Глава 73 ПРАВИЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Сподели го ова:

Силата на размислување е дар од Бога. Умот е доверба од Бога. Умствените способности треба да се култивираат. Тие мора толку мудро да се користат за да пораснат во сила. Секој мора да ги користи доверените таленти на начин кој ќе направи најголемо добро. Умот мора толку добро да се воспита за да се покаже најдобрата енергија на душата и секоја способност да се развие. Не смееме да се задоволиме со низок стандард. Мораме да се движиме напред од една напредна линија на делот кон друга.

Умот мора да се вежба. Умот е најдобрата сопственост која ја имаме; но тоја мора да се вежба со проучување, размислување, и учење во Христовата школа, најдобар и најправилен воспитувач кој светот некогаш го знаел. Христијанскиот работник мора да расне. Тој мора да изгради карактер за корисност; тој мора да се воспитува да ги поднесе тешкотиите и да стекне мудрост за планирање и извршување на Божјото дело. Тој мора да биде човек со чист ум и говор кој ќе се воздржи од секоја појава на зло и кој нема да даде прилика за укор низ своите несмасни патишта. Тој мора да биде праведен во своето срце; во неговите усни не смее да има лукавство.

Тој (Христос) умрел за мене за да можам да бидам благословена и Неговата радост да може да остане во мене. Поради тоа, јас го држам својотум во тој канал; го воспитувам, го вежбам својотјазик; вежбам се што е до мене како би се врзала за Исуса Христа.

Секоја способност на умот… покажува дека Бог замислил овие способности да се користат, а не да останат неакгивни.

Правилното размислување е единствена сигурност. Единствена сигурност за секоја душа е во правилното размислување. „Зошто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој во срцето“ (Изреки 23:7). Моќта на самоконтрола јакнее со користење. Она што од почеток изгледа тешко, со постојано повторување станува лесно, додека исправните мисли и постапки не станат вообичаени. Ако сакаме, можеме да се тргнеме од се што е евтино и споредно и да се издигнеме на повисок стандард; можеме да бидеме почитувани од луѓето и сакани од Бога.

Христоцентрично размислување. Вашата последна мисла во ноќга, вашата прва мисла наутро, треба да биде за Оној на кого почива вашата надеж на вечен живот.

Мора да се развива оптимизмот. Оптимизмот и енергијата, хомогеноста и силата на карактерот манифестирана во Христа мора да се развива во нас низ истата дисциплина која ја поднел Тој. И благодатта која ја примил Тој е за нас.

Напорот сразмерен на целта кон која тежнееме. Мислите мора да се подредат на Бога. Ние мораме да вложиме сериозни напори за да ги надвладееме лошите особини на природното срце. Нашите напори, нашето самоодрекување и истрајноста, мора да бидат еднакви со бесконечната вредност на целта кон која тежнееме. Само со победа како што Христос победил, ќе ја добиеме круната на животот.

Размислување за себе. Ако дозволите другите да размислуваат наместо вас, ќе ја осакатите енергијата и ќеја намалите способноста. Постојат мнозина чиј разум е закржлавен затоа што се ограничиле со занимавање на банални предмети. Треба да се фатите во костец со мисловните проблеми кои бараат изразување на најдобрата сила на вашиот ум.

Убавината на срцето се учи во Христовата школа. Вистинската префинетост на мислите и особините подобро се учат во школото на Божествениот Учител отколку преку било какво придржување на некои правила. Неговата љубов која го исполнува срцето на карактерот му го дава оној префинет допир кој го дотерува кон Неговото сопствено обличје. Ова воспитување дава небесно достоинство и чувство на припадност. Тоа дава пријатна диспозиција и благост на манирите кои никогаш не можат да се изедначат со површната полираност на помодарското општество.

Потребна е ментална дисциплина. Способноста да ги фокусираме мислите на работата која ја работиме е голем благослов. Богобојазната младина треба да тежнее кон исполнување на своите должности со промислени постапки, држејќи гм своите мисли во исправен канал и давајќи се од себе. Тие треба да ги препознаат сегашните должности и да т исполнат, при тоа не дозволувајќи му на умот да талка. Овој вид на ментална дисциплина ќе биде од помош и корист низ животот. Оние кои учат да размислуваат за тоа што работат, било колку таа задача да изгледа мала, ќе бидат од корист на светот.

Меѓусебен однос на идеи. Некои умови се слични на антикварница отколку на било што друго. Бројни парчиња и краеви на вистина се собрани и тука складирани; но тие не знаат како да ги претстават на јасен, и поврзан начин. Меѓусебниот однос кои овие идеи го имаат е тоа што им дава вредност. Секоја идеја и констатација треба тесно да се соедини како алките во ланецот. Кога проповедникот исфрла куп на работи пред луѓето да ги соберат и средат, неговиот труд се губи, зошто малкумина се тие што тоа ќе го направат.

Зошто умот зазема ниско ниво. Ако човечкиот ум зазема ниско ниво, тоа е воглавно затоа што се препушта да се занимава со банални факти и не се повикува и вежба да ги дофати благородните, возвишени вистини, кои се трајни како вечноста. Тие литературни друштва и книжеви центри скоро сеопшто вршат влијание потполно спротивно на она за кое тврдат и се штетни за младината. Ова не мора да биде случај, но затоа што предничат непосветени елементи, затоа што световните луѓе прават тоа што им е мило, нивните срца не им се во скпад со Исуса Хрста. Тие се на страната на Господовите непријатели и не се задоволни со оној вид на занимање кое би ги зајакнало и утврдило членовите на општеството во духовноста. Се внесуваат ниски, евтини работи кои не воздигнуваат и упатуваат само на забавување.

Бавење со неважни работи. Со текот на часовите поминати во будна состојба умот ќе биде постојано запослен. Ако се бави со неважни работи, разумот ќе закржпави и ослабне. Можеби ќе бидат некои нередовни одблесоци на мислите; но умот не е дисциплиниран на постојаност, и трезвено размислување. Има теми кои бараат сериозни разгледување… Бавењето со овие теми е од вечен интерес, умот јакнее и карактерот се развива.

Мислите оставаат неизбришлива трага на душата. Воздржувајте се од секое зло. Баналните гревови, било колку да се сметаат за безначајни, ќе го расипат вашето морално чувство и ќе го угаснат внатрешниот впечаток на Божјиот Дух. Карактерот на мислите остава свој печат на душата, и секој низок разговор го расипува умот. И секое лошо дело го упропастува оној кој го прави. Бог може и сака да му прости на грешникот кој се кае, но иако му е опростено, душата се расипува; моќга на возвишено мислење, која е можност на неоштетениотум, се уништува. Душата сето време ги носи белезите. Поради тоа да тежнееме кон онаа вера која работи преку љубовта и ја прочистува душата за да можеме да го претставиме Христовиот карактер пред светот.

Опкружување на душата со чиста атмосфера. Никој не треба да биде директен или наметлив, туку мораме тивко да ја живееме својата религија, гледајќи со очите кон Божјата слава… Тогаш ќе светиме како видело на светот, без бучност или несогласување. Нема потреба за нечиј неуспех, зошто со нас е Оној Кој е мудар во советувањето, вреден во работата и моќен да ги исполни своите намери. Тој работи преку Своите орудија, видливи и невидливи, човечки и божествени. Ова дело е големо дело и ќе се спроведе на Божја слава, ако сите кои се поврзани со него ги направат своите дела во склад со верата која ја исповедаат. Чистотата на мислите мора да се одгледува како нужност за делото за влијание на другите. Душата мора да се опкружи со чиста, света атмосфера, атмосфера која ќе има тенденција на убрзување на духовниот живот на сите кои ја вдишуваат, Секоја енергија мора да се искористува (совет на една млада жена). Животот на душата не може да се одржи доколку не се доведе во подреденост со Божјата волја, Секоја енергија мора да се користи во творење на божествената волја, Нашите мисли, ако се задржуваат на Бога, ќе бидат водени од божествената љубов и сила. Тогаш, мило мое дете, живеј на зборовите кои доаѓаат од Христовите усни. Господ нека те поткрепи, благослови и води, Притисни нанапред и верувај дека ако бараш, ќе добиеш, Христос ги менува мислите. Христос дошол да го измени текот на неговите (човечките) мисли и склоности,

Како што цветот се врти кон сонцето. Душата нека се извие и исправи за да може Бог да ни дарува небесна атмосфера. Ние можеме да се држиме толку блиску до Бога што секоја неочекувана проба ќе т сврти нашите мисли кон Него како што цвеќето се врти кон сонцето.

Преобразувањето почнува со мислите. Зборовите: „Ќе ви дадам ново срце“ (Езекиел 36:26) значат, „Ќе ви дадам нов ум,“ Оваа промена на срцето секогаш е пратена со јасен концепт на христијанска должност, разбирање на вистината. Бистрината на нашиот поглед на вистината ќе биде сразмерен со нашето разбирање на Божјата Реч.

Потребна ни е преобразувачка моќ на Божјата благодат за правилно да не насочи кон нашата мисловна моќ. Ние можеме да мислиме зло, ние можеме да продолжиме да ги држиме своите умови на неисправни работи, но што тоа ни донесува? Тоа се спротивставува со целото наше искуство кон она во што гледаме. Но со набљудување на Исуса ние се менуваме во тоа исто обличје. Слугата на живиот Бог внимава на одредената цел. Очите и ушите се посветени и оние кои ги затвораат своите очи и уши на злото ќе бидат променети.

Сподели го ова:

Слични објави