Глава 45 Индивидуалност
Индивидуалноста е сила. Секое човечко суштество, создадено според Божјиот лик е обдарено со моќ слична на таа на Создателот индивидуалност, моќ да размислува и да дејствува. Луѓето во кои оваа моќ е развиена се луѓе кои носат одговорност, кои се водачи во потфатите и чиј карактер е влијателен.
Секој има своја карактеристична индивидуалност. Евангелието се занимава со поединци. Секое човечко суштество има душа да спаси или изгуби. Секој има индивидуалностодвоена и различна од ситедругп. Секој мора да се увери за себе, да се преобрази за себе. Тој мора да ја прими вистината, да се покае, да поверува и да биде послушен за себеси. Тој мора да ја исполува својата волја за себе. Никој оваа работа не може да ја заврши преку заменик. Никој не може да ја потопи својата индивидуалност во индивидуалноста на некој друг. Секој мора да се предаде на Бога преку свој акт и тајната на побожноста.
Единство во различноста. Господов план е да постои единство во различноста. Нема човек кој може да биде мерило за сите останати луѓе. Нашите различни доверби се сразмерни со нашите различни способности. Јасно сум упатена дека Бог ги обдарил луѓето со различен степен на способност и тогаш ги поставил таму каде што можат да ја работат работата за која се способни. Секој работник е должен да укаже на своите колеги почит која би сакал да му се укаже на него.
Умовите на луѓето се разликуваат. Зошто ни се потребни Матеј, Марко, Лука, Јован, Павле и сите оние другм писатели кои го изнеле своето сведоштво за животот на Спасителот во текот на Неговата служба на земјата? Зошто не можел еден од учениците да напише комплетен запис и така да ни даде поврзан извештај за Христовиотживот и работа?
Евангелијата се разликуваат, но сепакзаписот во нив се соединува во една хармонична целина. Еден писател го истакнува тоа што другиот не го истакнал. Ако сите овие точки се важни, зашто сите писатели не ги споменале? Затоа што умовите на луѓето се различни и не ги сфаќаат нештата на сосема ист начин. Некои вистини многу посилно ги привлекуваат умовите на еден вид на луѓе отколку на други; некои точки изгледаат многу поважни на едни отколку на други. Истото начело важи и за говорниците. Некои говорници долго се занимаваат со точки кои други би ги поминале многу побрзо или воопшто не би ги споменале. На тој начин вистината многу појасно ја претставуваат неколкумина отколку еден.
Индивидуалноста не треба да се уништи. Господ не сака нашата индивидуалност да се уништи; не е Негова намера да кои било две личности бидат сосема исти во вкусовите и склоностите. Секој има во себе катактеристични лични црти и тие не треба да бидат уништени, туку да се воспитува, обликува и дотерува по ликот Христов. Господ ги упатува природните склоности и способности во корисни канали. Во подобрувањето на способностите кои Бог ги дал, талентот и моќта се развиваат ако човечкото оружје сака да ја признае вистината дека сите негови сили се Божји дар, кои треба да се користат не за себични цели, … туку за Божја слава и за доброто на нашите ближни.
Секое дете мора да има индивидуалност. Детето може така да се дисциплинира, како животно, да нема сопствена волја, неговата индивидуалност да се изгуби во индивидуалноста на својот учител… Колку што е можно тоа дете треба да се воспитува да се потпира на самиот себе. Преку исполување на различни способности тоа ќе научи каде е најсилно и во што има недостатоци. Мудриот воспитувач посебно внимание ќе посвети на развој на слабите особини, така што детето може да формира добро урамнотежен, складен карактер.
Бракот не ја уништува индивидуал носта. Ниту мажот ниту жената не треба да се обидуваат да вршат над другмот арбитражна контрола. Не обидувајте се да го принудите другиот на покорување на вашите желби. Не можете ова да го правите и да ја зачувате взаемната љубов. Бидете љубезни, трпеливи, воздржпиви, внимателни и учтиви. Преку Божјата благодат можете да успеете да се усреќите еден со друг, како што ветивте дека ќе правите во вашиот венчален завет.
Мажот и жената треба да ја зачуваат индивидуалноста (совет на еден нововенчан пар). Во вашата животна заедница вашата љубов треба да придонесува за вашата меѓусебна среќа. Секој мора да служи за среќата на другиот. Ова е Божја волја за вас.
Но додека морате да се споите како едно, ниту еден од вас не треба да ја изгуби својата индивидуалност во индивидуалноста на другиот. Бог е сопственик на вашата индивидуалност. Него треба да го прашате: Што е правилно? Што е погрешно? Како најдобро можам да ја исполнам целта на моето создавање? „Или не знаете дека не сте свои? Бидејќи сте купени скапо. Прославете го затоа Бога во телата свои, и во душите свои, кои се Божји“ (1. Коринтјаните 6:19, 20).
Вашата љубов кон тоа што е човечко мора да биде подредена на вашата љубов кон Бога. Богатството на вашата љубов треба да плови кон Оној Кој го дал Својотживот за вас. Живеејќи за Бога душата му ја праќа Нему својата најголема и најдобра љубов. Дали е најголем изливот на вашата љубов кон Оној Кој умрел за вас? Ако тоа е така, вашата взаемна љубов ќе биде по небесен ред.
Ние имаме сопствена индивидуалност, и индивидуалноста на жената никогаш не смее да се стопи во индивидуалноста на нејзиниот сопруг.
Посветеноста ја разубавува индивидуапноста. -Животот посветен на Божјата служба ќе се развие и разубави во својата индивидуалност. Никој не може да ја стопи својата индивидуалност во индивидуалноста на друг; но ние сите како поединци треба да бидеме накалемени на едно родителско стебло, и мора да постои единство во различноста. Најголемиот Уметник не направил ни два листа на исто дрво сосема еднакви; така Неговата создавачка моќ не им дава на сите умови исти облик. Тие се создадени да живеат низ бескрајните векови и треба да постои целосно единство, ум соединет со умот, но ни два да не бидат по ист калап.
Бог на секого дава индивидуална задача. Нештата во светот на природата мора да се набљудуваат и нивната поука да се примени во духовниот живот. На секој човек Бог а не човек му ја дал неговата работа. Ова е поединечна задача обликување на каракгерот по божествениот пример. Лилјанот не смее да настојува да биде ружа. Постојат разлики во обликот на цветот и плодовите, но сите ги црпат своите различни способности од Бога. Се е Господово. Така Божја замисла е дури и најдобрите луѓе да не бидат со ист каракгер.
Почитувајте се едни со други. Секој од нас има работа што треба да ја работи. Ние можеме да бидеме од различна националност, но мораме да бидеме единствени во Христос. Ако дозволиме личните карактери и особини тука да не разделат, како можеме да се надеваме на заеднички живот на небото. Мораме да негуваме меѓусебна љубов и почит. Меѓу нас мора да постои она единство за кое се молел Христос. Откупени сме скапо и мораме да го прославиме Бога во своето тело и дух.
Потполно е погрешно да се копираат другите. Човек кој се води по образец на било кој друг човечки карактер ќе доживее целосен неуспех. Секоја личност мора да гледа на Бога за себе, со совесна верност да тргува со талентите кои Бог му ги дал. „Градете го сопственото спасение со страв и трепет; бидејќи Бог е оној што работи во вас да сакате и да направите како му еугодно” (Филипјаните 2:12,13). Тоа е вотебе брате, во тебе; не во некој друг за тебе. Ти треба да имаш индивидуално искуство. Тогаш ќе се радуваш во себе, а не во друг.
Секој ум има своја својствена сила. Ме боли кога гледам колку малку се ценат луѓето кои Бог ги употребил и кои ќе ги употреби. Бог забранува било кој човечки ум да се стопува во каналот на друг човечки ум. Некој човечки ум може, од страна на некои луѓе, да биде воздигнат како оној кој е во секој поглед супериорен, но секој ум има своја својствена слабост и своја сопсгвена сила. Еден човечки ум го надоместува недо-
статокот на другиот. Но ако сите работат на исто поле и ако се охрабрат да гледаат, не на луѓето за да ја знаат својата должност, туку на Бога тие ќе се развиваат под водство на Светиот дух и ќе работат во заедница со своите браќа. Еден ќе го надомести недостатокот на другиот.
Да не се обликуваат другите умови. Бог му дал на секој човек индивидуална одговорност. „Градете го сопственото спасение со страв и трепет.“ Човек не може да го изгради спасението на било кој друг човек. Тој не треба да стане копија на некој другчовечки ум. Од него се бара да дејствува по својата можност според способноста која Бог му ја дал. Ниеден човек, какво и да е неговото искуство, каква и да е неговата положба, не смее да мисли дека извршува прекрасна работа кога обликува и го оформува умот на некое човечко битие по својот сопствен ум и го учи да ги искажува мислењата и чувствата кои тој самиот ги искажува, Ова секогаш се прави на штета на човечкото битие.
Не бидете сенка на другите. О, колку работници имаат потреба од Исусовиот дух да ги промени и обликува како што се обликува глината во рацете на грнчарот! Кога го имаат овој дух, нема да постои дух на разединување помеѓу нив; ниеден нема да биде тесноград како да сака да направи се на свој начин, според своите замисли; нема да постои чувство на несогласување помеѓу него и неговите браќа работници кои не го достигнуваат неговиот стандард. Господ не сака било кој од Неговите деца да биде сенка на друг; туку Тој би сакал секој да биде своето едноставно ,јас,“ префинето, посветено, облагородено, имитирајќи го животот и карактеротна големиот Пример. Тесноградиот, затворен, исклучлив дух кој држи се во распонот на своето јас е проклетство за Божјето дело и секогаш тоа ќе биде каде што ќе му се дозволи да постои.
Никој да не го потопи својот ум. Бог дозволува на секое човечко суштество да ја исполува својата индивидуалност. Тој не сака никој да го потопува својот ум во умот на друго смртно суштество. Оние кои сакаат преобразба на умот и карактерот не треба да гледаат на луѓето, туку на божествениот Пример. Бог упатува повик: „Умајте го истиот ум, кој што беше во Исуса Христа.“ Со обратувањето и преобразбата луѓето го примаат Христовиот ум. Секој мора да стои пред Бога со својата индивидуална вера, индивидуално искуство, знаејќи за себе дека Христос е обликуван внатре, надежта на славата. Имитирајќи го примерот на било кој човек дури и оној кој можеби го сметаме за скоро совршен во карактерот за нас значи да ја ставиме својата доверба во едно дефективно човечко битие, на она кое е неспособно да даде една јота или црта на совршенство.
Правило за силни умови. Добро е за Братот и Сестрата, Братот и Сестрата, да имаат силни умови. Секој мора да ја одржува својата индивидуалност. Секој мора даја сочува индивидуалноста која нема да се стопи во индивидуалноста на некој друг. Ниедно човечко суштество не треба да биде сенка на некое друго човечко суштество. Божјите слуги мораат да работат заедно во единство кое го спојува умот со умот.
Индивидуална мерка. Ниеден човек не може да созрее до целосен раст на човекот за некој друг. Секој мора да ја достигне сопствената индивидуална мера за себе. Секој треба да расне под Божји надзор.
Ниедно друго човечко битие не го дели во целост внатрешниот живот. Гледано од човечка страна, животот на сите е неиспробана патека. Тоа е патека на која, во поглед на нашите длабоки искуства, секој од нас оди сам. Во нашисгг внатрешен живот ниедно друго човечко суштество не може потполно да влезе. Како што едно мало дете тргнува на пат на кој порано или подоцна ќе мора да го одбере сопствениот курс, самото решавајќи ги животните прашања за вечноста, колку сериозен треба да биде напорот да се насочи неговата доверба на сигурниот Водич и Помошник’
Карактерот е личен. Каракгерот е личен. Секој од нас треба да изврши работа за сегашноста и за вечноста. Богја мрази рамнодушноста во поглед на обликувањето на карактерот.
Признавање на човечките права. Едно од најголемите примени на овие начела (признавање на личната одговорност) се наоѓа во признавањето на човековите права кон самиот себе, да го контролира сопствениот ум, да управува со своите таленти, право да прима и да дава плодови од сопствената работа. Силата и моќта во нашите институции ќе постои само кога во сите свои врски со ближните тие гм признаваат овие принципи само кога во својата работа ќе обрнат внимание на поучувањето од Божјата Реч.
Зависност од Христос. Секоја душа има индивидуалност. Секоја душа мора да живее во непрекинато општење со Христа; бидејќи Тој вели: „Без мене не можете да правите ништо“ (Јован 15:5). Неговите принципи треба да бидат наши принципи, бидејќи тие принципи се вечна вистина, објавени во праведност, добрина, милост и љубов.
Индивидуалноста во христијанското искуство треба да се запази.
Учете ја секоја душа целосно да се потпира на раката на бесконечната сила. Постои индивидуалност во христијанското искуство која мора да се запази во секое човечко суштество, и одговорноста не може да се отстрани од било која душа. Секој мора да ги бие своите битки, да стекне сопствено христијанско искуство, независно во извесна смисла од било која друга душа; а Бог има поуки кои секој за себе треба да ги стекне и кои никој друг не може да го добие за него.