Глава 72 Навики на размислување
Мислите го обликуваат карактерот. Како што човекот „мисли во душата негова, таков е и тој“ (Изреки 23:7). Многу мисли прават непишана историја на еден ден и овие мисли се многу поврзани за обликувањето на каракгерот. Нашите мисли мораат многу строго да се чуваат, зошто една нечиста мисла прави длабок впечаток врз душата. Лошата мисла остава лош впечаток на умот. Доколку мислите се чисти и свети, тоа е подобро за човекот што ги негува. Тие го забрзуваат духовниот пулс и ја зголемуваат моќта за правење на добро. И како што едната капка дожд го приготвува патот за другата во натопување на земјата, исто така едната добра мисла го припрема патот за друга.
Моќ на одбирање на предмети за размислување. Во моќта на секого лежи да се одберат предмети кои ќе гм преокупираат мислите и ќе го обликуваат карактерот.
Потребен е личен напор. Никој освен вас не може да ги контролира вашите мисли. Во борбата за достигнувањето на најголемиот стандард, успехот или неуспехот во голема мерка ќе зависи за карактерот и начинот на кој мислите се дисциплинираат. Ако мислите добро се запрегнат, како што Бог ќе ги упатува да бидат секој ден, тие ќе бидат на оние предмети кои ќе ни помогнат во поголемо посветување. Ако мислите се исправни, тогаш како резултат и зборовите ќе бидат исправни; постапките ќе бидат од тој карактер што ќе донесат радост, утеха и спокој на душата.
Мислите мораат да се увежбуваат. Мислите мора да се увежбуваат. Запрегнете ги бедрата на својот ум за да работи во права насока и според редот на добро осмислени планови; тогаш секој чекор ќе биде пат кон напредок, и нема да се губи време или напор во следењето на неодредените и случајните (непромислените) планови. Ние мораме даја разгледаме целта на животот, и секогаш да ги имаме во предвид вредните намери. Мислите мораат секојдневно да се вежбаат и држат во одредена насока како компас кон полот. Секоја личност треба да има своја цел и намера, а потоа да се направи секоја мисла и постапка од таков карактер да го постигне тоа што го намислила. Мислите мораат да се контролираат. Мора да постојат цврсти намери како би го спровеле тоа што сте го презеле.
Увежбување на мислите. Вистинската дисциплина на животот се состои од мали работи. Увежбувањето на мислите е важна.
Увежбувањето на срцето, контролата на мислите, во соработка со Светиот Дух, ќе даде контрола на зборовите. Ова е вистинска мудрост, и ќе обезбеди мирност на умот, задоволство и мир. Размислувањето на богатството на Божјата благодат ќе причинува радост.
Исправните мисли не доаѓаат природно. Пред секој еден од нас се наоѓа сериозна задача. Исправните мисли, чистите и свети намери, не ни доаѓаат природно. Мораме да се бориме за нив.
Заробување на мислите. Ако животот се предаде на нејзината контрола, силата на вистината е неограничена. Мислите се доведуваат во покорност на Исуса Христа. Од ризницата се изнесуваат пристојни и прикладни зборови. Посебно треба да се стражари на нашите зборови. Пишувајќи му на Тимотеј Павле вели: „Имај ги, како образец, здравите зборови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Исуса Христа. Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој пребива во нас“ (2. Тимотеј 1:13, 14).
Умот мора силно да се контролира. Младите треба рано да започнат да ги култивираат исправните навики во мислењето. Ние треба да го дисциплинираме умот да размислува во исправен канал и да не дозволува да се занимава со она што е лошо. Псалмистот извикува: „Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избаветелу мој“ (Псалм 18:14).
Додека Бог работи на срцето со својот Свети Дух, човекот мора да соработува со Него. Мислите мораат да се ограничат, зауздат, затегнат од ширење и разгледување на работи кои само ќе ја ослабнат и осквернат душата. Мислите мораатда бидатчисти, помислите на срцето исправни, за да може зборовите на устата да бидат прифатливи за небото и од помош за нашето друштво.
Христос им рекол на фарисеите: „Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зошто од преполнетото срце прикажува устата. Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште лошо“ (Матеј 12:34, 35).
Јавните гревови ги откриваат притаените мисли. Времето на искушение, под кој можеби некој паѓа вожалосен грев, не создава зло кое можеби се рефлектира туку само се развива или донесува сведоштво на оној кој му било скриено или притаено во срцето. Како што човекот „мисли во срцето негово, таков е и тој; зошто од него се изворите на животот” (Изреки 23:7; 4:23).
Обврска за контролирање на мислите. На проповедта на Гората Христос ги изложил пред Своите ученици далекусежните начела на Божјиот закон. Тој ги учел Своите слушатели дека законот се престапува
со мислите пред некоја злонамерна желба да се спроведе во вистински чин. Ние сме обврзани да ги контролираме своите мисли и да ги доведеме во покорност на Божјиот закон. Благородните сили на умот ни се дадени од Бога за да ги запослиме во размислување на небесните работи. Бог има направено изобилна подготовка за душата да може да прави постојан напредок во божествениот живот. Тој насекаде има поставено средства за да го потпомогне нашиот развој во знаењето и способностите.
Природно неувежбаниотум делува без возвишени побуди. Природниот, себичен ум, ако се препушти на сопствените злонамерни желби, ќе делува без возвишени побуди, при тоа не полагајќи внимание на Божјата слава или за добронамерноста на човештвото. Мислите ќе бидат злонамерни, и секогаш злонамерни… Божјиот Дух произведува нов живот во душата, доведувајќи ги мислите и желбите во покорност на Христовата волја.
Непријателот не може да ги чита мислите. На непријателот на душите не му е допуштено да ги чита мислите на луѓето; но тој е внимателен набљудувач, и ги забележува зборовите; тој ги зема во предвид и постапките, и вешто ги прилагодува своите искушенија кон случаите на оние кои се ставени под негова сила. Кога би се труделе да ги сузбиеме грешните мисли и чувства, на давајќи им место во говорот и постапките, сатаната би бил поразен; зашто во тој случај не би можел да ги подготвува своите посебни искушенија. Но колку често оние кои тврдат дека се христијани, поради недостаток на самоконтрола, му ја отвораат вратата на непријателот на душите.
Мнозина мачени од лошите мисли. Постојат мнозина кои навистина се вознемирени поради ниските, понижувачки мисли кои доаѓаат во умот и не е лесно да се спречат. Сатаната има зли ангели околу нас и иако не можат да ги читаат мислите на луѓето, тие внимателно пазат на нивните зборови и постапки. Сатаната ја искористува предноста на слабоста и карактерните мани кои така се откриваат и притиска со своите искушенија каде што постои најмала моќ на отпор.Тој создава зли сугестии и надахнува световни мисли, знаејќи дека на тој начин ќе ја доведе душата под осуда и ќе ја зароби. На оние кои се себични, световни, стиснати, горди, озборувачи, или одадени кон кпеветење на сите кои одгледуваат заблуди или карактерни мани, сатаната претставува попуштање на своето јас и ја наведува душата на колосек кој Библијата го осудува, но кој тој настојува да го направи привлечен.
За секој вид на искушение постои лек. Ние не сме препуштени самите на себе да водиме војна против себе и својата грешна природа во нашата ограничена сила. Исус е моќен помошник, поддршка која никогаш не изостанува… Умот мора да се зауздува, и не смее да му се дозволи да талка.
Тој треба да се обучува да се занимава со Светото Писмо и со благородните, возвишени теми. Делови на Светото Писмо, дури и цели поглавја, можат да се научат напамет, за да се повторат кога сатаната ќе влезе со своите искушенија… Кога сатаната ќе го наведе умот да се занимава со земни и сетилни работи, тој најуспешно се одбива со зборовите од Светото Писмо: „Пишано е“.
Единствена сигурност е во исправното мислење. Потребно ни е постојано чувство на облагородувачка сила на чистите мисли и штетното влијание на лошите мисли. Да ги насочиме своите мисли на она што е свето. Нека тие бидат чисти и исправни, зошто единствена сигурносг за секоја душа е во исправното мислење. Ние мораме да го употребиме секое средство кое Бог го ставил во нашиот домен за управување и култивирање на нашите мисли. Ние мораме да ги доведеме своите умови во скпад со Неговиотум. Неговата висгина ќе не посвети, телото, душата и духот.
Занимавање со површни работи. Ние треба да настојуваме да ги сочуваме своите умови во таква состојба за да можеме да ги примиме впечатоците од Светиот Дух. Но оние кои дозволуваат нивните мисли постојано да се занимаваат со површни работи не можат да примат поголема светлина. Умот треба да се снабди со небесно благо, храна која ќе не подготви за духовен раст, и на тој начин ќе не подготви за светото небо.
Подготовка за возвишени мисли. Бог ја направил секоја под готовка по кој пат нашите мисли треба да се прочистат, издигнат, префинат и облагородат. Тој не само што ветил дека ќе не очисти од секоја неправда, туку направил вистинска подготовка за снабдување со благодат која ќе ги издигне нашите мисли кон Него и ќе не оспособи да ја цениме Неговата светост. Ние можеме да разбереме дека сме Христова сопственост и дека мораме да го покажеме Неговиот карактер на светот. Подготвени со небесната благодат, ние стануваме облечени со Христовата праведност, во свадбената облека, и подесени да седнеме на свадбената вечера. Ние стануваме едно со Христа, соучесници во божествената природа, очистени, префинеги, подигнати и признати како Божји деца, Божји наследници и сонаследници со Исуса Христа.
Совет на една млада жена поврзан со опасноста за ѕидање кули во воздух. Треба да ги контролирате своите мисли. Ова нема да биде лесна задача, и ти не можеш да ја оствариш без темелен и дури жесток напор. Сепак Бог го бара тоа од тебе; тоа е должност која лежи на секое разумно суштесгво, Ти си одговорна пред Бога за своите мисли. Ако се оддадеш на празното фантазирање, дозволувајќи му на својот ум да се занимава со нечисти предмети, ти си, во одредена мерка, виновна пре Бога како мислите да се спроведени на дело. Она што го спречува делото е недостаток на прилика.
Фантазирањето дење и ноќе и градењето кули во воздух се лоши и крајно опасни навики. Кога еднаш ќе се зацврстат, скоро е невозможно да се раскине со тие навики и да се насочат мислите на чисти, свети и возвишени теми. Мора да станеш верен чувар над своите очи, уши, и над сите свои сетила за да го контролираш својот ум и да ги спречиш празните и расипани мисли што ја валкаат твојата душа. Единствено силата на благодатта може да ја изврши оваа сакана задача. Ти си слаба во тој правец.
Да се потисне злото со добро. Родителите можат да одберат, ако сакаат, дали или не умовите на нивните деца ќе бидат исполнети со чисти и свети мисли и чувства, но нивниот вкус мора да се дисциплинира и воспитува со најголемо внимание. Тие мора рано да почнат да го отвораат Светото Писмо пред детските умови кои се развиваат за да се формираат исправни навики и вкусови…
Елементите на злото не можат поинаку да се искоренат освен со внесување на храна за чисти, хомогени мисли.
Да се одбегнува негативното размислување. Бидејќи не сме свои, бидејќи сме откупени скапо, должност на сите кои исповедаатхристијанство е да ги држат своите мисли под контрола на разумот и да се обврзат дека ќе бидат ведри и среќни. Било колку да е горчлива нивната причина за жалост, тој треба да култивира дух на мир и сигурност во Бога. Мирот кој е во Исуса Христа, мирот Христов, колку драгоцено, колку исцелувачко е неговото влијание, колку ја смирува обременетата душа! Колку и да се темни неговите изгледи, нека негува дух на надеж за добро. Додека со потиштеност ништо не се добива, многу се губи. Додека ведрината и тивката смиреност и мирот ќе т направи другите среќни и здрави, тоа ќе биде значително од најголема корист за него самиот. Тагата и говорењето за непријатните работи ги охрабрува непосакуваните глетки, предизвикувајќи непосакувани ефекти. Богсака сето ова да го заборавиме -да не гледаме доле, туку горе и горе!
Опасностод занимавање со земни работи. Ако вашите мисли, вашите планови, вашите намери се насочени кон трупање на земни работи, вашата фижа, вашето проучување, вашиот интерес, ќе бидат сосема сосредоточени со светот. Небесните привлечности ќе ја изгубат својата убавина… Вашето срце ќе биде со вашето богатство… Нема да имате време да се посветите на проучување на Светото Писмо и на сериозната молитва за да ги одбегнете стапиците на сатаната.
Менувањо на образецот на размислување. Кога на умот ќе му се допушти долго да се занимава со земните работи, многу етешко да се променат навиките на размислување. Она што очите го гледаат и ушите го слушаат премногу често го привлекува вниманието и го преокупира интересот. Но ако сакаме да влеземе во Божјиот град и да го видиме Исуса и Неговата слава, мораме да се навикнеме да Го набљудуваме со окото на верата уште овде. Зборовите и карактерот Христов треба да бидат често предмет на нашето размислување и разговори, и секој ден посебно да се посвети одредено време за молитвено размислување на светите теми.
Повозвишен степен на размислување. Човекот се побунил против Бога и од тогаш секогаш тежнеел за правење на сопствени шеми правејќи што му се допаѓа во насока на достигнување на успех и осигурување среќа. Но кога и да настојувал својот ум да го исполни со некои други објекти спротивни од Бога, секогаш бил разочарен. Севкупно земено, мора да постои еден поголем степен на размислување, било каква студија, поголеми цели кои треба да се постигнат од оние коишто сте ги имале во минатото. Нередот и несовршенството на човечките зборови и човечкиот каракгер единствено може да го обнови Господ Исус Христос. Тогаш, Тој треба да биде предмет на вашето размислување, тема на вашите разговори. Вие севкупно мора да имате повозвишено покажување на мислите и акцијата за да го разберете големиот план на откупување.
Законот на мислите и чувствата. Закон на природата е нашите мисли и чувства да се поттикнуваат и јакнеат ако им дадеме израз. Додека зборовите изразуваат мисли, исто така е вистина дека мислите ги следат зборовите.
Кон комплетноста на карактерот. Животот на христијанинот ќе се открие со христијански мисли, христијански зборови и христијанско однесување. Во Христа се наоѓа божествената комплетност на карактерот.
Нов прилив на сила. Оние кои ја посветуваат душата, телото и духот на Бога, чистејќи ги своите мисли преку послушност на Божјиот закон, постојано ќе добиваат нов дар на физичка и ментална сила. Во срцето ќе постои копнежза Бога и сериозна молитва за јасна проникливост да се воочи службата и делото на Светиот Дух. Не е наше да го користиме Него, туку Светиот Дух да не употреби нас, да ја обликува и дотера секоја сила.