Глава 48 Вина

Сподели го ова:

Вината ја слабее животната сила. Жалост, загриженост, незадоволство, вина, недоверба, сето тоа има тенденција на кршење на животната сила и предизвикува распаѓање и смрт.

Како да се ослободи од вината. Ова чувство на вина мора да се положи при подножјето на голготскиот крст. Чувствата на грешност ги затрул изворите на животот и вистинската среќа. Сега Исус зборува: Положи го сето тоа на Мене. Јас ќе го преземам твојот грев, Јас ќе ти дадам мир. Не уништувај ја повеќе твојата самопочит, бидејќи, Јас те купив со Својата крв. Ти си мој; твојата слаба волја јас ќе ја зајакнам; твојата жалост поради гревот Јас ќе ја отргнам,

Затоа обрати го своето благодарно срце, кое трепери од неизвесност, и фати се за надежта која е поставена пред тебе. Бог го прифаќа твоето скршено, покајничко срце. Тој ти нуди бесплатно простување. Тој нуди да те прими во небесното семејство, да ја закрепи твојата слабост преку благодат, и драгиот Исус ќе те води чекор по чекор само ако сакаш да му подадеш рака и да дозволиш да те води.

Исус нуди простување. Сатаната настојува да ги одвои умовите од моќниот Помошник, наведувајќи не да размислуваме за изопаченоста на душата. Но иако Исус ја гледа вината од минатото, Тој нуди простување; и не смееме да го обесчестиме сомневајќи се во Неговата љубов.

Неговата љубов ослободува од вина. Љубовта којашто Христос ја шири низ целото суштество е животворна сила. Секој витален дел мозокот, срцето, нервите ги допира со исцелување. Таа го буди суштеството на активност со најголема енергија. Таа ја ослободува душата од вина и тага, загриженост и грижа, кои ја кршат животната сила. Со неа доаѓа спокојството и мирот. Таа всадува во душата радост која ништо земно не може да ја уништи радост во Светиот Дух радост која донесува здравје и живот.

На најголемиот грешник му е потребен најголемиот Спасител. – Ако се чувствуваш како најголем грешник, Христос е токму Тој што ти е потребен, бидејќи тој е најголемиот Спасител. Подигни ја главата и погледни подалеку од себе, од својот грев, на подигнатиот Спасител; тргни го погледот од отровното смртоносно каснување од змија кон Божјото Јагне кое ги преземало гревовите на светот.

Тој дава одмор. Тој ја понесол тежината на нашата вина, Тој ќе ја превземе тежината од нашите уморни рамења. Тој ќе не одмори. Тој исто така ќе го понесе бремето на грижи и жалост. Тој не повикува да ја фрлиме својата грижа на Него, бидејќи не носи на Своето срце.

Сите гревови немаат иста тежина. Бог не ги смета сите гревови со исто значење; по Негова оцена постои степен на вина, како и кај човекот; но колку и безначајно да изгледа ова или она лошо дело во очите на луѓето, ниеден грев не е мал во Божјите очи. Човечкиот суд е пристрасен, несовршен, но Бог ги проценува сите работи такви какви што навистина се. Пијаницата се презира и се вели дека неговиот грев ќе го искпучи од небото, додека, гордоста, себичноста и зависта често минуваат без укор. Но тоа се гревови кои се посебно навредливи за Бога, бидејќи се спротивност на добрината на Неговиот карактер, со таа несебична љубов која е атмосфера на безгрешната вселена. Тој што ќе западне во некои тешки гревови ја чувствува својата срамота и беда и потреба за Христовата благодат; но гордоста не чувствува потреба, и така го затвора срцето за Христос и бесконечните благослови кои Тој дошол да ги подари.

Вината бара позитивен пристап. Никој се нема никогаш опоравено од обвинување и осудување. Да се зборува на искушаната душа за вината не е начин да ја охрабриме со одлучност да стане подобра. Истакнувањето на заблудата ја одалечува душата од оној кој може во целост да ги спаси сите кои доаѓаат кај Него. Покажете му што може да стане. Кажете му дека во него нема ништо што би го препорачало на Бога, туку дека Христос умрел за тој да биде прифатен од Љубениот. Дајге му надеж, укажувајќи му дека во Христовата сила може да постапува подобро. Претставете му ги можностите кои ги има. Истакнете ги височините до кои може да достигне. Помогнете му да се потпре на Господовата милост, да верува во Неговата моќ на простување. Христос чека да го фати за рака, очекувајќи да му даде сила да живее благороден, чесен живот.

Сатаната наметнува чувство на вина. Божјиот народ тука (Захарија трето поглавје) е претставен како злосторник на проба. Исус, како првосвештеник, бара благослов за Својот народ, кој е во голема неволја. Додека тој се зазема пред Бога, сатаната му стои од десната страна како соперник. Тој ги обвинува Божјите деца и настојува нивниот случај да изгледа што е можно побезнадежен. Тој ги претставува пред Господ нивните зли дела и нивните недостатоци. Тој укажува на нивните заблуди и пропусти, надевајќи се дека тие ќе се покажат во таков каракгер во Христовите очи и дека Тој нема да им помогне во нивната голема потреба. Исус како претставник на Божјиот народ, се наоѓа пред осуда облечен во валкана облека. Свесен за гревот на својот народ, Тој е потиштен и обесхрабрен. Сатаната му ја притиска душата со чувство на вина кое го остава скоро без надеж. Сепактој овде стои како молител, со сатаната кој му се спротиставува.

Попуштање да се повикаме на Божјите ветувања. Тогаш мислев дека многу пациенти од душевната болница се доведени овде заради искуства слични на моите. Нивната совест била обземена со чувство на грев, а нивната трпелива вера не се осмелувала да полага право на ветеното Божјо простување. Тие ги слушале описите на вистинскиот пекол додека тоа не им ја заледило крвта во вените и втиснало жиг на плочките на нивните мемории. Дали се движеле или спиеле, таа застрашувачка слика секогаш била пред нив, додека реалноста не се изгубила во имагинацијата, и тие ги гледале само пламените јазици од измислениот пекол и ги слушале криците на осудените. Разумот е соборен од престолот, а мозокот станал исполнет со дива фантазија на страшниот сон. Тие кои ги поучуваат доктрините за вечниот пекол добро би направиле кога внимателно би го преиспитале својот авторитет за едно такво страшно верување.

Кризата често укажува на извор на сила. Бог често ги доведува луѓето во криза за да им укаже на нивните слабости и да им го истакне изворот на силата. Ако се молат и стражарат на молитвата, храбро борејќи се, нивните слаби точки стануваат јаки. Јаковото искуство содржи многу вредни поуки за нас. Бог го научил Јаков дека во својата сопствена сила никогаш не би добил победа, дека мора да се бори со Бога за сила одозгора.

Сетете се на Христовата благодат. Кога, откако погрешил измамувајки го Исав, Јаков побегнал од татковиот дом, бил притиснат од чувството на вина. Осамен и отфрлен каков што бил, одвоен од се што животот го прави убав, единствена мисла која над сите други ја притискала неговата душа бил стравот дека гревот го одвоил од Бога, дека небото го напуштило.

Во својотјад легнал да се одмори на гола земја, околу него биле само осамени ридови, а горе, небото осветлено со ѕвезди. Додека спиел, чудна светлина го прекинала неговиот сон, и ете видел на рамнината на која лежел бескрајни чудни скапи, кои се чинело дека водат високо до самите небесни врати, а по нив се спуштале и искачувале Божји ангели, додека се од славата одозгора не се слушнал божествениот глас со порака на утеха и надеж.

Тогаш Јаков го разбрал она што ја задоволила потребата и желбата на неговата душа Спасителот, Со радост и благодарност го видел откриениот начин преку кој, грешникот, може да биде вратен во заедница со Бога. Мистериозните скпаи од неговиот сон го претставуваат Исус, единственото средство за комуникација помеѓу Бог и човекот.

Тежината на вината темел на многу болести. Обземениот нашол во Христос исцелување за душата и телото. Духовното исцелување било пропратено со физичка обнова. Преку овие пораки не смее да се прејде. Денес постојат илјадници кои страдаат од физички болести, кои како одземени, страдаат за пораката „Ти се простуваат февовите.“ Бремето на гревот со своите немирни и незадоволени желби, е темел на нивните болести. Тие не можат да најдат олеснување додека не дојдат кај Исцелителот на душата. Мирот кој единствено Тој може да го даде ќе биде свежина на умот, и здравје на телото.

Незнаењето не ја отргнува вината. Да знаеле дека го мачат Оној кој дошол да го спаси овој грешен род од вечната пропаст, би биле обземени со каење и ужас. Но нивното незнаење не ја оттргнало вината, бидејќи да го препознат и прифатат Исус како Спасител била нивна предност.

Не намалувајте ја вината оправдувајќи го гревот. Ние не смееме да се обидуваме да ја намалиме својата вина оправдувајќи го гревот. Мораме да ја прифатиме Божјата оцена за февот, и Кој е навистина тежок. Единствено Голгота може да ја открие сфашната големина на февот. Кога би морале да ја носиме својата сопствена вина, тоа би не скршило. Но безгрешниот го зазеде нашето место, иако незаслужено. Тој го понесе нашето беззаконие. „Ако ги признаеме своите февови,“ Бог„е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не очисти од секаква неправда11 (1. Јованово 1:9).

Понизните души ја признаваат вината. Оние кои не ја понижиле својата душа пред Бога во признавањето на својата вина уште го немаат исполнето првиот услов на прифаќање. Ако не сме го почуствувале она покајување за кое не се кае и не сме го признале својот фев со вистинска понизност на душата и со скршен дух, гадејќи се од своето беззаконие, ние никогаш вистински не сме барале простување на гревовите; а ако никогаш не сме барале, никогаш не сме нашле мир од Бога. Единствена причина што не можеме да имаме простување за минатите гревови е тоа што не сакаме да го понижиме своето гордо срце и да се согласиме со условите на зборот на вистината.

Постојат јасни упатства дадени во врска со ова прашање. Признавањето на гревот било јавно или приватно треба да биде искрено и слободно изразено. Тоа не смее да се изнуди од грешникот. Тоа не смее да се прави на лекомислен и несоодветен начин или да се изнуди под присилба од оние кои немаатчувство на одвратниот карактер на февот. Признавањето измешано со солзи и жалост, кое е излевање на најголемата длабочина на душата наоѓа свој пат кон Бога, Кој има бесконечно сожалување. Псапмистот вели „Господ е близу до оние кои се со скршени срца, и им помага на оние со усмерени души”.

Неопходно е да се остави гревот. Тоа што се доведуваш себе си под осуда е затоа што истрајуваш во гревот. Во Христова сила престани да грешиш. Секоја подготовка е направена за благодатта да биде со тебе, за гревот секогаш да се покаже одвратен каков што е всушност. „Ако некој човекзгреши,“тој не треба да се препушти на очајување и да зборува како човекот е изгубен за Христа.

Бог им простува на сите кои доаѓаат. Бог праведно ги осудува сите оние кои не го прават Христос свој личен Спасител, но Тој и простува на секоја душа која доаѓа кај Него во вера и ја оспособува да врши Божји дела, и низ вера да биде едно со Христос… Господ направил се за човекот да може да има цело и бесплатно спасение и да биде исполнет во Него. Бог замислил Неговите деца да имаат сјајни зраци на Сонцето на праведноста, сите да можат да ја имаат светлината на вистината. Бог го обезбедил спасението на светот со бесконечна цена преку дарот на Својот Единороден син. Апостолот прашува: „Кој не го поштеди Својот Син туку го предаде за сите нас, како не ќе ни подари се друго со Него?“ (Римјаните 8:32) Затоа ако не бидеме спасени, вината нема да биде на Божја страна, туку на наша, во тоа што сме пропуштиле да соработуваме со божествените средства. Нашата волја не дошла во хармонија со Божјата волја.

Надеж за сите. Никој не треба да се препушта на обесхрабрување и очај. Сатаната може да ви дојде со сурова сугестија: „Твојот случај е безнадежен. Ти не можеш да се спасиш“. Но има надежза вас во Христа. Бог не бара од нас да победуваме во сопствената сила. Тој не повикува да дојдеме поблизу на Неговата страна. Под какви и тешкотии да работиме, кои ја потиснуваат душата и телото, Тој чека да не ослободи.

Сподели го ова:

Слични објави