Глава 62 Комуникација

Сподели го ова:

Далекусежен впечаток на зборовите. Гласот и јазикот се дарови од Бога, и ако правилно се употребаттие се сила за Бога. Зборовите значат многу. Тие можат да изразуваат љубов, посветување, благодарност, мелодија за Бога, но и омраза и одмазда. Зборовите ги откриваат чувствата на срцата. Тие можатда бидатживотен мирисзаживот или смртен за смртта. Јазикот е свет на благослов или свет на беззаконие.

Опустошувачки град или семе на љубовта? Се забележуваат некои луѓе како излегуваат од својата секојдневна заедница со Бога облечени со Христовата кроткост. Нивните зборови не се како опустошувачки град, кои кршат се пред себе; тие благо слегуваат од нивните усни. Тие сеат семе на љубов и љубезност низ целиот свој пат, за што се потполно несвесни, затоа што Христос живее во нивните срца. Нивното влијание повеќе се чувствува отколку што се гледа.

Зборови кои радуваат. Криковите на тагата на светот се слушаат насекаде околу нас. Гревот ја притиска својата сенка врз нас, и нашите умови мораат да бидат подготвени за секој добар збор или дело. Ние знаеме дека ја имаме Исусовата присутност. Благото влијание на Неговиот Свет Дух ги учи и води нашите мисли, наведувајќи не да зборуваме зборови кои ќе ја развеселат и осветлат патеката на другите.

Зборови на расположение. Ако гледаме на рабсггите од светла гледна точка, ќе најдеме доволно за да се направиме себе си среќни и задоволни. Ако делиме насмевки, тие ќе ни се вратат и на нас; ако зборуваме угодни, весели зборови, тие ќе ни бидат и нам за возврат изговорени.

Христоцентрични зборови. Зборовите на луѓето ги изразуваат нивните сопствени човечки мисли, но Христовите се дух и живот.

Ангелите слушаат да чујат каков извештај носите на светот за својот небесен господар. Нека вашиот разговор биде за Оној кој живее за да ве застапува пред Таткото. Кога се ракувате со пријателот, од вашите усни и од вашето срце нека се слушне фалење на Бога. Тоа ќе ги привлече неговите мисли кон Исус.

Христос директно преминувап на работата. Во Христовото учење немало долго, нелогично, комплицирано резонирање. Тој директно преминувал на работата. Во Својата служба Тој го читал секое срце како отворена книга и од неисцрпните залихи од Својата ризница го извлекувал и новото и старото за да го илустрира и засили Своето учење. Тој ги допирал срцата и предизвикувал сочувство.

Лесен за разбирање. Христовиот начин на учење бил прекрасен и привлечен, и секогаш се одликувал со едноставност. Тој ги откривал мистериите на небесното царство преку употреба на фигури и симболи со кои Неговите слушатели биле блиски; и обичните луѓе со задоволство го слушале, бидејќи можеле да ги разберат Неговите зборови. Тој не користел звучни зборови, за кои би било потребно да се употреби речникза да се разберат.

Тој користел јасен јазик. Аргументот е добар на своето место, но многу повеќе може да се постигне со едноставни објаснувања на Божјата Реч. Христовите поуки биле така јасно илустрирани што и најнеучените лесно можеле да ги разберат. Исус не користел долги и тешки зборови во Своите говори; Тој користел јасен јазик, приспособен за умовите на обичниот народ. Тој не одел подалеку во предметот кој го изложувал од она колку можеле Неговите слушатели да го следат.

Сериозни предмети наспроти сениментапни глупости. Што е повредно да го преокупира умот од планот на спасението? Тоа е предмет кој е неисцрпен. Исусовата љубов, спасението кое е понудено на паднатиот човек преку Неговата бесконечна љубов, светоста на срцето, драгоцената, спасоносна вистина за овие последни денови, Христовата благодат тоа се предмети кои можатдаја оживеатдушата и да предизвикуваатчистите по срце даја почувствувааттаа радост која ученицитеја чувствувале кога Христос дошол и одел со нив додека биле на пат кон Емаус.

Оној којшто ќе ја насочи својата приврзаност кон Христа ќе го сака овој вид на посветено дружење и со таквото општење ќе собира божествена сила; но оној кој не ужива во овој вид на разговор и кој е најзадоволен кога се разговара за сентиментални глупости, талка далеку од Бога и станува мртов за светите и благородни тежнеења. Сетилното и земното, од таквите се интерпретира како небесно.

Посегање за човечко сочувство. Кога разговорот е од површен карактер и има вкус на незадоволно посегање за човечко сочувство и ценење, тоа потекнува од болен сентиментализам, а ни младите ниту тие со бела коса не се сигурни, Кога Божјата вистина е начело кое пребива во срцето, таа ќе биде како жив извор. Може да се прават обиди таа да се сузбие но таа ќе протече на друго место; таа е тука и не може да се сузбие. Вистината во срцето е извор на живот. Таа го освежува уморниот и ги скротува злите мисли и раговори.

Не изговарај зборови на сомнеж. Сите имаат неволји жалости тешки за носење, искушенија тешки за спротивставување. Не зборувајте за проблемите на своите браќа смртници туку изнесете се пред Бога во молитва. Направете правило да не изговарате ниеден збор на сомнеж или обесхрабрување. Можете да сторите многу да го осветлите животот на другите и да ги засилите нивните напори, со зборови на надеж и свето расположение.

Нашите зборови влијаат врз нас. Зборовите се повеќе од показател на каракгерот; тие имаат сила да влијаат врз карактерот. Луѓето се под влијание на сопствените зборови. Често под моментален нагон, поттикнати од сатаната, тие искажуваат љубомора или зло нагаѓање, изразувајќи го тоа во што навистина не веруваат; но изразот реагира врз мислите. Тие биваат измамени од своите зборови и почнуваат да веруваат дека е вистина тоа што е искажано од сатанското поттикнување. Еднаш искажаното одредено мислење или одлука, тие се често премногу горди да го отповикаат, и се обидуваатда докажатдека се во право, додека не поверуваат дека навистина се.

Опасно е да се изговараат зборови на сомнеж, опасно е да се доведува во прашање и критикува божествената светлина. Навиката на безгрижниот и нестравопочитувачки критицизам реагира на карактерот во поттикнување на непочитување и неверство. Мнозина, попуштајќи и на оваа навика, оделе се понатаму, несвесни за опасноста додека не станале готови да го критикуваат и да го отфрлат делото на Светиот Дух.

Зборовите на прекор предизвикуваат реакција на самиот прекорувач. Зборовите на прекор предизвикуваат реакција на душата на самиот прекорувач. Воспитувањето на јазикот треба да започне со нас лично. Да не зборуваме лошо за ниеден човек.

Да зборуваме зборови кои даваат храброст и надеж. Многу храбри души кои се болно притиснати од искушение, се речиси подготвени да поткпекнат во спорот со своето јас и со силите на злото. Не обесхрабрувајте ги таквите во нивната тешка борба. Орасположете ги со зборови на храброст и надеж кои ќе ги поткрепат на нивниот пат. На тој начин Христовата светлина може да сјае од вас. „Никој не живее за себеси“ (Римјаните 14:7). Преку своето несвесно влијание другите можат да бидат охрабрени и засилени, или тие можат да бидат обесхрабрено и одбиени од Христа и вистината.

Мали изрази на учтивост и нежни зборови. Мало внимание, бројни непланирани случки и едноставни учтивости во животот, го прават збирот на животната среќа; додека занемарувањето на љубезни, охрабрувачки, зборови на љубов и мали изрази на учтивост во животот придонесува на составувањето на збирот на животната несреќа. На крајот ќе се открие дека одрекувањето од себе за доброто и среќата на оние околу нас прави голем дел на животниот запис на небото. Но исто така ќе се открие и фактот дека грижата за себе, без обѕир кон доброто и среќата на другите, не избегнува од вниманието на нашиот небесен Татко.

Заштита против презирот, рамнодушноста или потсмевањето. – Сите мораат да собираат скапоцено богатство на љубов, не просто за оние кои ни се драги, туку за секоја душа која е предадена на делото на службата; зошто сите кои ја извршуваат оваа работа се Господови. Тој работи преку нив. Учете се на поуките на љубов од Исусовиотживот.

Нека луѓето внимаваат како зборуваат кон своите ближни. Не смее да има егоизам ниту господарење над Божјото наследство. Горчливо исмејување не смее да се појави во било кој ум или срце. Ниедна нијанса на презир не треба да се слушне во гласот. Зборувајте збор од себе; заземете рамнодушен став; покажете сомнеж, предрасуда или љубомора; и преку погрешно однесување твојата работа за таа душа ќе биде завршена.

Приговарањето и укорувањето поттикнува измама. Брате мој, твоите премногу силни зборови ги повредуваат твоите деца. Како минуваат годините, нивната наклонетост кон критикувањето ќе расте. Приговарањето (наоѓањето на мани) го расипува твојотживот и се протегнува на твојата жена и деца. Твоите деца не се поттикнати да ти ја доверат својата доверба или да ги признаат своите грешки, затоа што знаат дека сигурно следува твојот строгукор. Твоите зборови се често како опустошувачки град кој ги крши нежните растенија. Неможно е да се процени штетата која се прави на тој начин. Твоите деца ја користат измамата за да ги одбегнат тешките зборови кои ти ги зборуваш. Тие ја одбегнуваат вистината за да го избегнат укорот и казната. Грубата, студена заповед нема да ми направи добро.

Да се исчисти троскотот од секој невнимателен збор. Запомнете дека со своите зборови ќе се оправдате и со своите зборови ќе се осудите. Јазикот треба да се заузда. Зборовите кои ги изговарате се семе кое се сее, кое ке произведе род на добро или лошо. Сега е вашето време на сеидба.

Добриот човек изнесува добро од добрата ризница на своето срце. Зошто? Бидејќи Христос е присуство кое пребива во душата. Посветувачката вистина е ризница на мудроста на сите кои ја практикуваат вистината. Како жив извор таа тече во вечен живот. Оној во чие срце не пребива Христос ќе си угодува во евтин разговор, во зголемени заклучоци кои прават штета. Јазикот кој искажува изопачени работи, обични нешта, нелитерарни изрази (сленг), тој јазик треба да се третира со вжарен јаглен од смрека.

Негодувањето го спречува растот. Има луѓе кои поседуваат одлични способности, но кои застанале. Тие не одат напред во победа. И способноста со која Бог ги обдарил е безвредна за Неговото дело затоа што е неискористена. Многу од овие луѓе се наоѓаат мегу негодувачите. Тие негодуваат затоа што, како што велат, не се ценети. Но тие не се ценат себе си доволно за да соработуваат со Најголемиот Учител кој светот некогаш го знаел.

Без критики, остри или груби зборови (совет од еден проповедник и автор). Господ ќе му помогне на секој од нас каде што помошта ни е најпотребна во големото дело на совладување и победување на своето јас. Законот на љубезноста нека биде на твоите усни, и маслото на благодатта во твоето срце. Ова ќе произведе прекрасни резултати. Ќе бидеш нежен, сочувствителен, учтив. Потребни ти се овие благодети. Светиот Дух мора да се прими и внесе во твојот карактер; тогаш тоа ќе биде свет оган, давајќи темјан кој ќе се воздигне до Бога, не со усни кои осудуваат, туку како исцелител на човечките души. Твоето лице ќе изразува божествен лик.

Не треба да се изговараат остри, критички, или груби зборови. Тоа е обичен оган и треба да се отстрани од сите наши совети и општења со браќата. Бог бара од секоја душа во Неговата служба да го потпалува своето кандило од јагленот на светиот оган.

Простите, груби, тешки зборови кои така подготвено слегуваат од твоите усни мораат да се отстранат и Божјиот Дух ќе прозбори преку посредникот. Набљудувајќи го Христовиот каракгер ќе се промениш во тој ист облик. Единствено Христовата благодат може да го промени твоето срце, и тогаш ќе го одразуваш ликот на Господ Исус. Бог не повикува да бидеме на слични на Него чисти, свети и неизвалкани. Ние треба да го носиме божествениот облик.

Зборови кои го уништуваат животот. Тешки проби ќе дојдат на тебе. Стави ја својата доверба во Господ Исус Христос. Запамети дека со жестина ќе се раниш самиот себе. Ако под сите услови седиш на небесните места со Христос, твоите зборови нема да бидат наполнети со куршуми кои ги рануваат срцата и кои можат да го уништатживотот.

Изразувањето на сомнеж го зголемува сомнежот. Ние не треба да зборуваме за своите сомнежи и искушенија, бидејќи тие стануваат поголеми секогаш кога зборуваме за нив. Секогаш кога зборуваме за нив, сатаната добива победа; но кога велиме „Својата душа ќе му ја доверувам на чување на Оној, како на верен сведок,“ тогаш сведочиме дека се предадовме себе си на Исус Христос без никакви задршки, и тогаш Бог ни дава светлина и ние се радуваме во Него. Ние треба да се поставиме под сјајните зраци на Сонцето на праведноста, и тогаш ќе бидеме светлина во светот. „Оној кого го љубите иако не сте го видиле; во Кого верувате сега, иако не го гледате; и се радувате со неизкажана и прославена радост“ (1. Петрово 1:8).

Искажувањето на вера ја зголемува верата. Колку повеќе зборувате за верата, ќе имате вера. Колку повеќе се занимавате со обесхрабреноста, зборувајќи им на друтте за своите неволји, опширно изнесувајќи ги како би здобиле сочувство за кое имате потреба, ќе имате повеќе обесхрабрувања и неволји. Зошто да се јадосувате за она што не може да се избегне? Бог не повикува да ги затвориме прозорите на душата кон земјата и да ги отвориме кон небото за Тој да може да ги натопи нашите срца со слава која блеска преку небесниот праг.

Прекорот понекогаш е потребен. Додека нашите зборови мораат секогаш да бидат љубезни и нежни, не треба да се изговори ниеден збор кој оние кои чинат погрешно би ги навеле да мислат дека Бог нема замерки на нивните патишта. Овој вид на сочувство е земно и измамливо. На оние кои чинат погрешно им е потребен совет и укор, а понекогаш е потребно остро да се прекорат.

Што откриваатзборовите. Не можеш да бидеш премногу внимателен што зборуваш, бидејќи зборовите што ги изговараш покажуваат која сила ги контролира умот и срцето. Ако Христос владее во твоето срце, твоите зборови ќе ја откриваат чистотата, убавината и милиот мирис на карактер обликуван и дотеран по Неговата волја. Но од своето паѓање, сатаната бил обвинител на браќата, и мораш да внимаваш за да не го откриеш истиот дух.

Неопходно повгорување. Не мислете дека кога еднаш ќе поминете преку еден предмет, вашите слушатели ќе задржат во своите умови се што сте изложиле. Постои опасност од брзо преминување од точка на точка. Давајте кратки поуки, со јасен, едноставен јазик, и нека тие често се повторуваат. Кратките проповеди многу подобро ќе се запаметат од долгите. Нашите говорници треба да имаат на ум дека некои предмети кои ги изложуваат можат да бидат нови на некои од нивните слушатели; според тоа главните точки треба одново и одново да се повторуваат.

Нервозните, забрзани манири ја расипуваат комуникацијата. Проповедниците и учителите особено внимание треба да посветат на култивацијата на гласот. Тие треба да се научат да зборуваат, но не на нервозен, забрзан начин, тукутреба да се изразуваатполека, јасно и одредено, чувајќи ја музиката на гласот.

Спасителовиот глас бил како музика за ушите на оние кои биле навикнати на монотоните, сувопарни проповеди на книжевниците и фарисеите. Тој зборувал полека и импресивно, нагласувајќи ги оние зборови на кои сакал Неговите слушатели да обрнат посебно внимание. Стари и млади, неуки и учени, можеле да го разберат целосното значење на Неговите зборови. Тоа би било неможно ако зборувал на брз начин и нафрлувајќи реченица по реченица без запирање. Луѓето биле многу внимателни кон Неговите зборови, и за Него е речено дека не зборувал како книжевниците и фарисеите; бидејќи Неговиот Збор бил како на Оној кој имал власт.

Јасен израз и правилно нагласување. Со сериозна молитва и вредни напори ние треба да стекнеме способност за зборување. Оваа способностподразбирајасно изговарање на секој слог, ставајќи ја силата на нагласокот каде што припаѓа. Зборувајте полека. Многу зборуваат брзо, нафрлувајќи збор по збор толку брзо што се губи ефектот на тоа што го зборуваат. Во она што го зборувате внесете го Христовиот дух и живот.

Зборувајте со мелодија реченица по реченица. Во своите рани денови обично зборував многу гласно. Господ ми покажа дека не сум можела да направам соодветен впечаток на луѓето со натприродно подигање на гласот. Потоа Христос беше претставен пред мене, и Неговиот начин на зборување; и во Неговиот глас имаше слатка мелодија. Неговиот глас на спор, смирен начин, допира до сите кои го слушаат; Неговите зборови ги допирале нивните срца, и биле во состојба да сфатат се што рекол пред да ја изговори следната реченица. Некои мислат дека треба да брзаат цело време или во спротивно ќе ја изгубат инспирацијата и тие и луѓето кои ги следат. Ако е тоа инспирација, нека ја изгубат, што порано тоа подобро.

Силата на зборувањето под контрола на разумот. Вашето влијание мора да биде далекусежно, и вашите сили на говор треба да бидат под контрола на разумот. Кога ги напрегнувате говорните органи, модулацијата на гласот се губи. Склоноста кон брзо зборување треба одлучно да се надвладее. Бог бара од човечкото орудие сета служба која човек може да ја даде. Сите таленти кои се доверени на човечкиот претставниктреба да се негуваат, ценат и користат како скапоцен дар од небото. Работниците на полето за жетва се Божји одредени агенти, канали низ кој Тој може да ја пренесува светлината од небото.

Науката на читање од најголема вредност. Науката на правилното читање со правилен нагласок е од најголема вредност. Без разлика колку знаење можеби сте стекнале во други области, ако сте го занемариле култивирањето на својот глас и начинот на зборување, така што не знаете да зборувате или читате јасно и интелегентно, сета ваша наука ќе биде од мала корист; бидејќи без култура на гласот не можете лесно и јасно да го пренесете тоа што сте го научиле.

Реални и имагинарни работи. Во една прилика кога Батертон, прославен актер, ручал со Др. Шелдон, (тогаш) арчибишопот од Кантербури. А арчибишопот му рекол нему: „Ве молам, Г-дине Батертон, кажете ми како вие актерите така моќно делувате на својата публика зборувајќи им за имагинарни работи.“

„Господаре мој,“ одговорил Батертон, „со должна покорност на Вашата благодат, дозволете ми да кажам дека причината е едноставна: сето тоа почива во силата на ентузијазмот. Ние на сцената зборуваме за имагинарни работи како да се реални; а вие зад проповедалната зборувате за работи кои се реални како да се имагинарни.11

Да се научи елоквенцијата на молчење. Кога човекот еднаш ќе му направи место на гневниот дух, тој е толку затруен исто како оној кој принел чаша со алкохол до своите усни. Научете ја елоквенција на молчење и знајте дека Бог ги почитува откупените со Христовата крв. Воспитувајте се себеси; ние мораме секојдневно да учиме. Ние мораме се повеќе да се издигнуваме и приближуваме кон Бога. Исчистете го ѓубрето од Царскиот друм. Направете пат да може Царот да оди со нас. Исфрлете ги срамните зборови од своите усни (види Колосјаните 3:8).

Света воздржаност. Без вера не е можно да му се угоди на Бога. Ние можеме да имаме спасение од Бога во своите семејства, но мораме да веруваме во Него, да живееме за Него, и да имаме постојана, трајна вера и доверба во Бога. Ние мораме да го потчиниме избувливиот темперамент и да ги контролираме своите зборови, и во ова ќе добиеме голема победа.

Доколку не ги контролираме своите зборови и темперамент, ние сме слуги на сатаната. Ние сме подредени на него. Тој не води како заробеници. Сите гласни, непријатни, нетрпеливи и раздразливи зборови се дар кој се принесува на неговото сатанско величество. И тоа е скап придонес, поскап од секоја жртва која можеме да ја пренесеме на Бога, бидејќи го разорува мирот и среќата на цели семејства, го уништува здравјето, и на крај предизвикува губење на вечниотживот во среќа.

Воздржувањето кое ни го наметнува Божјата Реч е за наш сопствен интерес. Тоа ја зголемува среќата на нашите семејства и на сите околу нас. Тоа го подобрува нашиот вкус, го посветува нашето расудување, и донесува умствен мир, и на крај вечен живот. Под ова свето воздржување ќе напредуваме во благодатта и понизноста и ќе ни биде лесно да зборуваме правилно. Природниот, страствен темперамент ќе се држи во покорност. Спасителот кој пребива во нас ќе не јакне секој час. Ангелите служители ќе се задржуваат во нашите живеалишта и со радост ќе носат вести кон небото, вести за нашиот напредок во божествениотживот, а ангелите записничари ќе прават весел, среќен извештај.

Сподели го ова:

Слични објави