Глава 68 ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ
Не смее да се запостави ниту една гранка од образованието. – Вкупно земено, Божјиот народ премногу малку ја негува христијанската друштвеност. Оваа гранка на образованието не смее да се занемари или да се изгуби од предвид во нашите училишта.
Друштвените предимства сетапенти. Оние кои поседуваат голема приврзаност се под обврска пред Бога да ја подаруваат, не само на своите пријатели туку и на сите на кои им е потребна нивната помош. Друштвените предимства се таленти кои мораат да се употребат за добробит на сите кои се во домен на нашето влијание.
Не се независни атоми. Студентите треба да се учат дека не се независни атоми туку дека секој од нив е нишка која мора да се соедини со останатите нишки во составувањето на ткаенината. Ова упатство не може поуспешно да се даде во ниту една област освен во домашното училиште. Овде учениците секојдневно се опкружени со можности, кои, ако се искористат, многу ќе помогнат во развивање на друштевните црти на нивниот карактер. Во нивна сопствена сила е на тој начин да го искористат своето време и приликите за да развијат карактер што ќе ги направи среќни и корисни.
Оние кои се затвораат во себе, кои не се волни да дадат нешто од себеси за да бидат на благословот на другите преку пријателското дружење, губат многу благослови; затоа што со взаемниот контакт, умот прима полирање и префинетост; со друштвено општење, се започнуваат познанства и се склопуваат пријателства кои резултираат во единство на срцата и атмосфера на љубов која е пријатна во очите на небото.
Важноста од друштвените односи. Низ друштвените односи христијанството доаѓа до контакт со светот. Од секој маж и жена кои ја имаат пробано Христовата љубов и ја примиле во срцето божествената просветленост, Бог бара да ја растураат таа светлина на темната патека на оние кои не се запознати со подобриот пат… Друштвената моќ, посветена од Христовиот Дух, мора да се искористи за придобивање на души за Спасителот,
Друштвените елементи мораат да се култивираат. Ние многу губиме кога ја занемаруваме привилегијата на заемно дружење во цел на јакнење и меѓусебно храбрење во Божјата служба. Вистината на Неговата Реч ја губи својата живост и важност во нашите умови. Нашите срца престануваат да бидат осветлени и разбудени со нивното посветувачко влијание, и ние опаѓаме во духовноста. Во своето христијанско дружење ние многу губиме со својот недостаток на меѓусебно сочувство, Оној кој се затвора во себе не ја пополнува положбата која Бог му ја наменил. Соодветната култивација на друштвените елементи во нашата природа нам ни донесува сочувство кон другите и е средство за развој и сила за нас во Божјата служба, Исус бил многу друштвен. Целиот живот на Спасителот се одликувап со несебична добронамерност и убавина на светлоста. Тој е наш пример на добрина, Од почеток на Неговата служба, луѓето почнале појасно да го разбираат Божјиот карактер, Тој т спроведувал Своите учења во сопствениотживот. Покажувал доследност бес своеглавост, добронамерност без слабост, нежности сочувство без сентиментапност. Тој бил многу друштвен, па сепак поседувал резервираност која ја обесхрабрувала секоја фамилијарност. Неговата умереност никогаш не доведувала до фанатизам или аскетизам. Тој не се поистоветувал со светот, но сепак бил внимателен кон потребите на најмалиот меѓу луѓето.
Друштвената љубезност и човечкото достоинство. На трпезата на цариниците Тој седел како почесен гостин, покажувајќи преку Своето сочувство и друштвена љубезност дека го признава човечкото достоинство; и луѓето копнееле да се покажат вредни за Неговата доверба. На нивните жедни срца Неговите зборови паѓале со блажена, животодавна сила. Биле побудувани нови подстреци, и на овие отфрлени од општеството им се отворила можност за нов живот.
Учениците биле подучувани на правите друштвени должности. – Христос ги учел Своите ученици како да се однесуваат во друштво на другите. Тој ги упатувал во поглед на должноста и уредбите за правилен друштвен живот, кои се исти како законите на Божјото царство. Тој ги учел учениците, преку пример, дека кога присуствуваат на некој јавен собир, тие не треба да бидат во недостаток за нешто да кажат. Неговиот разговор при празниците впечатливо се разликувал од она што во такви прилики се слушало во минатото. Секој збор кој бил изговорен бил мирис животен за живот. Тој зборувал со јасност и едноставност, Неговите зборови биле како златни јаболка во сребрени садови.
Да не се одрекуваме од друштвената заедница. Христовиот пример на поврзување на Себеси со интересите на човештвото треба да го следат сите кои ја проповедаат Неговата Реч и сите кои го примиле евангелието на Неговата благодат. Не смееме да се одрекуваме од друштвената заедница. Не треба да се одвојуваме од другите. За да допреме до сите општествени класи мораме да т сретнеме таму каде што тие се. Тие ретко доброволно ќе не побараат. Срцата не се допираат со божествената вистина исклучително од проповедалната. Постојатдрут полиња
за работа, можеби скромни, но и тоа како ветуваат. Тие се наоѓаат во домот на малите но и во дворците на големците; во гостољубивиот пансион и на собирите за невино друштвено уживање.
Потреба за дружење. Губитокот кој се чувствува кога луѓето изостануваат од собирите на Божјиот народ не е мал. Како Божји деца мораме да се најдеме на секој Божји собир, каде што Неговиот народ е обврзан да присуствува, и да ја пружи речта на животот. На сите им е потребна светлост и сета помош која може да се добие како кога ќе ја чујат и примат драгоцената поука од небото, преку Божјиот наименуван посредник, би можеле да бидат спремни да ја разделат на другите дадената светлост.
Воспитувањето го обликува друштвеното ткиво. Воспитувањето кое се пружа на младите го обликува целото друштвено ткиво. По целиот свет, друштвото е во неред, и потребно е целосно преобразување. Мнозина претпоставуваат дека подобрите зданија за користење при воспитувањето, поголема вештина, и современите методи би ги поставиле работите на свое место. Тие исповедуваат дека веруваат и примаат живи Божји зборови, но сепак на Речта Божја и даваат споредна положба во големата структура на образование. Тоа што би требало да биде на прво место се подредува на човечките измислици.
Друштвеното влијание во домот. Мисијата на домот се протега над неговите сопствени членови. Христијанскиот дом треба да биде очевидна поука, илустрирајќи ја извонредноста на исправнитеживсггни начела. Таквата илустрација ќе биде сила за добро во светот. Далеку помоќна од секаква проповед која може да се изнесе е впијанието на правиот дом врз човечките срца и животи. Кога младите излегуваатодтаквиотдом, поуките кои ги научиле се пренесуваат. Благородните начела се претставуваат на други семејства и едно возвишено влијание делува во заедницата.
Друштвеноста е моќен фактор. Христијанската љубезност и друштвеност се моќни фактори во придобивање на наклонетоста на младите.
Костурот на општествениотживот се ниша. Доктрината дека луѓето да се ослободуваат од послушноста на Божјите барања веќе толку ја ослабнало силата на моралните обврски и ја отворило браната на беззаконието во светот. Незаузданост, раскалашеност и расипаност не заплискуваат нас како плима која надоаѓа. Во семејството, сатаната е на дело. Неговото знаме се виори, дури и во домовите кои исповедаатхристијанство. Постои завист, зли нагаѓања, лицемерност, отуѓеност, надмудрување, раздор, предавство на светата доверба, одавање на блуд. Цел систем на религиозни начела и доктрини, кој треба да биде темел и основа на друштвениотживот, прилега на маса која се тетерави, спремна да се распадне во рушевини.
Божјите одредби ја спречуваат општествена неправда. Господ би сакал даја сопре прекумерната љубов кон поседувањето и моќта. Големи зла ќе резултираат од постојаното трупање на огромно богатство на една класа, и сиромаштвото и деградацијата на другата. Без одредено ограничување, моќта на богатите би станала монопол, а сиромашните, иако во секој поглед подеднакво вредни во Божјите очи, би се сметале и третирале како инфериорни во однос на нивните попросперитетни браќа.
Чувството на ова угнетување би ги разбудило страстите на сиромашната кпаса. Би постоело чувство на очај и безнадежност кое би имало тенденција на деморализација на општеството и би ја отворило вратата на злосторствата од секаков вид. Прописите кои Бог ги востановил биле наменети да промовираат еднаквост во општеството. Одредбите за саботната и опросната година, во голема мера, ја исправиле неправедноста до која доаѓало во текот на еден одреден период во општествената и политичката економија на нацијата.
Општествените рангови го потврдуваат и развиваат карактерот.
Не била Божја намера сиромаштвото било кога да го напушти светот. Општествените слоеви никогаш не требало да се изедначат, зошто разновидноста на состојба со која се одликува нашиот род е едно од средствата кои Бог ги замислил за испробување и развивање на карактерот.
Мнозина нагласуваат со голем ентузијазам дека сите луѓе треба да имаат еднаков дел во земните благослови од Бога, но ова не е намера на Создателот. Христос рекол дека секогаш ќе имаме сиромаси со себе. Сиромашните, како и богатите, се куповина со Неговата крв; и помеѓу Неговите следбеници по име, во најголем број на случаи, првите Му служат со едноставноста на намерата, додека последните непрестано ја врзуваат својата приврзаност за своите земни ризници, а Христос се заборава. Грижата на овој живот и лакомството за богатење ја замрачуваат славата на вечниот свет. Кога земните имоти подеднакво би се распоредиле, тоа би била најголема несреќа која било кога паднала на човештвото.
Бог ги исклучува општествените сталежи. Христовата религија го издигнува примателот на поголемо ниво на мисли и акција, додека таа во исто време го претставува целиот човечки род како еднакви објекти на Божјата љубов, откупени со жртвата на Неговиот Син. Покрај Исусовите нозе се среќаваат богатите и сиромашните, учените и неуките, без ниту една мисла за сталежот или световната надмоќност. Сите земни разлики се забораваат додека го набљудуваме Оној Кој го прободеле нашите гревови.
Самоодрекувањето, снижувањето, бесконечното сожалување на Оној Кој бил високо издитат на небото ја понижува човечката гордост, сомовреднувањето и општествените сталежи. Чистата, неизвалкана религија ги манифестира своите небесни начела со влегување во единство на сите кои се посветени преку вистината. Сите се среќаваат како души купени со крвта, подеднакво зависни од Оној Кој ги откупил за Бога.
Лек за општественото зло. На оваа мудра припрема за духовните потреби на своите поданици (поставување на свештеници учители), Јосафат многу му должел на својот напредок како владетел. Во послушноста кон Божјиот закон се крие голема добивка. Во усогласувањето со божествените барања постои преобразувачка сила која носи мир и добра волја меѓу луѓето. Доколку учењето на Божјата Реч би се направила владеачко влијание во животот на секој маж и жена, ако умот и срцето се доведени под нејзината ограничувачка сила, злото кое сега постои во националниот и друштвениотживот не би можело да најде место. Од секој дом би се ширело влијание кое мажите и жените би ги направило силни во духовното разбирање и во моралната сила, и така нациите и поединците би се ставиле на погодно тло.
Правилната култивација на општествените односи донесува мир.
Оние кои живееле далеку од шаторот, повеќе од еден месец секоја година морале да одвојуваат за присуствување на годишните празници. Овој пример на посветување кон Бога треба да ја нагласи важноста на верската служба и нужноста за подредување на нашите себични, световни интереси на она што е духовно и вечно.
Ние трпиме загуби кога ја занемаруваме привилегијата на заедничко дружење во цел на меѓусебно јакнење и храбрење во Божјата служба. Вистината на Неговата Реч ја губи својата живост и важност во нашите умови. Нашите срца престануваат да бидат расветлени и потхрабрени со тоа посветувачко влијание, и ние паѓаме во духовност. Во своето христијанско општење ние многу губиме поради недостатокот на меѓусебно сочувство. Оној кој се затвора во самиот себе не ја пополнува положбата која Бог му ја одредил. Ние сите сме деца на еден Татко, меѓусебно зависни за среќа. Божјите барања и потребите на човештвото се врз нас. Правилната култивација на друштвените елементи на нашата природа е она што не донесува во сочувство со нашите браќа и ни дава среќа во напорите да ги благословиме другите.
Не треба да се раководиме по стандардите на луѓето. Постојано ја претставувам потребата дека секој човектреба да дава се од себе како христијанин, да се обучува за да го оствари растот, ширењето на умот, благородноста на карактерот, кој е можно секој да го има. Во се што правиме ние мораме да го одржуваме христијанскиот однос на еден со друг. Мораме да ја искористиме секоја духовна сила за спроведување на мудрите планови во сериозна акција, Божјите дарови мораат да се употребат за спасување на души. Нашите меѓусебни односи не смеат да се раководат според човечките стандарди туку според божествената љубов, љубов изразена во Божјиот дар за нашиот свет.
Да се развива друштвената моќ за задобивање на души. Посебно оние кои ја имаат вкусено Христовата љубов треба да ја развиваат својата друштвена моќ, зошто на тој начин тие можат да придобијат души за Спасителот. Христос не смее да се прикрие во нивните срца, да се затвори како посакувано богатство, свето и слатко, да се ужива само за себе; ниту Христовата љубов не треба да се покажува исклучително кон оние кои го задоволуваат нивниот вкус.
Студентите мораат да се учат на христолично покажување на љубезна заинтересираност, на друштвена накпонетост кон оние кои имаат најголема потреба, па дури иако тие не се нивното одбрано друштво. Во секое време и на секое место Исус покажувал љубезно интересирање за човечкото семејство и расипувал околу себе светлина на весела побожност. Студентите треба да се учат да ги следат Неговите стапки. Тие треба да се учат да покажуваат христијанска заинтересираност, сочувство и љубов кон своите помлади другари и да настојуваат да ги доведат кон Исуса; Христос треба да биде во нивните срца како вода која тече во вечен живот, освежувајќи ги сите оние кои доаѓаат во контакт со неа.
Сите треба да станеме сведоци за Исуса. Друштвената моќ, посветена од Христовата благодат, мора да се усоврши во задобивање на души за Спасителот. Нека светот види дека не сме себично преокупирани со сопствените интереси туку дека сакаме и другите да ги делат нашите бпагослови и привилегии. Нека видат дека нашата религија не не прави нечуствителни или строги. Нека сите кои исповедаатдека го нашле Христа служат како и Тој што правел за доброто на луѓето.