Глава 20 Атмосфера во домот

Сподели го ова:

Домашните влијанија влијаат врз општеството. Срцето на заедницата, на црквата и на нацијата е токму домот. Благосостојбата на општеството, успехот на црквата и напредокот на нацијата зависат од влијанијата стекнати во домот.

Делотворни средства за оформување на карактерот. Божја замисла била земното семејство да биде симбол на небесното семејство. Христијанските домови, создадени и водени според Божјиот план, се меѓу Неговите најделотворни средства за оформување на христијанскиот карактер и за напредок на Неговото дело.

Богослужба во домот. Имав побожни родители кои на сите можни начини настојуваа да не запознаат со нашиот небесен Татко. Секое утро и секоја вечер имавме семејна молитва. Пеевме во чест на Бога во нашето домаќинство. Бевме осум деца во семејството, и нашите родители ја користеа секоја можност да не наведат да му го предадеме срцето на Исус.

Колку е поголемо единството поголемо е и влијанието. Колку членовите на семејството се потесно поврзани во својата работа во домот, толку повозвишено и од поголема помош ќе биде влијанието кое таткото, мајката, синовите и ќерките го имаат надвор од домот.

Цврст авторитет. Авторитетот мора да се чува одлучно и строго, затоа што инаку мнозина ќе го потценат и исмејат. Таканаречената нежност, галење и попуштање на младите, кои родителите и старателите ги покажуваат кон децата се едни од најголемите зла коишто би можеле да ги снајдат. Во секое семејство мораат да владеат цврстина, одлучност и позитивни барања.

Домот очевидна поука. Бог би сакал нашите семејства да бидат симбол за небесното семејство. Нека родителите и децата го имаат ова секојцневно на ум, однесувајќи се едни кон други како членови на Божјото семејство. Тогаш нивните животи ќе бидат од таков карактер што на светот ќе му даваат очевидна поука за тоа какво може да биде семејството кое го љуби Бога и ги држи Неговите заповеди. Христос ќе биде прославен; Неговиот мир, Неговата благодат и љубов ќе го исполнат семејниот круг како скапоцен мирис.

Начело на мирот. Во домот нема да се забележи никаква раздразливост ако Христовото правило на мирот се покажува во вашата душа.

Тука нема никаква нељубезност. Тука нема груби и остри зборови. Зошто? Затоа што веруваме и постапуваме како членови на Царското семејство, деца на Небесниот Цар, поврзани со Исуса Христа со најсилни врски на љубовта онаа љубов која работи преку верата и ја чисти душата. Сакајте го Исус и неприканато работете на тоа да ја надвладеете секоја себичност и да бидете благослов, утеха, сила и потпора на душите кои Тој ги откупил со Својата крв.

Не можам да сфатам зошто посериозно не настојуваме да го внесеме Христовиот мир во своето семејство отколку што тоа го правиме за оние кои немаат жива врска со нас; но ако имаме вера во домот, таа ќе се прошири надвор од него. Ќе ја има насекаде. Ќе ја носите со себе во црква. Можете да ја понесете со себе и кога ќе одите на работа. Таа ќе биде со вас каде и да сте. Она што ни е потребно е религија во домот. Она што ни недостасува е начело на мир кое ќе го контролира нашиот дух, нашиотживот и карактер според христоликиот живот кој Тој ни го дал како пример.

Љубов која се открива на дело. Од секој христијански дом треба да зрачи света светлина. Љубовта треба да се открива во постапките, Таа треба да се одразува во секој меѓусебен однос на домашните во вниманието, во љубезноста и во несебичната учтивост. Има семејства каде што ова начело се применува, семејства во кои се почитува Бог и каде што владее вистинска љубов. Од таквите домови секој ден се издигнува кон Бога утринска и вечерна молитва како пријатен мирис на темјан, а Неговата милост и Неговите благослови се спуштаат врз молителите како утринска роса.

Христијанството во домот блеска насекаде. Напорот да го направиме домот она што би требало да биде симбол на небесниот дом не подготвува за работа во повисока сфера. Воспитувањето примено со покажување на нежно меѓусебно разбирање не оспособува да знаеме како да допреме до срцата на кои им е потребен допир на начелата на вистинската вера. На црквата и е потребна сета облагородувачка духовна сила која би можела да се стекне, за да се сочуваат сите, посебно помладите членови од Господовото семејство. Вистината која заживува во домот создава потреба за несебична работа надвор од него. Оној којшто живее христијански живот во домот ќе биде блескава светпина насекаде.

Издигнувањето на човештвото започнува во домот. Обновувањето и издигнувањето на човештвото започнува во домот. Работата на родителите е посилна од секоја друга. Општеството е составено од семејства и е она што од него ќе направат главите на тие семејства. Од срцето излегуваат „изворите на животот” (Изреки 4:23).

Работи кои го прават домот попривлечен. Убавите гестови, веселиот разговор, и делата на љубов ќе ги поврзе срцата на децата и родителите со нежни нишки на љубов и ќе стори многу повеќе за привлечноста на домот од најизвонредните украси кои можат да се купат со злато.

Чистота во домот. Редот е прв закон на небото и Господ сака домовите на Неговиот народ да го презентираат редот и складот кој е присутен во небесните дворови. Вистината никогаш не ги става своите дискретни стапала на патеката на нечистотијата. Вистината не ги прави мажите и жените прости, груби или неуредни. Таа ги воздигнува сите кои ја прифаќаат на високо ниво. Под Христово влијание продолжува делото на постојано прочистување…

Оној кој бил толку прецизен кон Израеловите деца и барал од нив да негуваат навика на чистота, нема да дозволи никаква нечистотија во домовите на Својот народ денес. Бог со негодување гледа на нечистотијата од било кој вид. Како можеме да го повикаме во своите домови доколку не е се уредно и чисто?

Локација на домот. Од сите богати наследства што можете да им ги дадете на вашите деца, подобар е дарот на здраво тело, бистар ум и благороден карактер. Само оние кои разбираат во што се состои вистинскиотуспех во животот ќе станат мудри во младите години. При изборот на сопствениот дом, тие ќе ги имаат на ум најдобрите работи во животот.

Наместо да се престојува онаму каде што можат да се видат само дела на човечките раце, каде сликите и звуците често наметнуваат грешни мисли, каде хаосот и збрката го оневозможуваат разумот, одете онаму каде што ќе можете да ги гледате Божјите дела. Најдете духовен мир во убавината, мирот и тишината на природата. Дозволете им на вашите очи да се одмораат на зелените полиња, шумички и ритчиња. Гледајте кон синото небо, непопречени од градскиот прав и смог и вдишувајте го виталниот небесен воздух. Одете онаму каде што, далеку од уништувањето и расипувањето на градот ќе можете да се дружите со своите деца, каде што ќе можете да ги научите за Бога преку Неговите дела; и подготвувајте ги за правилен и полезен живот.

Домот не го чини убавиот мебел. Четирите ѕида и скапиот мебел, сомотските ќилими, елегантните огледала и убавите слики не чинат ,дом“ доколку недостасува сочувство и љубов. Тој свет збор не им припаѓа на раскошните куќи каде што радостите на домашниот живот се непознати…

Всушност, удобноста и благосостојбата на децата, се последно нешто за што се мисли во таквите домови. Мајката, која целото свое време го посветува на изгледот и задоволувањето на барањата на модерното општество, ги запоставува своите деца. Нивните умови се неизвежбани, тие стекнуваат лоши навики и стануваат нетрпеливи и незадоволни. Не наоѓајќи задоволство во сопствениот дом, туку само нелагодни ограничувања, тие се одвојуваат од семејниот круг веднаш штом ќе добијат можност за такво нешто, Тие талкаат по овој голем свет со малку волја, далеку од семејните влијанија и нежниот домашен совет.

Наоѓањето на мани ја отвора вратата на сатаната. Татковци и мајки, бидете внимателни. Вашиот разговор во домот нека биде пријатен и охрабрувачки. Зборувајте секогаш љубезно, како да сте во Христово присуство. Нека нема наоѓање на мани ниту обвинувања. Таквите зборови ја рануваат душата. За човечките суштества некако е природно да зборуваат остри зборови. Оние кои и се препуштааат на ваквата скпоност ја отвораат вратата на нивните срца за сатаната, кој прави од нив луѓе кои се брзи во забележување на грешките и заблудите кај другите. Тие се занимаваат со нивните пропусти, ги забележуваат недостатоците и зборуваат зборови кои предизвикуваат недостаток на доверба во оној кој дава се од себе да ја исполни својата должност како Божји соработник. Често се сее семе на недоверба бидејќи некој мисли дека требало да биде привилигиран, а не бил.

Влијание на родителските мани. За некои луѓе изгледа сосема природно да се биде мрзоволен, себичен, премногу да се бара и да се биде неподнослив. Тие никогаш не ја научиле поуката за самоконтрола и не ги зауздуваат своите неразумни чувства, дозволувајќи им на последиците да бидат такви како што се. Таквите луѓе ќе бидат отплатени кога ќе ги видат своите другари болни и очајни, а нивните деца ги носат карактеристиките на нивните сопствени непријатни карактерни црти.

Ангелите не ги привлекува несложен дом. Ангелите не ги привлекува домот каде што преовладува неслога. Татковците и мајките нека прекинат со своите приговори и незадоволства. Нека т воспитуваат децата да зборуваат пригодни зборови, зборови кои донесуваат светлина и радост. Нема ли уште сега да му пристапиме на семејното училиште како Христови ученици? Да внесеме практична побожност во домот. Тогаш видете дали зборовите кои т изговарате предизвикуваат радост.

Родители, започнете милосрдно дело во црквата, во својотдом, однесувајќи се така што децата ќе видат дека соработувате со небесните ангели. Бидете сигурни дека сте обратени секој ден. Вежбајте се себе си и своите деца за вечниотживот во Божјето царство. Ангелите ќе ви бидат моќни помошници. Сатаната ќе ве искушува, но не попуштајте. Не зборувајте ниту еден збор кој би можел да му даде предност на непријателот.

Молбаза поголемо гостопримство. Дури и меѓу оние кои се изјаснуваат како христијани, мапку се покажува вистинско гостопримство. Меѓу нашиот народ можноста да се покаже гостопримство не се цени како што треба, како предност и благослов. Вкупно земено, премалку има друштвеност, малку скпоност да се направи место за уште двајца или тројца во семејниот круг, без воздржување или истакнување. Некои се изговараат дека „тоа им создавање премногу неволји.“ Не би било така кога би кажале: „Не сме добро подготвени, но вие сте добредојдени на она што го имаме.” Неочекуваниот гостин го почитува добредојдето многу повеќе од најгрижливите подготовки.

Нештата што го прават домотсреќен. Пријатните гласови, нежните манири и искрената љубов кои наоѓаат израз во сите свои постапки, заедно сотрудољубивоста,уредноста и штедењето, ја праватдури и колибата најсреќен дом. Творецот гледа на таквиот дом со одобрување.

Негување на вистинските отмености. Постои голема потреба за култивација на вистинска префинетост во домот. Тоа е моќно сведоштво во прилог на вистината. Во кого и да се појави, вулгарниот јазикот и простото однесување укажуваат на расипано срце. Вистината која има небесно потекло никогаш не го понижува примателот, не го прави прост и груб. Вистината е омекнувачка и префинета во своето влијание. Кога ќе се прима во срцето, таа младите ги прави внимателни и учтиви. Христијанската учтивост се прима само под дејство на Светиот Дух. Таа не се состои само од привидна наклонетост или извештачен сјај, во поклонување и глупави насмевки. Ова е вид на учтивост која ја имаат луѓето од целиот свет, но тие се лишени од вистинскиот христијански сјај.

Вистинскиот сјај, вистинската учтивост, се стекнува само од практичното познавање на Христовото евангелие. Вистинската учтивост, вистинската човечност, е љубезност која се покажува кон сите, големи и мали, богати и сиромашни.

Сподели го ова:

Слични објави