Глава 34 Совеста

Сподели го ова:

Воздигнете ја совеста до нејзиното вистинско место на авторитет. Бог на луѓето им дава повеќе од обичен животински живот, Тој „толку го возљуби светот што го даде Синот Свој единороден, та секој кој ќе поверува во Негода незатнетукуда имаживот вечен.“Тој очекува од оние за кои поднел толку голема жртва да покажат дека ја ценат Неговата љубов следејќи го примерот кој го оставил Христос, живејќи живот кој е во склад со Неговата волја. Тој очекува да одговорат на љубовта која ја покажал спрема нив одрекувајќи се себе си за доброто на другите. Тој очекува да ги употребат своите телесни и умствени сили во служба за Него. Тој им дал љубов и очекува овој скапоцен подарок да го искористат за Негова слава. Тој им дал совест, и Тој забранува овој скапоцен дар на било каков начин да биде злоупотребен; напротив, треба да се воздигне до местото на авторитетот кој Тој му го наменил.

Да се контролира совеста и да се воздигне љубезното однесување. Сите ние треба да ја воздигнеме љубезноста и да се потчиниме на контролата на совеста. Духот на вистината ги прави мажите и жените подобри кога го примаат во своето срце, Тој дејствува како квасец додека целото битие не дојце во склад со начелата на вистината. Тој го отвара срцето кое било замрзнато со алчност; ја отвара раката која секогаш била затворена спрема човечките патила; а привлечноста и љубезноста можат да се видат како негови родови.

Чистата совест прекрасна придобивка. Чистата совест пред Бога и луѓего е прекрасна придобивка.

Отфрлањето на совеста е голема опасност. Секојдневно мажите и женитеја одредуваатсвојата вечна судбина. Ми беше покажано дека многумина се во голема опасност. Додека човекот може да направи или да каже нешто за да си ја постигне својата цел, ништо освен Божјата сила не може да го спаси. Потребна е преобразба на неговиот карактер, за да биде со чиста совест и пред Бог и пред луѓето. Неговото јас мора да умре, а Христос да го заземе храмот на душата. Кога отфрлајќи ја светлината што им ја дал Бог, луѓето ја злоупотребуваат и си ја газат совеста, тие се во голема опасност. Нивната идна вечна благосостојба се доведува во опасност.

Сатаната се обидува да ја затапи совеста. Сатаната го користи својот авторитет за да го затапи Божјиот глас и гласот на совеста, и светот постапува како да е под негова контрола. Луѓето го избрале за свој водач. Тие стојат под неговото знаме. Тие не сакаат да бидат Христови за да имаатживот. Заслепени со плановите за задоволство и забава, тие се борат за она што е уништувачко.

Еден погрешен чекор го менува животот. Отстранување на една бариера од совеста, пропустда се направи она што всушност Господ го назначил, еден чекор на патот на погрешните принципи, често доведува до целосна промена на животот и делувањата… Ние сме сигурни само во следењето на патот по кој не води Христос, Патот ќе биде појасен, се посветол и посветол, додека не се раздени.

Нарушената совест слабее. Човекот кој откако ќе ја слушне вистината се оттрга од неа затоа што нејзиното прифаќање би го забавило неговиотуспех во работата, се одвраќа од Бога и од светлината. Тој ја продава својата душа на евтин пазар. Неговата совест секогаш ќе биде несигурна. Тој се спогодил со сатаната, извршувајќи насилство над својата совест, која доколку се зачувала чиста и чесна, би била од поголема вредност и од целиот свет. Тој што ја одбива светлоста се послужува со плодот на непослушноста, исто како Адам и Ева во Еденската градина.

Губењето на интегритетот на совеста ја парализира животната енергија. Кога ќе ја изгубите својата непорочност, душата станува бојно поле за сатаната; имате доволно сомневања и страв кои ја парализираат животната енергија и донесуваат обесхрабрување. Кога се изгубила Божјата наклоност, знаете ли дека некои од вас се обиделе да ја потполнат таа празнина и настојувале да го вратат изгубеното осведочување на Светиот Дух дека сте Божјо дете во световните возбудувања, и во световното друштво.

Сатаната ја контролира совеста отапена од алкохол. Пијаницата го продава својот разум за чаша отров. Сатаната го контролира неговиот разум, неговите скпоности и совест. Таквиот човек го руши Божјиот храм. Пиењето чај помага да се изврши истото тоа дело. Сепак колку се оние кои ги ставааттие разорувачки средства на своите трпези, гушејќи ги со тоа божествените атрибути.

Исхраната дејствува на совеста. Тешката и стимулирачка храна ја надразнува крвта, го возбудува нервниот систем, и често ги отапува моралните запазувања така што разумот и совеста се преоптоварени со телесни нагони.

Здравјето и совеста. Здравјето е непроценливо богатство, и нешто што е тесно поврзано со совеста и религијата, нешто што мнозина не го сфаќаат како такво. Тоа има големо влијание врз човечката способност. Секој проповедник треба да негува чувство, ако сака да биде верен чувар на своето стадо, мора да ги зачува сите можности во состојба за најдобра можна служба.

Совеста како делотворно средство во обновување на здравјето.

Ако сте оптоварени и уморни, нема потреба да се виткате како лист на исушена гранка. Веселоста и чистата совест се подобри и од лек, и ќе бидат делотворно средство во обновување на вашето здравје.

Можно е совесно да бидеш во криво. Мнозина ја поддржуваат замислата дека човекот може да прави се во што свесно верува дека е во право. Но прашање е: дали човекот има добро истренирана, вистинска вредна совест, или е склон кон сопствено необјективно мислење? Совеста не е дадена за да го заземе местото на тоа „Вака вели Господ.“ Секоја совест не е ускладена и не е еднакво вдахновена. Кај некои совеста е мртва и жигосана како со врело железо. Луѓето можат да бидат совесно во криво и совесно во право. Павле не веруваше во Христа од Назарет, и ги прогонуваше христијаните од град во град, искрено верувајќи дека тоа го прави во чест на Божјата служба.

Човечките согледувања се нестабилен водач. „Светлината на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осветлено; но ако твоето тело е лукаво, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината?“ (Матеј 6:22, 23).

Овие зборови имат вистинско, но и друго значење, буквално и фигуративно. Тие се полни со вистина што се однесува на телесното око, со чија помош ги гледаме надворешните објекти. Но тие се исто така вистина во однос и на духовното око, совеста, со којашто го проценуваме доброто и злото. Ако окото на душата, совеста, е совршено здраво, душата ќе се поучува во добар правец.

Но ако совеста се води според човечките согледувања, кои не се потчинети и омекнати од Христовата благодат, умот е во болна состојба. Работите не се гледаат онакви какви што се. Фантазијата е возбудена, и окото на разумот ги согледува работите во лажна искривена светлина. Потребен ви е јасен, сочувствителен поглед. Вашата совест била злоупотребена, а со тоа и стврдната, но ако сакате да го следите вистинскиот пат, ќе и ја вратите обновената светлина.

Кога можеме да и веруваме на совеста. Но некој може ќе рече: „Мојата совест не ме осудува за непридржување на Божјите заповеди.” Но во Божјата Реч читаме дека постои добра и лоша совест, и фактот дека совеста не ве осудува во недржењето на Божјите закони не докажува дека не сте под осуда во Неговите очи.

Предајте и ја својата совест на Божјата Реч и видете дали вашиотживот и карактер се во склад со стандардите на праведноста што Бог ги има откриено преку неа. Тогаш ќе можете да одредите дали имате или немате разумна вера и каква ви е совеста. На човековата совест не може да и се верува доколку не е под влијание на божествената благодат. Сатаната ја користи предноста на непросветлената совест, и со тоа ги води луѓето во секојдневни заблуди, затоа што од Божјата Реч не направиле свој советник. Мнозина измислиле сопствено евангелие на истиот начин како што Божјиот закон го замениле со свој.

Божјата реч стандард. Не е доволно човекот сам да мисли дека е сигурен само ако ги следи налозите на својата совест… Прашањето кое треба да се постави е: дали таа совест е во скпад со Божјата Реч? Ако не е, не може со сигурностда се следи, бидејќи ќе измами. Совеста мора да биде просветлена од Бога. Мора да се одвои време за проучување на Светото писмо и да се има време за молитва. Така умот ќе се утврди, ќе зајакне и ќе биде постојан.

Дали совеста ви го менува животот? Вие можете да имате совест, и таа совест може да ви донесе осведочување, но прашање е: дали тоа осведочување е делотворно средство? Дали тоа го допира вашето срце и работата на внатрешниот човек? Ви го чисти ли храмот на душата од секакво загадување? Тоа е она што ни е потребно, затоа што времето е исто како што било во деновите на децата Израелови, и ако постојат некои гревови во вас, не застанувајте се додека не се поправат и исчистат.

Впечатокот на вистината врз совеста и срцето. Псалмистот вели: „Објаснувањето на Твоите зборови просветлува, т вразумува просгодушните“ (Псалм 119:130). Кога вистината делува на самата совест, таа создава многу неспокојства, но кога ќе биде повикана и срцето, целото тело му се потчинува на Исус Христос. Дури и мислите се заробуваат, бидејќи Христовиот ум работи таму каде што волјата се потчинува на волјата Божја. „Имајте ја на себе истата мисла, која беше и во ИсусаХриста” (Филипјаните 2:5). Оној кого Господ ќе го ослободи навистина е слободен, и тој не може повторно да се вовлече во ропството на гревот.

Вистината која се држи само по совеста го вознемирува умот. – Секој искрен Евреин според својата совест бил осведочен дека ИсусХристос е Божји Син, но срцето не сакало да се потчини во својата гордост и честољубие. Се задржало противењето на светлината на вистината, која решиле да ја отфрлат и негираат. Кога вистината се држи како вистина само по совеста, кога срцето нема да биде поттикнато да ја прифати, вистината во тој случај само го вознемирува умот. Но кога вистината ќе се прифати од срце како вистина, таа минува низ совеста и ја потчинува душата на своите принципи на чистота. Таа се вгнездува во срцето со помош на Светиот Дух, кој ја обликува нејзината убавина во умот за да може нејзината преобразувачка сила да се забележи во каракгерот, Бог не ја присилува совеста. Бог никогаш не ја присилува волјата или совеста, додека таа е постојано прибежиште на сатаната за да здобие контрола над оние кои не може да ги заведе поинаку тој употребува сурова принуда. Низ страв или сила тој се обидува да владее над совеста и да осигура послушност на себе.

Кога совеста е сигурен водач. Оној на кого совеста му е сигурен водач нема да се предомислува додека го опсипува светлината од Божјата Реч. Тој нема да се води според човечката совест. Нема да дозволи световните работи да му се испречат на патот на послушноста. Ќе го остави секој себичен интерес на вратите на испитувањето и ќе и присгапи на Божјата Реч како оној чиј вечен интерес ќе преовладее на вагата.

Емоциите и желбите треба да им се потчинат на разумот и совеста. Ако не сакаме да правиме грев, мораме да се пазиме од самите негови почетоци. Секоја емоција и желба мора да се потчинат на разумот и совеста. Секоја несвета мисла мора веднаш да се уништи. Во својата кпет, Христови следбеници. Молете со вера со целото свое срце. Сатаната чека да ве фати во стапица. Морате да имате помош од одозгоре ако сакате да ги избегнете неговите замки.

Но вам ви е потребно да ја држите секоја емоција и страст под контрола, во тивка потчинетост на разумот и совеста. Тогаш сатаната ја губи својата моќ во контролирањето на умот.

Раните остануваатзасекогаш. Што постигнал тој нечесен човек со својата светска политика? Колкава цена платил за својотуспех? Тој јажртвувал својата машкост и тргнал по патот кој води во пропаст. Тој може да се обрати, може да го увиди злото на својата неправедност кон браќата и, колку е тоа можно, треба да го поправи пропустот; но лузните од ранетата совест ќе останат засекогаш.

Христовата благодат доволна за виновната совест. Кога гревот се бори да загосподари во срцето, кога чувството на вина ја притиска душата и обременува совеста, кога неверувањето го замрачува духот, имајте предвид дека Христовата благодат е доволна да го совладате гревот и да ја протерате темнината. Стапувајќи во тесна заедница со Спасителот, ние влегуваме во царството на мирот.

Вие можете да го направите од себе она што ќе го одберете. Уште еднаш те предупредувам како оној што мора да се соочи со тие правци оној ден кога сечиј случај ќе биде одлучен. Предај му се на Христа без предомислувања; Тој единствено може со силата на Својата благодатда те спаси од пропаста. Единствено Тој може да ги доведе твоите морални и ментални сили во здрава состојба. Вашето срце може да се запали со Божјата љубов; вашето разбирање да се разбистри и созрее, вашата совест да се просветли, да оживее и да се очисти, вашата волја да се воздигне и посвети, да се потчини на контролата на Божјиот Дух. Вие можете да направите од себе тоа што ќе го одберете. Ако сакате сега да се свртите кон правдата, да престанете да правите зло и да се научите да правите добро, тогаш ќе бидете навистина среќни, ќе бидете успешни во животните борби и ќе досегнете до слава и чест во живот подобар од овој. „Одберете денес на кого ќе му служите” (Исус Навин 24:15).

Не мешајте се во совеста на другите. Совеста во однос на тоа што е Божјо е света ризница, во која ниту едно човечко суштество, без разлика на својата положба, нема право да се меша. Навуходоносор им понудил на Евреите уште една можност, и кога тие одбиле, се разгневил и наредил огнената печка да се загрее седум пати повеќе од вообичаеното. Им рекол на заробениците дека ќе ги фрли во таа печка. И тогаш дошол одговор полн со верба: Нашиот Бог на кого Му служиме може да не избави; но и ако не го стори тоа, ние и понатаму ќе му останеме верни на Бога.

Не е мерило за други. Бог не сака од својата совест да правите мерило за другите. Вие треба да извршите една должност, а тоа е да станете кротки и да развивате несебичност во своите чувства додека најголемо задоволство не ви биде усреќувањето на другите.

Родител ите мораат да им помогнат на децата да ја сочуваат чистата совест. Упатена сум да им кажам на родителите: правете се што е во ваша моќ да им помогнете на децата да имаат чиста совест. Учете ги да сехранат од Божјата реч. Учете т дека тие се мали Господови деца. Не заборавајте дека Тој ве поставил како нивни чувари. Ако им давате соодветна храна и соодветно ги облекувате и ако грижливо ја изучувате со нив Божјата Реч, стих по стих, правило по правило, овде малку и таму малку, со многу молитви упатени до нашиот небесен Татко, вашите напори ќе бидат богато наградени.

Совеста треба да се исчисти. Секој агол во храмот на душата станал повеќе или помалку извалкан, и потребно е чистење. Мора да се влезе во делот на совеста каде што се зафатила пајажина. Прозорците на душата мора да се затворат кон земјата и ширум да се отворат кон небото за да можат сјаните зраци на Сонцето на Праведноста да имаат слободен пристап. Сеќавањата треба да се освежат со библиски начела. Умот мора да се одржува чист за да може да прави разлика помеѓу доброто и злото. Додека ја повторувате молитвата со која Христос ги учеше Своите ученици, и потоа се борите за одговор во секојдневниот живот, Светиот Дух ќе го обнови умот и срцето и ќе ви даде сила да ги остварите тие возвишени и свети намери.

Чистата совест носи совршен мир. Внатрешниот мир и чистата совест кон Бога, ќе го оживее и ќе го освежи интелектот како роса која се слева по нежните билки. Тогаш волјата ќе биде правилно насочена и контролирана и уште поодлучна, а сепак слободна од изопачености. Размислувањата се пријатни бидејќи се посветени. Мирот на умот кој можете да го имате ќе ги благослови сите со кои се дружите. Овој мир и спокој со текот на времето ќе стане природен и ќе ги рефлектира своите драгоцени зраци насекаде околу вас. Колку повеќе го искусувате небесниот мир и умното спокојство, тој се повеќе ќе расте. Тоа е едно вдахновено, живо задоволство кое не ги запажува моралните можности, туку ги буди на уште поголема активност. Совршениот мир е особина на небото која ја имаат ангелите. Бог може да ви помогне да бидете сопственик на овој мир.

Сподели го ова:

Слични објави