Глава 46 Меѓучовечки односи

Сподели го ова:

Законот взаемна зависност. Ние сите заедно сме вплетени во големата ткаенина (мрежа) на човештвото, и се што можеме да направиме за воздигнување на другите ќе се одрази во благослов врз нас самите. Законот на взаемна зависност се проткајува во сите друштвени класи.

Човечките суштества создадени да бидат неопходни едни на други. По Господовиот план човечките суштества се создадени да бидат неопходни едни од други. Кога сите би правеле што можат да им помогнат на оние на кои им е потребна нивната помош, со својата несебична симпатија и љубов, какво благословено дело би можело да се изврши. Бог на секој му подарил таленти. Овие таленти можеме да ги искористиме да си помагаме едни на други во одот по тесната патека. Во оваа работа секој е поврзан со другите, а сите се соединети со Христос. Преку несебична служба ние треба да го унапредиме и зголемиме својот талент.

Помагајќи на другите си помагаме на себеси. Многумина се во темнина. Тие го изгубиле својот правец. Тие незнаат кој правец да го следат. Нека тие што се во забуна бидат во потрага за другите кои се во забуна и им зборуваатзборови на надеж и охрабрување. Кога ќе почнат со оваа работа, небесната светлина ќе им ја открие патеката која треба да ја следат. Со утешните зборови упатени на ожалостените самите ќе се утешат. Помагајќи им на другите, тие самите ќе се извлечат од своите потешкотии. Радоста ќе го заземе местото на тагата и потиштеноста. Срцего, исполнето со Божјиот Дух, зрачи топлина кон секое човечко битие. Таквите не се повеќе во мрак; бидејќи нивната „темнина” е „како пладне,“

Нашето трајно влијание. Ние сме подложени на најсвечениот однос на едни кон друт. Нашето влијание е секогаш или за или против спасението на душите. Ние или собираме за Христос или растураме. Ние треба понизно да чекориме и да одбираме сигурни патеки, за и другите не да не скршнат од вистинската патека.

Ние треба да ја зачуваме најстрогата чистота во мислите, зборовите и однесувањето. Да запомниме дека Бог ги става нашите тајни гревови во светлоста на Своето лице. Постојат мисли и чувства кои ги сугерира и буди сатаната кој т мачи и најдобрите луѓе; но ако тие не се негуваат, ако се отфрлаат како одвратни, душата не е извалкана со вина, и никој друг не е извалкан преку нивното влијание. О, кога секој од нас би станал животен мирис за живот на оние кои се околу нас.

Далекусежна последица на влијанието. Ние до судот можеби никогаш нема да дознаеме какво е влијанието на љубезниот, обѕирниот начин на дејствување на однос на недоследниот, неразумниот и безвредниот. Кога по провокација и неправда од нивна страна ги третирате како недолжни личности и дури се залагате да им покажете посебни дела на љубезност, вие тогаш го извршувате христијанскиот дел; а тие стануваат изненадени и посрамени, го согледуваат својот сопствен правец на дејствување и ништожноста појасно отколку отворено да сте ги изнеле нивните зли дела и да ги укорите истите.

Неучтивоста и нејзиното влијание. Добрите особини кои многумина ги имаат се скриени, и наместо да привлечат души за Христостие ги одбиваат. Кога тие луѓе би можеле да го согледаат влијанието на својата неучтивост и нељубезност врз неверниците, и колку навредливо е таквото однесување во Божјите очи, тие би ги промениле своите навики, бидејќи недостатокот на учтивост е еден од најголемите камења на сопнување за грешниците. Себични, незадоволни, кисели христијани го препречуваат патот, така што грешниците немаат желба да се приближат до Христос.

Бидете привлечни. Нека Христос се гледа во се што правите. Нека сите видатдека стеживи посланија на ИсусаХриста… Бидете привлечни. Здобивајте ги со својотживот срцата на сите оние кои доаѓаат во контакт со вас. Денес премногу малку се работи на тоа вистината да се направи привлечна за другите.

Секое дело е влијание. Секој збор што го изговарате, секое дело што го правите, има влијание на добро или зло врз оние кои се дружат со вас. О, колку е неопходно Христос преку вера да пребива во вашето срце, како вашите зборови би можеле да бидат зборови на животот, а вашите дела, да бидат дела на љубов.

Одговорност за влијанието. Бог секој го смета одговорен за влијанието кое го опкружува неговата душа, на негова сметка и на сметка на другите. Тој т повикува младите мажи и младите жени да бидат строго умерени и совесно да ги користат способностите на умот и телото. Нивните способности можат да се развиваат само преку грижливо користење и мудро усогласување на нивните сили за Божјата слава и на корист на нивните ближни.

Опкружени со атмосфера на вера. Од најголема важност е за нас да ја опкружиме душата со атмосфера на вера. Ние секојдневно ја одлучуваме сопствената вечна судбина во скпад со атмосферата која ја опкружува душата. Ние поединечно сме одговорни за влијанието кое го оставаме, а последиците кои не ги гледаме ќе резултираат од нашите зборови и дела.

Ако Господ сакал да го спаси Содом заради десет праведници, какво би било влијанието на добро кое би произлегло како резултат на верноста на Божјиот народ, ако секој којшто го исповеда Христовото име исто така бил облечен во Неговата праведност?

Ако Бог знаел да го каже живеалиштето и да ја каже професијата на Симон кожарот и точно да го упати центуринот како да го пронајде покрај морето, Тој не знае и нас по име, знае со што се занимаваме, каде живееме и какви се нашите искуства. Тој знае дали го чистиме Царскиот пат од сите отпадоци и препреки, така да може да ги упати нашите души напред и горе, или ја полниме патеката со отпадоци и градиме сопствен пат и ставаме камења за препнување на патот на грешниците за да го попречиме спасението на драгоцените души за кои Христосумрел.

Постапување со различните диспозиции. Господ сака да бидеме посветени. Ќе се сретнуваме со луѓе со различни диспозиции и треба да бидеме во ситуација каде што знаеме како да постапуваме со човечките умови. Ние мораме да бараме од Христос да ни даде зборови кои ќе бидат благослов. И додека така настојуваме да им помагаме на другите, ние самите ќе бидеме благословени.

Најважна задача. Оваа задача (на исправување на заблудата) е најчувствителна, најсложена работа која било кога е доверена на човечките суштества. Таа бара најфин такт, најголема чувствителност, познавање на човечката природа и небесна вера и трпение, желба за работа, стражарење и чекање. Тоа е работа од која ништо не може да биде поважно.

Работењето со умови е деликатна работа. Многу е деликатна работа да се работи со човечките умови. Вие можете да се понесете круто и никогаш, никогаш да не т омекнете нивните срца; или можете да пријдете близу до онесреќената душа и со срце полно со љубов да ја одведете од најпријателското упориште, не оставајќи ја да стане играчка на сатанските искушенија.

Секој има сопствено искушение. Не смееме да дозволиме на било кој начин да бидеме пречка на другите. Секој има свои сопствени искушенија и проби и ние мораме да се најдеме во позиција каде можеме да помотеме и да т поткрепиме оние кои се во искушение. Мораме да ги охрабриме и ако е можно да ги поткрепиме оние кои се слаби во верата. Зборувајќи за Божјите ветувања, ние понекогаш можеме да ја отстраниме потиштеноста од умовите на оние кои се во искушение и потешкотии.

Совет на една жена во однос на личните односи. Упатена сум од Господа да ти кажам: „Трудете се да влезете на тесната врата, бидејќи ви велам многумина ќе бараатда влезат и нема да можат“ (Лука 13:24). Гос-

под те повикува да се држиш близу до Него. Зборувај како што Тој би зборувал и работи како што Тој работел. Не дозволувај никој да создаде предрасуди во твојот ум и да те наведе да зборуваш непромислено. Чувај ја својата душа неизвалкана и чиста и своите мисли воздигнати и посветени. Не ги фали и не ги воздигај луѓето на нивна штета, и не биди брза во осудувањето на оние за кои мислиш дека не постапуваат мудро. Нека сите видат дека го сакаш Исуса и веруваш во Него. Пружи му на својот сопруг и на своите верни и неверни пријатели доказ дека сакаш да ја увидат убавината на вистината. Но не покажувај ја таа болна, мачна загриженост која често го расипува доброто дело.

Христијанско разбирање. Оние кои користат најголем број од своите привелегии и можности ќе бидат, во библиска смисла, талентирани и образовани луѓе; не просто научени, туку воспитани во умот, манирите, однесувањето. Тие ќе бидат префинети, нежни, сожаливи, приврзани. Тоа е она, Господ ми го покажа, што Тој го бара од Својот народ. Бог ни даде моќ која треба да се искористи, развие и зајакне со образование. Ние треба да расудуваме и да размислуваме, внимателно да го забележуваме односот помеѓу причината и последицата. Кога така ќе се работи, кај многумина ќе се покаже поголема промисленост и грижа во поглед на нивните зборови и дела, како би можеле во целина да одговараат на Божјата намера во нивното создавање.

Отвореноста ја подобрува довербата (совет на еден лекар). Дапостоеше повеќе отвореност, а помалку тајновитост, да постоеше повеќе братска доверба, да постоеше помалку свое јас, а повеќе Христов дух, да имавмежива вера во Бога, облакот со кој сега сатаната ја труе атмосферата на умот би бил растеран.

Реформатори, а не сонувачи. Целта која морате да ја имате на ум е дека вие сте реформатори, а не сонувачи. Во работата со неверниците не покажувајте презир и омаловажување, бидејќи ако престанете да се договарате додека станува збор за мала сума, на крајот ќе загубите многу поголема сума. Тие ќе речат: „Овој човек е лажливец, тој би ви ги одзел вашите права само кога би можел, затоа внимавајте ако имате некоја работа со него.“

Но ако во работата нешто што е во ваша корист се стави во корист на другиот, и тој ќе работи со вас на ист великодушен начин. Ситничавоста раѓа ситничавост, скржавоста раѓа скржавост. Оние коишто го следат ваквиот курс увидуваат како тоа на другите изгледа презирно; посебно на оние коишто не се од наша вера; а скапоценото дело на вистината го носи белегот на овој недостаток.

Бидете отворени. Во своите постапки, каде и да се наоѓаме, мораме да бидеме совршено отворени и чесни. Ние не можеме да си дозволиме да кршиме некои од Божјите заповеди заради световна добивка. Кои сме ние? Христос им рекол на Своите ученици: „Вие сте солта на земјата, и ако солта, облутави, со што ќе се осоли? Таа веќе нема да биде за ништо, освен да се исфрли надвор, и луѓето да ја изгазат.”

Чесноста е неопходна. Во сите детали од животот треба да се придржуваме на најстрогите принципи на чесноста. Ова не се принципи кои управуваат во нашиот свет, бидејки сатаната измамник, лажливец, преварант и угнетувач е господарот, а неговите слуги го следат и ги спроведуваат неговите намери. Меѓутоа христијаните служат на поинаков Господар и нивните дела мора да бидат извршени во Бога, без обзир на сета себична добивка.

Оддалечувањето од совршената чистота во работата може да изгледе како мала работа, но нашиот Спасител на тоа не гледал така. Неговите зборови по ова прашање се јасни и експлицитни: „Оној кој е верен во малку, е верен и во многу“. Човек кој го лаже својот ближен во мала мера, ќе го излаже и во голема, ако дојде во искушение. Лажното претставување во малите работи е исто толку нечесно во Божјите очи колку и лагата во големите работи.

Во христијанскиот свет денес лагата достигнува застрашувачки размери. Народот кој ги држи Божјите заповеди треба да покаже дека е над сето ова. Нечесните навики кои го расипуваат човечкиот однос со нивните блиски никогаш не треба да се практикуваат од страна на оној кој исповеда вера во сегашната вистина. Божјиот народ прави голема штета на вистината со најмалото оддалечување од непорочноста.

Човекот може и да нема пријатна надворешност, може да е и сиромашен во многу работи, но ако има репутација на искрена чесност, ќе биде почитуван. Строгата чесност покрива многу непожелни црти на карактерот. Човекот кој цврсто се држи до вистината ќе ја здобие довербата на сите. Не само што ќе му веруваат браќата по вера, туку и неверниците ќе бидат принудени да го признаат како чесен човек.

Нескршливата чесност е како чисто злато. Божјите сили се принудени на поголема или помапа поврзаност со световните луѓе преку работни трансакции, но тие треба да купуваат или продаваат свесни дека Божјото око е на нив. Никакви лажни мерила не смеат да се употребуваат, бидејќи тоа е одвратност за Господа. Во секоја работна трансакција христијанинот ќе биде всушност тоа што сака да мислат неговите браќа за него. Неговиот пат на дејствување се раководи на темелни начела. Тој не прави шеми: затоа нема што да крие, ништо што треба да се прикаже во лажна светлост.

Тој може да биде критикуван, да биде оспорен, но неговата нескршлива чесност ќе сјае како чисто злато. Тој е благослов на сите коишто се поврзани со него, бидејќи неговиот збор е достоен за почит. Тој е човек кој не стекнува предност над своите блиски. Тој е пријател и добротвор на сите, и неговите ближни имаат доверба во неговиот совет. Ако тој вработи работници за да ја соберат неговата жетва, тој тешко стекнатите пари нема да ги задржи со лага. Има ли пари за кои нема непосредна намена, тој ја олеснува потребата на својот помалку среќен брат. Тој не настојува да додаде на сопствената земја или да ги наполни џеповите користејќи ги несреќните ситуации во кои се нашол неговиот сосед. Негова цел е да помогне и да го благослови ближниот.

Вистински чесниот човек нема да ги користи слабостите или неспособностите за да ја наполни својата торба (новчаник). Тој прифаќа чесна противвредност за тоа што го продава. Ако постојат некои недостатоци на продадениот производ тој отворено го кажува на својот брат или сосед, иако правејќи така тој работи против сопствените деловни интереси.

Разбирање на човечката природа. Тој што настојува да го измени човештвото мора сам да ја разбира човечката природа. Само преку сочувство, вера и љубов може да се допре до луѓето и да ги воздигне. Овде Христос стои откриен како Најголем Учител; од сите кои некогаш постоеле на земјата, единствено Тој има совршено разбирање за човековата душа.

Постои вештина во постапувањето со оние кои изгледаат посебно слаби. Ако сакаме да ги учиме другите, прво ние самите мораме да научиме од Христос. Потребни ни се широки погледи, за да можеме да вршиме вистинско здравствено-мисионерско дело и да покажеме тактичност во однесувањето со умовите.

На оние на кои им е потребна најмала помош обично примаат најмногу од нашето внимание. Но потребно е да покажеме посебна мудрост во однесувањето со оние кои изгледаат лекомислени и неразбирливи. Некои не ја разбираат светоста на Божјето дело. Оние најмалку способните, дури и немарните бараат посебно внимателен, грижпив однос во постојаната молитва. Ние мораме да покажеме такгичност со оние кои изгледаат незаинтересирано и изгубено. Со истраен напор во нивна корист мораме да им помотеме да станат корисни во Господовото дело. Тие подготвено ќе ви одговорат со трпеливо, нежно, љубезно интересирање.

Ние мораме да соработуваме со Господ Исус во обновување на неспособните, заблудени во разумот и чистотата. Оваа задача е еднаква на делото на евангелската служба. Ние сме повикани од Бога да манифестираме неуморно, трпеливо интересирање за спасението на оние на кои им е потребно божествено очистување.

Не разговарајте за навреди и жалби. „Среќни се оние коишто градат мир, бидејќи ќе се наречат деца Божји.“ Кој така ги нарекува? Сите небесни умови. Затоа не охрабрувајте ни една искушувана душа да ви кажуважалба на некој брат или пријател. Кажете им дека не сакате да ги слушате нивните зборови на осуда или зло, затоа што вашиот Советник во Својот Збор ви рекол дека, ако престанете да ја разгорувате кавгата и станете градители на мирот ќе бидете благословени, Кажете им дека тоа е благослов за кој тежнеете.

Заради Христа не зборувајте и не мислете за злото. Нека Господ ни помогне не само даја читаме Библијата туку да го спроведуваме на дело нејзиното учење. Човечкото оружје кое е верно во својата работа, кое ја соединува добрината со својата сила, правдата со Неговата љубов, предизвикува радост помеѓу небесните умови и го прославува Бога. Сериозно да се трудиме да бидеме добри и да правиме добро и ќе го примаме венецот на животот кој нема да свене.

Работа со и за другите. Кога светлината ќе заблеска во душата, некои кои изгледале најцелосно предадени на гревот ќе станатуспешни работници токму за таквите грешници какви што и самите еднаш биле. Низ верата во Христос некои ќе дојдат на високи места во службата и ќе им се доверат одговорности во работата за спасување на души. Тие согледуваат каде лежат нивните сопствени слабости, тие ја сфаќаат изопаченоста на својата природа. Тие ја познаваат силата на гревот, моќга на лошата навика. Тие ја сфаќаат својата неспособност да победат без Христова помош, и нивниот постојан воздив е: „Ја предавам на Тебе својата беспомошна душа.“

Постапувајте благо. Да не се обидуваме да се изградиме себе или другите, туку да бидеме зависни од Светиот Дух. Постапувајте благо со човечките суштества. Со срце полно со духовна нежност, стопете го својот пат во осведочување на срцето. Нашите зборови нека бидат натопени со небесно масло од двете маслинови гранки. Потребно ни е златно масло прелиено во подготвени садови, како би можело да се однесе на оние кои трагаат по вистината. Запаметете секогаш дека „не со сила, ни со крепост, туку со Мојот Дух, вели Господ над војските.“

Сподели го ова:

Слични објави