Глава 69 Отфрлање

Сподели го ова:

Зголемување на привидните потешкотии. Мнозина ги зголемуваат привидните потешкотии и тогаш почнуваат да се сожалуваат самите себеси и да се оддаваат на потиштеност. Таквите мораат да направат целокупна промена во себе си. Тие треба да се дисциплинираат да вложат труд и да ги надвладеат детинските чувства. Тие треба да научат да не го поминуваат животот занимавајќи се со ситници… Секој треба да има некој стремеж, цел во животот. Бедрата на умот треба да се запрегнат а мислите треба да се обучат да држат до одредена точка, како компас кон полот. Умоттреба да се насочи во исправен канал, според добро осмислени планови. Тогаш секој чекор ќе биде чекор кон напредок… Успехот или неуспехот во животот во голема мерка зависи на кој начин се дисциплинираат мислите.

Нема причини за очајување. Никој не треба да се препушти на обесхрабрувањето или очајот. Сатаната може да ви дојде со сурова сугестија: „Твојот случај е безнадежен. Ти си неоткуплив.“ Но постои надеж за вас во Христа. Бог нам не ни заповедал да победиме со сопствена сила. Тој не моли да пријдеме поблиску до Неговата страна. Било какви да се потешкотиите под кои работиме, кои ја притискаат душата и телото, Тој чека да не ослободи.

Чувајте се од самосожалувањето. Мораме да се чуваме од самосожалувањето. Никогаш не се препуштајте на чувството дека не сте ценети како што би требало, дека вашите напори не се ценат, дека работата ви е претешка. Нека сеќавањето за она што Христос го поднел за нас ја замолчи секоја таква мисла. Ние сме третирани подобро отколку што беше нашиот Господ.

Самосожалувањето е погубно по карактерот за оние кои го одгледуваат и тоа прави влијание кое ја расипува среќата на другите.

Способност да се поднесе запоставувањето. Душата која го љуби Бога се издига над маглата на сомнежот; таа стекнува блескаво, широко, длабоко, живо искуство и станува кротка и христолика. Таа се предава на Бога, се сокрива со Христа во Бога. Таа ќе биде во состојба да ја поднесе пробата на запоставување, на укор и презир, затоа што сето тоа го претрпел нејзиниот Спасител. Таа нема да стане надразлива или обесхрабрена кога ќе ја притиснат потешкотии, зошто Исус не се предал или бил обесхрабрен. Секој прав христијанин ќе биде јак, не во силата и заслугите на своите добри дела, туку во Христовата праведност, која му се препишува преку вера. Многу голема работа е да се биде кроток и понизен во срцето, да се биде чист и неизвалкан, како што бил Принцот на небото кога чекорел помеѓу луѓето.

Да не се земе запоставувањето на срце. Љубовта кон себе си е тоа што го уништува нашиот мир. Се додека нашето јас е живо, ние стоиме спремни да го одбраниме од понижување и навреди; но кога сме мртви и кога нашиотживоте сокриен соХриста во Бога, немада го примаме запоставувањето или омаловажувањето на срце. Ќе бидеме глуви за укорите и слепи на исмејувањето и навредите.

Потиштеноста е плод на претерано денгубење. Чувството на потиштеност честопати е плод на претерано денгубење. Рацете и умот треба да се преокупираат со корисна работа, олеснувајќи го бремето на другите; и оние кои на тој начин се запослуваат и самите ќе имаат од тоа корист. Денгубењето дава време за размислување на замислени жалости, а честопати оние кои немаат вистински потешкотии и искушенија ќе ги позајмат од иднината.

Утеха за едно отфрлено сираче. О, ова е студен и себичен свет! Твоите роднини, кои требало да те сакаат и издржуваат поради твоите родители ако не поради тебе, се затвориле во својата себичност и немаат посебен интерес за тебе. Но Бог ќе ти биде поблизок и помил од сите земни роднини. Тој ќе ти биде твој пријател и никогаш нема да те напушти. Тој е татко на оние кои се без татко. Неговото пријателство ќе се покаже како сладок мир и ќе ти помогне храбро да ја поднесеш својата голема загуба.

Настојувај Бога да го направиш свој пријател, и никогаш нема да ти недостига пријател. Ќе бидеш изложен на искушенија; но сепак биди постојан и труди се да го разубавиш твоето занимање. Ќе ти биде потребна благодат за да опстанеш, но Божјото сожаливо око е врз тебе. Моли се многу и сериозно, верувајќи дека Господ ќе ти помогне. Чувај се од раздразливоста и чувствителноста и од духот на мачеништво. Трпеливоста е особина која треба да ја поттикнуваш. Тежнеј кон побожноста на срцето. Биди доследен христијанин. Поседувај љубов кон чистотата и понизната едноставност, и нека тие се вткаат во твојот живот.

Никогаш немој да се чувствуваш осамено. Никогаш не мораш да бидеш осамен, чувствувајќи дека си сам, доколку го земеш Исуса за свој Другар и свој вечен Пријател.

Занемарувањето ја уништува душата. Душата не се уништу ва само со противење туку и со занемарување.

Меѓусебна трпеливост. Ние мораме меѓусебно да се поднесуваме, имајќи ги на ум своите пропусти. Бидете сожаливи кон некои, правејќи разлика; другите спасувајте ги со страв, извлекувајќи ги од оган. Сите не можат да поднесат иста строга дисциплина. Сите не можат да научат да ги следат замислите на другите за должностите. Мораат да се земат во предвид различните темпераменти и различните умови. Бог знае како да постапи со нас. Но срцето многу ме болеше кога гледав како брат постапува со брат и скпоноста да го фати во зборовите и да го направи престапникза еден збор…

Време е сите да се фатат за работа, не да застанат и го одмеруваат уделот на неправедност кој му припаѓа на други, туку секој да го истражува свето срце, признавајќи ги сопствените грешки, и препуштајќи ги своите браќа на Господа. Секој поединец ќе мора да одговара за сопствените грешки; и се додека така теснофадо гледа да го откорне троскотот од бавчата кај своите браќа, отровното растение станува се појако и побујно во неговата. Секој нека работи да ја сочува сопствената душа и да поседува среќен, весел, трпелив дух во домот и се ќе биде добро.

Не размислуваат сите подеднакво. Во работата со умовите потребна е служба од срце. Да го запомнеме ова. Честопати сме искушувани да критикуваме некој човек кој зазема висока и одговорна положба затоа што не работи онака како што ние мислиме дека би требало. Но на оној кој носи толкава одговорност не му е потребна критика од своите соработници; нему му е потребно нивното охрабрување, нивната трпеливост, нивната сносливост и нивните молитви. Нему му е потребна Христовата присутност; зошто нема секогаш мудри луѓе, без предрасуди, со кои би се посоветувал.

Во збрката на бројните грижи и бројните повици за помош, тој може да направи грешки. Покрај купот од апели кои пристигнуваат за помош, твојот случај може да изгледа занемарен. Во тој случај сети се на тешките бремиња кои се положени на оној за кого мислиш дека пропуштил да ја изврши својата должност. Сети се дека можеби е невозможно за него да му угоди на твоето барање. Можеби би било голема грешка да го одобри.

Господ стои покрај Своите гласници. Господ би сакал секој човечки разум во Неговата служба да ги поднесе сите груби обвинувања и препреки. Упатени сме мудро да се однесуваме со оние кои се однадвор. Препуштете го делото на Бога за осудување и судење. Христос не повикува: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Матеј 11:28, 29).

Секој кој го слуша овој повик ќе се вјареми со Христа. Во секој момент и на секое место ние мораме да ја покажуваме кротоста и понизноста Христова. Тогаш Господ ќе стои покрај Своите гласници и ќе ги направи Свои говорници, а оној кој е говорник за Бога никогаш нема да ги стави на усните зборовите кои Величеството на небото никогаш не ги изговорило кога се препирал со ѓаволот.

Не размислувај за чувствата на неволја (совет на еден раководител). Не размислувај за своите чувства на неволја. Отфрли ги овие чувства. Кога ќе стапнеш на патеката на критицизмот и грубиот говор, стануваш се повеќе и повеќе груб и накпонет кон критикување. Запри пред да почнеш. Не му давај на непријателот ниту една педа место.

Сподели го ова:

Слични објави