Глава 22 Училиштето и учителот

Сподели го ова:

Будење на менталните сили. Вистинското образование не е принудно проучување на неподготвен и неприемчивум. Мораатда се разбудат менталните сили и да се поттикне интересот. Божјиот метод на поучување се погрижил за тоа. Оној кој го создал умот и му ги одредил законите, се погрижил и за неговото развивање во согласност со нив.

Во домот и во светилиштето, преку природата и уметноста, на работа и богослужение, преку света градба и спомен-камен, со безбројни методи, обреди и симболи, Бог му давал поуки на Израелот кои ги илустрирале принципите и го чувале споменот за Неговите прекрасни дела. Кога некој би поставил прашање, дадената поука би влијаела врз умот и срцето.

Да му се всади животна сила на образованието. Највозвишена задача на образованието не е само пренесување на знаење, туку всадување на животната сила што се прима при допирот на умот и на душата со душата. Само животот раѓа живот.

Највисокиот развиток на менталните сили. За младите е правилно да чувствуваат дека мораат да досегнат највисок степен на развој на своите ментални сили. Ние нема да го ограничиме образованието за кое Бог не поставил граници. Но нашите достигања нема да имаат никаква вредност ако не ги употребиме за прослава на Бога и за добро на човештвото. Не е добро да се преоптоварува умот со проучувања кои бараат интензивно учење, а не можат да се применат во практичниот живот.

Опасност од некои училишта. Многу млади излегуваат од образовните установи морално ослабнати и со ослабени физички способности, без знаења за практичниот живот и со малку сила за исполнување на должностите.

Додека ги набљудував овие зла, се прашував: Мораат ли нашите синови и ќерки да станат морални и физички слабаци за да стекнат образование во тие училишта? Не мора да биде така; нема да има потреба за тоа, кога учителите и учениците би им биле верни на законите на природата, кои се исто така Божји закони. Треба да се активираат сите сили на умот и телото за да може да бидеме силни, урамнотежени мажи и жени.

Мора да се води сметка за воспитувањето. Умот ќе биде со ист карактер како она со кое се храни, а жетвата од иста природа како и посеаното семе. Дали овие факти не покажуваат доволно дека е неопходно да се внимава уште од најраните години на воспитувањето на младите? Нема ли да биде подобро за младите да растат во незнаење во однос на она што е општо прифатено како образование отколку да станат невнимателни кон Божјата вистина?

Божјиот однос кон човекот мора да биде јасен. Од најголема важност за секое човечко суштество на коешто Бог му дал способност на разум е да го сфати својот однос кон Бога. За негово сегашно и вечно добро е да се прашува на секој чекор: дали ова е Господовиот пат?… Мораме најсериозно да го повикаме секое човечко суштество да го спореди својот карактер со Божјиот закон, кој е мерка на карактерот за сите кои ќе влезат во Неговото царство и ќе станат граѓани на небесната земја.

Највисоко образование. Науката за чист целосен, доследен христијански живот може да се осознае преку проучување на Господовата Реч. Тоа е највисокото образование кое земните суштества можат да го стекнат. Тоа се поуки кои учениците во нашите училишта треба да ги изучуваат за да можат да имаатчисти мисли, бисгри умови и срца, подготвени да се искачуваат по скалите на напредокот и да покажуваат христијански доблести.

Навиките на учителот имаат влијание. Начелата и навиките на учителот треба да се сметаат од поголема важност од неговите образовни квалификации. Ако учителот е искрен христијанин, ќе почувствува потреба за подеднаков интерес во физичкото, менталното и духовното воспитување на своите ученици. За да може да изврши вистинско влијание тој мора совршено да владее со себе, а неговото срце мора да биде исполнето со длабока љубов кон учениците, која се забележува во неговите погледи, зборови и постапки. Тој треба да има цврст карактер; така ќе може да ги оформи умовите на своите ученици и да ги упати во науката.

Раното воспитување на младите главно го оформува нивниот карактер за целиотживот. Оние кои работат со младите треба да бидат многу внимателни во изразувањето на способностите на умот за да можат подобро да знаат како да ги насочат нивните сили и да можат да ги искажат на најдобар можен начин.

Да се предизвикаат возвишените особини на умот. Најголемо внимание треба да се посвети на образованието на младите упатувајќи ги на разни начини за да можат да ги искажат возвишените и благородни сили на умот. Родителите и учителите во училиштата се секако неквалификувани да ги воспитуваат децата како што треба ако прво тие не ги научиле поуките за самоконтрола, трпеливост, подносливост, благосг и љубов. Колку ли е важна положбата на родителите, старателите и учителите! Малку се оние кои ги сфаќаат најважните потреби на умот и како да го насочат развојот на интелектот, развојот на мислите и чувствата на младите.

Учителите мора да бидат вдахновени со Свети Дух. Работата со човечките умови е најделикатно нешто што може да се работи, а учителите мораат да бидат вдахновени со Божјиот Дух за да можат да бидат во состојба правилно да ја одработат својата работа.

Справување со пропустите. Никогаш не ги воспитувајте давајќи им значење на грешките и пропустите на некој ученик, бидејќи ќе се смета дека е доблест да се изнесуваат грешките на другите. Никогаш не понижувајте некој ученик излагајќи ги неговите слабости, грешки и гревови пред училиштето: не постои поефикасен начин да ги стврднете нивните срца и да ги зацврстите во злото од овој. Зборувајте и молете се со него насамо и покажете ја кон него истата нежност која што Христос ви ја покажува вам како на учители. Никогаш не охрабрувајте некој ученик да критикува и да зборува за маните на некој друг. На секој можен начин гледајте да прикриете мноштво гревови следејќи го Христовиот начин на лекување. Овој вид на воспитување ќе биде благослов, од корист и за овој живот и за идниот бесмртен живот.

Потполно оспособени за работа со човечките умови. На секој учител му е потребно Христово присуство во срцето со вера и вистински дух на самоодрекување и самопожртвуваност заради Христа. Некој може да има доволно образование и знаење во науката да поучува, но можели да се дознае дали поседува такт и мудрост да работи со човечките умови? Ако Христовата љубов не пребива во срцата на инструкторите, тогаш тие не се способни за работа со деца, ниту да ја преземат сериозната одговорност која се бара од нив воспитување на децата и младината. Ним им недостасува повозвишено образование и обука, тие не знаат како да постапуваат со човечките умови. Постои дух на нивната сопствена непокорност, срца кои се борат за контрола, и да се потчинат чувствителните умови и карактери на децата со таква дисциплина значи да се остават белези и рани на умот кои никогаш нема да можат да се избришат.

Ако учителот не чувствува одговорност и грижа која секогаш треба да се открива во работата со човечките умови, неговото образование во некои случаи би било многу дефективно. Обуката во семејниотживот штетно се одразила на карактерот, и жално е овој оштетен карактер и управување со децата да се репродуцира во децата кои се под негова контрола.

Одговорностите не се за неискусните. Црковното училиште во Батл Крик е важен дел од лозјето кое треба да се обработува. Потребни се добро урамнотежени и скпадни карактери кај учителите во сите насоки. Немојте да ја давате оваа работа во рацете на младите жени и мажи кои не знаат да постапуваат со човечките умови. Погрешно е да се оставатдецата и младите под нивна контрола…

Во работата со децата и младите се среќаваат разни карактери. Нивните умови се приемчиви. Било каков непромислен, избувлив истап од страна на учителот, може да го одвлече неговото влијание на добро над учениците кои му се дадени за да ги воспитува. Дали ваквото образование може да биде за доброто сега и за идното и вечно добро за децата и младите? За нивното духовно добро е потребно да се влијае на вистински начин.

Совет на еден темпераментен учител. Секој учител има сопствени карактерни црти кои мора да ги надгледува за да не дозволи сатаната да го употреби како свој посредник во уништување на душите со своите непосветени црти на карактерот. Единствена сигурност за учителот е секојдневно да учи во Христовото училиште, за Неговата скромност, Неговата понизност во срцето; тогаш неговото јас ќе биде скриено во Христа, и тој покорно ќе го носи Христовиот јарем и ќе има в предвид дека работи со Неговото наследство.

Морам да констатирам дека ми е покажано дека не се користеа секогаш најдобрите методи во постапувањето со заблудите и грешките на учениците, и како резултат на тоа некои души беа доведени во опасност, а некои изгубени. Лошиот карактер на учителот, неразумните движења и самодостоинството направиле зло дело. Не постои ниту еден облик на зло, световност или пијанство кој полошо би се одразил на карактерот, труејќи ја душата и сеејќи зла кои го надвладуваат доброто, од тоа кога човечките страсти не се под контрола на Божјиот Дух. Разбудениоит гнев и возбудениот дух никогаш не се од корист.

Колку изгубени синови се одвоени од Божјето царство со лошиот карактер на оние кои тврдат дека се христијани, Љубомора, завист, горделивост, недобронамерни чувства, самоправедност, склоност кон провоцирање, зло размислување, бездушност, студенило, недостаток на сочувство тоа се атрибути на сатаната. Учителите ќе се среќаваат со ова во карактерите на учениците. Страшно е да се има работа со вакви нешта, но во своето настојување да ги исфрли овие зла, работникот во многу случаи развива слични особини, кои веќе ја расипале душата на оние со кои работи.

Потребен е добро урамнотежен ум. Учителите кои работат во овој дел од Господовото лозје мора да бидат прибрани, да го држат својот темперамент и чувства под контрола и подреденост на Светиот Дух. Тие треба да докажат дека имаат, не еднострано искуство, туку добро урамнотежен ум, скпаден карактер.

Важна е решеноста за усовршување. Можеби можностите за образование на учителот биле ограничени така што тој нема толку високи литературни квапификации какви би биле пожелни; сепак, ако навистина ја познава човечката природа; ако навистина ја сака својата работа; ако е свесен за нејзината важност и сака да се усоврши; ако е подготвен да работи сериозно и истрајно, тој ќе ги разбере потребите на своите ученици, и со својот сочувствителен и напреден дух ќе ги придобие да го следат додека настојува да ги воздигне и поведе напред.

Умните способности не треба да се користат половично. Важно е да имаме средни училишта и академии… Од земјата и странство пристигнуваат многу ургентни покани за работници. Младите мажи и жени, оние средовечните, всушност сите кои се во состојба да се вкпучат во Господовата служба, треба да ги управуваат своите умови во напор да се подготват за да ги задоволат таквите повици. Од светлината која Бог ми ја даде, знам дека способноста на умот не ја користиме ниту со половична ревност од она што би требало во напорот да се оспособиме за поголема корист.

Да се комбинира природното со духовното и да се копнее по најголеми достигнувања. Природното и духовното мора да се комбинираат во наставната програма на нашите училишта. Земјоделската работа е одлична илустрација за библиските поуки. Законите на коишто се покорува земјата го откриваат фактот дека таа е под управувачката сила на бесконечниот Бог. Истите начела се присутни и во духовниот и природниот свет. Да се одвои Бог и Неговата мудрост од стекнувањето на знаење значи да се има непотполно, еднострано образование, лишено од сите оние спасоносни особини кои на човекот му даваат сила, така што не е способен да се здобие со бесмртност преку вера во Христа. Авторот на природата е автор и на Библијата. Создавањето и христијанството имаат еден Бог.

Сите кои се вкпучени во стекнување на знаење треба да настојуваат да го достигнат најголемиот степен на напредок. Нека се развивааттолку брзо и толку далеку колку што можат; нивното поле на изучување нека биде широко онолку колку што можат да опфатат нивните способности; прифаќајќи ја Божјата мудрост, држејќи се до Оној Кој е бесконечен во знаењето, Кој може да ги спознае тајните скриени со векови, Кој може да ги реши најтешките проблеми за умовите кои веруваат во Оној Кој единствено има бесмртност и пребива во светлината до која ни еден човек не може да пристапи. Живиот Христов сведок, кој настојува да го спознае Господа, ќе познае дека излегувањата му се уредени како зора. „Што ќе посее човек тоа и ќе пожнее” (Галатјаните 6:7). Со чесност и трудољубивост, со одговорно грижење за телото, применувајќи ги сите сили на умот во стекнување на знаење и мудрост во духовните работи, секоја душа може да биде исполнета во Христа, Кој е совршен пример на комплетен човек.

Правилните поуки не можат да влијаат на умовите кои не ја познаваат вистината на Божјата реч. Но паднатото човештво нема да разбере. Науката за природата би требало да ја контролира Богот на природата. Вистинските поуки не можат да оставаттрага на умовите на оние кои не ја познаваат вистината на Божјата реч. Кога срцето и умот ќе му се предадат на Бога, кога човек сака да се подучува како мало дете, науката за воспитувањето ќе се открие во Божјата реч. Високото образование на овој свет се покажа како фарса. Кога учителите и учениците ќе се симнат од своите штаки и ќе стапат во Христовото училиште да учат од Него, ќе зборуваат разумно за високото образование затоа што ќе сфатат дека тоа знаење е она кое ги оспособува луѓето да ја разберат суштината на науката.

Потреба од визуелни помагала. ■ Употребата на сликовити објаснувања, училишни табли, географски карти и слики помага овие поуки да се објаснат и да се врежат во сеќавањето. Родителите и наставниците мораат постојано да се трудат да ги усовршуваат своите методи.

Избегнувајте преголема разновидност на ментална храна. Бог би сакал менталните способности да бидат чисти. Но често на умот му се дава премногу разновидна храна. Не е можно за неа да се води одговорна грижа и правилно да се искористи. Мозокот треба да се ослободи од секој непотребен товар. Само лекциите кои ќе бидат од најголема корист не само овде туку и за во идниот живот, кои ќе обезбедат најдобра обука за телото и душата, ќе се пренесат во вечноста.

Проучувањето и практичниот живот. Не е добро да се пренатрупува умот со оној вид на студии кои бараат интензивна примена и напор, а кои не се корисни во практичниотживот. Образованието од овој вид ќе биде загуба за ученикот, бидејќи таквите студии му ја одземаат желбата и скпоноста за проучување кое би го оспособило за корист и би му овозможило да ги исполни поставените одговорности како Божји соработник во помош на оние на кои им е тоа потребно со правило и пример да ја осигура бесмртноста.

Потреба за практична обука. Студирањето на латински и грчки јазик е од многу помало значење за нас, за светот, и за Бога од целосното проучување и употреба на целата човечка машинерија. Грев е да се проучуваат книгите кои го занемаруваат зближувањето со различните гранки корисни во практичниотживот. Изучувањето на некои од тие книги е губење време. Кога физичката машинерија е неоптоварена тоа води кон зголемена активност на мозокот. Тој станува ѓаволска работилница. Животот кој што не го познава домот во кој живееме (телото) никогаш не може да биде сеопфатен живот.

Учебници и образци на мислење. Со свечен глас Говорникот продолжи: „Дали кај тие (неверни) автори го наоѓате она што можете да го препорачате како битно и вистинско за високото образование? Смеете ли нивните учења да им ги препорачате на студентите кои не го познаваат нивниот вистински карактер? Погрешните навики на мислење, кога еднаш ќе се усвојат, стануваат деспотска сила која го врзува умот во челична прегратка. Кога мнозина што ги прифатиле и ги прочиталетие книги никогаш не би ги виделе, туку место нив би ги прифатиле зборовите на Божествениот Учител, би биле во многу поголема предност во однос на тоа каде се сега во знаењето на Божјата вистина, која луѓето ги прави мудри за спасение. Тие книги одвеле илјадници таму каде што сатаната ги одвел Адам и Ева во знаењето кое Бог им го забранил да го имаат. Преку нивните учења, учениците се свртуваат од Божјата реч кон бајки.”

Поимите мора да бидат контролирани од внимателни библиски начела. Во умот на секој ученик треба да се втисне мислата дека образованието е погрешно доколку разумот не научи да ја прифаќа вистината на Божјото откровение и доколку срцето не го прифаќа учењето на Христовото евангелие. Ученикот кој наместо опсежните правила на Божјата реч, ги прифаќа општите идеи и кој ќе дозволи времето и вниманието да му бидат обземени со банални, неважни прашања ќе открие дека умот му станал закржлавен и ослабен; тој ќе ја изгуби способноста за раст. Умот мора да се вежба во разбирање на важните вистини кои се однесуваат на вечниотживот.

Најдобра искористеност на деловите кои ја сочинуваат човечката машинерија. Една од студиите која се поставува како највредна пред него (студентот) треба да биде увежбувањето на од Бога дадениот разум во склад со неговите физички сили, главата, телото, рацете и нозете. Правилната искористеност на самиот човек е највредната поука која може да се научи. Ние не треба да се занимаваме само со умствена работа и тука да застанеме, или да вршиме физички напори и тука да застанеме; туку мораме најдобро да ги искористиме различните делови кои ја сочинуваат човечката машинерија мозокот, коските и мускулите, телото, главата и срцето. Ниту еден човек кој не знае да го прави ова не е способен за служба.

Соработка на учителот во рекреација. Видов некои работи овде во Швајцарија за кои мислам дека вреди да се копираат. Учителите во училиштата често излегуваат со своите ученици додека се во игра и ги подучуваат како да се забавуваат, а истовремено се близу да сузбијат некој проблем или грешка. Понекогаш ги изведуваат своите ученици на долга прошетка. Ова ми се допаѓа; мислам дека вака шансите децата да подлегнат на искушение се помали. Учителите треба да учествуваат во детските игри и да ги регулираат.

Не можам никако да ја одобрам замислата децата дека мора да се чувствуваат под постојана недоверба и дека не можат да се однесуваат како деца. Но учителите нека им се придружат на детските забави, нека бидат заедно со нив, и тоа ќе ја придобие нивната доверба. Тие мора да се надгледуваат со љубов, а не следејќи ги со крута и стриктна строгост за време на нивниот оброк и во нивните забави.

Покажување доверба во учениците. Мудриот едукатор ќе се труди да ја придобие довербата на учениците со своето постапување кон нив и кај нив да развие чувство на чест. Врз децата и младите поволно делува кога им се укажува доверба. Мнозина помеѓу нив, дури и малите деца, имаат многу развиено чувство на чест; сите сакаат со нив да се постапува со доверба и почитување, и тоа е нивно право. Не треба да се наведуваат на помислата дека не можат ниту да излегуваат ниту да влегуваат без постојана придружба. Недовербата деморализира и ги предизвикува истите оние зла кои сака да ги спречи. Наместо постојано да надгледуваат, како да очекуваат некакво зло, учителите кои се дружат со своите ученици ќе го согледаат делувањето на немирниот дух и ќе се потрудат да ги стават во движење оние влијанија кои ќе му се спротивстават на злото. Наведете ги младите да почувствуваатдека им верувате и само ретки меѓу нив нема да се потрудат да покажат дека ја заслужуваат довербата.

Неопходна доверба на ученикот. Учителот мора да биде способен за својата работа. Тој мора да има мудрост и тактичност потребни за работа со душите. Колку и да е големо неговото познавање на науката, колку и да се вонредни неговите способности на други подрачја, ако не ги придобие почитувањето и довербата од своите ученици, неговите напори ќе бидат залудни.

Помагање на заостанатите и оние што не ветуваат. Ако покажувате добрина, љубов, нежен обзир кон своите ученици ќе го добиете истото за возврат. Ако учителите се строги, критички расположени, арогантни, невнимателни кон чувствата на другите, ќе добијат исто такво нешто за возврат. Човекот кој сака да ги сочува своето самопочитување и достоинство мора да внимава да не ги жртвува почитувањето и достоинството на другите. Ова правило треба да се држи како свето правило спрема најограничените, најмладите и најнезаштитените ученици.

Што ќе направи Бог со оваа очевидно незаинтересирана младина, не знаете. Бог во минатото прифаќал и одбирал токму такви примери за извршување на некои Свои големи задачи. Неговиот Дух, работејќи на срцето, делувал како електрична батерија будејќи ги навидум умртвените способности на енергична и истрајна акција. Господ во тие груби, неинтересни, необработени камења видел драгоцен метал кој ќе ја издржи пробата на бурата и огненото крштавање. Бог не гледа како што гледа човек и не суди како што суди човек Тој го истражува срцето.

Постапување со ограничени ученици. Учителите мораат да имаат во предвид дека работат со деца, а не со мажи и жени. Тие се деца кои мораат се да научат, а на некои им е многу тешко да учат од другите. На ограничениот ученик му треба многу повеќе поттик отколку што прима. Ако над овие разновидни умови се постават учители кои по природа сакаат да заповедуваат и диктираат и да се возвисат себеси во својот авторитет, кои пристрасно ќе постапуваат, фаворизирајќи ги оние кон кои се наклонети додека останатите ги третираат со прецизност и строгост, тоа ќе создаде состојба на конфузија и непокорност.

Атмосферата во училницата влијае на учениците. Верскиотживот на многумина кои се изјаснуваат како христијани е таков што покажува дека тие всушност не се христијани… На нивните наследени и стекнати карактерни црти им се има угодувано како на драгоцени особини додека тие имаат смртоносно влијание на другите умови. Со јасни, едноставни зборови, тие одат во искрите кои самите ги распалиле. Тие имаат релитја која е подредена и контролирана од околностите. Ако сите случувања се движат во правец кој им годи и нема иритирачки околности кои ја исфрлаат на површина нивната непотчинета, нехристијанска природа, тие се достојни, љубезни и многу привлечни. Кога се случуваат работи во семејството или во нивното друштво кои им го пореметуваат мирот и им го предизвикуваат темпераментот, ако му ја предадат секоја околност на Бога и издржат во своите барања молејќи го за благодат пред да стапат на својата учителска должност, знаејќи дека силата, благодатта и Христовата љубов пребива во нивните срца, тогаш Божјите ангели ќе влезат со нив во училницата.

Но доколку во училницата влезат со испровоциран, иритирачки дух, моралната атмосфера која им ги опкружува душите остава влијание врз децата кои се под нивно старателство, и наместо прикладно подучување на децата, ним самите им е потребен некој да ги научи на поуките од Исус Христос, Потребно е трпение и прилагодливост (совет за еден учител). – Вие не сте успешен како учител затоа што немате трпение и прилагодливост. Вие не знаете како да постапувате со човечките умови или како да го пренесете знаењето на најдобар начин. Ако не се исполнат вашите очекувања, вие сте нетрпеливи. Ги имавте сите предности на образованието, но и покрај тоа не сте мудар учител. Многу ви е непожелно да влевате идеи во ограничени умови. Во младоста ви недостигало дисциплина и подучување. Но духот кој сте го покажувале кога ве поучувале ви го расипал вашиотживот.

Соработка на родителите со учителите. Запоставено поле претставува занемарен ум. Родителите мораат да го согледаат ова прашање во друга светлина. Тие мора да почувствуваатдека им е должностда соработувааат со учителите, да поттикнуваат разумна дисциплина, и многу да се молат за оној кој им ги учи децата. Нема да им помогнете на децата раздразнувајќи, укорувајќи или обесхрабрувајќи ги; ниту постапувајќи… како да им помагате во бунтот, непослушноста, неучтивоста и нељубезноста поради духот кој го развивате.

Одговорноста на верската заедница. Не може да има поодговорна работа од правилното воспитување на младите. Ние мораме да внимаваме на нив, одбивајќи го сатаната да не ни ги земе од раце. Кога младите доаѓаат на нашите колеџи, не треба да се создава чувство како дека се помеѓу странци кои не се грижат за нивните души. Мораат да постојат татковци и мајки во Израел кои ќе ги чуваат нивните души како оние кои ќе мораат да поднесат сметка за нив.

Браќа и сестри, не се одалечувајте од милата младина, дури и ако немате посебен интерес или одговорност за нив. Вие кои веќе долго време сте христијани имате задача трпеливо и љубезно да ги водите по правиот пат. Мора да им покажете дека ги сакате затоа што тие се помлади членови во Господовото семејство, откупени со Неговата крв.

Дочекување на закоравени срца и расипани скпоности. Нашиот Откупител имал широка и сестрана природа. Неговото срце отсекогаш било трогнато со сознанието за беспомошноста на малото дете кое е предмет на грубости, затоа што Тој ги сакал децата. Најслабиот крик на човечкото страдање никогаш не допрел залудно до Неговото уво. Секој кој на себе презема одговорностда ги подучува младите ќе сретне закоравени срца, изопачени склоности, и негова задача е да соработува со Бога во обновување на Неговиот морален лик, во секое дете. Исус, милиот Исус цел извор на љубов постоел во Неговата душа.

Сподели го ова:

Слични објави