Глава 74 Сомнежи

Сподели го ова:

Мистерии кои не можеме да ги досегнеме. Божјата Реч, како карактерот на својот Божествен Автор, изложува мистерии кои ограничените суштества никогаш потполно не можат да ги разберат. Влегувањето на гревот во светот, Христовото отелотворување, регенерацијата, воскреснувањето и многу други предмети изложени во Библијата се мистерии премногу длабоки за човечкиот ум да ги објасни или дури потполно да ги сфати. Но ние немаме причини да се сомневаме во Божјата Реч затоа што не можеме да ги разбереме мистериите на Неговото провидение. Во светот на природата ние сме постојано опкружени со мистерии кои не можеме да ги досегнеме. Наједноставните облици на живот претставуваат проблем кој и најмудрите филозофи се немоќни да ги објаснат. Насекаде има чуда кои се надвор од нашето разбирање. Треба ли тогаш да сме изненадени со откритието дека во духовниот свет исто така постојат мистерии кои не можат да се досегнат? Потешкотијата единствено лежи во слабоста и ограниченоста на човечкиот ум. Бог ни дал во Библијата доволно докази на нејзиниот божествен карактер, и ние не смееме да се сомневаме во Неговата Реч затоа што не можеме да ги разбереме мистериите на Неговото провидение.

Можноста за сомневање не е отстранета. Додека Бог дава изобилство на докази за верата, Тој никогаш нема да ги отстрани сите изговори за неверството. Сите кои бараат куки за да ги закачат своите сомнежи, ќе ги најдат. И оние кои одбиваат да ја прифатат и послушаат Божјата реч додека секоја примедба не се отстрани, и не постои повеќе пригода за сомневање, никогаш нема да дојдат до светлинатата.

Неверувањето во Бога е природна појава во необновеното срце, кое е во непријателство со Него. Но верата е вдахновена од Светиот Дух, и таа ќе цвета само ако се негува. Ниту еден човек не може да стане јак во верата без одлучни напори. Неверството јакнее кога се охрабрува; и ако луѓето, наместо да се занимаваат со доказите кои Бог ги дал за да ја поткрепат својата вера, си допуштаат себеси да се сомневаат и ситничат, тие ќе откријат дека нивните сомнежи се повеќе се потврдуваат.

Ефектот на тежината на доказот. Оние кои сакаат да се сомневаат ќе имаат изобилство на прилики. Бог нема намера да ја отстрани секоја прилика за неверството.Тој дава докази, кои мораат внимателно да се испитуваат со понизен ум и со поучлив дух, и сите треба да одлучат од тежината на доказите. Богдава доволно докази за отворениотум да верува; но оној кој се одвратува од тежината на доказите затоа што има некои работи кои не може да ги разјасни со своето ограничено разбирање

ќе биде препуштен на ладната, невкусна атмосфера на неверство, сомнежи и ќе направи бродолом од верата.

Не им верувајте на чувствата (совет на еден сомничав човек). – Големиот план на милоста од почетокот е да се придобие секоја ожалостена душа за верата во Неговата љубов. Твојата сигурност во сегашно време кога умот ти се измачува со сомнежот е да не се верува во чувствата туку во живиот Бог. Се што Тој бара од тебе е да му подариш доверба, признавајќи Го како свој верен Спасител, Кој те сака и Кој ти ги има простено сите грешки и заблуди.

Ниту една мисла на сомнеж да не ја види светлината на денот. – Стражарете верно како што Аврам правел да не случајно гавраните или некоја друга птица грабливка слета на вашата жртва и приносот на Бога. Секоја мисла на сомнежтреба така да се чува за да не го види светлото на денот преку изразување. Светлината секогаш бега од зборовите кои ги величаатсилите на темнината. Животот на нашиот воскреснат Господ треба секојдневно да се манифестира во нас.

Хронично сомнежпивиот е насочен кон себе. Голема несреќа е да се биде хронично сомнежпив, задржувајќи ги очите и мислите на себе. Додека се набљудувате себеси, додека тоа е тема на мислење и разговори, не можете да очекувате да се усогласите со Христовото обличје. Своето јас не е вашиот спасител. Вие немате откупителска особина во себе. „Јас“ е многу трошен брод на кој можете да ја качите својата вера. Исто колку што е сигурно да му се доверите, исто така и ќе потоне.

Чамец за спасување, во чамецот за спасување! Ова е ваша единствена сигурност. Исаус е капетан на тој чамец, и Тој никогаш нема изгубено ниту еден патник.

Обесхрабрени сомничари, како можете да очекувате срцето да ви зрачи со Христовата љубов? Како можете да очекувате Неговата радост да остане во вас и вашата радост да биде исполнета додека размислувате и се потхранувате со својот сопствен несовршен карактер?

Верата спроти неверството. Ние не разбираме колку губиме со неверството. Без верата ќе се впуштиме во изгубена битка. Ние имаме Спасител кој ја разбира секоја фаза на нашиотживот. Тој ги знае нашите обесхрабрувања, и Тој знае каква помош всушност ни е потребна. Потребна ни е вера во Него, вера која работи низ љубовта и ја очистува душата.

Верата расте низ судири со сомнежот; способноста собира сила преку отпорот на искушенијата.

Негувајте ја верата. Нема охрабрување дадено за неверството. Господ одново и одново ја покажува Својата благодат и Својата моќ, и ова треба да не научи дека секогаш е корисно под сите околности да се не-

гува верата, да се говори за верата, да се постапува според верата. Ние не смееме да дозволиме срцето и рацете да ни ослабнат со допуштање на сомничавите умови да посадат семе на сомнеж и недоверба во нашите срца.

Сомнежот предизвикува нервно заболување. Сигурноста на Божјото одобрување ќе го унапреди физичкото здравје. Тоа ја утврдува душата против сомнежот, потешкотиите и претераната жалост која толку често ги поткопува виталните сили и предизвикува нерво заболивање од најлош и најмачен карактер. Господ ја заложил Својата непропадлива реч дека Неговото око секогаш ќе биде над праведните и Неговото уво секогаш отворено за нивните молитви, додека Тој е против сите оние кои прават зло. Ние извршуваме многу тешка задача на овој свет за себеси кога заземаме таков курс дека Господ е против нас.

Никаков сомнеж да не го обзема умот. Никаков сомнеж или недоверба не смее да го обзема умот. Никакво разбирање за Божјата големина не треба да ја збуни нашата вера. Бог нека ни помоге да се понижиме во кротост и смиреност. Христос ја положил Својата царска облека и круна за да може да се поврзе со човештвото и да покаже дека човечките суштества можат да бидат совршени. Облечен во облеката на милоста, Тој живеел во нашиот свет совршен живот за да ни даде доказ за Својата љубов. Тој го направил она што неверувањето во Него го прави невозможно. Од Својата висока заповедничка положба во небесните дворови Тој се симнал да земе човечка природа на себе. Неговиот живот е пример какви можат да бидат нашите животи. За никакво разбирање на Божјата големина да не влезе и да ја избрише нашата вера во Божјата љубов, Христос станал човек на болката и се запознал со жалоста. Човечкото срце, предадено Нему, ќе стане света харфа, која испраќа света музика.

Нема оправдување за изразување на сомнежи. „Таткото … не избави од власта на темнината” (Колосјаните 1:13). Ако ова е вистина, каков изговор имаме за покажување на обесхрабрување, неверство и сомнеж за навлекување на темнината околу нас како појас? Да ја свиткаме сенката на сомнежот, одлагајќи ја за да ја носи сатаната, зачетникот на секој сомнежи обесхрабрување. Тој настојува да ја фрли својата пеколна сенка преку нашата патека. Нашата вера мора да ги пробие темните облаци на сомнеж и неверство, фаќајќи се горе за Христовата рака.

Како Елена Вајтја победила семката на сомнежот. Кога сатаната ја фрла својата пеколна сенка на сомнеж преку мојата патека, јас не гледам или говорам за неа и го прославувам ѓаволот говорејќи за него или неговата сила или колку тешки моменти имам. Не, јас поминувам право низ сенката и со вера се фаќам за Исуса Христа. Со гледање ние се менуваме во тоа исто обличје од слава во слава. Говорете за верата. Секој сомнеж кој го изразувате е посеано семе, и тоа семе ќе фати корен во некое срце. Нема потреба да изговориме ниту една реченица на сомнеж и на тој начин да го фалиме ѓаволот за неговата чудесна моќ за да ве држи во потчинетост. Не, Христос ме купил и ме откупил. Сатаната нема сила над мене.

Лажни замисли за Бога. Сатаната е радосен кога може да ги наведе Божјите деца на неверство и малодушност. Тој ужива да ја види нашата недоверба во Бога и сомнеж во Неговата волја и силата да не спаси. Тој сака да чувствуваме дека Господ ќе ни наштети со своето провидение.

Дело на сатаната е да го претстави Господа како оној на кого му недостасува сочувство и сожалување. Тој погрешно ја наведува вистината за Него. Тој ја исполнува имагинацијата со лажна замисла за Бога; и наместо да се занимаваме со вистината за нашиот небесен Татко, ние премногу често ги фокусираме своите умови на сатанските погрешни претстави и го обесчестуваме Бога со недоверба и мрморење против Него.

Сатаната секогаш настојува религиозниотживот да го направи површен. Тој сака да изгледа мачен и тежок, и кога христијанинот во својот живот го претставува овој поглед на религијата, тој низ своето неверство ги поддржува сатанските лаги.

Затворете ја вратата на своето срцето за сомнежите. Кога ѓаволотдоаѓа со своите сомнежи и неверства, затворете ја вратата на своето срце. Затворете ги своите очи така што нема да се занимавате со неговата пеколна сенка. Подигнете ги нагоре да можат да го гледааттоа што е вечно, и ќе имате сила секој час. Испробувањето на вашата вера е подрагоцено од златото… Тоа ве прави храбри во биењето на Господовите битки, „оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата” (Ефесјаните 6:12).

Сатаната полага право на овој свет. Тој полага право на нас како на свои. Па, ќе му го дадеме ли тоа што тој го бара? Не. Јас сум сопственост на некој друг. Купена сум скапо и моја работа е да го прославам Бога во телото и духот. Немам време да зборувам неверство. Верата е таа за која морам да зборувам. Морам да ја јакнеам својата вера преку користење. И тогаш мојата вера расте додека се потпираме на Божјите ветувања и можам да примам се повеќе и повеќе.

Благословен, благословен Исус. Го сакам затоа што Тој ми е утеха и надеж и прилика и ресурс; лично за мене и лично за вас. Би сакала и вие да се сметате за Негова сопственост. Свртете гм своите лица како кремен кон Гората Сион. Бидете одлучни дека таму постои богатство кое можете да го добиете.

Една реченица на сомнеж прави место за друга. Една реченица на сомнеж, еден збор на лошо мислење или лош говор, прави место за други од истиот вид. Тоа е сеење на семе кое ќе подготви жетва која малкумина ќе сакаат да ја соберат.

Семето на сомнеж лежи закопано. Оние кои ги мачи сомнежот и кои имаат потешкотии кои не можат да ги решат не треба да фрлаат други слаби умови во иста неприлика. Некои алудирале или говореле за своето неверство и поминале преку тоа не сонувајќи каков ефект направило тоа. Во некои случаи семето на неверство донело моментален ефект, додека во друг случај лежело закопано долго време, додека тој поединец на зазел погрешен курс и мудал место на непријателот, а Божјата светлина се повлекла од него и тој паднал под моќните сатански искушенија. Тогаш изникнува семето на неверство кое било толку одамна посеано. Сатаната го храни, и тоа донесува род.

Се што доаѓа од проповедниците кои треба да стојат во светлината има моќно влијание. И кога не стоеле во јасната Божја светлина, сатаната ги користел како агенти и преку нив ги пренесувал своите огнени стрели во умовите на неподготвените да го одбијат она што доаѓа од нивните проповедници.

Наша должност е да веруваме. Верувајте, дека Божјата реч нема да изостане, туку е верен Оној кој ветил. Всушност колку ви е должноста да ги признаете своите гревови толку ви е должност да верувате дека Бог ќе ја исполни Својата реч и ќе ви ги прости гревовите. Вашата вера мора да се покаже во Бога како оној кој ќе направи токму онака како што ветил дека ќе ви ги опрости сите ваши престапи.

Како можеме да знаеме дека Господ навистина е наш Спасител кој ги простува нашите гревови, и да ја потврдиме (преку лично искуство) длабоката благословеност во Него, големата благодат и љубов за која не уверува дека ја има за смирените во срцето, доколку безусловно не веруваме во Неговата реч? О, колкумина се оплакуваат, грешејќи и каејќи се, но секогаш под облакот на осудата. Тие не веруваат во Господовата реч. Тие не веруваат дека Тој ќе направи токму онака како што рекол дека ќе стори.

Причината за сомнож љубовта кон гревот. Маскирајќи го како што можат, вистинската причина на сомнежот и скептицизмот во наголем број на случаи е љубовта кон гревот. Учењата и ограничувањата на Божјата реч не се добредојдени на гордото срце кои го сака гревот, и оние кои не се волни да ги послушаат нејзините барања подготвени се да се сомневаат во нејзиниот авторитет. За да дојдеме до вистината мораме да имаме искрена желба да ја сознаеме вистината и волјата на срцето да ја послушаме. И сите кои со овој дух приоѓаат во проучувањето на Библијата ќе најдат изобилство на докази дека таа е Божја реч, и тие може да стекнат разбирање на нејзините вистини кое ќе ги умудри за спасение.

Невнимателните луѓе негуваат сомнеж. Сомнежот и неверството го негуваат оние кои не живеат внимателно. Тие се болно свесни дека нивниот живот нема да ги задоволи тестот на Божјиот Дух, било да зборува преку Неговата реч или преку сведоштвата на Неговиот Дух што би ги довело до Неговата Реч. Наместо да отпочнат со своите сопствени срца и дојдат во хармонија со чистите начела на евангелието, тие изнаоѓаат грешки и ги осудуваат оние средства кои Бог ги одобрил да ги подготви луѓето да опстанат во денот Господен.

Примените сомнежи се сметаат за готови факти. Општиот метод на образование на младите не ги задоволува стандардите на вистинското образование. Неверните чувства се вплеткуваат во она што се наоѓа во учебниците, а Божјите зборови се ставаат во незавидна и дури во сомнителна светлина. На тој начин умовите се зближуваат со сатанските сугестии и сомнежите кои еднаш ќе се примат стануваат за оние кои ги усвоиле сигурни факти, и научното истражување ги наведува на погрешно мислење поради начинот на кој се толкуваат и изопачуваат неговите откритија.

Што да се прави со сомнежот. Вие го повредувате Христовото срце сомневајќи се, додека Тој ни пружил такви докази на Својата љубов во давањето на сопствениот живот да не спаси да не загинеме, туку да имаме вечен живот. Тој ни кажал всушност што да работиме. Дојдете при Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам11 (Матеј 11:28),

Сомнежите ги снемува во настојувањето да ги благословиме другите. Постојат мнозина кои се жалат на своите сомнежи, кои се јадосуваат дека немаат сигурност на својата врска со Бога. Ова честопатм може да се препише на фактите дека тие ништо не прават во Божјото дело. Тие срдечно нека настојуваат да им помогмат и да ги благословат другите и нивните сомнежи и малодушности ќе ги снема.

Оние кои постојано изразуваат сомнеж и бараат дополнителни докази да го истераат својот облак на неверство не ѕидаат на Речта. Нивната вера почива на околностите; таа се темели на чувствата. Но чувствата, дури и кога секогаш би биле угодни, не се вера. Божјата реч е темел на кој мора да се ѕида нашата надеж во небото.

Што почесто зборувате за сомнежот, тој станува потемен (совет на еден сомнежпив проповедник). Ги видов Божјите ангели како жално гледаат кон тебе. Тие ја напуштиле твојата страна и тажно се свртеле, додека сатаната и неговате ангели победоносно се исмевале над тебе. Да се бореше со своите сомнежи и да не го охрабруваше ѓаволот да те искушува и да го изразуваш своето неверство, сакајќи да се занимаваш со него, не би ги привлекол паднатите ангели околу себе во толкав голем број. Но ти одбираш да говориш за својата темнина; ти одбираш да се занимаваш со неа; и што повеќе зборуваш и се занимаваш со неа, стануваш се потемен и потемен.

Ти го попречуваш секој сјај на небесната светлина и се поставува една голема бездна помеѓу тебе и единствениот кој може да ти помогне. Ако продолжиш по патот кој си го започнал, бедата и несреќата се пред тебе. Божјата рака ќе те сопре на начин кој нема да ти одговара. Неговиот гнев нема да дреме. Но сега Тој те повикува. Сега, всушност сега, Тој те повикува да му се вратиш без двоумење, и Тој милостиво ќе ти прости и ќе ги излечи сите твои отпаѓања. Бог води еден посебен народ. Тој ќе ги исчисти, прочисти и подеси за преобразување. Се она што е сетилно ќе се одвои од Божјото посебно богатство додека не бидат како златото претопени седум пати.

Нека зраците на светлината ја отргнат сенката на сомнежот. Потребно е да се исполниме со сета Божја полнина, и тогаш ќе имаме живот, сила, благодат и спасение.

Како ќе ги стекнеме овие големи благослови? Христос умрел за да ги примиме со вера во Неговото име. Тој бесплатно ни ја понудил светлината и животот. Зошто тогаш да бидеме истрајни во забивањето на клиновите на кои ќе ги прикачиме своите сомнежи? Зошто да ја исполнуваме галеријата на умот со мачни глетки на сомнеж? Зошто да не дозволме на светлите зраци на Сонцето на праведноста да пробијат во коморите на срцето и умот и да ја разбијат сенката на неверството? Да се свртиме кон светлината, кон Исуса драгоцениот Спасител.

Наместо набљудувањето на грешките и маните на некои човечки суштества, да се свртиме во разгледување на карактерот на Оној во кој нема несовршенство. Исус е „првиот помеѓу десетте илјади,“ оној Кој „е целиот мил.“ Ниту еден човек не смее да ни биде пример. Бог ни дал совршен модел во Својот Единороден Син, и набљудувајќи го Него ќе се промениме во тој ист облик. Гледајте на Христос, чиј престол е висок и воздигнат, и композицијата на Неговата слава ќе го исполни храмот.

Сподели го ова:

Слични објави