Глава 49 Жалост
Ја крши животната сила. Жалост, загриженост, незадоволство, грижа на совеста, вина, недоверба, сето тоа тежнее да ја скрши животната сила и предизвикува распаѓање и смрт… Храброст, надеж, вера, сочувство, љубов, го подобруваат здравјето и го продолжуваат животот.
Ја слабее циркулацијата. Жалоста ја умртвува циркулацијата во крвните садови и нервите и ја забавува работата на црниотдроб. Таа го попречува процесот на варење и исхрана и има тенденција на искушување на срцевината (внатрешната супстанција) на целиот систем.
Не може да излечи ни најмало зло. Додека жапоста и загриженоста не можат да излечат ни најмапо зло, тие можатда направат голема штета, но живоста и надежта додека го осветлуваат патот на другите, „се живот за оние кои ги наоѓаат и здравје за целото тело“ (Изреки 4:22).
Подготвеност за секоја ситуација. Ние не треба да дозволиме иднината, со своите проблеми, незадоволителни изгледи, да ни гм ослаби срцата, да ни ги направи колената нестабилни, а рацете олабавени. „Нека се фатат за силата моја“, зборува Семоќниот, „нека направат мир со Мене” и „ќе направат мир со Мене“. Оние кои ги потчинуваат своите животи на Неговото водство и Неговата служба никогаш нема да се најдат во позиција за која Тој не се погрижил. Каква и да е нашата ситуација, ако ја извршуваме Неговата Реч, имаме Водач кој го покажува нашиотпат; какви и да се нашите потешкотии, имаме сигурен Советник; каква и да е нашата тага, препуштеност на себе, или осаменост, имаме сочувствителен Пријател.
Предвидувањето на проблемите ја удвојува тежината. Ние живееме во свет со маки. Потешкотии, искушенија и жалост не очекуваат низ целиот пат до небесниот дом. Но постојат многумина кои животното бреме го прават двапати потешко предвидувајки ги проблемите. Ако се соочат со неприликите или разочарувањето, тие мислат дека се оди во пропаст, дека нивната тежина е најтешка од сите други, и дека сигурно ќе пропаднат во Бога. На тој начин тие си навлекуваат несреќа на себе и фрлаат сенка на се околу нив. Самиотживот им претставува тежина. Но тоа не мора да биде така. За да се промени текот на нивните мисли потребен е одлучен напор. Но таа промена може да се направи. Нивната среќа, како за овојживоттака и за оној кој доаѓа, зависи од насоченоста на нивниотум на весели работи. Нека го отргнат погледот од тие мрачни слики, кои се имагинарни, на богатството со кои Бог го опсипал нивниот пат и над се невидливо и вечно.
Фрлање на сенка. Не е мудро да се собираат сите тие незгодни спомени од минатиот живот неговото зло и разочарување зборувајќи за нив и плачејќи над нив додека не сме совладани од обесхрабрување. Обесхрабрената душа се исполнува со темнина, изгонувајќи ја Божјата светлина од својата душа и фрлајќи сенка врз патот на другите.
Зборувајте за благословите, помалку за искушенијата. Господовата милозлива добрина кон нас е голема. Тој никогаш нема да ги остави или напушти оние кои веруваат во Него. Кога помалку би мислеле и зборувале за своите искушенија а повеќе за милоста и Божјата добрина, би откриле дека сме се издигнале од своите потешкотии и темнина. Браќа мои и сестри, вие кои чувствувате дека стапувате на мрачната страна, и како заробени во Вавилон морате да ја прикачите својата харфа на врбата, да се обидеме да запееме весела песна.
Вие можете да речете: Како можам да пеам во темнината која е пред мене, со оваа тежина од жалост и јад на мојата душа? Но земните жалости не лишуваат од семоќниот пријател каков што имаме во Исус? Не треба ли чудесната Божја љубов во дарот на Неговиот драг Син да биде тема за постојана радост? Кога ги изнесуваме своите молби пред престолот на благодатта, да не заборавиме исто така да ја приложиме и химната на благодарноста. „Тој Мене ме почитува, кој принесува пофалба” (Псалм 50:23). Се додека нашиот Спасител живее имаме причина за постојана благодарност и пофалба.
Одвратете се од неконтролираната жалост (совет на едно ожалостено семејство). Како Јов, сте чувствувале дека имате причина за жалост и не можевте да се утешите. Дали тоа беше разумно? Вие знаете дека смртта е сила на која никој не може да и се противи, но ги направивте своитеживоти скоро бескорисни со напразна жалост. Чувствата ви биле малку помалку од побуната против Бога. Ве видов како се занимавате со својата жалост, и отворате пат на возбудливи чувства додека силно ве исполнува жалоста и не ги натера ангелите да ги потргнат своите лица и да се потргнат од сцената.
Додека им се препуштавте на своите чувства, дали се сетивте дека имате Татко на небото кој го даде својот Единствен Син да умре за нас така што смрта не мора да биде вечен сон? Дали се сетивте дека Господарот на животот и смртта поминал низ гробот и го осветлил со својата присутност? Саканиот ученик рекол: „Напиши: блазе си им на мртвите кои умираат со Господ отсега“. Да зборува Духот, да почиваат од делата свои; бидејќи нивните дела ги следат. Апостолот добро знаел за што зборува кога ги пишувал овие зборови; но кога вие ќе го отворите патот на неконтролираната жалост, дали вашето однесување е во скпад со утехата кои тие ја изразуваат?
Занимавањето со себе е себичност (совет на проповедник кој бил погоден од жалост). Значи брате, тоа што го задржуваш својот ум да не се занимава со тебе е вид на себичност. Тоа воопшто не личи на апостол Павле, кој бил човек подложен на физички слабости, па сепактој самиот бил последен предмет на своите мисли. Тој имал искушенија какви ти никогаш не си доживеал ниту пак ќе бидеш повикан да поднесеш, но сепак не обрнувал внимание на нив, тој не се занимавал со нив туку ја величел Божјата благодат.
Твојатажена беше предмет на болеста и смртта. Твојатажалостбила толку силна како сите твои други неволји. Си ја прифатил жалоста на своите гради, си сакал да се занимаваш со неа и си дозволил умот и мислите да бидат себично преокупирани со жалост, а како разултат на тоа си го нарушил своето здравје. Потоа смртта на твојата ќерка беше навистина тажен удар, но други го поминале тоа исто под тешки околности. Ти дозволи оваа болка да те избезуми; се занимаваше со неа, зборуваше за тоа, ја оптоваруваше својата душа со проблемот кој не можеше да го промениш ниту да го решиш. Грев е да се оддаваш на таква жалост како што ти правеше.
Знам за што зборувам. Кога на умот му се дозволува да биде замаглен со жалост, храната не се вари и како резултат на тоа организмот неправилно се храни.
Жалоста предизвикува крвта да се излие во мозокот (лично искуство). Додека така се занимавав со зборување и пишување, добивав писма со обесхрабрувачки карактер од Батл Крик, Додека ги читав чувствував неиздржпива потиштеност на духот, која се претвораше во агонија на умот, и се чинеше дека за еден краток период ќе т парализира моите витални енергии. Три ноќи едвај спиев. Мислите ми беа вознемирени и збунети.
Ги прикривав чувствата колку што можев од сопругот и сочувствителното семејство каде што бевме. Никој не знаеше за мојата мака и тежина на умот додека наутро и навечер се соединев со тоа семејство на богослужбата и настојував да го положам своето бреме на големиот Носител на Тежината. Но моите молитви доаѓаа од срце обвиено со болка; и беа скршени и неповрзани поради неконтролираната жалост. Често ми течеше крв од носот, особено кога се трудев да пишувам. Бев принудена да го оставам пишувањето, но не можев да ја отфрлам тежината на загриженост и одговорност од себе.
Што да се прави со жалоста. Дали денес сте исполнети со тага? Упатете го својот поглед на Сонцето на праведноста. Не обидувајте се да ги доведете во ред сите потешкотии, туку свртете го своето лице кон светлината, кон Божјиот престол. Што ќе видите таму? Виножитото на заветот, живото Божјо ветување. Под него е престолот на милоста и кој се повикува на подготовка на благодат која е принудена и ги присвојува заслугите на Христовиотживот и смрт има и други ветувања на блажена сигурност на прифаќање кај Таткото се додека Божјиот престол постои.
Верата е тоа што ви е потребно. Не дозволувајте да се двоуми верата. Борете се, во добра борба на вера и надевајте се на вечен живот. Тоа ќе биде сурова борба, но борете се по секоја цена, бидејќи ветувањата Божји се да и амин во Исуса Христа. Ставете ја својата рака во Христовата рака. Ќе се појават потешкотии кои треба да се совладаат, но ангелите кои изобилуваат со сила ќе соработуваат со Божјиот народ. Свртете се кон Сион и тргнете во градот на свеченоста. Иако сатаната може да ја фрли својата пеколна сенка на вашиот пат и да се обидува да ги сокрие од вашиот поглед тајните скалила кои се простираат од земјата до Божјиот престол, по кои се искачуваат и слегуваат ангелите кои се службени духови за оние кои ќе наследат спасение, сепак тргнете нагоре качувајќи се скала по скала, и напредувате кон престолот на Бесконечниот.
Симпатизерите не се секогаш пријатели. Ако оние околу тебе се од оној вид на луѓе кој не настојува да го сврти твојот разговор и текот на твоите мисли, ако сочувствуваат со сите твои впечатоци како да се вистинити, колку помалку се дружиш со нив толку е подобро. Тие не ти се пријатели туку најлоши непријатели. Господ би сакал да се радуваш.
Си погребала драги пријатели, и јас сум, но не се осмелувам да прашам, зошто Боже си ме фрлил во печка? Одговорот ми се враќа низ стихови: „Што јас сега правам не знаеш, но ќе дознаеш подоцна” (Јован 13:7).
Божјите намери се често прекриени со мистерија, тие се несфатливи за ограничените умови; но Оној Кој од почеток го гледа крајот знае подобро отколку вие. Тоа што ни е потребно е да се исчистиме од световноста, да го усовршиме христијанскиот карактер, за да се облечеме во облеката на Христовата праведност.
Работата за други ја намалува жалоста. Апостолот го изгубил од вид сопственото страдање во својата грижа за оние кои ги оставил да се борат со предрасудите, омразата и прогонството. Некулкуте христијани кои го следеле до местото на погубувањето, Тој настојувал да ги зајакне и охрабри со повторување на ветувањата дадени за оние кои се прогонети поради праведноста. Ги уверувал дека ништо не може да изостане од тоа што Господ го зборувал во врска за Неговите проверени и верни деца.
За кратко време тие би можеле да се најдат во псггешкотии од различни искушенија; би можеле да бидат лишени од земните утехи; но тие можеле да ги охрабрат своите срца со уверување за Божјата верност, зборувајќи: „Знам на кого верував и сигурен сум дека е во состојба да го сочува тоа што му го доверив.” Наскоро, ноќта на искушувања и страдања ќе заврши, а потоа ќе осамне радосно утро на мир и совршен ден.
Најдобри утешители. Оние коишто поднеле најголемажалостчесто се луѓе кои носат најголема утеха на другите, носејќи радост каде и да одат. Таквите се прочистиле и омекнале низ својата болка; тие не ја изгубиле вербата во Бога додека ги напаѓале потешкотии, туку се држеле близу до Неговата заштитничка љубов. Таквите се жив доказ на нежното Божјо страдање, кој темнината ја претвора во светлина, и не очистува за наше добро. Христос е светлината на светот и во Него нема темнина. Скапоцена светлина! Даживееме вотаа светлина! Да се простиме од тагата и јадикувањата. „Радувајте се секогаш во Господа, и повторно велам радувајте се“.
Притивотров за тагата. Господ обезбедил лек за секоја рана. Постои мелем во Гилеад, таму има лекар. Нема ли да сакаш сега како никогаш порано да го истражуваш Светото писмо? Барај го Господ за мудрост во секоја потреба. Во секое искушение бори се (во молитва) со Исус да ти го покаже патот од потешкотиите, тогаш ќе ти се отворат очите и ќе го видиш лекот и ќе го примениш на својот случај на исцелувачки ветувања кои се запишани во Неговата Реч.
На овој начин непријателот нема да најде место да те одведе во тага и неверство; но наместо тоа ќе имаш вера и надеж и храброст во Господа. Светиот Дух ќе ти даде јасна проникливост да можеш да го забележиш и цениш секој благослов кој ќе дејствува како противотров на тагата, како исцелувачко средство за секоја голтка на горчина на твоите усни. Секоја голтка на горчина ќе биде помешана со Исусовата љубов, и наместо горчивото јадикување ќе разбереш дека Исусовата љубов и благодат се така измешани со тагата така што се преобразила во покорна, света, посветена радост.
Одвојувањето од Бога носи болка во душата. Болката на одвојување од накпоноста на Својот Татко беше тоа што Христовите маки ги направи тешки. Кога се спуштала на Него агонијата на душата, „потта Негова била како капки крв кои паѓале на земјата“ (Лука 22:44). Неговата страшна болка, предизвикана од мислите дека во тој час на потреба Бог го напуштил, ја отсликува болката која грешникот ќе ја почувствува кога ќе биде премногу доцна, да сфати дека Божјиот Дух се отргнал од него.
Ќе разбереме кога ќе отидеме во рајот. Земјата има историја која човекот никогаш нема да ја разбере додека не чекори со својот Откупител во Божјиот рај. „Бидејќи Јагнето, кое е на престолот, ќе ги храни, и ќе ги упати на изворите на жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“ (Откровение 7:17).