Глава 37 Принципи на проучување и образование

Сподели го ова:

Умот и наклонетостите мораат да се обучуваат. Бог го дал разумот, менталните способности на умот; но ако се остават сами на себе необразовани и необучени, ќе останат како кај неукиот незнобожец. Умот и наклоностите бараат воспитување и насочување од страна на учителот. Човечкиот морален фактор мора стих по стих, правило по правило, да се води и подучува во соработка со Бога. Бог работи во човечкото орудие со помош на светлината на својата вистина. Умот просветлен со вистината, ја гледа вистината која се разликува од заблудата.

Најголемата култура на умот го прима потполното Божјо одобрување. Човечкиотум е предодреден за највисока куптивација. Животот посветен на Бога не треба да биде живот на незнаење. Многумина зборуваат против образованието бидејќи Исус ги одбрал неуките рибари да го проповедат Неговото евангелие. Тие тврдат дека тој им дал предност на неуките. Многу учени и почитувани луѓе му верувале на Неговото учење. Бестрашно да му се покориле на осведочувањето на својата совест, тие би тргнале по Него. Нивните способности доколку биле понудени би биле прифатени и искористени во Христовата служба. Но тие немале морална сила пред намрштените свештенички лица и љубоморните законици да го признаат Христа, и да го стават на коцка својот углед врзувајќи се за понизниот Галилеец…

Исус не го презирал образованието. Ако највисоката култура на умот се посвети низ љубовта и стравот Божји, ќе го прими Неговото потполно одобрение. Скромните луѓе што т избрал Христос со него биле три години, подредени на префинетото влијание на Величеството на небото. Христос бил најголемиот едукатор за кој светот некогаш знаел.

Бог ќе ги прифати младите со нивниот талент и со нивното богатство наљубов ако сакаат да му се посветат. Тие можатда ја досегнат највисокататочка на интелектуална големина, и ако се урамнотежени со религиозните правила, ќе знаат да го започнат делото за кое Христос слезе од небото да го изврши, а правејќи така да бидат Господови соработници…

Не задоволувајте се со второкласна работа. Вистинскиот учител не може да се задоволува со второкласна работа. Тој не се задоволува со тоа што ќе ги упати своите ученици кон идеал понизок од највисокиот што можат да го достигнат. Не може да биде задоволен ако им овозможи само некакво техничко знаење, ако од нив направи добри книговодители, умешни занаетчии и успешни трговци. Негов стремеж е во нив да ги всади принципите на вистината, послушноста, честа, чесноста и непорочноста принципи кои од нив ќе направат позитивна сила во градењето на стабилноста и напредокот на општеството. Тој, пред се, сака тие да ја научат големата животна лекција за несебична љубов.

Умот мора да се воздигне. Упатена сум дека мораме да ги воздигнеме умовите на нашите ученици повисоко од она што мнозина сега мислат дека е можно. Срцето и умот мора да се обучуваат да ја сочуваат својата чистота секојдневно примајќи храна од изворот на вечната вистина. Божествениот ум и рака го сочувале низ векови записот за создавањето и неговата чистота. Само Божјата Реч ни дава автентичен извештај за создавањето на светот. Таа мора да биде главен предмет на проучување во нашите училишта. Преку неа можеме да разговараме со патријарсите и пороците; тука можеме да научиме колку го чинеше нашето откупување Оној кој беше еднаков со Таткото од почетокот, и Кој го жртвуваше Својотживот за ние да можеме да стоиме пред Него откупени од се што е себично и земно, и да бидеме обновени според Божјиотлик.

Вистинското образование го комбинира интелектуапното и моралното. Господ долго чекал нашите учители да почнат да одат по светлината која Тој им ја пратил. Постои потреба да се понизи своето јас за да може Христос да го обнови Божјиот морален лик во човекот. Сегашниот карактер на образование мора многу да се измени пред да ја добие својата вистинска форма во нашите институции. Единствено кога интелектуалните и моралните сили ќе се обединат во воспитната цел, се достигнува стандардот на Божјата Реч.

Вистинската побожност воздигнува и префинува. Нашиот народ насекаде му дозволува на својот ум да заземе премногу мал опсег, премногу тесен поглед. Тие повеќе дозволуваатда ги водат плановите на човечките фактори и да ги обликува светскиот дух, отколку Христовите планови и Христовиот Дух. Упатена сум да му кажам на нашиот народ: гледајте над земното кон небесното. Бројките не се доказ за успех; да беа, сатаната ќе полагаше многу поголемо право. Тој степен на морална моќ е она што ги исполнува нашите институции, нашитеучилишта, и нашите цркви. Треба да биде радост за сите, од најголемиот до најмалиот, да го претставуваат Христа преку своите христолики доблести. Нашите учители треба да научат дека вистинската побожност, љубовта која се покажува во послушност кон Бога, ќе биде воздигната и разубавена.

Неопходна темелност. Темелноста е неопходна за успех во изградбата на карактерот. Мора да постои сериозна желба за спроведување на плановите на Главниот Градител. Материјалот кој се користи мора да биде цврст; не може да се прифати немарна, несериозна работа; бидејќи градбата би се срушила. Целото битие мора да се внесе во работата. Тоа бара сила и енергија; не постои резерва која може да се растура за неважни работи. Во ова дело мора да се внесе одлучна човечка сила, во соработка со Божествениот Работник. Мора да се вложи одлучен, истраен напор да се раскинат, обичаите, максимите и врските на овој свет. Неопходни се длабока промисла, сериозна намера, константна целовитост. Нема место за мрзеливост. Животот е свето доверен; и секој момент треба мудро да се искористи.

Беззначајните прашања го слабеатумот. Ученикот кој наместо широките начела на Божјата Реч ги прифаќа општите идеи и доволува времето и вниманието да му бидат насочени кон општи, беззначајни прашања, ќе открие дека умот му закржлавел и ослабел; тој ќе ја изгуби моќта за напредување. Умот мора да се обучува да ги сфати важните вистини кои се однесуваат на вечниотживот.

Не треба да се запоставуваат световните, привремените работи.

Животот е премногу драгоцен за да го посветиме на земните, поминливи работи, и да се вртиме во вртелешката на грижите и стравот околу она што во споредба со вечните вредности е помалечко од атом. Сепак Бог не повикал да Му служиме и во нашите поминливи земни работи. Трудољубивоста во тие работи е исто толку дел на вистинската религија како што е молитвата. Библијата никаде не ја помага мрзливоста, зашто тоа е најголемо проклетство што го мачи овој свет. Секој вистински обратен маж или жена ќе биде вреден работник.

Квалитетот на луѓето кои се повикани да подучуваат. На Божјото дело му се потребни учители кои имаат високи морални карактеристики и на кои може да им се довери воспитување на други, луѓе кои се здрави во верата и имаат такт и трпеливост, кои одат со Бога и се воздржуваат од самата појава на злото, кои стојат во така блиска заедница со Бога за да може да биде канал на светлината накратко, христијански џентлмени. Добрите впечатоци што ги оставааттаквите луѓе никогаш нема да избледат, а обуката спроведена на тој начин ќе трае низ вечноста. Она што ќе се занемари во овој процес на обука е како недовршена работа. Кој ќе ја преземе оваа задача?

Би сакале да имаме силни млади луѓе, вкоренети и втемелени во верата, кои ќе имаат таква жива врска со Бога, да можат, ако така ги советуваат нашите раководни браќа, да стапат во повисоките колеџи во нашата земја, каде што ќе имаат широко поле за проучување и набљудување. Дружење со различни видови на умови, запознавање со работите и резултатите на популарните методи на образование, и познавање на теологијата која се учи во водечките училишни установи би било од голема вредност за таквите работници, подготвувајќи ги за работа со образовани луѓе и спремајќи ги за успешно соочувње со популарните заблуди на нашето време. Ваков метод користеле старите Валденжани; а нашата младина, ако е верна на Бога, би можела, како и нивната, да прифати добро дело, дури и додека го стекнува образованието, сеејќи го семето на вистината во умовите на другите.

Исправните навики оставаат впечаток на карактерот. Формирањето на исправни навики мора да остави впечаток на умот и карактерот на децата за да можат да одат по вистинскиот пат. Многу значи овие деца да се донесат под директно влијание на Божјиот Дух, вежбајќи ги и дисциплинирајќи ги според Божјиот совет. Обликување на исправни навики, покажување на праведен дух, повик на сериозни напори во името и силата на Исуса. Воспитувачот мора упорно, давајќи стих по стих, правило по правило, тука малку онаму малку, со секоја подносливост и трпение, со сочувство и љубов да ги приврзе децата кон своето срце со Христовата љубов откриена во него самиот.

Карактерите не се обликуваат според еден калап. Учителите треба да имаат на ум дека не работат со ангели туку со човечки суштества кои поседуваат страсти како и самите тие. Карактерите не смеат да се обликуваат според еден калап. Децата во наследство ги примиле сите облици на карактер. Така се откриваат маните и доблестите во цртите на карактерот. Ова треба да го има впредвид секој воспитувач. Тие ќе мораат да се соочуваат со наследните и стекнатите деформитети на човечкиот карактер, како и со убавината на карактерот, и ќе биде потребна многу облагородувачка благодат кај воспитувачот, за да знае како да постапува со заблудените за нивното сегашно и вечно добро. Ако се одгледува импулсивност, нетрпеливост, горделивост, себичност и вреднување на своето јас, тоа ќе предизвика големо зло, кое може да ја турне душата на сатанското борилиште без мудрост да управува со својот брод, и во опасност да се насука на бреговите на сатанските искушенија до конечниот бродолом. Секој учител има и свои својствени црти на карактерот на кои мора да внимава, за сатаната да не го искористи како свој посредник во уништувањето на душите, со неговите сопствени непосветени црти на карактерот.

Потреба за христоликост во работата со умовите. Мора во пракса да се воведе секојдневна работна агенција, вера која работи преку љубовта и ја чисти душата на воспитувачот. Дали откриената Божја волја ја ставате како свој највисок авторитет? Ако Христос се вселил внатре, надежта на славата, тогаш Божјата вистина така ќе делува на вашиот природен темперамент, што нејзиното преобразувачко влијание ќе се открие во изменетиот карактер, и нема да се случи со своето влијание преку откривање на вашето непосветено срце и навики да ја претворите Божјата вистина во лага пред некои од вашите ученици; ниту пак во ваше присуство, себичната, нетрпелива, нехристијанска одлика во работата со било кој човечки ум, да покаже дека Христовата благодат не ви е доволна во секое време и на секое место. На тој начин ке покажете дека Божјиот авторитет над вас не е само на име туку во стварноста и вистината. Мора да постои одвоеност од се што не е пожелно и нехристијанско, колку тоа и да е тешко за вистинскиот верник.

Постојаното укорување го збунува детето. Небото во детето гледа неразвиен маж или жена, со способности и сили, кои ако правилно се развиваат со помош на небесната мудрост, ќе станат човечки орудија преку кои можат да оперираат божествени влијанија, кои би биле Божји помошници. Острите зборови и постојаните прекори го збунуваат детето но никогаш не го реформираат. Повлечете ги тие раздразливи зборови; држете го својот сопствен дух под дисциплина на Исуса Христа, така ќе научите како да сожалувате и сочувствувате со оние кои се под ваше влијание. Не покажувајте нетрпеливост и грубост, бидејќи ако на тие деца не им требаше воспитување не ќе им требаа ни предностите на училиштето. Тие мора трпеливо, љубезно и со љубов да се изведат по скалите на напредокот, искачувајќи се чекор по чекор во стекнувањето на знаењето.

Внимателност во суспендирањето на ученикот. Внимавајте што работите во правец на суспендирање на ученикот. Ова е свечена работа. За да се преземе една ваква мерка потребно е да биде направена сериозна грешка.

Потоа е потребно грижпиво разгледување на сите околности врзани за овој случај. Учениците се пратени од дома од помала или поголема оддалеченост, илјадници милји далеку од дома, лишени од предностите на домот, и ако се исклучат, се одвојуваат од привилегиите на училиштето. Сите нивни трошоци мора да се доверат на доверливи лица за непотребно да не се ги вложуваат своите пари. Ученикот кој ќе влезе или падне во искушение, мора да се казни за својата грешка. Тој свесно чувствува дека го расипал своето сведоштво, и ги разочарал оние кои му довериле развој на каракгерот под влијание на обуката во неговиот студентски живот, која ќе надомести се што е вложено во негова корист.

Но, тој е суспендиран поради своето непромислено дејствување. Што ќе стори? Храброста е на најниска висина, нема одлучност дури ниту машкост. Тој е трошок, а драгоценото време е изгубено. Кој е нежен и љубезен и кој го чувствува товарот на овие души? Какво е тогаш тоа чудо што сатаната т користи овие околности? Тие се туркаат на сатанското борилиште и до израз доаѓаат токму оние најлоши чувства во човечкото срце, кои јакнат и се утврдуваат.

Избегнувајте создавање чувство на неправда. Кога ќе се соочите со елементи кои ги манифистираатоние кои немаат библиска религијатуку само професија, не заборавајте дека сте христијани. Вие многу го намалувате своето влијание и го расипувате сопственото христијанско искуство кога губите самоконтрола и им овозможувате и најмала можностда мислатдека постапувате лошо кон нив. Не оставајте ваков впечаток на нивните умови ако тоа може некако да се избегне. Во ова време на проби ние ги формираме своите карактери за идниот бесмртен живот; но тоа не е се, бидејќи токму во овој процес на изградба на карактерот мораме да бидеме внимателни како градиме, бидејќи другите ќе градат по примерот кој ние ќе им го дадеме.

Умот мора да има чиста храна. Умот, како и телото, мора да има чиста храна да биде здрав и јак. Овозможете им на своите деца нешто за размислување што е надвор и над нив самите. Умот којживее во чиста, света атмосфера нема да биде безвреден, празен и себичен. Ние живееме во време кога сето она што е лажно и површно се издигнува над стварното, природното и трајното. Умот мора да се чува од се што би можело да го одведе во погрешен правец. Не смееме да го преоптоваруваме со безвредни приказни, кои не даваат сила на менталните способности. Мислите ќе бидат од ист карактер како и храната со која го снабдуваме умот.

Невернички книги. Проучувањето на книги кои ги напишале неверници предизвикува голема штета. Така се сее какол во умовите и срцата на учениците. Сепактоа е храна која често му се дава на мозокот, додека многумина имаат малку знаење за предметите кои се однесуваат на вечните интереси, и кои би требало да ги разберат.

Времето е драгоцен подарок. Секој ден ни се дава во доверба и ќе бидеме повикани да одговараме за тоа пред Бога. Времето треба да се користи на слава на Бога, и ако сакаме да гм продолжиме своите животи, ако сакаме да задобиеме живот кој му е по мерка на Бога, на умот мора да му даваме чиста храна. Не треба да го трошиме времето кое може да се искористи за добро.

Учете ги студентите да му се покоруваат на Бога. Гледам дека во нашите училишта мора да се изврши и изнесе голема задача под божествена управа. Но голема поука која учениците мора да ја научат е да тежнеат да го запознаат Бога со сето свое срце, ум и сила, и безусловно да му се покоруваат. Науката за спасување на човечката душа е вистинска поука за животот. Ниту еден правец во литературата или во книжевното образование не смее да биде поголем. Да го запознаеш Бога и Исуса Христа, Кого го пратил, е вечен живот.

Нека учениците со себе ја внесат љубовта и Божјиот страв во ученичкиот живот. Оваа мудрост е многу поскапоцена од она што може да се искаже со зборови. Кога се поврзани со Бога, за нив ќе може да се каже како и за Даниел: Бог му даде мудрост и знаење за секоја тајна.

Учењето е добро. Пожелна е Соломоновата мудрост: но мудроста што е поголема и од Соломоновата е далеку попосакувана и поважна. Преку образованието во нашите училишта ние не можеме да го достигнеме Христа, но можеме преку Христа да го доститеме највисокиот врв во науката; зашто вдахновената реч вели: „Вие сте целосни во Него“ (Колосјаните 2:10). Наша прва работа е да го видиме и признаеме Бога, и тогаш Тој ќе управува со нашата патека.

Сподели го ова:

Слични објави