Глава 6 Здрава нормалност

Сподели го ова:

Извор на вистинската среќа. Постојат личности со болна мечта, за кои рапигијата е тиранин што владее со нив како со железна палка. Таквите постојано се жалат на својата изопаченост и воздивнуваат над оние нешта кои тие претпосгавуваат дека се зли. Во нивните срца не пребива љубовта; на лицето секогаш имааттмурен израз. Ним им смета невината смеа кај младите или кај било кој друг. Тие секоја рекреација или забава ја сметаат за грев и мислат дека умот постојано мора да биде во рамките на строгоста и сериозноста. Ова е една крајност,

Други пак мислат дека за умот да биде здрав, секогаш мора да биде напрегнат во измислување на нови забави и разоноди. Тие се учат на зависта од возбудувања и немаат спокој без нив. Тоа не се вистински христијани. Тие одат во друга крајност.

Вистинските христијански начела пред сите отвораат извор на среќа, висина и длабочина, должина и ширина, кои се неизмерни. Христос во нас е извор на вода, која тече во вечен живот. Тој е непресушен извор и неисцрплив бунар од којшто христијанинот може да се напојува до наситка,

Воодушевување што брзо исчезнува. Ние не треба да охрабруваме дух на ентузијазам, кој некое време донесува воодушевување, но набргу потоа исчезнува, оставајќи зад себе обесхрабрување и депресија. Нам ни е потребен Лебот на животот, кој доаѓа од небото за да и даде живот на душата. Проучувајте ја Божјата Реч. Не дозволувајте да ве контролираат чувствата. Сите оние што работат во Господовото лозје, мораат да научат дека чувствата не се вера. Од нас не се бара секогаш да бидеме во некаква возвишена состојба. Но потребно е да имаме цврста вера во Божјата Реч како Христово тело и крв.

Ниту студена ортодоксност, ниту безгрижен либерализам. Напредокот на реформата зависи од јасното сфаќање на основните вистини. Тесно ограничената филозофија и строгата и студена ортодоксност претставуваат опасност од една, а безгрижниот либерализам од друга страна. Темел на секоја трајна реформа е Божјиот закон. Ние треба со јасни и одредени докази да ја истакнеме потребата од покорување на тој закон. Неговите прописи мораат да бидат држени во вниманието на луѓето. Тие се вечни и непроменливи како и самиот Бог.

Потребни се добро урамнотежени умови. Во посланијата е кажано многу за разумната вера. Тоа не поучува дека е неопходна внимателност. Ние не смееме во своето искуство да ги внесуваме сопствените скпоности и груби карактерни црти. Тоа погрешно ќе ги претстави драгоцените, возвишени и благородни начела на вистината и ќе ги одведе другите во заблуда. Исправноста во верата, подразбира многу повеќе отколку што некои сфаќаат. Тоа значи да се поправи секоја грешка што постои во нашите мисли и постапки, за да не ја расипеме Божјата Реч.

Денес постои потреба од добро урамнотежени умови, од здрави и корисни христијани. Мнозина од оние, кои се изјаснуваат дека се Христови, имаат болно искуство. Тие не можат да поднесат ништо нелагодно. Ја губат својата присебност доколку забележат дека на некој начин се омаловажени или повредени, доколку нивните браќа не биле нежни кон нив на онаков начин, како што самите мислат дека би требало да бидат. Големиот Лекар со Своето бесконечно знаење, би им го обновил нивното морално здравје; но таквиот пациент одбива да го прифати рецептот што му е понуден. Ваквите личности би можеле да ја применат Божјата Реч на кратко во својот случај, но тие не стануваат извршители на таа Реч. Набргу потоа потпаѓаат под влијанија кои им одговараат на нивните природни вкусови и со тоа го неутрализираат сето она што дотогаш го стекнале.

Негување на сите способности. Доколку некои способности се користат за сметка на други, тогаш Божјата замисла не се остварува во потполност во нас, затоа што сите способности се поврзани и во голема мера зависат една од друга. Човекот не може да биде добро искористен без делување на сите тие способности, за да биде зачувана урамнотеженоста. Ако целата сила и внимание се насочат кон еден талент, додека другите мируваат, напредокот е силен само во еден правец и води во крајност, затоа што не доаѓа до облагородување на сите сили. Некои умови закржлавеле и не се соодветно урамнотежени. Сите умови не се подеднакво скпопени. Среќаваме различни умови; некои се силни на извесни подрачја, а многу слаби на други. Овие толку впечатливи недостатоци, не мораат и не треба да постојат.

Ако оние што ги поседуваат, ги јакнат слабите точки во својот карактер одгледувајќи и практикувајќи ги, тие ќе станат силни.

Да се стават сите умни сили во погон. Треба сите умни сили да се стават во употреба и да се развиваат, за да можат мажите и жените да имаат урамнотежени умови. Светот е полн со еднострани мажи и жени коишто станале такви, затоа што облагородувале една група од своите таленти додека другите закржлавеле заради неактивност.

Образованието на најголемиот број од младите претставува неуспех. Тие учат прекумерно, додека од друга страна го занемаруваат оној дел што се однесува на практичниот деловен живот. Мажите и жените стануваат родители без притоа да обрнат внимание на своите способности, така што нивното потомство тоне уште подлабоко на скалата на човечките недостатоци, отколку што тие самите биле. Така доаѓа до брзо деградирање на човечкиот род.

Потребата да се учи постојано, како што денес се раководи со училиштата, ги онеспособува младите за практичниотживот. Човечкиотум бара акција. Доколку не е активен во вистинска насока, тогаш ќе биде во погрешна. За да ја зачуваме урамнотеженоста на умот, работата и учењето во училиштата треба да бидат соединети.

Методите на усовршување достапни на сите. Потребни се млади, кои ќе бидат луѓе од разбирање, кои ги ценат интелектуалните способности што им ги дал Бог и кои ги негуваат со најголема грижа. Работата ги проширува ваквите способности и ако културата на срцето не се занемари, карактерот ќе биде добро урамнотежен. Средствата за усовршување им се достапни на сите. Затоа никој да не го разочара Учителот кога ќе дојде да побара плод, покажувајќи му само лисја. Одлучната намера, посветена со Христовата благодат, ќе направи чуда.

Телото, умот и срцето под Божја контрола. Оној, кој вистински го сака и има страв од Бога, со единствена цел трудејќи се да ја твори Неговата волја, ќе ги стави своето тело, својот ум, своето срце, својата душа и својата сила во служба на Бога. Така било со Енох. Тој чекорел со Бога… Оние, кои одлучиле Божјата волја да ја сторат своја мораатда му служат и да му угодуваат на Бога во се. Тогаш карактерот ќе биде скпаден и добро урамнотежен, доследен, полн со ведрина и искрен.

Способностите на умот треба да управуваат со телото. Вистинското воспитување го опфаќа целото битие. Тоа учи како правилно да ги употребиме нашите способности. Ни овозможува да ги искористиме мозокот, коските и мускулите на телото, умот и срцето на најдобар начин. Умствените способности, како повисоки сили, треба да управуваат со царството на телото. Природните апетити и страсти треба да бидат доведени под контрола на совеста и љубовта кон духовното. Христос е главата на човештвото, Негова цел е да не води, преку службата за Него, по возвишените и свети патеки на чистотата. Ние треба да станеме целосни во Него преку чудесното дело на Неговата благодат.

Добро развиени умови и широки карактери. Божјите работници мораат да настојуваат да бидат сестрани луѓе, т.е. да имаат ширина на карактерот, да не бидат луѓе од една идеја, стереотипни во еден начин на работа, кои влегуваат во текот на застарените шеми и се неспособни да забележат и да почувствуваат дека нивните зборови и застапувањето на вистината мораат да варираат во зависност од тоа со каков тип на луѓе работат и со какви околности се среќаваат. Секој треба непрекинато да настојува правилно да го развива својот ум и да ја надвладее неурамнотеженоста во карактерот. Ова мора да биде ваш постојан предмет на проучување, ако сакате да бидете корисни и успешни работници.

Баналните и неважни работи го закржлавуваат умот. Во умот на секој учениктреба да се втисне мислата дека образованието е погрешно, доколку разумот не научи да ги прифаќа вистините на божественото откровение и доколку срцето не ги прифати учењата на Христовото евангелие. Ученикот кој наместо широките начела на Божјата Реч, ги прифаќа општите замисли, и времето и вниманието ги посветува во прифаќање на баналности, тривијални работи, ќе открие дека умот закржлавува и слабее. Тој ја губи моќта за развој. Умот мора да се вежба да ги сфати важните вистини што се однесуваат на вечниотживот.

Не треба да ги преоптоваруваме умовите со бескорисни нешта. – Образованието, онакво какво што денес се применува во училиштата, е еднострано и затоа погрешно. Како оние што ги откупил Божјиот Син, ние сме Негова сопственост и секој од нас треба да се обучува во Христовото училиште. За нашите училишта треба да се изберат мудри учители. Учителите мораат да работат со човечките умови и пред Бога се одговорни да втиснат во нив нужност од познавањето на Христа како личен Спасител. Но никој не може правилно да ја воспитува Божјата откупена сопственост, доколку и самиот не е научен во Христовото училиште како да поучува.

Морам да ви кажам, дека според светлината што ми беше дадена, знам колку многу време и пари се потрошени на стекнувањето знаење, кое е како слама за учениците; затоа што тоа знаење не ги оспособува да им помогнат на своите другари во оформување на карактер кој ќе ги оспособи за заедница со светите и со ангелите во повозвишеното училиште. Наместо младите умови да се преоптоваруваат со многу нешта кои се неумесни и во многу случаи никогаш нема да им бидат од корист, треба да се воведе практична настава. Времето и парите се трошат во стекнување на бескорисно знаење. Умот треба внимателно и мудро да се подучува да се потпира на библиската вистина. Главна цел на образованието треба да биде стекнување на знаење за тоа како можеме да го прославиме Бога, чијашто сопственост сме и според создавањето и според откупувањето. Исходот на образованието треба да биде оспособеноста да го разбереме Божјиот глас…

Како прачките на Родната Лоза, Божјата Реч претставува единство во различностите. Во неа постои совршено, натчовечко, загадочно единство. Таа ја содржи божествената мудрост и е темел на секое вистинско образование; но односот кон оваа Книга беше рамнодушен.

Сега, како никогаш порано, треба да ја сфатиме вистинската наука на образованието. Ако пропуштиме да го разбереме тоа, никогаш нема да добиеме место во Божјото царство. ,Д ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и ИсусХристос, Кого си го испратил” (Јован 17:3). Ако ова е цената за небото, зар нашето образование не треба да се насочува и води токму во овој правец?

Поставување на железна власт над другите го обесчестува Бога.

Бог нема да ја оправда било која замисла со чија помош човекот и во најмала мера се обидува да владее или да ги угнетува своите ближни. Штом човекот почнува да поставува железен авторитет над другите, тој го обесчестува Бога и ја доведува во опасност сопствената душа, како и душите на своите браќа.

Неопходно е урамнотежување на различни умови. Тука имаме збир на разни умови, со различно образование и различна подготовка и не очекуваме дека секој ум ќе се слие во ист калап; но се поставува прашањето: дали тие гранки сме ги накалемиле на родителската Лоза? Тоа е она што го бараме и што сакаме да ги запрашаме како учителите, така и самите ученици. Сакаме да знаеме дали навистлна сме накалемени на Лозата. Ако сме, можеме да имаме различни манири, различни стилови и различни изрази. Можеме да ги набљудуваме нештата од различни агли и да имаме идеи, што се однесува до Светото Писмо, кои меѓусебно се разликуваат и не се во негова спротивност, но сепак нашите идеи можат да варираат. Мојотум можедатежнее кон правци кои ми се најсвојствени, а некој друг може да размислува и да заземе став што му одговара на неговиот каракгер и да согледа многу длабок интерес таму, каде што другите не можат да го видат.

Исоп, кедар и папма. Од сите Господови замисли не постои ништо поубаво од Неговиот план да им дава различни дарови и на мажите и на жените. Црквата е Негова градина, украсена со разни дрвја, растенија и цвеќе. Тој не очекува од исопот да ги достите размерите на кедарот, ниту пак маслинката да се испружи до висините на отмената палма. Мнозина имаат примено само ограничено верско и интелектуално воспитување, но Бог има задача за оваа група ако таа сака да работи во понизност, имајќи доверба во Него.

Различни карактери како цвеќето. Од бескрајната разновидност на растенијата и цвеќето можеме да научиме важна порака. Сите цветови не се исти по форма и по боја. Некои од нив имаат исцелителски својства. Некои секогаш пријатно мирисаат. Имахристијани, кои мислатдека им е должност секој другхристијанин да го направат сличен на себе. Ова е човечки, а не Божји план. Во Божјата црква има места за карактери различни како и цвеќето. Во Неговата духовна градина постојат разни облици на цвеќе.

Моќта на умот и телото Божји дар. Божјите барања мораат да се втиснат врз совеста. Мажите и жените мораат да бидат свесни за должноста на самосовладување, за потребата за чистота, слобода од секое изопачено барање и расипана навика. Тие треба да се импресионирани од фактот дека сите нивни сили и сета моќ на телото и умот се Божји дар

и дека треба да се сочуваат во најдобра можна состојба, за да бидат искористени во Неговата служба.

Бог сака складни карактери. Бог ги кара луѓето, затоа што ги сака. Тој сака да бидат силни во Неговата сила, да имаат добро урамнотежени умови и складни карактери и тогаш како такви ќе бидат пример за Божјето стадо и ќе можат да го водат правилно и преку пример кон небото. Тогаш ќе изградат свет храм за Господа.

Отсек Два

Основни односи

Сподели го ова:

Слични објави