фантазијата на еден Јеховин избран стражар да се занимава со можностите за дружења, на светот кој доаѓа, со некоја жена што ја сака, и како таму создава семејство. Не ни се потребни таквите угодни слики. Сите такви погледи потекнуваат од умот на искушувачот…

Покажано ми е дека духовните бајки заробуваат мнозина. Нивните умови се телесни, и доколку не дојде до промена, тоа ќе им донесе пропаст. Би им рекпа на сите оние кои им попуштаат натаквите несвети фантазии: застанете, застанете заради Христа, таму каде што сте. Вие сте на забрането тло. Покајте се, ве преколнувам, и обратете се.

Љубовта не е сентиментализам. Љубовта и сочувството кои Исус сака да им ги подаруваме на другите нема вкус на сентиментализам, што е мамка за душата; љубовта која има небесно потекло е всушност онаа која Исус ни ја предочил со правило и со пример. Но наместо да си укажуваме таква љубов, толку често сме оттуѓени и оддалечени едни од други… Последицата е оттуѓување од Бога, закржлавено искуство, болест за христијанскиот развој.

Фалсификатот е идентификуван. Апостол Павле предупредува: „Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто. Љубете се еден со друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!” (Римјаните 12:9,10). Павле би сакал да правиме разлика помеѓу чистата, несебична љубов која ја поттикнува Христовиот дух, и бесмисленото лажно преправање со коешто светот е преполнет.

Овој основен фалсификат завел многу души. Тој ја помрачува разликата помеѓу исправното и погрешното, со тоа што се согласува со престапникот наместо верно да му укаже на неговата заблуда. Таквиот курс никогаш не поттекнува од вистинското пријателство. Духот со кој таквиот курс се поттикнува пребива само во телесни срца. Додека христијанинот е љубезен, сожалив, и додека простува, тој нема да чувствува усогласеност со гревот. Тој ќе го мрази сето она што е зло и ќе се врзува за сето она што е добро, жртвувајќи дружење или пријателство со безбожните. Христовиот Дух ќе не води да го мразиме гревот, а од друга страна сдрага волја ќе бидеме спремни да ја понесеме секоја жртва за да го спасиме грешникот.

Бирање на животен сопатник. Младата жена треба да го прифати само оној сопатник кој поседува чисти, мажествени карактерни црти, кој е трудољубив, честољубив и чесен, кој го љуби Бога и се бои од Него. Когаја бара онаа што ќе стои покрај него, младиотчовектреба да испита дали таа може да го носи својот дел од животното бреме, дали има влијание кое ќе го облагороди и подобри и дали може да го направи среќен и сакан.

Сподели го ова:

Слични објави