Глава 43 Умот и духовното здравје

Сподели го ова:

Плодови на духовниот живот. Духовниот живот на имателот му донесува она што целиот свет го бара, а што никогаш нема да го стекне без потполно потчинување кон Бога.

Телото, умот и душата профитираат од заедницата со Бога. Вознаењето за Бога секое вистинско знаење и вистински развој има свој извор. Каде и да се свртиме, кон физичкото, менталното или духовното подрачје; во што и да гледаме, освен разорувањето на гревот, се открива ова знаење. Било какво истражување да преземеме, со искрена намера да дојдеме до вистината, доаѓаме во допир со таа невидлива, моќна Интелегенција која дејствува во се и низ се. Човековиот ум доаѓа во заедница со Божјиот ум, ограничениот со Неограничениот. Резултатот од таквата заедница на телото и умот и душата е немерлив.

Љубовта кон Бога е важна за здравјето. Бог е голем чувар на човечката машинерија. Во грижа за своето тело ние мораме да соработуваме со Него. Љубовта кон Бога е суштинска за животот и здравјето.

Здравјето на телото е важно за здравјето на душата. Бог треба да го признаеме како Автор на нашето битие. Со животот кој ни го дал не треба да си играме. Непромисленоста вотелесните навики ја открива непромисленоста на моралниот каракгер. Здравјето на телото мораме да го сметаме за важно во напредувањето на растот во благодатта и смирениот темперамент.

Добрите дела го унапредуваат здравјето. Добрите дела се двоен благослов, тие се корисни и за давачот и за примателот на љубезноста. Свеста за правилното постапување е еден од најдобрите лекови за заболените тела и умови. Кога умот е слободен и среќен заради чувство на добро извршена должност и задоволство заради донесување на среќа на другите, веселото, подигнувачко влијание носи нов живот на целото битие.

Побожноста во хармонија со законите на здравјето. Оние кои чекорат по патеката на мудроста и светоста откриваат дека „побожноста е корисна за сите, зашто има ветување за сегашниот живот и идниот живот“ (1. Тимотеј 4:8). Тие можат да ги уживаат вистинските животни задоволства и не се вознемируваат со празно жалење за погрешно поминати часови ниту мрачни претчувства, како што често се случува кај световните луѓе кои не се преокупирани со возбудливи забави. Побожноста не се судира со законите на здравјето туку е во склад со нив. Стравот Господов е темел на секој вистински просперитет.

Постојаната борба против злите мечтаења. Секој кој сака да биде соучесник во божествената природа нека го цени фактот дека мора да и побегне на расипаноста која е во светот преку похотта. Мора да постои непрекината, сериозна борба против злите мечтаења на умот. Мора постојано да постои одлучно одбивање на искушенијата за грев во мислите или делата. Душата мора да се чува од секоја дамка, низ верата во Оној Кој може да ве сочува од паѓање.

Ние треба да размислуваме за Светото Писмо, трезвено и отворено да размислуваме за она што е врзано за нашето спасение. Исусовата бесконечна милост и љубов, жртвата поднесена во наша корист, повикува на најсериозно и најсвечено размислување. Ние треба да се занимаваме со карактерот на нашиот драг Откупител и Посредник. Треба да настојуваме да го сфатиме значењето на планот на спасението. Треба да размислуваме за мисијата на Оној Кој дојде да го спаси Својот народ од неговите гревови. Постојаното размислување за небесните теми ќе направи нашата вера и љубов да растат и зајакнуваат.

Штетата причинета на здравјето ја слабее моралната сила. Сето она што му штети на здравјето не само што ја намалува физичката крепост туку тежнее и кон слабеење на менталната и моралната сила.

Бидејќи умот и душата доаѓаат до израз преку телото, и менталната и духовната крепост во голема мера зависат од физичката сила и активност; и сето она што го унапредува физичкото здравје го унапредува и развојот на силниот ум и добро урамнотежениот карактер.

Телото посредник за умот и душата. Телото е најважен медиум преку кој се развиваатумот и душата во изградбата на карактерот. Затоа тука непријателот на душите гм насочува своите искушенија за да ја ослаби и деградира физичката сила. Неговиот успех овде често значи предавање на целото битие на злото. Склоностите на физичката природа, доколку не се под управа на возвишените сили, сигурно ќе произведат пропаст и смрт. Телото мора да се подреди под управа на возвишените сили на битието. Страстите мора да се контролираат од волјата, која самата мора да биде под Божја контрола. Царската сила на разумот, посветена преку Божјата благодат, треба да владее во животот.

Интелектуалната моќ, физичката издржливост и должината на животот, зависат од непроменливите закони. Преку послушноста на овие закони, човекот може да стане победник над себе, победник над своите скпоности, победник над царството и силата, „управителите на темнината на овој свет и духовната пакост под небото“ (Ефесјаните 6:12).

Животната енергија се пренесува на умот преку мозокот. Господ би сакал умовите да бидат бистри и изострени, способни да ја воочат суштината на Неговата реч и служба, вршејќи ја Неговата волја, зависејќи од Неговата благодат, внесувајќи во Неговото дело чиста совест и благодарен ум. Ваквата радост ја подобрува циркулацијата на крвта. Животната енергмја се пренесува на умот преку мозокот; заради тоа мозокот никогаш не треба да затапува со употреба на наркотици или да се возбудува со користење на стимуланси. Мозокот, коските и мускулите мора да бидат доведени во хармонична активност за сите да можат да работат како добро подесена машина, каде секој дел ќе дејствува хармонично и ниеден нема да биде преоптоварен.

Лошото варење го прави верскиот живот неизвесен. Начелата на здравствената реформа треба да се воведат во животот на секој христијанин. Мажите и жените кои не ги почитуваат овие правила не можат да му понудат на Бога чиста, енергична посветеност бидејќи желудникот со лошо варење или млитавиот црн дроб го прават верскиот живот неизвесен.

Јадењето месо од мртви животни има штетна последица по духовноста. Кога месото ќе стане главен продукт во исхраната, возвишените способности стануваат надвладеани од ниските страсти. Ова е соблазна за Бога и причина за опаѓање на духовниотживот.

Правилното дејствување е најдобар лек. Свеста за чинењето на она што е право е најдобар лек за болните тела и умови. На примателот почива посебен Божји благослов во здравје и сила. Личноста чијум е спокоен и задоволен во Бога е на пат кон здравје…

Има и такви кои не чувствуваат дека верска должност им е да го дисциплинираатумотда се занимава со ведри предмети, за да можатда одразуваат светлина, а не мрак и темнина. Оваа кпаса на умови ќе биде вкпучена во барање на сопствено задоволство, во површни разговори, смеење и шегување, и умот постојано ќе се воодушевува со круг на забави; или ќе бидат потиштени, имајќи големи неволји и ментални конфликти, за коитие мислатдека малкумина ги имаатпробано или можатда ги разберат. Овие лица можат да исповедаатхристијанство, но тие ги мамат сопствените души. Тие ја немаат вистинската компонента.

Работете како за душата така и за телото Нашите здравствени работници треба да прават се што е во нивна моќ во лечењето на болестите на телото а исто така и болестите на умот. Тие мораат да стражарат и да се молат и работат, донесувајќи како духовни, така и физички предности на оние за кои работат. Докторот во еден од нашите санаториуми кој е вистински Божји слуга има многу интересна задача која треба да ја направи за секое човечко суштество кое страда, со кое тој доаѓа во контакт. Тој не смее да пропушти ниту една прилика на душите да им укаже на Христа, Големиот Исцелител на телото и умот. Секој доктор треба да биде вешт работник во Христовите методи на работа. Не треба да слабее интересот за духовното, или силата со која умот го држи насочен кон Големиот Лекар ќе се одврати.

Лекар кој се занимава со пореметени умови и срца. На лекарот му е потребно повеќе од човечка мудрост да знае како да им служи и како да се однесува кон бројните сложени случаи на болести на умот и срцето за кои е повикан да се занимава. Ако ја занемари силата на Божјата благодат, тој не може да им помогне на несреќните, но ќе го зголеми проблемот; но ако цврсто се потпре на Бога, ќе биде во состојба да му помогне на болниот, пореметен ум. Тој ќе биде во состојба да ги упати своите пациенти кон Христа и да ги научи сите свои грижи и потешкотии да му ги предадат на Големиот Носител на Бремето.

Христос го просветлува умот. Лекарот никогаш не смее да ги наведе своите пациенти да го насочуваат своето внимание на него. Тој мора да ги научи да се фатат со трепеливата рака на верата за Спасителовата испружена рака. Тогаш умот ќе биде просветлен со светлина која зрачи од Светлината на светот.

Вистината има смирувачка моќ. Смирувачката моќ на чистата вистина која се запазува, дејствува и се одржува во сите свои односи има вредност која ниеден јазик не може да ја изрази кон луѓето кои страдаат од некоја болест. Пред болниот кој пати секогаш држете го Христовото сочувство и нежност, и пробудете ја нивната совест на вера во Неговата сила да го олесни страдањето, и водете ги кон вера и доверба во Него, Големиот Исцелител, и сте ја здобиле душата, а честопати и животот.

Вистинската вера помага во обновување на здравјето (зборови упатени на гостите во санаториумот присутни на службата во локалната црква). Христос е нашиот Голем Лекар. Многу мажи и жени доаѓаат во оваа здравствена установа, (санаториумот Св. Елена) со надеж дека ќе примат третман кој ќе го продолжи нивниот живот. Тие се изложуваат на големи страдања за да дојдат ваму.

Зошто секој кој дошол во санатариумот за физичка помош не дојде и кај Христа за духовна помош? Зошто не би можеле вие, браќа и сестри мои, да ја потхранувате надежта дека ако го прифатите Христос, Тој ќе ги додаде Своите благослови на орудијата кои би се активирале за обновување на вашето здравје? Зошто да немате вера дека Тој ќе соработува со вашите напори за оздравување, затоа што Тој сака да оздравите? Тој сака да имате бистар мозок за да можете да ги цените небесните стварности; Тој сака вие да имате здрави тетиви и мускули за да можете да го прославите Неговото име, користејќи ја својата сила во Неговата служба.

Совет од една личност која била скпона на меланхолични чувства. Твоја должност е да се бориш против тешките мисли и меланхолични чувства, исто како што ти е должност да се молиш. Должностти е да им пружиш отпор на непријателските орудија, цврсто да го зауздаш својот јазик како и своите мисли. Од сите моменти во твојотживот кога ти е потребна мера на благодат, тоа е кога чувствителните, воспалени органи за варење се на работа, а ти си загрижен и уморен.

Може ова ќе те изненади, но да бидеш постојано раздразлив и да ги раздразнуваш другите со своето изнаоѓање на мани и жалосно размислување тоа е како еден вид на користење на лош јазик во гнев (еден вид на пцуење). Овие напади на лошо варење создаваат неволји, но цврсто држи ги уздите дека нема да користиш лош јазик во гнев кон оние кои ти се најдобри пријатели или оние кои ти се непријатели.

Уверување во Божјото одобрување. Уверувањето за Божјото одобрување ќе го подобри физичкото здравје. Тоа ја утврдува душата против сомнежот, збрканоста и претераната болка која толку често ја поткопува животната сила и донесува нервни болести од најослабувачки и најпотресен карактер. Господ го дал Својот сигурен збор дека Неговото око ќе биде над праведните и Неговото уво ќе биде отворено за нивните молитви.

Врска помеѓу гревот и болеста. Постои божествено одредена врска помеѓу гревот и болеста. Ниеден лекар не може да работи ниту еден месец, а да не го види ова илустирано. Тој може да го игнорира тој факт; неговиотум може да биде толку преокупиран со други работи и да не обрне внимание на тоа; но доколку набљудува и е чесен, тој нема да може, а да не признае дека гревот и болеста меѓусебно се однесуваат како причина и последица. Лекарот ова треба веднаш да го забележи и да постапи во скпад со тоа сознание.

Кога ќе ја стекне довербата на несреќните, олеснувајќи им ги страдањата и враќајќи ги од работ на смртта, може да ги поучува дека болеста е последица од гревот и да настојува дека непријателот е оној кој сака да ги намами на дела кои се погубни за здравјето и душата. Тој може да ги импресионира нивните умови со потребата за откажување од себеси и за послушност на законите на животот и здравјето. Тој особено може да вметне правилни начела во умовите на младите.

Бог ги сака Своите созданија со љубов која е и нежна и силна. Тој ги востановил природните закони, но Неговите закони не се закони на самоволно изнудување. Секое „Немој,“ било во физичкиот или моралниот закон, содржи или имплицира ветување. Ако човекот му се покорува, благослови ќе ги пратат неговите чекори; ако не, последица од тоа ќе биде опасност и несреќност. Божјите закони се осмислени за да го доведат Неговиот народ поблиску до Него. Тој ќе ги спаси од зло и ќе ги води кон добро ако сакаатда бидат водени, но никогаш нема да ги присилува. Ние не можеме да ги сфатиме Божјите планови, но мораме да му веруваме и да ја покажуваме својата вера преку нашите дела.

Евангелието е лек за болести чија причина е гревот. Кога евангелието се прима во неговата чистота и сила, тоа е лек за болеста која произлегува од гревот. Сонцето на праведноста се појавува „со исцелување во Неговите крилја” (Малахија 4:2). Даровите на овој свет воопшто не можат да излечат едно скршено срце, или да дадат мир на умот или да ја отстранат грижата, или да ја изгонат болеста. Славата, генијалноста, талентот се е тоа немоќно да го зарадува тажното срце или пак да го обнови потрошениотживот. Животот од Бога во душата е единствената надеж за човекот.

Целото небо е полно со здравје. Гледиштето кои многумина го застапуваат дека духовноста е штетна по здравјето претставува вешто лукавство на сатаната. Библиската религија не е штетна ниту за здравјето на телото ниту за здравјето на умот. Влијанието на Божјиот Дух воглавно е и најдобриот лек за болеста. Целото небо е полно со здравје; и колку подлабоко ќе се сфати небесното влијание, толку посигурно ќе биде оздравувањето на инвалидите кои веруваат. Вистинските христијански начела отвораат пред сите извор на непроценлива среќа. Религијата е постојан извор од кој секој христијанин може да пие до мила волја и кој никогаш нема да пресуши.

Религијата е вистинската наука за исцелување. Религијата е начело на срцето, а не магичен збор или трик на умот. Гледајте само на Исуса. Тоа е твоја единствена надеж и единствена надеж за твојот сопруг за да се здобиете со вечен живот. Ова е вистинската наука за исцелување на телото и душата. Умот не смее да биде насочен кон кое и да било човечко суштество, туку само кон Бога.

Љубовта кон Откупителот чисти од загадената атмосфера. Умот е замаглен од телесната маларија. Потребно е да се исчистат мислите. Што би биле мажите и жените кога би сфатиле дека третирањето на телото има многу заедничко со крепоста и чистотата на ум и срцето.

Вистинскиотхристијанин стекнува искуство кое донесува светост. Тој е без никакви дамки на вина врз совеста или дамка на расипаноста врз душата. Тој ја внесува во својот живот духовноста на Божјиот закон, со неговите ограничувачки начела. Светлината на вистината го осветлува неговото разбирање. Пламенот на совршената љубов кон Откупителот ја чисти загадената атмосфера која се вметнала помеѓу неговата душа и Бога. Божјата волја станува и негова волја чиста, воздигната, префинета и посветена. Неговиот израз на лицето ја открива небесната светлина. Неговото тело е погоден храм за Светиот Дух. Светоста го краси неговиот карактер. Бог може да општи со него, затоа што душата и телото се во хармонија со Бога.

Христовата љубов е животворна сила. Љубовта која Христос ја шири низ целото битие е животворна сила. Секој витален дел мозокот, срцето, нервите ги допира со исцелување. Преку неа најголемата животна енергија се пробудува на активност. Таа ја ослободува душата од вина и тага, загриженост и грижа, кои ја кршат животната сила. Со неа доаѓа мирот и спокојството. Таа всадува во душата радост која ништо земно не може да ја разруши радост во Светиот Дух радост која дава здравје и живот.

Сподели го ова:

Слични објави